ангел карапетров – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 09 May 2023 16:25:46 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png ангел карапетров – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Карапетров: Како советничка група на ВМРО-ДПМНЕ во Тетово поддржуваме реализација на голем број инфраструктурни проекти и бараме вонредна седница за решавање на проблемот со кучињата скитници https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/karapetrov-kako-sovetnichka-grupa-na-vmro-dpmne-vo-tetovo-poddrzhuvame-realizatsija-na-golem-broj-infrastrukturni-proekti-i-barame-vonredna-sednitsa-za-reshavane-na-problemot-so-kuchinata-skitnitsi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/karapetrov-kako-sovetnichka-grupa-na-vmro-dpmne-vo-tetovo-poddrzhuvame-realizatsija-na-golem-broj-infrastrukturni-proekti-i-barame-vonredna-sednitsa-za-reshavane-na-problemot-so-kuchinata-skitnitsi/#respond Tue, 09 May 2023 16:25:46 +0000 https://kurir.mk/?p=832303

Ние како дел од локалната власт успеавме дел од горливите проблеми на тетовчани да ги решиме, вели Ангел Карапетров, координаторот на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во советот на општина Тетово во воведниот разговор на денешната трибина насловена „Социјални политики против иселување и сиромаштија“. Карапетров посочи дека како советничка група поддржале голем број на инфраструктурни проекти во делот на изградба и реконструкција на улици, како и изградба и реконструкција на водоводна мрежа. Ја завршивме улицата Страшо Пинџур, ја завршивме улицата Јане Сандански, улицата Димо Гавровски Кара. Го решивме водоснабдувањето во Фалише и Сараќино, во моментот мислам дека едната бушотина е пуштена и во Фалише и Сараќино пристигнуваат 15 литри во секунда вода, имаме уште една бушотина со 5 литри во секунда и мислам дека и таа ќе биде ставена во систем. Значи со 20 литри вода во секунда, чиста и здрава вода да имаат 8000 жители, додаде тој. Карапетров рече дека како советничка група прават добри дела за сите граѓани без разлика на која етничка припадност припаѓаат. Ние знаеме да правиме добри дела за сите граѓани. Никогаш не мислиме само за еден етникум во Тетово, кажа тој. Карапетров нагласи дека проблемот со кучињата скитници мора веднаш да се реши потенцирајќи дека како советничка група на ВМРО-ДПМНЕ побарале вонредна седница на советот на која ќе се најде решение на овој проблем со кои се соочуваат тетовчани, но и ќе бараат од централната власт да помогне. Ние како советничка група побаравме вонредна седница на советот на општина Тетово со една точка на дневен ред односно да видиме како ние ќе можеме да го решиме локално проблемот, но не само локално туку ќе побараме од централната власт и регионално да го решава тој проблем, вели Карапетров.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/karapetrov-kako-sovetnichka-grupa-na-vmro-dpmne-vo-tetovo-poddrzhuvame-realizatsija-na-golem-broj-infrastrukturni-proekti-i-barame-vonredna-sednitsa-za-reshavane-na-problemot-so-kuchinata-skitnitsi/feed/ 0
Карапетров:Тетовчани заслужуваат промени-ветуваме работа, заштита на вашите интереси и борба за проекти важни за Тетово https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/karapetrov-tetovchani-zasluzuvaat-promeni-vetuvame-rabota-zashtita-na-vashite-interesi-i-borba-za-proekti-vazni-za-tetovo/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/karapetrov-tetovchani-zasluzuvaat-promeni-vetuvame-rabota-zashtita-na-vashite-interesi-i-borba-za-proekti-vazni-za-tetovo/#respond Sat, 06 Aug 2022 07:11:54 +0000 https://kurir.mk/?p=714884

Тетово е нашиот дом. Ова место беше предолго оставено на заборавот, водено од неспособни кадри кои се водат од лични интереси, ова го изјави на прес конференција носителот на советничката група од ВМРО-ДПМНЕ во Тетово, Ангел Карапетров. -Нечистотијата, загаден воздух, недостиг на паркинг места, дупки на улиците е децениското секојдневие во Тетово.  И ова мора да се смени. Затоа вашиот глас е важен и вашиот глас се брои. Листата која ја предводам е гаранција дека вашиот глас ќе биде слушнат, одвнатре да ги менуваме работите и да ги штитиме вашите интереси. Тетовчани заслужуваат промени. Ви ветуваме работа, заштита на вашите интереси и борба за проекти кои се важни за Тетово. Работа, проекти и промени кои ќе создадат нова иднина каква Тетово заслужува. Само обединети и сложни ќе се избориме за повеќе. Промените во земјата започнаа и тие ќе се заокружат во Тетово, истакна Карапетров. Гласајте за советничката листа на ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата за обнова на Македонија. Заокружете го бројот 2 за вашиот глас за промени во Тетово, додаде тој. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/karapetrov-tetovchani-zasluzuvaat-promeni-vetuvame-rabota-zashtita-na-vashite-interesi-i-borba-za-proekti-vazni-za-tetovo/feed/ 0
Карапетров: Решавање на проблемот со сообраќајниот хаос и реконструкција на водоводната мрежа, Тетово заслужува да тргне напред https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/karapetrov-reshavanje-na-problemot-so-soobrakjajniot-haos-i-rekonstrukcija-na-vodovodnata-mreza-tetovo-zasluzuva-da-trgne-napred/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/karapetrov-reshavanje-na-problemot-so-soobrakjajniot-haos-i-rekonstrukcija-na-vodovodnata-mreza-tetovo-zasluzuva-da-trgne-napred/#respond Sat, 02 Oct 2021 16:49:01 +0000 https://kurir.mk/?p=571944

Моето вечерашно обраќање ќе го започнам со една мисла на големиот Мартин Лутер Кинг која гласи: „Секогаш е вистинско време за превземање на правилниот чекор„. И да,токму сега е време за превземање на вистинскиот чекор,чекор за подобро утре за тебе, за мене, за сите нас,за сите тетовчани“, истакна Ангел Карапетров, носител на советничката листа на општина Тетово. Карапетров додаде дека ОДГОВОРНОСТ, ЧЕСТ и ДОСТОИНСТВО претставуваат основни принципи на кои се темели начинот на работа, начинот на делување и начинот на живот. - Изминативе четири години во Тетово ништо не се направи, сите ветувања беа лажни.Се зголемија проблемите со урбаниот хаос, загадувањето, неинвестирањето на локалната власт во подобрување на инфраструктурата, образованието, културата, спортот. Почитувани, Тетово стана град депонија, појасни Карапетров. Карапетров додаде дека составија програма со многу проекти, кои ги засегаат тетовчани. Тоа се проекти со кои ќе се изнајдат решенија за секојдневните проблеми со кои се соочуваат сите граѓани во Тетово. - И доста се поделби по било каков основ, затоа што: ако нема вода, нема вода за сите, ако е блокиран сообраќајот, блокиран е за сите, затоа што досегашната локална власт не изнајде соодветно решение за хаосот на улиците, ако се давиме во смет тоа го чувствуваме сите, затоа што локална власт не направи ништо за да го реши овој проблем. Но, да не набројувам понатака, затоа што пред нас имаме четири години за издигнување од ова ДНО во кое сите се наоѓаме, рече Карапетров. Карапетров посочи неколку проекти на граѓаните кои се дел од програмата, а тоа се: - Реконструкција на постојаната водоводна мрежа, изградба на резервоар за вода и нови бушотини, со што ќе се реши горливиот проблем со водоснабдувањето во градот, како и во населените места Сараќино и Фалише. - Решавање на проблемот со ѓубрето во кое со години е преплавен нашиот град, преку проект за собирање и депонирање на отпад. - Подобрување на квалитетот на амбиенталниот воздух на подрачјето на општина Тетово, преку план за квалитетот на воздухот. - Решавање на проблемот со сообраќајниот хаос во градот и вклучувајќи го и проблемот со паркинг просторот. - Поддршка на малите локални бизниси и занаетчии. - Комплетна реконструкција на повеќе улици во градот. - Реконструкција и изградба на канализациона мрежа. - Изградба и обновување на забавни детски паркови, игралишта и зелени паркови на повеќе локации во градот. - Реконструкција во делот на образование, преку проектот „Еднакви можности за образование за сите“. - Промоција и поддршка на локалниот туризам. - Подобрување на условите за спортување на младите и подобрување на спортската инфраструктура. - Подобрување на социјалната и здравствената заштита на сите луѓе. - Ние, ќе му се посветиме на Тетово до нашиот последен атом сила, но и ќе побараме од вас наши сограѓани да бидете нашите поддржувачи, да не критикувате, да не потткинувате, да не мотивирате, истакна Карапетров. Карапетров порача дека Тетово заслужува да тргне напред. Со поддршката од граѓаните и со заедничка работа и соработка, може да се реализираат проектите. Време е Тетово да е еднакво за сите луѓе. Новата иднина, носи промени и проекти.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/karapetrov-reshavanje-na-problemot-so-soobrakjajniot-haos-i-rekonstrukcija-na-vodovodnata-mreza-tetovo-zasluzuva-da-trgne-napred/feed/ 0
Карапетров од Тетово: Доста е со распродажба и понижување на Македонија, Заев оди си https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/karapetrov-od-tetovo-dosta-e-so-rasprodazba-i-ponizuvanje-na-makedonija-zaev-odi-si/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/karapetrov-od-tetovo-dosta-e-so-rasprodazba-i-ponizuvanje-na-makedonija-zaev-odi-si/#respond Fri, 04 Dec 2020 19:42:16 +0000 https://kurir.mk/?p=438968

Помина границата на срамот, многу боли се ова што го прави квинслингот Заев и неговата свита!Ако нашите дедовци и баби од 1941 до 1944 година се бореле против „администрација" како што манипулира Заев, тогаш тоа нив ги прави „окупатори " а не ослободители. Не! Нашата слобода е дело на народната борба против окупаторот, со многу жртви, падови и победи. АСНОМ е вториот Илинден, вели Ангел Карапетров, претседател на ОК ВМРО-ДПМНЕ Тетово, на денешниот протест Оставка на Заев, слобода на народот. Карапетров истакна дека нашите претци се бореле и со крв ја натопиле македонската земја давајќи илјадници жртви за слобода и создавањето на сопствена држава. Денес сме тука обединети под бајракот на Македонија во оваа наша заедничка борба, борба за зачувување на сето она за што нашите претци се бореле и со крв ја натопиле македонската земја давајќи илјадници жртви за слобода и создавањето на сопствена држава. Денес, Заев тргува со Македонија и сака да создаде вештачка нација, се откажува од историјата и борците од АСНОМ и застанува на страната на фашистите, меѓутоа тој може тоа да го прави само за себе, не смее да го прави за целата нација, нема мандат за тоа и никој не му даде право за тоа, вели тој. Карапетров посочи дека е потребно заминување на Заев од власт нагласувајќи дека е доста со распродавање и понижување на Македонија.Квинслингот Заев и неговата свита мора да замине, но и да одговараат за предавствата кои и ги сторија на МАКЕДОНИЈА и на Македонскиот народ.Заедно со тетовчани денес порачуваме. ДОСТА е со распродавање и понижување на Македонија. Заев оди си, истакна Карапетров. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/karapetrov-od-tetovo-dosta-e-so-rasprodazba-i-ponizuvanje-na-makedonija-zaev-odi-si/feed/ 0
Карапетров: Срамота е во 21 век да немаме основни услови за живот и чист воздух https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/karapetrov-sramota-e-vo-21-vek-da-nemame-osnovni-uslovi-za-zivot-i-chist-vozduh/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/karapetrov-sramota-e-vo-21-vek-da-nemame-osnovni-uslovi-za-zivot-i-chist-vozduh/#respond Wed, 04 Nov 2020 20:14:16 +0000 https://kurir.mk/?p=425099

ВМРО-ДПМНЕ денеска одржа протест во Тетово под мотото „Загадувањето убива кога власта е неспособна-Стоп за депониите“. Пораките кои претседателот на ОК ВМРО- ДПМНЕ Тетово, Ангел Карапетров ги упати се следните: - Во моменти на пандемија која ги напаѓа претежно белите дробови, власта не осудува и казнува со нечист воздух. 21ви век, а ги немаме основните услови за живот, чиста вода и чист воздух. Некогашниот мал Париз, урбанистички среден и зелен град познат по чисти улици, свеж воздух паркови и чиста шарпланинска вода, денес уништен, угнетен, распарчен, загаден и осквернавен. Тетово денес наликува на постапокалиптичен град. Тетово денес е пример што се случува со едно општество кога имате корумпирана власт на чело на институциите која управува со ресурсите и животите на луѓето, рече Карапетров. Тој во своето обраќање кажа дека наместо решение за подобар живот граѓаните добија повеќе проблеми. -Наместо светла иднина за нашите деца добивме пресуда за безнадежност. Но јас велам доста е, наша должност е да се избориме за следните генерации, посочи Карапетров. Претседателот на ОК ВМРО-ДПМНЕ, Ангел Карапетров ги повика сите да се обединат и стават крај на корупцијата, негрижата, и криминалот. -Ве повикувам сите, без разлика на верската и етничката припадност да се обединат и да ставиме крај на ова лудило. Да ставиме крај на корупцијата, негрижата, криминалот. Време е да го вратиме сјајот на Тетово. Време е да го вратиме епитетот мал Париз, додаде тој. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/karapetrov-sramota-e-vo-21-vek-da-nemame-osnovni-uslovi-za-zivot-i-chist-vozduh/feed/ 0