Ангел Димитров – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 24 Nov 2022 09:34:54 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Ангел Димитров – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Ангел Димитров: Инцидентите како последниот со бугарскиот клуб во Охрид влијаат на билатералните односи, но не и на работата на Комисијата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/angel-dimitrov-incidentite-kako-posledniot-so-bugarskiot-klub-vo-ohrid-vlijaat-na-bilateralnite-odnosi-no-ne-i-na-rabotata-na-komisijata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/angel-dimitrov-incidentite-kako-posledniot-so-bugarskiot-klub-vo-ohrid-vlijaat-na-bilateralnite-odnosi-no-ne-i-na-rabotata-na-komisijata/#respond Thu, 24 Nov 2022 09:34:54 +0000 https://kurir.mk/?p=765749

Инцидентите како последниот со кршењето на стаклото на бугарскиот културен клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид влијаат на билатералните односи, но не и на работата на Исторската комисија, бидејќи ние имаме свој научен пристап за решение на проблемите, изјави денеска во Скопје копретседавачот на бугарскиот тим историчари Ангел Димитров пред почетокот на новата средба на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања меѓу Македонија и Бугарија. -Тоа е еден брутален чин на омраза, додаде Димитров, во одговор на новинарско прашање за коментар за синоќешниот инцидент во Охрид. Во однос на темите на средбата, што денеска и утре ќе се одржува во Скопје, тој посочи дека тоа се истите кои разговараат со македонските колеги на последните неколку средби. -Тоа значи дека нема напредок, а дали ќе има ќе видиме денеска. Оптимист сум и секогаш очекувам нешто добро, рече Димитров. Се очекува на средбата во Скопје историчарите да дебатираат за учебниците по историја за 7-мо одделение и за Гоце Делчев. Заедничката македонско-бугарска Комисија за историски прашања на 15 август усвои и објави препораки кои се однесуваат на подобрување на учебниците по историја за 6-то одделение во Македонија и 5-ти клас во Бугарија, како и препораки за заедничко чествување на личности од средниот век – Св. Кирил и Методиј, Св. Климент, Св. Наум и Цар Самоил. Тие препораки се усвоени од страна на Заедничката меѓувладина комисија формирана согласно со Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Република Македонија и Република Бугарија.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/angel-dimitrov-incidentite-kako-posledniot-so-bugarskiot-klub-vo-ohrid-vlijaat-na-bilateralnite-odnosi-no-ne-i-na-rabotata-na-komisijata/feed/ 0
Димитров: Цар Самоил е завршена работа https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dimitrov-car-samoil-e-zavrshena-rabota/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dimitrov-car-samoil-e-zavrshena-rabota/#respond Fri, 01 Apr 2022 15:22:49 +0000 https://kurir.mk/?p=657051

Напредок, но зад затворени врати и со малку информации за јавноста. Комисијата за историски прашања меѓу Македонија и Бугарија вториот ден од новата средба ја продолжи рано утрово не откривајќи по кое прашање е направен конкретен напредок на средбата во февруари, но и на вчерашниот состанок, а кој напредок веќе го објавија политичарите во двете земји. Камерите на две телевизии утрово успеаа да изнудат изјави од бугарските членови на Комисијата додека тие влегуваа на состанокот во зградата на МНР. Спорната тема, Цар Самоил е затворена со договор за заедничко чествување, додека за Гоце Делчев не било разговарано. Македонскиот дел од Комисијата и од оваа средба останува недостапен за информации за јавноста, со најава дека ќе испратат соопштение по средбата, а за деталите ќе дадат интервју на една избрана национална телевизија. И состанокот во февруари помина далеку од очите на јавноста, а на која за првпат по година и половина беше направен напредок во работата на Комисијата што беше соопштено преку соопштение. Во меѓувреме додека историчарите молчат политичарите оптимисти дека историските прашања се откочиле. Во последните пет дена таков оптимизам двапати стигна од бугарскиот премиер. „Историската комисија е единствена која може на двете влади да им каже по кои од историските личности се согалсиле и за кои од историските факти веќе може да се прифатат како заеднички. Колку што сум информиран напредокот е огромен“ – изјави бугарскиот премиер Петков. Петков притоа најави дека очекува Комисијата наскоро да излезе со резултати. Тој сепак ги сепак наброи кои се клучните аспекти кога станува за македонското пристапување во ЕУ, а тоа е отворање на архивите и говорот на омразата и што е направено како механизам против тоа, како и што ќе влезе во преговарачка рамка за земјава, односно дали Уставот на земјава ќе ги вклучува правата на Бугарите и дали ЕУ ќе сака да биде гарант за тоа.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dimitrov-car-samoil-e-zavrshena-rabota/feed/ 0
Димитров: Има цикличност во однесувањето на нашата млада сосетка Северна Македонија, клучот за ЕУ е кај политичарите од Скопје https://arhiva.kurir.mk/svet/region/dimitrov-ima-ciklichnost-vo-odnesuvanjeto-na-nashata-mlada-sosetka-severna-makedonija-kluchot-za-eu-e-kaj-politicharite-od-skopje/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/dimitrov-ima-ciklichnost-vo-odnesuvanjeto-na-nashata-mlada-sosetka-severna-makedonija-kluchot-za-eu-e-kaj-politicharite-od-skopje/#respond Sat, 05 Feb 2022 10:41:03 +0000 https://kurir.mk/?p=627387

Професорот Ангел Димитров, кој е копретседател на заедничката македонско-бугарска мешовита комисија за историски и образовни прашања, во интервју за Бугарското национално радио денеска вели дека имало цикличност во однесувањето на, како што кажа, нашата млада сосетка Северна Македонија. Кога се чувствува поактивна комуникација, тврди Димитров „факторите со неосветлено минато или скриени позиции се активираат за да се спречат“. Тој вели дека заедничката комисија мора да работи и ќе работи, а дека секој обид да се прекине нејзината работа бил гест на лоша волја и лошо постапување со Договорот за пријателство и добрососедство. -Но, јасно е дека постои притисок врз работата на комисијата од страна на Северна Македонија, дека луѓето таму си го поставуваат прашањето – како ќе им се дозволи да ги направат корекциите кои се неопходни, вели Димитров. Копретседателот на комисијата од македонска страна Драги Ѓоргиев деновиве изјави дека ако во овој момент историската комисија прави проблем на патот по кој се тргнати двете влади, да се релаксира политичката атмосфера, тој би бил согласен работата на комисијата да се замрзне на година, две бидејќи постоело чувство дека таа комисија создава проблеми преку препукувањата во јавноста.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/dimitrov-ima-ciklichnost-vo-odnesuvanjeto-na-nashata-mlada-sosetka-severna-makedonija-kluchot-za-eu-e-kaj-politicharite-od-skopje/feed/ 0
Димитров не очекува напредок: Македонските колеги не сакаат да прифатат дека имаме заедничка историја https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dimitrov-ne-ochekuva-napredok-makedonskite-kolegi-ne-sakaat-da-prifatat-deka-imame-zaednichka-istorija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dimitrov-ne-ochekuva-napredok-makedonskite-kolegi-ne-sakaat-da-prifatat-deka-imame-zaednichka-istorija/#respond Mon, 31 Jan 2022 09:00:08 +0000 https://kurir.mk/?p=624915

Во бугарскиот дел од Мешовитата историска комисија со Македонија нема промени, но договорена е поголема динамика во работата и до средината на мај треба да има три средби, вели копретседателот на Комисијата од бугарска страна, Ангел Димитров за БНТ. Според Димитров, зачестените средби на Комисијата не се ништо ново, бидејќи бугарската страна секогаш сакала многу повеќе средби за да има резултати. „На почетокот таа наша желба беше окарактеризирана како политички притисок, но ете, сега има желба и од другата страна. Првата средба ќе биде на крајот на февруари“, вели тој. Во разговорот тој уште тврди дека нема притисок врз Комисијата. „Знаеме што да очекуваме и пристапуваме со внимание и реализам, без особени очекувања. Ние сме во Средновековието, уште сме во делот што се учи во основното училиште, сѐ уште не сме стигнале до она што се учи во средно училиште, а работиме 3,5 години. Сето тоа е така бидејќи нашите колеги не сакаат да прифатат дека имаме заедничка историја, а таа почнува во Средниот век. На тоа се должи блокирањето на нормалниот ритам на работата на Комисијата“, изјави Димитров. Тој уште додава дека настојувал да се отвори разговорот за Гоце Делчев, ама, како што вели, за жал, седницата ќе биде по 150-годишнината од раѓањето на Делчев. Истовремено даде пример за разликите по прашањето за Гоце Делчев. „Кога зборувавме како да подготвиме еден текст до владите за заедничко чествување, колегите од РСМ тргнуваат од современоста кон минатото, од нивната претстава за Гоце Делчев, вез да се зборува за него во неговото историско време. Тој пристап не е историски. Ние предлагаме прво да се оцени една личност во неговото историско време и оттаму да се дојде до неговото значење за сегашноста“, објаснува Димитров и додава дека не очекува нешто што ќе направи голем пресврт во работата на Комисијата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dimitrov-ne-ochekuva-napredok-makedonskite-kolegi-ne-sakaat-da-prifatat-deka-imame-zaednichka-istorija/feed/ 0
Ангел Димитров: Имавме неплодна средба на Комисијата за историски прашања https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/angel-dimitrov-imavme-neplodna-sredba-na-komisijata-za-istoriski-prashanja/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/angel-dimitrov-imavme-neplodna-sredba-na-komisijata-za-istoriski-prashanja/#respond Fri, 10 Dec 2021 17:10:57 +0000 https://kurir.mk/?p=606809

Претседателот на бугарскиот тим од Заедничката историска комисија меѓу Бугарија и  Македонија, Ангел Димитров, денеска на брифинг во бугарското Министерство за надворешни работи изјави дека дводневната средба на Комисијата завршила без резултати. Тој, како што јави дописникот на МИА од Софија, информира дека членовите на Комисијата на средбата успеале да го усогласат записникот од 12. состанок што се одржа на почетокот на 2021 година, во што, според него, има симболика. На денешната, како што оцени Димитров, „неплодна средба“ историчарите зборувале за цар Самуил, посочувајќи дека се уште „се заглавени во 10. и 11. век“. Димитров додаде дека стравува оти работата на Комисијата ќе биде тешка и во текот на следната година. -Кога не сакате да ја прифатите основна формулација на Договорот за пријателство и добрососедство, а тоа е заедничка историја, значи дека се сомневате во примената на тој договор, изјави Димитров. Според него, за да заживее Договорот, ќе мора да се преземат чекори на сите полиња на соработка, а Мешовитата комисија, како што посочи, е само едно од нив. Димитров информира дека следната 17. средба на Комисијата е закажана за февруари 2022 година, како и дека во текот на следната година треба да се одржат вкупно пет состаноци. Претходно, нашето МНР информира дека и по завршувањето на дводневната 16. редовна средба на Заедничката мултидсциплинарната експертска комисија за историски и образовни прашања што се одржа во онлајн формат, остануваат разликите во пристапот и разбирањето на улогата на историјата и историското образование во современите општества и градењето на добри односи ослободени од политизирање на историјата меѓу македонските и бугарските историчари. Како што наведоа од МНР, во текот на двата дена членовите на Комисијата повторно дискутирале по забелешките за учебниците по историја, при што биле соочени концептот на мултиперспективност, наспроти исклучивиот пристап. -Пристапот кој се заснова на позитивните европски искуства и препораките на Советот на Европа и УНЕСКО остануваат основа во работата на македонската страната во Комисијата и од тука произлегуваат главните недоразбирања со колегите од Софија, кои остануваат на исклучивиот пристап кој е туѓ на современото разбирање на историското образование кое подразбира мултиперспективен и интердисциплинарен пристап, стои во соопштението од МНР. Според МНР, вториот ден покажал дека двете страни се сè уште далеку од решение кое би довело до подобрување на образовниот процес и остварување на заедничката цел градење добрососедски односи и пријателство во кое минатото и различните толкувања на историјата нема да бидат пречка. -Во текот на двата дена членовите на Комисијата работеа и на усогласување на содржината на записниците од минатите средби. Договорен е и датумот за следната средба која ќе се одржи на 24 и 25 февруари следната година, се наведува во соопштението на МНР. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/angel-dimitrov-imavme-neplodna-sredba-na-komisijata-za-istoriski-prashanja/feed/ 0
Димитров: Нема ниту еден историски доказ кој говори за постоењето на македонски народ, македонска држава и дека Самоил е македонски цар https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dimitrov-nema-nitu-eden-istoriski-dokaz-koj-govori-za-postoenjeto-na-makedonski-narod-makedonska-drzava-i-deka-samoil-e-makedonski-car/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dimitrov-nema-nitu-eden-istoriski-dokaz-koj-govori-za-postoenjeto-na-makedonski-narod-makedonska-drzava-i-deka-samoil-e-makedonski-car/#respond Tue, 07 Dec 2021 10:24:34 +0000 https://kurir.mk/?p=605214

Политичарите се секогаш во движење кога станува збор за обострани односи. Историјата насекаде влијае, историјата дава аргументи, таа им помага на политичарите да ги разберат корените на современите проблеми, но историчарите не се тие кои ги одредуваат односите. Целата одговорност е на политичарите. Ова за БНТ го изјави копретседавачот на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања со Република Македнија, проф. Ангел Димитров. -Бугарската позиција е совршено јасна и таа е неранлива. Друго е прашањето колку добро е претставена и кој како сака да ја разбере, категоричен е проф.Димитров. Запрашан дали комуницираат со новите политички субјекти, Димитров вели: -Со политичари сега-не, особено со новите, но тие се зафатени со свои работи да се конституираат како идни одговорни фигури во државата. Според него, Македонија манифестира отсуство на желба да работат врз основа на историски принципи, на науката и на историјата. И додава дека нема ниту еден историски доказ кој говори за постоењето на македонски народ, македонска држава и дека Самоил е македонски цар. Запрашан за иднината на бугарско-македонската комисија, копретседавачот подвелкува дека колку и да изгледа неплодна, таа го привлекува општественото внимание во двете држави. -Прашањето ги интересира луѓето, тие читаат. Комисијата е индикатор за состојбата во обостраните односи, изјави Димитров.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dimitrov-nema-nitu-eden-istoriski-dokaz-koj-govori-za-postoenjeto-na-makedonski-narod-makedonska-drzava-i-deka-samoil-e-makedonski-car/feed/ 0
Димитров: Без седми пакет мерки, околу 10.000 лица од текстилниот сектор ќе останат на улица https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/dimitrov-bez-sedmi-paket-merki-okolu-10-000-lica-od-tekstilniot-sektor-kje-ostanat-na-ulica/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/dimitrov-bez-sedmi-paket-merki-okolu-10-000-lica-od-tekstilniot-sektor-kje-ostanat-na-ulica/#respond Mon, 26 Apr 2021 05:42:34 +0000 https://kurir.mk/?p=501978

Текстилната индустрија на удар од пандемијата. Локдаунот во Германија и во останатите земји на ЕУ, каде што македонските компании од овој сектор извезуваат останаа без традиционалните нарачки. Магацините, моловите, бутиците се полни со стока, за да се добијат нови нарачки за шиење кошули, панталони, здолништа ќе мора да се почека, кога тамошните економии ќе заживеат и ќе се вратат во нормала. Проценките се дека службените бели кошули повторно ќе се шијат по две години. Ангел Димитров, претседател на Организација на работодавачи, а воедно и менаџер на светиниколската конфекција „Мода“, која е и најголемиот работодавач во оваа градче, во срцето на Овче Поле во интервју за МИА вели дека за спас на оваа индустрија и на 10.000 работни места потребен ќе е седми пакет на мерки. Забележува дека ситуацијата е комплексна и има разлика од компанија до компанија. -Прво ова што задоцни петтиот сет на мерки, можеби нема да направи голем проблем, ако компаниите сега ги добијат овие средства, бидејќи ние сите поднесовме барање и гледам дека нашите барања се уште не се одобрени. Затоа што во УЈП претпоставувам има многу барања, коишто мора да се обработат, да се проверат податоците, критериумите дали ги исполнуваат, а од друга страна во УЈП сега нивните ИТ техничари имаат многу работа, во исто време се прават пресметките за одредена добивка во 2020, за враќање на помошта дел, лани што е земена. Така што ние како работодавачи мора да бидеме свесни за тоа, дека неколку дена ќе задоцни, но многу е важно помошта да се добие, бидејќи загубите што ги остваривме овој период, навистина се огромни. Сега ја правев анализата за трите месеца, 300.000 евра имаме помалку приходи во споредба со лани во овој истиот период. Загубата е над 100.000 евра, сето она што се случуваше на германскиот пазар, големиот локдаун, навистина влијаеше на нашите компании, од друга страна ситуацијата и понатаму е многу неизвесна, никој не може да каже дали во Германија за еден или два месеца ќе почне да се отвара нивната економија или дали тоа ќе трае и понатаму. Имав разговор со една бизнисменка од Штип, која работи за Германија, таа е многу уплашена, бидејќи нивните газди велеле дека до септември нема шанси да се отвори, заради зголемиот број заразени во Германија. Гледаме дека во Германија вакцинацијата оди многу споро и многу мал процент се вакцинирани, вели Димитров. Во овој период кои текстилни компании можат да преживеа? -Јас верувам дека компаниите кои работат работна облека, кои работат на тендери ќе обезбедат работа. Така што, ние еве сега правевме мустри за Дојче банк, за германската Железница, работиме и за полицијата во Германија, за војската во Австрија, додека онаа службена облека, белите кошули, коишто ги носат луѓето на работа се стопирани целосно и можеби две години нема да произведиме ниту едно парче. Затоа што магацините се полни и сигурно дека оваа тенденција, за да некои работни места да останат да работат од дома ќе продолжи по завршување на кризата. Така што одредени артикли ќе ги немаме во производство или многу ќе се намалат. Работата е што некои компании воопшто и немаат работа. Значи, исто како што се угостителите затворени, со мерките, нашите компании се затворени целосно заради немање налози, предизвикани од големиот застој во Германија, има такви компании, кои ми се јавуваат од Делчево, Пехчево, Македонска Каменица, кои навистина бараат работа, помош и ние не можеме да им помогнеме. Така што ќе биде неопходен и седми пакет мерки, не шесттиот пакет, кој е за угостителите, организатори на свадби и таа нивна помош е малку поинаква, од онаа што ние досега ја добивавме. Нашата помош за исплата на плати е пресметана, се калкулира врз база на работниците, коишто ги имаме и процентот на изгубени приходи. Зошто на македонските текстилни компании им е потребен седми пакет на мерки? -Затоа што ако ние ја земеме помошта само за февруари и март, а април, мај и јуни најверојатно ќе бидат исто така многу катастрофални, за тие три месеци, барем од нив за два месеца да се добие помош, компаниите нема да паднат во многу големи финансиски проблеми. Знаете што е размислувањето на бизнисмените, ако земам помош за февруари и за март. Тоа значи дека април и мај не смее да напушти работници, а ќе нема ниту еден работен ден или ќе работи со 50 отсто од капацитетите, ќе создаде огромни загуби, бидејќи ги држи сите работници, ќе исплаќа плата, а ќе нема веќе нова помош. Значи идната загуба по петтиот сет на мерки ќе биде исто така многу голема. Јас верувам дека Владата ќе ги направи, тие анализи и колку и да е тешка ситуацијата со буџетот, или со долговите на Македонија, уште потешка ќе биде ситуацијата, ако се напуштат луѓето и ако се затворат компаниите. Според вашите анализи, доколку не се донесе седми пакет на мерки, колку работници ќе останат на улица од текстилната гранка? -Јас верувам дека најмалку 30 отсто од вработените во текстилната индустрија, а тоа значи околу 10.000 луѓе ќе останат на улица, ако прво ситуацијата продолжи и понатаму вака, ако локдаунот во Германија трае до крајот на јуни и ако нема помош за април, мај и јуни, бидејќи оваа помош е само за февруари и март. Спомнавте дека сте правеле анализа за вашата фирма, но дали и како Организација на работадавaчи имате правено анализа за колкави се загубите во текстилната индустрија, во изминатите три месеци ? -Јас овие мои лични анализи ги правам и врз основа на контактите со компаниите во текстилната индустрија. Тие секојдневно се јавуваат кај мене и прашуваат за мерките, кога ќе стигне помошта, дали истата ќе стигне, дали е подобро да напуштам работници и да се откажам од помош. Можеби ќе немат помош, но понатаму ќе нема нови трошоци, или ако земе помош, тогаш трошоците за следниот период му остануваат. Во тој случај мора да ги задржи работниците, ако не ги задржи ќе мора да ги враќа со камата тие пари. Обврските се ако земеш помош се исто така многу големи. Така што компаниите мора секоја поединечно да си направи добра анализа, што ќе прави. Некои од нив да речеме се уплашени за идната состојба и се одлучени да не земаат помош и затоа откако УЈП ќе ги добие сите барања за финаиска помош за февруари, март, тогаш точно ќе знаеме колку компании се уште се борат со кризата и настојуваат да преживеат, бидејќи тие компании, на некој начин преземале обврска дека до крајот на мај нема да напуштат работници, а колку од нив, што нема да конкурираат, а имаат страшен пад на приходите, кренале раце и фактички почнале да напуштаат работници и најверојатно се зависи од тоа дали имаат работници на определено работно време, кои ќе ги напуштат без никакви трошоци, или имаат работници на неопределено работно време. Тогаш мора да ги прогласат технолошки вишок и да им исплатат плати на работниците, тие што имаат работници над 25 години и до седум плати. Тоа се исто така огромни трошоци, на некои компании, на пример целата компанија не вреди, колку што изнесува таа отпремнина за исплата на технолошки вишок. Целата трудоинтензивна индустрија, текстилство, кожарство, производството на мебел се многу интересни, затоа што вредноста на капиталот на компанијата е минорен, во однос на приходите, што ги прави. Кога не работат тие компании, скоро и да не вредат ништо. Мене ми е жал, но може да се случи работодавачот, кога ќе види дека треба да ги напушти работниците, а нема пари да им ја исплати отпремнината, може да рече еве ви ја фабриката, стечај и стечајниот управник нека продава и нека ви дава, колку што има, толку. Дали тоа значи дека Владата може да ви даде мала надеж ако седне со вас и ги слушне вашите аргументи за седми пакет на мерки? -Па видите, откако Владата ќе ги види бројките за овој пакет, колку компании, поднесоа барања, мислам дека веќе може да направи анализа за седмиот пакет на мерки, се разбира и помош следува и треба да добијат само оние, коишто имаат големи проблеми во работењето и ако сакаме да ги задржиме работниците и ако сакаме да останат живи компаниите и да не се случи стечај, ликвидација, тогаш е неопходен седми пакет на мерки. Колку од работодавците од текстилниот сектор размислуваат за преорентација на своите бизниси, едноставно да ги затворат овие фабрики и парите да ги инвестираат во нови бизниси? -Станува збор за преструктуирање на производството. Ние да речеме во изминатите 20 години сме работеле работна облека или женски блузи, сме работеле само машки кошули и за тоа сме биле специјалисти. Во овие вакви услови од лани почнавме да работиме и женски блузи и работна облека. Значи мора да има преструктуирање внатре во самото производство или да речеме дека само во машките кошули има големо преструктуирање, процентот на онаа бизнис кошула е скоро нула, а сега единствено наоѓаме надеж единствено само во кежуал облеката, за слободно време. Луѓето кога работат од дома, излегуваат поручек и и носат таква кошула. Но, вложувањето на капиталот во други индустрии, сигурно дека многу од компаниите и веќе многу од газдите од текстилната индустрија и сериозно размислуваат, како решение ако целосно го затворат текстилното производство, ако да рече бројот на работниците пред три години му бил 300, а сега 50. Тоа е многу полесно, да ги напушти сите работници и ако му остане капитал, зборувам за компаниите кои во минатото издвојувале резерви и имаат акумулирани добивки. Оние компании, кои чекале во банка да дојде прилив за да земат плата, тие компании не верувам дека ќе преживеат. Викторија Димитрова-Јованова]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/dimitrov-bez-sedmi-paket-merki-okolu-10-000-lica-od-tekstilniot-sektor-kje-ostanat-na-ulica/feed/ 0
До 20 отсто отпуштања во текстилните компании ако нема навреме финансиска помош https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/do-20-otsto-otpushtanja-vo-tekstilnite-kompanii-ako-nema-navreme-finansiska-pomosh/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/do-20-otsto-otpushtanja-vo-tekstilnite-kompanii-ako-nema-navreme-finansiska-pomosh/#respond Mon, 15 Mar 2021 11:58:41 +0000 https://kurir.mk/?p=482623

Пратениците побрзо да го донесат законот за финансиска поддршка на плати зашто во спротивно, 20 отсто од вработените ќе останат без работа, апелираа денеска текстилните компании. Тие бараат и одложување на роковите за поднесување на барањата за финансиска помош. Во претстојниот период компаниите очекуваат пад на продажбата за 50 отсто и дополнително откажување на нарачките, но и во моментов, како што рекоа на прес-коференција, ситуацијата е катастрофална, бидејќи капацитетите речиси воопшто не работат. Според претседателот на Здружението на текстилната и кожарската индустрија при Стопанската комора на Северна Македонија, Ангел Димитров, од јануари наваму, скоро запре производството на текстил, со исклучок на производството на работна облека. -Компаниите гледаат спас во донесувањето на законот за финансиска поддршка на платите. Ако ги добијат средствата навреме, ќе ги задржат вработените. Во спротивно, огромен број, до 20 проценти од вработените ќе останат на улица, па наместо тие да ги полнат фондовите и Буџетот, ќе бидат под Агенцијата за вработување, ќе користат финансиска помош, а потоа ќе станат социјални случаи. Затоа, ги повикувам пратениците и од власта и од опозицијата партискиот интерес да не го ставаат на прво место, туку интересот на државата, економијата и граѓаните, истакна Димитров. Тој е информиран дека собраниската седница на чиј дневен ред е Законот за финансиска поддршка на плати треба да се одржи на 23 март. -Со оглед дека веќе се доцни, компаниите до 15 март мораа да ги исплатат платите, неопходно е во овој Закон да се предвидат одредби со кои би се одложиле роковите за поднесување на барањата за финансиска помош и за поднесување ипсправка на образецот за февруари. Уште еднаш ги повикувам пратениците, за вакви прашања каде што не смее да има партиски интереси, заедно да ги донесат мерките кои се од интерес за граѓаните, нагласи Димитртов. Домашните компании на почетокот на пандемијата делумно успеаја да ги намалат негативните влијанија од кризата. Намалувањето на нарачките во делот на модните производи беше компензирано со преориентирање на производство на заштитни маски и друга заштитна облека, за која се јави поголема побарувачка. -Моменталната сутуација според проценките и секојдневните контакти со текстилните компании, кои се базирани на најавите на странските купувачи, за следниот период се очекува намалување на продажбата на производите кое би се движело помеѓу 40 отсто до 50 проценти во однос на претходните години. За исто толку би се намалиле и нарачките од странските партнери, рече Димитров. Според него, новиот бран на ширење на коронавирусот и воведувањето строги мерки на затворање низ европските земји, доведе до дополнително намалување на продажбите на европскиот пазар, а со тоа и дополнителни проблеми за македонските текстилни компании. -Поради мерките за заштита од пандемијата кај најголемите трговски партнери на домашните компании и намалената потрошувачка на текстилни производи, во изминатиот период е евидентна тенденцијата на намалување и откажување на налозите од странство, а со оглед на дополнителните актуелни затворања на европските држави, првенствено на Германија и во следниот период се очекува откажување или намалување на обемот на нарачките, односно нарачки на помали серии, истакна Димитров. Тој оцени дека укинувањето на царините за увоз на репроматеријали во текстилната и кожарската индустрија е реална и вистинска помош за компаниите од овие дејности. -Придобивките од одлуката со која се укинаа царинските стапки за повеќе од 40 суровини и репроматеријали кои се употребуваат во текстилната и кожарската индустрија, а со важност до крајот на 2021 година се повеќекратни за македонските компании и нудат можности за реорганизирање на нивното производство, да почнат со сопствено производство и да го пласираат и на европските пазари. Со оглед дека 90 отсто од овие компании во земјава работат по лон-систем, оваа одлука многу влијае за подобра конкурентност што е битно за задржување на вработените. Компаниите не може преку ноќ да го намалат лон-производството и да почнат да произведуваа сопствени брендови, затоа одлуката многу значи за фирмите, а со тоа нашиот извоз би пораснал, нашите компании би добиле некоја додадена вредност што ќе значи нивен опстанок, зголемување на конкурентната способност и задржување на вработените, напомена Димитров. Тој смета дека, сепак, се неопходни дополнителни економски и други релевантни мерки, кои ќе овозможат директна финансиска поддршка на овие трудоинтензивни индустриски сектори, поддршка за развој на конкурентноста, автоматизација и дигитализација на одредени сегменти од производниот процес, набавка на нова опрема согласно со промените на пазарот, со цел зачувување на работните места и опстојување на текстилните компании во наредниот период. Според Димитров, пандемијата во светски рамки ја намали побарувачката за текстилни производи и облека што влијаеше на намалување на глобалното производство. Текстилната и индустријата за облека во вкупното индустриското производство на државата учествуваат со 12,82 отсто, вработуваат над 37000 работници и опфаќаат околу 10 проценти од извозот на земјава. -Индустриското производство во 2020 година кај текстилот и облеката бележи намалување за околу 14 отсто во однос на 2019 година, а истиот тренд продолжи и во јануари 2021. Статистичките податоци покажуваат дека извозот на текстил, облека и кожарски производи за 2020 година изнесувал 493 милиони евра и истиот е намален за 10,6 отсто или за 58 милиони евра во споредба со претходната година кога изнесувал 551 милион евра. Тоа е доказ дека има и огромно намалување на производството кај текстилните комапнии, што доведе до голем негативен економски ефект во поглед на намалена профитабилност и ликвидност, рече Димитров. м МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/do-20-otsto-otpushtanja-vo-tekstilnite-kompanii-ako-nema-navreme-finansiska-pomosh/feed/ 0
Гоце Делчев, средновековниот и раноосманлискиот период – теми на новиот состанок на Комисијата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/goce-delchev-srednovekovniot-i-ranoosmanliskiot-period-temi-na-noviot-sostanok-na-komisijata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/goce-delchev-srednovekovniot-i-ranoosmanliskiot-period-temi-na-noviot-sostanok-na-komisijata/#respond Thu, 03 Dec 2020 06:14:02 +0000 https://kurir.mk/?p=437892

Содржината во македонските учебници по историја за средновековниот период и раноосманлискиот период ќе биде тема на 11. средба на македонско-бугарската Мешовита комисија за историски и образовни прашања, која ќе се одржи денеска и утре. На претходната средба беа разгледувани и усвоени препораки за бугарските учебници за овие периоди. Тема на разговор ќе биде и евентуалното заедничко чествување на Гоце Делчев, а средбата ќе се одржи онлајн поради состојбата со Ковид-19, информираат за МИА од Комисијата. На еден ден пред средбата копретседавачите на Комисијата, македонскиот Драги Ѓоргиев и бугарскиот Ангел Димитров со различни ставови за последните случувања на реалција Скопје-Софија. Димитров во изјава за Бугарската национална телевизија (БНТ) истакна дека постојат разлики меѓу политичарите и историчарите. – Политичарите од двете страни сакаат напредок, но историчарите од македонска страна на комисијата прават се што е можно да не се случи тоа, смета тој. Кажа дека со загриженост ја очекувал новата средба на Комисијата за историски прашања, но изрази надеж дека ќе направат барем еден мал чекор напред. – Отсекогаш сакавме да работиме поинтензивно со стегнат ритам, но тоа не се случи. За следната година се планирани само пет состаноци, што не е доволно, вели Димитров, кој е и поранешен бугарски амбасадор во земјава. Тој смета дека ваквиот пристап го одложува решавањето на разликите во блиска перспектива. Професорот Ѓоргиев, пак во изјава за Радио Слободна Европа изрази зачуденост од изјавата на неговиот колега, кој меѓудругото кажа и дека бугарската позиција е единствена и политички монолитна, за разлика од македонската. -Зачуден сум од силната политичка изјава на колегата член на академско и експертско тело, и тоа во пресрет на новата средба. Ставот за монолитна политичка позиција во однос погледите за минатото е како оддек од едно друго време. Исто така, да се подредува нашата работа на политички барања и погледи е академски неприфатливо, вели Ѓоргиев. На последната средба што се одржа во октомври во Скопје македонските и бугарските историчари не постигнаа напредок во однос на Гоце Делчев, иако на маса биле поставени нови идеи и предлози околу неговиот лик и дело. – Има мали поместувања кон напред и за мене тоа е важно во моментов. Процесот на разговори продолжува и понатаму, со сите тешкотии и сите чувствителни теми кои се на маса. Молам за трпение и поголема ематија и кон нас и кон колегите од Бугарија, за да можат прашањата да бидат дискутирани со што помалку емоции и тензии. Само на тој начин можат да се надминат работите, рече Ѓоргиев тогаш по дводвениот состанок. Димитров тогаш со порака дека очекува одговорно однесување кон историските факти за да се постигне ситуација во која нема да има повеќе проблеми. – Идентитетот на Гоце Делчев го определува тој самиот, а не ние. Тој е таков, каков што е. Тој е таков какво што е неговото семејство, средината во која е формиран како личност. Тоа е идентичноста, изјави Димитров. Средбата во октомври беше прва оваа година. Во јуни, Комисијата одржа еден виртуелен состанок на кој се дискутираше за содржината на записникот од деветата средба. Заедничката македонско-бугарска комисија за историски и образовни прашања, која треба да се произнесе за заедничко одбележување личности и настани од заедничката историја и да помогне во надминување на различните толкувања, досега успеа да постигне одреден напредок во однос на античкиот период и средниот век. Досега, за период од две години Комисијата има препорачано заедничко одбележување на пет историски личности од значење за историјата и културата на македонскиот и бугарскиот народ, но и за другите народи на Балканот и во Европа – Свети Кирил и Методиј, Свети Климент, Свети Наум и цар Самуил. Усвоени за препораки и за подобрување на учебниците по историја за шесто одделение во земјава и петти клас во Бугарија, кои се однесуваат на античкиот период од минатото, како и препораки за подобрување на учебниците за 6 клас/7 одделение. Се поврдија проценките и од двете страни дека најмакотрпен период за разгледување ќе бидат токму настаните и личностите од 19 и почетокот на 20 век, периодот на појавата на културни, духовни и политички движења, кои се јавуваат на територијата на земјава, каде што има сериозни разидувања во двете историографии.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/goce-delchev-srednovekovniot-i-ranoosmanliskiot-period-temi-na-noviot-sostanok-na-komisijata/feed/ 0
Ангел Димитров: Политичарите сакаат напредок, но македонските историчари прават се да не се случи тоа https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/angel-dimitrov-politicharite-sakaat-napredok-no-makedonskite-istorichari-pravat-se-da-ne-se-sluchi-toa/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/angel-dimitrov-politicharite-sakaat-napredok-no-makedonskite-istorichari-pravat-se-da-ne-se-sluchi-toa/#respond Wed, 02 Dec 2020 10:28:20 +0000 https://kurir.mk/?p=437383

Со загриженост ја очекувам новата средба на заедничката бугарско-македонска Комисија за историски прашања, но се надевам дека ќе направиме барем еден мал чекор напред, изјави бугарскиот копретседател на Комисијата, Ангел Димитров во изјава за Бугарската национална телевизија (БНТ), во пресрет на нејзиното ново заседание предвидено за утре и задутре. – Отсекогаш сакавме да работиме поинтензивно со стегнат ритам, но тоа не се случи. За следната година се планирани само пет состаноци, што не е доволно, вели Димитров, кој е и поранешен бугарски амбасадор во земјава. Според него, постојат разлики меѓу политичарите и историчарите. – Политичарите од двете страни сакаат напредок, но историчарите од македонска страна на комисијата прават се што е можно да не се случи тоа, оценува Димитров. Тој смета дека ваквиот пристап го одложува решавањето на разликите во блиска перспектива. – Се е до политичката волја, но во преден план доаѓа не само улогата на политичарите, туку и на историчарите. Не е во ред историчарите во Македонија да чекаат нова ситуација за да направат критичка анализа. Историчарот е должен да ја каже вистината и да го подготви општеството за вистината, категоричен е Димитров. Тој нагласува дека позицијата на Бугарија за прашањето на Република Северна Македонија е „единствена и монолитна“. – Тоа е ставот, како на Владата, така и на Народното собрание и на сите партии застапени во него, а исто и на претседателот, заклучува Димитров во изјавата за БНТ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/angel-dimitrov-politicharite-sakaat-napredok-no-makedonskite-istorichari-pravat-se-da-ne-se-sluchi-toa/feed/ 0