Ангел Петковски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 26 Mar 2021 17:22:12 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Ангел Петковски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 13 години затвор за Насер Ештрефи, обвинет за убиството на матурантот Ангел Петковски https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/13-godini-zatvor-za-naser-eshtrefi-obvinet-za-ubistvoto-na-maturantot-angel-petkovski/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/13-godini-zatvor-za-naser-eshtrefi-obvinet-za-ubistvoto-na-maturantot-angel-petkovski/#respond Fri, 26 Mar 2021 17:21:24 +0000 https://kurir.mk/?p=488303

Насер Ештрефи обвинет за убиството на матурантот Ангел Петковски кое се случи на 19 мај 2014-та година, во населбата Ѓорче Петров доби 13 години затворска казна. Судот го прогласи Ештрефи за виновен, поради тоа што со умисла го сторил кривичното дело, каде со нож го прободел момчето кое пред болницата им подлегнало на повредите. Според одбраната, оваа одлука на судот за обвинетиот да остане во притвор не е изненадувачка. Инаку, ова е втора одлука на судот да го прогласи Ештрефи за виновен. Во 2015 година обвинетиот за овој случај доби 14-годишна казна затвор, но Врховниот суд минатата година ја укина оваа одлука, по што одново му се судеше.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/13-godini-zatvor-za-naser-eshtrefi-obvinet-za-ubistvoto-na-maturantot-angel-petkovski/feed/ 0
Oбвинетиот се кае- пресудата за убиството на Ангел Петковски ќе биде објавена на 26 март https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/obvinetiot-se-kae-presudata-za-ubistvoto-na-angel-petkovski-kje-bide-objavena-na-26-mart/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/obvinetiot-se-kae-presudata-za-ubistvoto-na-angel-petkovski-kje-bide-objavena-na-26-mart/#respond Mon, 22 Mar 2021 14:53:53 +0000 https://kurir.mk/?p=486202

Во Основниот кривичен суд Скопје, за случајот за убиството на Ангел Петковски, денеска, завршни зборови даде и одбраната на обвинетиот Насер Ештрефи. По што судот, објавата на пресудата ја закажа за 26 март. Во завршните зборови, адвокатката на обвинетиот Ештрефи, Иванка Јакимовска нотираше шест работи кои што, според неа, треба да се утврдат за да се пристапи кон казнување. Помеѓу шесте работи таа наведе: Што му претходело на тој настан, како се одвивал истиот, од кого прво се нанесени ударите, дали обвинетиот сакал да се случи тој настан, дали се работи за претходно формирана волја за да го стори ова дело, како и дали по секоја цена треба да се прегази начелото на ресторативна правда, ако се земе предвид дека и обвинетиот бил повреден и за тоа никој не одговарал. – Кражбата на велосипедот не е иницијална каписла за случување на овој настан, туку е однесувањето на сега оштетениот и неговиот син, кои што по секоја цена сакале да го стигнат крадецот и да се пресметаат со него на било кој начин, кажа бранителот. Потенцира, дека првично гореспоменатите биле без возило а потоа се вратиле и го земале за побрзо да го стигнат обвинетиот кого што, како што вели, го препознале како крадецот на нивниот велосипед. Во однос на тоа од кого прво се нанесени ударите, бранителот кажа дека и покрај изнесените докази и реконструкцијата, тоа останало неутврден факт. За тоа дали по секоја цена треба да се прегази начелото на ресторативна правда ако се земе предвид дека и обвинетиот бил повреден и за тоа никој не одговарал, бранителот кажа дека обвинетиот Насер е исто така повреден во овој настан. – И тој има здобиено повреди, но телесни се разбира, и дека тој не сакал да го тужи сега оштетениот за тоа, оти тоа се гони по приватна тужба, оти едноставно не ни сакал да се случи настанот. Тој бил исплашен и за сопствениот живот кога сега оштетениот се упатил кон него, па го прашал дали е тој крадецот, реагирал кога видел опасност, како што појаснија и вештите лица, и само чудо го спасило да и тој остане жив, затоа што ударите нанесени од страна на сега оштетениот, да биле малку попрецизни или на друго место, можеле да бидат кобни за обвинетиот, кажа бранителот. Во завршните зборови на одбраната свој исказ даде и обвинетиот Насер Ештрефи, кој кажа дека се кае за овој немил настан. – Јас не сакав, и мојот живот беше во прашање, и мене не ми беше лесно, кажа обвинетиот. Претходно, обвинетиот Ештрефи, со одлуката на Основниот кривичен суд Скопје беше осуден на 14 години затворска казна, што беше потврдена од скопската Апелација. Одлуките ги укина Врховниот суд и судењето против обвинетитот Ештрефи беше вратено на повторно одлучување. Убиството на Ангел Петковски се случи на 19 мај 2014 година во населбата Ѓорче Петров. Инцидентот започна со кражба на велосипед од страна на Насер Ешрефи од скопското село Грчец. Случајот го води судијката Судија Диана Груевска Илиевска а застапник на обвинението во овој случај е јавниот обвинител Дарко Јакимовски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/obvinetiot-se-kae-presudata-za-ubistvoto-na-angel-petkovski-kje-bide-objavena-na-26-mart/feed/ 0
„Обвинетиот од одземање на имот се префрли на одземање на живот“ – завршни зборови за убиството на Ангел Петковски https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/obvinetiot-od-odzemanje-na-imot-se-prefrli-na-odzemanje-na-zivot-zavrshni-zborovi-za-ubistvoto-na-angel-petkovski/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/obvinetiot-od-odzemanje-na-imot-se-prefrli-na-odzemanje-na-zivot-zavrshni-zborovi-za-ubistvoto-na-angel-petkovski/#respond Mon, 22 Mar 2021 13:59:14 +0000 https://kurir.mk/?p=486163

Со завршни зборови од Обвинителството денеска во Основниот кривичен суд Скопје продолжи судењето за случајот со убиството на Ангел Петковски. При завршните зборови, застапникот на обвинението, Дарко Јакимовски, рече дека ништо не е сменето по реконструкцијата на настанот што се одржа на 4 март. -Треба ли да поверуваме дека секое лице коешто се дрзнало да одземе подвижна ствар, во присуство на сопственикот, во сопствениот двор, заклучен со рајбер, знаејќи дека е виден, ќе му биде се исто, нема апсолутно да води сметка дали ќе биде затекнат понатаму, фатен од сопствениците или пак надлежните органи, кажа обвинителот. Тој дополни дека дали убиениот имал намера да убива или не, не се оценува со неговите зборови, туку само со неговите постапки. Според него, позицијата и начинот на кој обвинетиот делувал и ја нанел смртоносната рана, несомнено кажува дека имал преглед на ситуацијата и знаел што прави. -Кој прв почнал и кој имал право да се брани се околности испитани од секој можен правен аспект, кажа обвинителот. Дополни дека ова не е филмска фикција ниту, пак, настанот може да поприми митолошки особености. -Ако доказите водеа кон поинаков заклучок, независно од болката на родителите на сега покојниот и неговиот брат, моја професионална должност, а и секако ваша, е работите да ги утврдувате онака како што биле, а не само поради голиот факт дека во настанот има жртва, кажа обвинителот. Сите околности на случајот и доказите, според обвинителот, покажуваат дека во ситуации кога обвинетиот веднаш го прободел сега починатиот, не скривено со ништо претходно, правото на одбрана, нужна одбрана, преминува на сега покојниот, и сведокот Сашо Петковски, бидејќи, како што кажа, пред нивни очи одеднаш се случува тоа дејствие. -Во таква ситуација, бидејќи несомнено постои истовременост, обвинетиот и понатаму замавнувал со нож и го засекол повторно сега покојниот, апсолутно е ирелевантно дали еднаш дали, дали два пати, дали пет пати го удирал со стап, затоа што правно овластување за тоа има, токму во овој институт, сведокот Сашо Петковски, кажа обвинителот. Личните прилики на обвинетиот, како што кажа обвинителот на крајот од завршните зборови, се осамена олеснувачка околност, никакви олеснувачки околности не постојат, гледајќи го најважното при проценката, а тоа е во поглед на околностите под кои е сторено делото. -Особено предвид на фактот што придонесот на жртвата несомнено се утврди дека не постои, и истиот не скривено се довел до ситуација судбината на неговиот живот да заврши на последната скала пред Европската очна болница, кажа на крајот обвинителот. Бранителот на оштетените во целост се придружи кон завршните зборови на обвинителот, а за реконструкцијата кажа дека единствено верзијата на сведокот Сашо Петковски е веродостојна, по однос на хиерархијата на настанот и динамиката на случување. -Ангел во конкретната ситуација со ништо не придонесе да го предизвика обвинетиот, за тој да посегне по својот нож и ладнокрвно да го забие во телото на Ангел. Обвинетиот од одземање на имот се префрли на одземање на живот за кое нешто оправдување не постои, кажа бранителот  на оштетените кој побара максимална казна предвидена согласно закон, со цел да се обезбедени генерална и специјална превенција од сторување на вакви дела. Убиството на Ангел Петковски се случи на 19 мај 2014 година во населбата Ѓорче Петров. Инцидентот започна со кражба на велосипед од страна на Насер Ештрефи од скопското село Грчец. Обвинетиот Насер Ештрефи, претходно, со одлуката на Основниот кривичен суд Скопје, потврдена од скопската Апелација, беше осуден на 14 годишна затворска казна. Одлуките ги укина Врховниот суд и судењето против обвинетиот Ештрефи беше вратено на повторно одлучување. Случајот го води судијката Судија Диана Груевска Илиевска. Денешното судење продолжува со завршните зборови на одбраната. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/obvinetiot-od-odzemanje-na-imot-se-prefrli-na-odzemanje-na-zivot-zavrshni-zborovi-za-ubistvoto-na-angel-petkovski/feed/ 0
Реконструкција на убиството: Таткото на убиениот матурант Ангел Петковски учествуваше со солзи во очите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/rekonstrukcija-na-ubistvoto-tatkoto-na-ubieniot-maturant-angel-petkovski-so-solzi-vo-ochite-uchestvuvashe/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/rekonstrukcija-na-ubistvoto-tatkoto-na-ubieniot-maturant-angel-petkovski-so-solzi-vo-ochite-uchestvuvashe/#respond Thu, 04 Mar 2021 17:33:58 +0000 https://kurir.mk/?p=477386

Седум години откако Ангел Петковски беше крвнички убиен на кејот на реката Вардар во Ѓорче Петров, денеска се реконструираше убиството. За реконструкцијата беа присутни родителите на убиениот Ангел, а од притвор беше спроведен обвинетиот Насер Ештрефи. Пред судскиот совет и јавноста беа прикажани две верзии на убиството, на обвинителството и на Ештрефи, пренесува Алфа ТВ. Сликата од денот кога беше убиен матурантот, прво ја раскажа таткото Сашо Петковски, кој бил на лице место кога Ештрефи, со нож го пребодел неговиот син. Со лисици на рацете и полициско обезбедување втората верзија од убиството ја раскажа Насер. За родителот на убиеното момче, повторното сеќавањето на денот кога беше убиен неговиот син беше стресно и тажно, но вели собрал сила да ја докаже вистината како бил убиен Ангел оти обвинетиот Ештрефи според него дал лажни верзии за настанот. „Тука го изгубив мојот син. На овие скали тука падна и го носев на раце до горе. Мислев дека е во кома. Загубата за мене е преголема. Светот да ми го поклонат не ми вреди колку мојот Ангел“, рече Сашо Петковски, татко на Ангел. Одбраната пак, која и побара реконструкција на убиството, вели дека судот ќе треба да одлучи која верзија е поверодостојна. „Она што сакаме да го потенцираме е дека беа видени двете верзии, верзијата на одбраната и верзијата на оштетениот односно семејството на покојниот. Судот треба да одлучи која верзија ќе биде веродостојна и ќе ѝ поклони верба“, рече Иванка Јакимовска, адвокат. Ангел беше убиен со нож на 19 мај 2014г. кај Очната клиника во Ѓорче Петров, а татко му до последен момент се борел да го спаси животот на својот син. Тогаш Насер Ештрефи беше прогласен за виновен со пресудата од 6 јули 2015 година и доби 14 години затворска казна. Врховниот суд ја укина пресудата против Ештрефи, со образложение дека во повтореното судење ќе треба да се проверат динамиката и редоследот на случувањата кои му претходеле на убиството на 18-годинишникот. Случајот со убиството на матурантот Петковски ја разгоре јавноста и жителите на населбата Ѓорче Петров кои излегоа на протести во 2014-та година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/rekonstrukcija-na-ubistvoto-tatkoto-na-ubieniot-maturant-angel-petkovski-so-solzi-vo-ochite-uchestvuvashe/feed/ 0
Ќе се врши реконструкција на убиството на младиот Ангел Петковски https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kje-se-vrshi-rekonstrukcija-na-ubistvoto-na-mladiot-angel-petkovski/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kje-se-vrshi-rekonstrukcija-na-ubistvoto-na-mladiot-angel-petkovski/#respond Mon, 15 Feb 2021 10:59:16 +0000 https://kurir.mk/?p=468920

Кривичниот суд Скопје денеска донесе одлука да се прифати предлогот на одбраната во случајот Ангел Петковски и за истиот случај во наредниот период да се врши реконструкција. Судијката Диана Груевска-Илиевска, посочи дека оваа одлука е донесена по советување на Советот, а точниот датум кога ќе се реализира реконструкцијата ќе биде дополнително соопштен. Судењето против обвинетитот Насер Ештрефи, кој се гони за убиство на младиот Ангел Петковски, со одлука на Врховниот суд на РСМ е вратен на потворно одлучување. Едно од главните напатствија кои Врховниот суд ги даде во неговата одлука беше да има реконструкција на настанот каде со нож беше убоден младиот Ангел Петковски. Претходно обвинетитиот Ештрефи, со одлука на Кривичен суд Скопје беше осуден на 14 години затворска казна, која истата беше потврдена од скопската апелација. Застапник на обвинението во овој случај е јавниот обвинител Дарко Јакимовски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kje-se-vrshi-rekonstrukcija-na-ubistvoto-na-mladiot-angel-petkovski/feed/ 0
Денеска тaткото на убиениот Ангел од Ѓорче сведочеше: Ми рече татко ова е лицето што го украде точакот. https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/deneska-tatkoto-na-ubieniot-angel-od-gjorche-svedocheshe-mi-reche-tatko-ova-e-liceto-shto-go-ukrade-tochakot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/deneska-tatkoto-na-ubieniot-angel-od-gjorche-svedocheshe-mi-reche-tatko-ova-e-liceto-shto-go-ukrade-tochakot/#respond Wed, 09 Dec 2020 14:36:27 +0000 https://kurir.mk/?p=440960

По рочиштето за воведни зборови, во Кривичен суд Скопје, денеска продолжи судењето против Насер Ештрефи, обвинет дека во мај 2014 го лишел од живот Ангел Петковски во населбата Ѓорче Петров. Овој предмет со одлука на Врховен суд на РСМ е вратен на повторно одлучување. За настанот пред кривичниот совет по втор пат свој исказ даде мајката на починатиот Ангел Петковски, Благица. Денот на настанот како што истакна Благица, била на работа и преку телефон малиот син ја информирал дека точакот им е украден. -Воедно, и една пријателка ми се јави и ми кажа дека Ангел, е прободен со нож. Потоа со точак од работа тргнав накај дома, односно заминав на местото на настанот. Ми кажа дека Ангел, бил однесен во болица. Од гужвата некој зборуваше за ножот, слушав многу гласови, вриштења, рече сведокот Петковска. Таа уште додаде дека и сега се чувствува многу лошо, и дека нејзиниот син Ангел бил примерно момче. Таткото на починатиот Ангел, Сашо Петковски, кој бил на лице место кога обвинетиот Ештрефи, го пребодел неговиот син, истакна дека бил многу револтиран за кражбата на велосипедот и затоа двајцата тргнале по потрага на точакот. -Заедно со Ангел со кола тргнавме да го пресретнеме кај очната болница. Нашата цел беше да го најдеме точакот. По пат баравме, но не го видовме велосипедот. Тргнавме накај мостот на реката Вардар. Со голи раце тргнавме од дома. Потоа Ангел, ми рече татко ова е лицето што го украде точакот. Тој потоа се фати на појасот, го извади ножот и го пребоде Ангел. Јас потоа со дрво го удрив. Тој побегна заедно со ножот. Потоа се упатив кон очната болница да барам прва помош, рече сведокот Сашо Петковски. На денешното рочиште за овој предмет сведочеше и друг сведок кој на денот на немилиот настан шетал со семејството кога видел група на луѓе, односно тепачка. Повторната постапка против обвинетиот Насер Ештрефи, ја води судијката Дијана Груевска Илиевска. Како застапник на обвинението е обвинителот Дарко Јакимовски. Во образложението на одлуката на Врховен суд на РСМ, се вели дека во доказната постапка има недостатоци, и затоа случајот се враќа на повторно одлучување. Следното рочиште за овој предмет е закажано на 15 декември. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/deneska-tatkoto-na-ubieniot-angel-od-gjorche-svedocheshe-mi-reche-tatko-ova-e-liceto-shto-go-ukrade-tochakot/feed/ 0
Правдата на Маричиќ и Заев: Убиецот на малиот Ангел од Ѓорче е на слобода, судењето од почеток https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pravdata-na-marichikj-i-zaev-ubiecot-na-maliot-angel-od-gjorche-e-na-sloboda-sudenjeto-od-pochetok/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pravdata-na-marichikj-i-zaev-ubiecot-na-maliot-angel-od-gjorche-e-na-sloboda-sudenjeto-od-pochetok/#respond Thu, 05 Nov 2020 14:38:36 +0000 https://kurir.mk/?p=425473

Пресудата за убиството на матурантот Ангел Петковски е укината на 30-ти септември од страна на 5-член совет на Врховниот суд, дознава Телма од судски извори. Процесот според Врховниот суд треба да се врати на почеток за да се утврдат сите процесни законски можности во врска со првото судење и со доказната постапка. Ангел Петковски беше убиен со нож на кејот на реката Вардар во Ѓорче Петров на 19-ти мај 2014-та година. Осомничениот беше фатен многу бргу по настанот. Тинејџерот Насер Ештрефи од општина Сарај беше осуден на 14 години затвор за убиството. Одбраната на осудениот тврдеше дека станува збор за самоодбрана бидејќи бил нападнат од жртвата и неговиот татко кои го бркале затоа што сакал да им украде велосипед од дворот. Судот утврди дека обвинителството нашло доволно докази за убиството и за извршителот по што ја изрече казната. Првостепената пресуда ја потврди и Апелациониот суд, но таа падна на Врховниот суд. Никогаш не беше најдено оружјето- ножот со кое беше извршено убиството. По убиството, во населбата Ѓорче Петров имаше неколку дена протести и нереди со кои се бараше строга казна за сторителот. Во нередите беа оштетени и демолирани повеќе дуќани на главната улица во Ѓорче Петров меѓу кои најмногу беа на бизнисмени-Албанци. Поголеми меѓуетнички инциденти беа избегнати со употреба на големи полициски сили, како и со медијација и убедување на демонстрантите да се откажат од протестите, потсетува Телма. Ештрефи речиси 6 и пол години е во затворските институции, а во моментот е во полуотвореното одделение во Идризово, мерка која се определува по издржување една третина од казната. По укинувањето на пресудата се укинува и затворската казна по што треба судењето да почне од почеток.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pravdata-na-marichikj-i-zaev-ubiecot-na-maliot-angel-od-gjorche-e-na-sloboda-sudenjeto-od-pochetok/feed/ 0