Ангел Ангелов – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 30 Jan 2023 19:50:08 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Ангел Ангелов – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Бугарскиот амбасадор во земјава Ангелов се враќа на своите дипломатски должности во Скопје https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bugarskiot-ambasador-vo-zemjava-angelov-se-vraka-na-svoite-diplomatski-dolzhnosti-vo-skopje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bugarskiot-ambasador-vo-zemjava-angelov-se-vraka-na-svoite-diplomatski-dolzhnosti-vo-skopje/#respond Mon, 30 Jan 2023 19:50:08 +0000 https://kurir.mk/?p=793897

Бугарскиот амбасадор во земјава Ангел Ангелов им се враќа на своите дипломатски должности во Северна Македонија во полн капацитет, откако минатата среда беше повлечен во Софија, потврдија од Министерството за надворешни работи за МИА. По седницата на Комисијата за надворешна политика во бугарскиот Парламент на 25 јануари, техничкиот министер за надворешни работи на Бугарија Николај Милков, најави дека нивниот амбасадор, Ангел Ангелов ќе биде повлечен од Скопје и ќе остане во Софија се додека, како што рече, не биде регистриран напредок во однос на третманот на македонските граѓани со бугарска самосвест во нашата држава. Од бугарското МНР тогаш информираа дека „целта на консултациите е да се разговара за можностите за запирање на опасниот тренд на зголемен притисок врз граѓаните на Република Северна Македонија со бугарска самосвест и за изгледите за понатамошен развој на билатералните односи“. Од македонското МНР еден ден подоцна излегоа со реакција дека со внимание ги следат изјавите и активностите кои доаѓаат од Република Бугарија и со жалење констатираа дека последните активности на официјална Софија, не се во согласност со договорената практика за унапредување на меѓусебните односи и напротив, тие претставуваат потклекнување кон провокациите на оние кои сакаат да ги нарушат напорите на двете Влади за стабилен и позитивен развој на односите меѓу двете земји. Инаку, откако премиерот Димитар Ковачевски во петокот со својот бугарски колега Галаб Донев во телефонски разговор се заложија за мирно и безбедно чествување на годишнината од раѓањето на Гоце Делчев на 4 февруари, денеска во посета на земјава беше бугарскиот министер за внатрешни работи Иван Демерџиев кој со својот македоснки колега Оливер Спасовски по нивната заедничка средба, порачаа дека нема да се дозволи никаков инцидент на одбележувањето на раѓањето на Гоце Делчев што треба да се одржи в сабота, и оти во тој правец македонската полиција ги презема сите потребни мерки.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bugarskiot-ambasador-vo-zemjava-angelov-se-vraka-na-svoite-diplomatski-dolzhnosti-vo-skopje/feed/ 0
Бугарскиот амбасадор во Македонија останува во Софија: Милков најави можност за ново вето и суспензија на меѓудржавните проекти https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bugarskiot-ambasador-vo-makedonija-ostanuva-vo-sofija-milkov-najavi-mozhnost-za-novo-veto-i-suspenzija-na-megudrzhavnite-proekti/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bugarskiot-ambasador-vo-makedonija-ostanuva-vo-sofija-milkov-najavi-mozhnost-za-novo-veto-i-suspenzija-na-megudrzhavnite-proekti/#respond Wed, 25 Jan 2023 19:14:37 +0000 https://kurir.mk/?p=791928

Бугарскиот амбасадор во Република Македонија, Ангел Ангелов ќе остане надвор од државата додека Софија не види знаци на промена. Цинично е да се разговара за проекти со РСМ додека Христијан Пендиков лежи во болница, ова денеска го изјави министерот за надворешни работи на Бугарија Николај Милков, пренесува БГНЕС. Инаку, Милков денеска беше сослушан на седница на Комисијата за надворешна политика. Претседателката на Комисијата, Екатерина Захариева, на расправата го покани и амбасадорот Ангел Ангелов, од кого народните избраници од прва рака можеа да дознаат за состојбите во Македонија. -Доколку Северна Македонија продолжи вака да се однесува, можно е повторно да ставиме вето. Цинизам е да се разговара за проекти за еко-патеки додека Пендиков е во болница, рече Милков. Министерот посочи дека се отворени за дијалот, ако се реализираат проектите за заштита на Бугарите во Македонија. -Ако тоа не се случи, може да ги запреме другите меѓудржавни проекти, вели Милков. Нагласи дека ако Македонија сака да продолжи по европскиот пат, мора да ги исполни своите обврски, Бугарија мора само да ја следи оваа реализација.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bugarskiot-ambasador-vo-makedonija-ostanuva-vo-sofija-milkov-najavi-mozhnost-za-novo-veto-i-suspenzija-na-megudrzhavnite-proekti/feed/ 0
Бугарија упати демарш до МНР поради запалено бугарско знаме во Вевчани https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bugarija-upati-demarsh-do-mnr-poradi-zapaleno-bugarsko-zname-vo-vevchani/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bugarija-upati-demarsh-do-mnr-poradi-zapaleno-bugarsko-zname-vo-vevchani/#respond Fri, 15 Jan 2021 07:12:27 +0000 https://kurir.mk/?p=455532

Бугарскиот амбасадор во земјава Ангел Ангелов упатил остра вербална нота до македонското Министерство за надворешни работи по информациите дека е запалено бугарско знаме на Вевчанскиот карневал. Информацијата на својот Фејсбук профил ја сподели бугарската министерка за надворешни работи Екатерина Захариева. – По повод информациите за запалено бугарско знаме во селото Вевчани во Република Северна Македонија му порачав на бугарскиот амбасадор во Скопје да го искаже пред Владата на Република Северна Македонија, нашето силно несогласување со овој вандалски чин. Амбасадорот Ангелов веќе упати остар вебрален демарш во Министерството за надворешни работи на РСМ, напиша Захарева на Фејсбук.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bugarija-upati-demarsh-do-mnr-poradi-zapaleno-bugarsko-zname-vo-vevchani/feed/ 0