Анета Стојановска-Стефанова – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 12 Jul 2021 11:07:38 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Анета Стојановска-Стефанова – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Стојановска-Стефанова: Иницијативите пред истек на мандат повеќе наликуваат на предлог за нова изборна програма отколку на реално остварлив проект до изборите https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/stojanovska-stefanova-inicijativite-pred-istek-na-mandat-povekje-nalikuvaat-na-predlog-za-nova-izborna-programa-otkolku-na-realno-ostvarliv-proekt-do-izborite/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/stojanovska-stefanova-inicijativite-pred-istek-na-mandat-povekje-nalikuvaat-na-predlog-za-nova-izborna-programa-otkolku-na-realno-ostvarliv-proekt-do-izborite/#respond Mon, 12 Jul 2021 11:07:38 +0000 https://kurir.mk/?p=535484

На денешната седница на Советот на Град Скопје се најде предлог за воспоставување меѓуопштинската соработка помеѓу Град Скопје и општина Аеродром. На истекот на мандатот на градоначалникот Петре Шилегов предлозите за меѓуопштински соработки кои не можат да се реализираат до октомври годинава, станаа редовна пракса. -Меѓуопштинската соработка е значајна заради поекономично и поефикасно вршење на надлежностите утврдени со закон и за остварување на заедничките интереси и цели на општините. Но, во однос на денешниот предлог, не доволно јасно е образложено од страна на предлагачот за која улица и кои делови од улици според ДУП И12 станува збор, не е позната ниту нивната должина, ниту дали има основен проект и кога би се завршила реализацијата односно изградбата на овие улици, истакна советничката Анета Стојановска-Стефанова од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата. Советничката побара конкретно објаснување од страна на предлагачот за дадениот предлог, со цел да се воочи потребата за предлогот на двајцата градоначалници на истекот од нивните мандати да креираат иницијатива која ќе треба да биде составен дел и од идните програми и буџети и во 2022 и во 2023 година на градоначалниците кои ќе бидат избрани да раководат со општината Аеродром и со градот Скопје на претстојните локални избори. „Во ова форма поднесениот предлог на истекот од мандатите повеќе наликува на желба на хартија и предлог за нова изборна програма, отколку на реално остварлив предлог”, подвлече советничката Стојановска-Стефанова.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/stojanovska-stefanova-inicijativite-pred-istek-na-mandat-povekje-nalikuvaat-na-predlog-za-nova-izborna-programa-otkolku-na-realno-ostvarliv-proekt-do-izborite/feed/ 0