ангел шајче – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 13 May 2021 11:15:37 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png ангел шајче – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Петрушевски: Во градинката Ангел Шајче беа затруени педесетина дечиња, а нема никаква одговорност од директорката и свекрвата на Царовска одговорна за хигиената https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/petrushevski-vo-gradinkata-angel-shajche-bea-zatrueni-pedesetina-dechinja-a-nema-nikakva-odgovornost-od-direktorkata-i-svekrvata-na-carovska-odgovorna-za-higienata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/petrushevski-vo-gradinkata-angel-shajche-bea-zatrueni-pedesetina-dechinja-a-nema-nikakva-odgovornost-od-direktorkata-i-svekrvata-na-carovska-odgovorna-za-higienata/#respond Thu, 13 May 2021 11:15:37 +0000 https://kurir.mk/?p=509870

Веќе неколку дена нема одговорност за директорот и одговорните лица во градинката Ангел Шајче во Куманово, каде со храна беа затруени педесетина дечиња, од кои поголемиот дел се лекуваат во домашни услови, а 3 од нив се борат со заразата на државните клиники, истакна на денешната прес-конференција пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Бране Петрушевски. -Молчи директорката на градинката, но и одговорните за хигиена. Молчи свекрвата на Мила Царовска, која е одговорна за хигиената, за што е задолжена како медицинско лице. Јавноста бара одговори, а директорката на градинката и свекрвата на Царовска молчат. Се уште е нејасно од што конкретно настанала заразата. Првичен сомнеж е дека храната содржела салмонела, но и се претпоставува дека е причинета од недоволна хигиена. Одговорни за градинката покрај градоначалникот Максим Димитриевски е и Министерството за труд и социјална политика. Имено, Мила Царовска како министер за труд и социјална политика претходно му ги одзеде ингеренциите на Максим Димитриевски. Директно надредено над градинката е Министерството за труд и социјална политика. Дали градинката Ангел Шајче каде настанало труењето на дечињата во Куманово е под заштита на Царовска? Дали директорката на градинката и свекрвата на Царовска се под заштита на Мила Царовска? И дали затоа никој не презема одговорност за случајот? Што треба да се случи за роднините и блиските на Царовска да преземат одговорност? Уште колку животи треба да се загрозат? Затоа итно бараме оставка од директорката на градинката и од свекрвата на Царовска. Одговорност веднаш, побара Петрушевски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/petrushevski-vo-gradinkata-angel-shajche-bea-zatrueni-pedesetina-dechinja-a-nema-nikakva-odgovornost-od-direktorkata-i-svekrvata-na-carovska-odgovorna-za-higienata/feed/ 0