ангел џамбаски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 12 Jun 2023 18:48:14 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png ангел џамбаски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Џамбаски повторно со провокации: Македонија е БУГАРСКА https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dhambaski-povtorno-so-provokatsii-makedonija-e-bugarska/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dhambaski-povtorno-so-provokatsii-makedonija-e-bugarska/#respond Mon, 12 Jun 2023 18:48:14 +0000 https://kurir.mk/?p=845053

Бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски повторно со провокации кон Македонија. Овојпат, тој ги насочи критиките кон ВМРО-ДПМНЕ. „Животот и честа на Бугарите мора да бидат гарантирани! Вклучувањето на Бугарите во Уставот на Севе исклучително важен чекор кон целосна заштита на нивните права. ДПМНЕ очигледно не разбираат дека е во интерес на македонските граѓани да ги почитуваат меѓународните договори и услови. Не е ЕУ таа што треба да ја земе предвид српско-болшевичката фракција во Скопје, туку сосема спротивното. Има јасни критериуми, Македонија не ги исполнува. Исто така, не го исполнува Договорот за добрососедство, пријателство и соработка. Долгорочно, ДПМНЕ, Левица и нивните придружни антибугарски партии отсекогаш биле антиевропски. Европа не може да си дозволи да прифати, па дури и да преговара со земја која одбива да игра според правилата. Затоа, непочитуван Мицкоски и патетичните југоносталгичари од Скопје, мора да разберете – вие сте најлошото нешто што и се случило на Македонија. Вашата омраза кон Бугарија е проблемот. Омразата на која почива таканаречениот „идентитет“. Кулата на лагите и фалсификациите се руши затоа што вистината е на наша страна. А тоа е дека Македонија е БУГАРСКА!“ порача Џамбаски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dhambaski-povtorno-so-provokatsii-makedonija-e-bugarska/feed/ 0
Фејсбук “херојот“ Ангел Џамбаски наместо во Скопје остана во Благоевград https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/fejsbuk-herojot-angel-dhambaski-namesto-vo-skopje-ostana-vo-blagoevgrad/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/fejsbuk-herojot-angel-dhambaski-namesto-vo-skopje-ostana-vo-blagoevgrad/#respond Sat, 04 Feb 2023 14:24:36 +0000 https://kurir.mk/?p=796114

Ангел Џамбаски се пишмани – со денови најавуваше дека ќе дојде во Скопје а на крајот заврши во Благоевград. Веста за неговото доаѓање,европратеникот не испушташе прилика минативе денови да ја најави кај стигне, дури и се закани со атентат на претседателот Стево Пендаровски доколку биде спречен во намерат, за на крај да го чествува македонскиот револуционер Делчев кај нив во Бугарија. Преку видео објавено на социјалните мрежи тој повторно ја навредуваше Македонија, но и случувањата на граничните премини. Ги запираат бугарските граѓани, ги задржуваат, ги малтретираат. Тактиката не е да ги запрат луѓето, затоа што немаат причина за тоа, но сосема спокојно можат да задржуваат автомобили и автобуси по неколку часа, само за бесрамно да ги задржуваат. Вашите колеги, но и Бугарите кои се на границата, ми кажаа дека нема утврдено време во кое бугарската делегација ќе положи цвеќе. Тоа е невиден срам…. Ако продолжат овие провокации, одложувајќи ги луѓето, апсолутно е навредливо за сеќавањето на Гоце Делчев да учествува во таков „циркус“ и да виси на граница како дел од антибугарска кампања, порача Џамбаски преку видео објава на социјалните мрежи. Покрај видеото, тој и преку објава на Фејсбук повторно испрати провоцирачки пораки, алудирајќи дека Македонија е таа која предизвикувала, а отиде и чекор понатаму. Во исто време дознавме дека државата Северна Кореја, со која се граничиме на југозапад, ги затворила сите свои граници со Бугарија. Не дозволува ниту граѓани, ниту новинари. Никој. Се прашувате кој ги провоцира во моментов? Очигледно ги исплашивме по ѓаволите. Штом се затворија границите, само затоа што сме со Вмро Бнд Благоевград во срцето на бугарски Пирин #Македонија Им ја прекинавме струјата, од далечина, оттука. Замислете да решевме да ги преслушаме во живо, во Скопје, напиша Џамбаски. Џамбаски беше последен пат беше во Македонија за чествувањето на Мара Бунева кога порача дека Македонија и Бугарија биле едно, дека нема македонски народ, но и дека ТВ Алфа била просрпска. Македонските институции никогаш директно не одговорија дали ќе биде прогласен за персона нон грата заради навредите и провокациите но и заради заканите кон шефот на државата. извор: alfa.mk
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/fejsbuk-herojot-angel-dhambaski-namesto-vo-skopje-ostana-vo-blagoevgrad/feed/ 0
Храбар само на Фејсбук: Џамбаски се крие и не одговара дали ќе дојде во Македонија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/hrabar-samo-na-fejsbuk-dhambaski-se-krie-i-ne-odgovara-dali-ke-dojde-vo-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/hrabar-samo-na-fejsbuk-dhambaski-se-krie-i-ne-odgovara-dali-ke-dojde-vo-makedonija/#respond Sat, 04 Feb 2023 09:32:44 +0000 https://kurir.mk/?p=796039

Бугарскиот европратеник кој го негира македонскиот народ, Ангел Џамбаски, не одговори на прашањата од „Макфакс“ дали ќе се обиде да влезе во Македонија за да оддаде почит на годишнината од раѓањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев. И покрај тоа што пред една недела најави дека ќе дојде во Македонија, сега, ги повикува Бугарите да го слават Делчев на други локации како што е Грција (каде Делчев е роден), пред спомениците на македонскиот револуционер, но и во Бугарија. „Другари и сограѓани Бугари, без копејци: никој, апсолутно никој, ниту родово определените родители на антибугарскиот македонизам од Коминтерната, ниту нејзините родово одредени чувари во Брисел не можат и нема да ни кажат каде, кога и како ќе го почитуваме бугарскиот народен херој Георги Николов Делчев. Затоа ви предлагам, на одбележувањето на годишнината од раѓањето на Георги (Гоце) Николов Делчев кој е бугарски учител, револуционер, офицер, војвода, почит да му оддадете во Кукуш, каде што е роден. Градот бил уништен во 1913 година, но сè уште стои црквата на ридот, женски манастир, на одливот кон Кукуш, ова е новиот град. Тоа може да се направи во урнатините на селото Баница, исто така уништено во 1913 година, а камбанаријата на црквата во која првично бил погребан сè уште стои. Во близина на денешното село Орини, Серско. Тоа може да се направи во градот Гоце Делчев, поранешен Неврокоп. Тоа може да се направи во секој бугарски град каде што има споменик, биста, спомен знак, улица посветена на Војвода Гоце Делчев. Ставете по еден цвет. Поклони се. Следете ги поглавјата“, напиша Џамбаски. Тој им се обраќа на Бугарите и им вели: „Почитувајте го Гоце Делчев и сите познати и непознати поддржувачи кои ги дадоа своите животи за бугарска Македонија и каузата за национално обединување. Да живее обединетата и неделива бугарска нација, од Охрид до Црно Море. Да живее споменот на Бугаринот Гоце Делчев. Да живее Бугарија!“. Главното одбележување на раѓањето на Гоце Делчев, се одвива во црквата Свети Спас во Скопје. Низа делегации, меѓу кои шефот на државата Стево Пендаровски, опозицијата, Владата, претставници на бугарската Влада, ќе оддадат почит на македонскиот револуционер.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/hrabar-samo-na-fejsbuk-dhambaski-se-krie-i-ne-odgovara-dali-ke-dojde-vo-makedonija/feed/ 0
Кабинетот на Пендаровски се огласи по заканите на Џамбаски, МНР ќе се обрати до Европскиот парламент https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kabinetot-na-pendarovski-se-oglasi-po-zakanite-na-dhambaski-mnr-ke-se-obrati-do-evropskiot-parlament/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kabinetot-na-pendarovski-se-oglasi-po-zakanite-na-dhambaski-mnr-ke-se-obrati-do-evropskiot-parlament/#respond Wed, 25 Jan 2023 18:02:45 +0000 https://kurir.mk/?p=791904

Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски не ја коментира денешната изјава на бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски во која го потсетува Пендаровски како завршиле во минатото сите оние кои се обиделе да им забранат влез на лидери на ВМРО. Oд Кабинетот на претседателот Пендаровски посочија дека ставовите на претседателот биле дадени по седницата на Советот за безбедност и дека сега надлежностите се кај Владата. – Во однос на прашањата, немаме дополнителен коментар. Ставовите на претседателот Пендаровски беа дадени по седницата на Советот за безбедност. За понатамошни чекори, надлежностите се кај Владата на Република Северна Македонија, се вели во одговорот од Кабинетот на претседателот за МИА. По Советот за безбедност што се одржа во понеделникот, претседателот Пендаровски во изјава за медиумите рече дека СБ и предлага на Владата да забрани влез во земјава на еден европратеник и на неколку други лица, поради сомнение дека дел од овие лица се поврзани со руската разунавачка служба. Тој рече дека на 4. февруари кога се одбележува годишнината од раѓањето на Гоце Делчев се очекува во земјава да пристигне организирана група од Бугарија со цел нарушување на безбедноста и дестабилизација на земјата и на односите со Бугарија. Бугарскиот европратеник Џамбаски денеска преку социјалните мрежи индиректно упати закани до претседателот Пендаровски. – Што претставува за нас една таква забрана? Да му порачам на Стево Пендаровски, наречен Стево Коминтерната и дека во минатото и други се обидувале да им забранат влез на лидери на ВМРО во Македонија, а последниот таков пример е со југословенскиот, со српскиот крал Александар Караѓорѓевиќ. Ако се обидат да ми забранат влез во Македонија нека погледнат во историјата и нека учат од неа, напиша Џамбаски. И МНР со реакција Вечерва реагираше и македонското Министерство за надворешни работи кое ги осуди ваквите изјави и најави дека по дипломатски пат ќе го извести и бугарското Министерство за надворешни работи. – Во овој случај, Министерството ќе препорача и на претседателот да реагира соодветно до својот колега, претседателот Радев, а за ова однесување известување и барање за оградување ќе биде побарано и од претседателот на Европскиот парламент. Заканите, изјавите за закани, најавите се прашање со кое се занимаваат безбедносните органи, очекуваме тие сериозно да ги земат предвид последните изјави на Џамбаски и да донесат соодветна одлука за негов ограничен пристап во земјава, стои во реакцијата од македонското МНР. Владата ја префрли топката на МВР за тоа зошто нема забрана за влез во Македонија Владата на вчерашната седница не донесе одлука за прогласување на Ангел Џамбаски и уште четири други лица за персона нон грата. Премиерот Димитар Ковачевски не одговори зошто не е донесена одлука, туку надлежностите за ова ги префрли на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. И Спасовски не одговори дали на 4 февруари на прославата на 151 година од раѓањето на македонскиот великан Гоце Делчев ќе му забрани влез на Џамбаски кој веќе најави дека ќе дојде на одбележувањето на овој ден. -Ќе одлучиме на 4 февруари, порача Оливер Спасовски.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kabinetot-na-pendarovski-se-oglasi-po-zakanite-na-dhambaski-mnr-ke-se-obrati-do-evropskiot-parlament/feed/ 0
Џамбаски му се закани на претседателот Пендаровски со АТЕНТАТ и најави дека ќе дојде на 4-ти февруари во Скопје https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dhambaski-mu-se-zakani-na-pretsedatelot-pendarovski-so-atentat-i-najavi-deka-ke-dojde-na-4-ti-fevruari-vo-skopje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dhambaski-mu-se-zakani-na-pretsedatelot-pendarovski-so-atentat-i-najavi-deka-ke-dojde-na-4-ti-fevruari-vo-skopje/#respond Wed, 25 Jan 2023 12:54:44 +0000 https://kurir.mk/?p=791708

Бугарскиот радикал од ВМРО-БНД и европратеник Ангел Џамбаски му порача на претседателот Стево Пендаровски дека и во минатото имало обиди на лидери на ВМРО да им се забрани влез во Македонија и му порача дека последниот таков пример бил со југословенскиот крал Александар Караѓорѓевиќ! Џамбаски најави дека на 4 февруари ќе дојде во Скопје. Прашан дали се препознава во описот на Пендаровски кој побара Владата да донесе одлука за забрана на влез на еден бугарски европратеник, Џамбаски одговори дека во тој опис го препознава секој Бугарин кој ги застапува правата и интересите на Бугарите во Македонија, пренесе Слободен печат. -Што претставува за нас една таква забрана? Да му порачам на Стево Пендаровски, наречен Стево Коминтерната и дека во минатото и други се обидувале да им забранат влез на лидери на ВМРО во Македонија, а последниот таков пример е со југословенскиот, со српскиот крал Александар Караѓорѓевиќ. Ако се обидат да ми забранат влез во Македонија нека погледнат во историјата и нека учат од неа – рече Џамбаски синоќа во разговор за бугарската телевизија Нова. На прашањето дали планирал да дојде во Скопје на 4 февруари заедно со поголема група луѓе да ја одбележат 151-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев Џамбаски потврди. -Не мислев да одам во Македонија, имав други планови. Но сега, како да одбијам ваква љубезна покана – рече тој. Владата вчера не донесе одлука за забрана на влез на бугарски државјани, иако завчера по седницата на Советот за безбедност претседателот Стево Пендаровски рече дека ќе даде таков предлог до извршната власт, согласно Законот за странци. Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, пак, денеска на новинарско прашање не беше прерцизен што ќе се случи ако Џамбаски се појави на граница на 4 февруари и одговори дека полицијата ќе одлучи за тоа на 4 февруари. Кралот Караѓорѓевиќ е убиен е во атентат во Марсеј, од страна на Владо Черноземски, по наредба на ВМРО на 9 октомври 1934 година.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dhambaski-mu-se-zakani-na-pretsedatelot-pendarovski-so-atentat-i-najavi-deka-ke-dojde-na-4-ti-fevruari-vo-skopje/feed/ 0
На Пендаровски ова нема да му се допадне: Спасовски соопшти дали Џамбаски ќе биде пуштен да влезе на 4-ти февруари во Македонија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/na-pendarovski-ova-nema-da-mu-se-dopadne-spasovski-soopshti-dali-dhambaski-ke-bide-pushten-da-vleze-na-4-ti-fevruari-vo-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/na-pendarovski-ova-nema-da-mu-se-dopadne-spasovski-soopshti-dali-dhambaski-ke-bide-pushten-da-vleze-na-4-ti-fevruari-vo-makedonija/#respond Wed, 25 Jan 2023 11:59:19 +0000 https://kurir.mk/?p=791666

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во одговор на новинарско прашање дали Џамбаски на чествувањето на Гоце Делчев, на 4 февруари ќе биде вратен од граница, кратко одговори дека тој ден ќе одлучат што ќе прават. За Спасовски врвен приоритет е Владата да го зачува мирот и стабилноста во државата. -Не е добро за политичките односи и внатре во државата и помеѓу соседите. Знаеме дека секогаш имаме радикални структури кои поради лични или други интереси сакаат да се нарушува тој процес на стабилизација на односите. Од друга страна, никако не смееме да дозволиме да се наруши безбедноста на нашите граѓани. Владата вчера разговараше на оваа тема, го заложи МВР да преземе надлежности во зачувувањето на безбедноста и стабилност во соработка со Агенцијата за национална безбедност, изјави Спасовски. Владата на вчерашната седница го одби предлогот на претседателот Стево Пендаровски да се воведе забрана за неколку лица од Бугарија. Пендаровски, напоменувајќи дека тој според неговите надлежности може само да предложи ваква мерка, рече дека предлогот за забрана на влезот во Македонија се однесувал на повеќе лица од Бугарија, меѓу кои и еден пратеник на земјата во Европскиот парламент.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/na-pendarovski-ova-nema-da-mu-se-dopadne-spasovski-soopshti-dali-dhambaski-ke-bide-pushten-da-vleze-na-4-ti-fevruari-vo-makedonija/feed/ 0
Џамбаски му испрати порака на Пендаровски, еве што му порача нему и на македонскиот народ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dhambaski-mu-isprati-poraka-na-pendarovski-eve-shto-mu-poracha-nemu-i-na-makedonskiot-narod/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dhambaski-mu-isprati-poraka-na-pendarovski-eve-shto-mu-poracha-nemu-i-na-makedonskiot-narod/#respond Tue, 24 Jan 2023 09:54:18 +0000 https://kurir.mk/?p=791046

Македонија била и е бугарска! Северна Македонија е друга работа, пишува на Фејсбук Ангел Џамбаски. „Заслугата тука е на Тито. Со забрани за влез во државата нема да ја избришете вистината“, се додава во неговата објава на ФБ.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dhambaski-mu-isprati-poraka-na-pendarovski-eve-shto-mu-poracha-nemu-i-na-makedonskiot-narod/feed/ 0
Протести во Софија за одбрана на правата на нарко-дилерот Пендиков https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/protesti-vo-sofija-za-odbrana-na-pravata-na-narko-dilerot-pendikov/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/protesti-vo-sofija-za-odbrana-na-pravata-na-narko-dilerot-pendikov/#respond Sat, 21 Jan 2023 10:31:37 +0000 https://kurir.mk/?p=790017

Бугарското партија ВМРО-БНД за денеска на пладне најави протест пред зградата на Европската комисија во Софија во одбрана на правата на луѓето со бугарски идентитет во Македонија. Потпретседателот на партијата и европратеник Ангел Џамбаски инсистира на итен прекин на преговорите на Македонија за членство во ЕУ. Охриѓанецот Христијан Пендиков, кој се идентификува како Бугарин и е секретар на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“, беше претепан во угостителски објект во Охрид, по што со владин авион на Бугарија беше пренесен во Софија на понатамошно лекување. Бугарија веднаш упати и протестна нота до Македонија, а инцидентот го осудија и претседателот Стево Пендаровски, премиерот Димитар Ковачевски и шефот на дипломатијата Бујар Османи. Ниту еден од македонските политичари не ги почекаа официјалните информации на МВР дека се работи за нарко-дилер, кој на 17 декември бил фатен како препродава кокаин и против кого е поднесена и кривична пријава, пишува МКД.мк. Според бугарските медиуми, нападот бил политички и етнички мотивиран, а на нападнатиот му се обраќале со зборовите „мрсен Бугарин“. -Сведоци на настанот велат дека тепачката нема никаква политичка заднина, дека се работи за стари недоразбирања меѓу учесниците во инцидентот. Сведоците тврдат дека откако тројцата охриѓани влегле во кафеаната во која веќе бил Пендиков, секретарот на бугарскиот клуб веднаш почнал да ги вреѓа, по што почнала вербална расправија, која потоа продолжила со физичка пресметка пред кафеаната, стои во текстот на МКД.мк кој во целост може да го прочитате ТУКА.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/protesti-vo-sofija-za-odbrana-na-pravata-na-narko-dilerot-pendikov/feed/ 0
НОВО ПОНИЖУВАЊЕ: Џамбаски од центарот на Скопје со порака – „Да живее бугарска Македонија“! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/novo-ponizhuvane-dhambaski-od-tsentarot-na-skopje-so-poraka-da-zhivee-bugarska-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/novo-ponizhuvane-dhambaski-od-tsentarot-na-skopje-so-poraka-da-zhivee-bugarska-makedonija/#respond Sat, 14 Jan 2023 14:51:26 +0000 https://kurir.mk/?p=787282

Околу стотина поддржувачи на делото на револуционерката Мара Бунева денеска се собраа на кејот на Вардар во центарот на Скопје. На одбележувањето на 95-годишнината од смртта на Бунева, присустуваа и бугарскиот европратеник и копретседател на ВМРО-БНД, Ангел Џамбаски, како и членови на бугарската Фондација „Македонија“. -Вечен спомен на Мара Бунева и на сите познати и незнајни херои кои го посветија и го дадоа својот живот за каузата за слободна бугарска Македонија и обединета Бугарија. Им благодарам и им честитам на сите бугарски националисти, патриоти и патриоти, од сите политички, младински и културни и просветни организации, со кои денеска бевме на кејот на Вардар, во одбрана на македонските Бугари. Да живее обединетата и неделива бугарска нација, од Охрид до Црно Море и од Дунав до Бело Море. Да живее бугарска Македонија. Да живее Бугарија!, ни порача Џамбаски од центарот на Скопје, пренесе ФОКУС.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/novo-ponizhuvane-dhambaski-od-tsentarot-na-skopje-so-poraka-da-zhivee-bugarska-makedonija/feed/ 0
Бугарскиот европратеник Џамбаски испрати провокации: „Македонија е бугарска“ (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bugarskiot-evropratenik-dzambaski-isprati-provokacii-makedonija-e-bugarska-foto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bugarskiot-evropratenik-dzambaski-isprati-provokacii-makedonija-e-bugarska-foto/#respond Sun, 30 Oct 2022 08:16:36 +0000 https://kurir.mk/?p=752550

Бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски повторно испрати провокации во пресрет на отворањето на македонскиот клуб „Никола Вапцаров“ во Благоевград. Џамбаски ги повика сите да излезат на протест со цел да се урне „македонизмот мотивиран од србоманите од Скопје“. - Бугарскиот национален интерес мора да биде заштитен затоа секој вистински Бугарин треба в недела да дојде во Благоевград пред споменикот на Георги Николов Делчев. Заедно да ја заштитиме иднината, сегашноста и минатото, кажа Џамбаски.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bugarskiot-evropratenik-dzambaski-isprati-provokacii-makedonija-e-bugarska-foto/feed/ 0