Ангела Агелер – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 25 Oct 2023 12:28:01 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Ангела Агелер – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Амбасадорката на САД во посета на Врховниот суд https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ambasadorkata-na-sad-vo-poseta-na-vrhovniot-sud/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ambasadorkata-na-sad-vo-poseta-na-vrhovniot-sud/#respond Wed, 25 Oct 2023 12:28:01 +0000 https://kurir.mk/?p=892935

Претседателката на Врховниот суд на Република Северна Македонија, Беса Адеми, оствари средба со амбасадорката на САД во Република Северна Македонија, Ангела Агелер. На средбата на која присуствуваа и судиите на Врховниот суд на Република Северна Македонија се говореше за повеќе прашања кои се однесуваат на независноста и самостојноста на судството. Во таа насока, на средбата беше истакнато дека независноста на судството е најсилната гаранција за владеењето на правото и дека интегритетот на судиите претставува клучен фактор за остварување на принципите на независното судство. Судството не смее да биде под притисок на политиката и не треба да се дозволи мешање на другите власти во донесувањето на судските одлуки кои мора да се засновани на законите. Потребно е да се почитува уставното начело на поделба на власта, а судиите да бидат ослободени од какви било влијанија. Суштинска улога за независноста на судството има и транспарентноста како еден од најважните фактори за јавната перцепција и доверба. Од големо значење е и доследната примена на европските стандарди и почитувањето на правните вредности. Амбасадорката на САД во Република Северна Македонија, Ангела Агелер, истакна дека потребно е да се даде силна поддршка на ваквите заложби за независно и транспарентно судство и дека активностите на Врховниот суд во таа насока даваат клучен придонес во реформскиот процес. ...]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ambasadorkata-na-sad-vo-poseta-na-vrhovniot-sud/feed/ 0
Маричиќ: Стратешкото партнерство со САД значајно за брзи реформи и напредокот во процесот на преговори со ЕУ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/marichik-strateshkoto-partnerstvo-so-sad-znachajno-za-brzi-reformi-i-napredokot-vo-protsesot-na-pregovori-so-eu/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/marichik-strateshkoto-partnerstvo-so-sad-znachajno-za-brzi-reformi-i-napredokot-vo-protsesot-na-pregovori-so-eu/#respond Wed, 05 Jul 2023 13:00:46 +0000 https://kurir.mk/?p=853058

Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ денеска оствари средба со амбасадорката на Соединетите Американски Држави во Република Македонија, Н.Е. Ангела Агелер, на која дискутираа за билатералните односи, процесот на евроинтеграции, регионалната соработка, како и за актуелните политички случувања во регионот. Вицепремиерот Маричиќ кратко ја брифираше амбасадорката Агелер за текот на скрининг процесот, за изработката на Патоказите и кои се неговите очекувања во пресрет на добивањето на скрининг Извештаите. Во таа насока укажа на следните чекори кои треба да се преземат за брз напредок во процесот, потенцирајќи дека значајна ќе биде поддршка на САД за европската иднина на Македонија. - Американската политичка и развојна поддршка и помош насочена кон зајакнување на демократијата, судските реформи, македонската економија и енергетскиот сектор во голема мера помага и придонесува што поскоро да ги достигнеме стандардите на ЕУ, рече Маричиќ. Амбасадорката Агелер изрази уверување дека САД и Македонија имаат високо ниво на меѓусебни односи и дека во иднина ќе продолжат да работат на зајакнување на стратешкото партнерство, со фокус на исполнување на надворешнополитичкиот приоритет на Македонија и на создавање услови за ново приближување кон ЕУ, до крајот на годината. Маричиќ на средбата, која ја реализира во пресрет на неговата официјална посета на Вашингтон, ја информираше амбасадорката на САД и за активностите и плановите на Владата за исполнување на реформските приоритети, како дел од европска агенда, пред сè во областите на владеењето на правото и борбата против корупцијата. Од страна на Маричиќ беше посочено дека е важно за европската перспектива на Македонија да продолжи континуираната поддршка од страна на САД во спроведувањето на сеопфатните реформи, кои досега како што кажа тој „во добар дел придонесоа да се постигнат значајни резултати во повеќе области“, кои се заеднички придонес на двете земји во забрзувањето на процесот за членство во ЕУ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/marichik-strateshkoto-partnerstvo-so-sad-znachajno-za-brzi-reformi-i-napredokot-vo-protsesot-na-pregovori-so-eu/feed/ 0
Агелер: Силно верувам дека никој, ниту функционер ниту поединец, не треба да ги напаѓа медиумите или пак некој новинар конкретно https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ageler-silno-veruvam-deka-nikoj-nitu-funktsioner-nitu-poedinets-ne-treba-da-gi-napaga-mediumite-ili-pak-nekoj-novinar-konkretno/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ageler-silno-veruvam-deka-nikoj-nitu-funktsioner-nitu-poedinets-ne-treba-da-gi-napaga-mediumite-ili-pak-nekoj-novinar-konkretno/#respond Mon, 23 Jan 2023 21:15:39 +0000 https://kurir.mk/?p=790857

Слободата на медиумите е многу важна за секоја земја. Тоа е еден од нашите најзначајни приоритети. Силно верувам дека никој, ниту функционер ниту поединец, но особено функционерите, не треба да ги напаѓаат медиумите или пак некој новинар конкретно. Искрено, мислам дека тоа е опасно. Мислам дека тоа не е соодветно, нагласи вечерва амбасадорката на САД во земјава Ангела Агелер. Таа, во интервју за ТВ „Телма“, одговарајќи на прашање во врска со изјавата на лидерот на ДУИ Али Ахмети, со која телевизијата ја етикетираше како „непријател на Албанците“, а премиерот Димитар Ковачевски наместо да го осуди таквиот напад ја критикуваше уредувачката политика на ТВ „Телма“, посочи дека верува во тоа дека постои еден вид на „општествен договор“ со одговорните новинари. – Медиумите на пример, може да имаат одредени погледи или поединечно новинарите може да имаат одредени ставови. Многу е фер новинарите да бидат критички настроени кон избраните функционери. Всушност тоа е и нивната улога, во голем број на случаи. Да ја алармираат јавноста ако постои загриженост за Владата или опозицијата или кој и да е друг. Но, исто така е суштински важен, е тоа да биде направено на начин кој не е личен напад на поединецот. Дека целта е да се обезбедат информации за јавноста, со цел тие да можат да донесат одлуки кога ќе гласаат или ќе им одговорат на избраните функционери за своите цели. Значи луѓето да ги добиваат информациите кои им се потребни, рече Агелер. Амбасадорката додаде дека луѓето се критикуваат за работи кои можеби и не знаат дека згрешиле. – Но тоа се прави на начин, кој не е едноставно напад врз поединците. Без разлика дали тоа доаѓа од избраните функционери или новинарите, мислам дека е важно да постои таа рамнотежа. И тоа да се прави на еден фер начин, истакна Агелер.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ageler-silno-veruvam-deka-nikoj-nitu-funktsioner-nitu-poedinets-ne-treba-da-gi-napaga-mediumite-ili-pak-nekoj-novinar-konkretno/feed/ 0
Амбасадорката на САД очекува во следните месеци да бидат објавени листи за санкции https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ambasadorkata-na-sad-ochekuva-vo-slednite-mesetsi-da-bidat-objaveni-listi-za-sanktsii/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ambasadorkata-na-sad-ochekuva-vo-slednite-mesetsi-da-bidat-objaveni-listi-za-sanktsii/#respond Mon, 23 Jan 2023 20:29:39 +0000 https://kurir.mk/?p=790847

Прашањето не е дека САД ќе објават една листа и ќе кажат „тоа е тоа, ова се сите имиња“. Ова е долготраен и постојан разговор помеѓу американската Амбасада овде и Вашингтон и ширум Владата во Вашингтон. Има повеќе видови на листи за санкции, значи не постои само една и не станува збор дека се прави една листа и завршуваме. Бидејќи има постојана проверка за оние кои ние сметаме дека ги прекршиле правилата во поглед на очекувањата кои ги имаат САД за тоа дали да им дозволи влез во САД, или да се соочат со други видови на финансиски санкции, порача вечерва американската амбасадорка во земјава Ангела Агелер, осврнувајќи се на очекувањата за црната листа на САД за корумпирани лица. Агелер во интервју за ТВ „Телма“ посочи дека некои проверки ги води Стејт департментот, некои Министерството за финанси, и други агенции исто така. – Значи тоа е постојан разговор. Немам временска рамка бидејќи Вашингтон ќе ги објави кога ќе ги заврши истрагите и заклучоците. Тесно соработуваме во развојот на случаите. Моите очекувања се дека во следните месеци ќе видиме неколку имиња, но не знам која е точната временска рамка. Ќе повторам за да бидам јасна, тој разговор кој го водиме, кој јас го водам, кој мојот тим овде го води со Вашингтон, не бараме мислења на луѓе од оваа земја, и верувајте ми, откога дојдов овде, луѓе имаат пријавено многу, многу имиња во оваа Амбасада, на луѓе кои ги прекршиле правилата, и кои треба да бидат на некоја од листите за санкции. И ние секако дека ги разгледуваме тие, нагласи Агелер. Амбасадорката побара трпение од страна на граѓаните и рече дека тие мора да сфатат дека станува збор за постојан процес. – Знаете, ме прашуваат за листата, и пак ќе повторам, не постои само една, но тоа можеби е и можност за луѓето помалку да бидат фокусирани на една луста, туку повеќе да бидат фокусирани на видовите на активности и постапки кои би ставиле некој на листата. Мислам дека ова е можност за правосудството сериозно да се погледне себеси, дали сте судија, или обвинител, која и да е вашата улога, и да се запрашате „дали јас се однесувам, дали си ја извршувам работата со интегритет? Дали сум под влијание на други? Дали носам одлуки засновани врз законот?“ Мислам дека сите можеме да посочиме кон неодамнешни примери каде што не ни се чини нам, или на јавноста, дека тоа се случило. Значи продолжуваат да се појавуваат примери кои изгледаат многу сомнително, пак ќе повторам, не само на САД и на Амбасадата, туку и на обичните луѓе, кои сакаат да продолжат со своите животи знаејќи дека нивната влада, дека нивните политичари дејствуваат во најдобар интерес за нив. Во најдобар интерес за граѓаните, а не во нивниот личен најдобар интерес, на судијата, на обвинителот, или на било кој, наведе Агелер.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ambasadorkata-na-sad-ochekuva-vo-slednite-mesetsi-da-bidat-objaveni-listi-za-sanktsii/feed/ 0
Османи – Агелер: Акцискиот план против корупцијата, прв приоритет во Стратешкиот дијалог со САД https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/osmani-ageler-akciskiot-plan-protiv-korupcijata-prv-prioritet-vo-strateshkiot-dijalog-so-sad/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/osmani-ageler-akciskiot-plan-protiv-korupcijata-prv-prioritet-vo-strateshkiot-dijalog-so-sad/#respond Mon, 12 Dec 2022 12:05:56 +0000 https://kurir.mk/?p=774397

Справувањето со геополитичките предизвици во регионот, како и континуираната американска поддршка за нашиот евроинтегративен процес, беа теми на разговор на денешната средба на министерот за надворешни работи Бујар Османи и амбасадорката на САД, Ангела Агелер. Како што информираат од МНР, во фокусот на разговорите беа проектите, активностите и целите на Стратешкиот дијалог меѓу САД и Северна Македонија, кој беше одржан во јуни оваа година во Вашингтон. Османи информираше за Акцискиот план, подготвен од страна на Министерството за надворешни работи, преку кој Владата ќе ја следи имплементацијата на проектите и резултатите од Стратешки дијалог меѓу двете земји. –Соодветно на веќе утврдените приоритети, првата област на интензивирана соработка во рамките на Акцискиот план е владеењето на правото и борбата против корупцијата, со што ќе се зајакне соработката меѓу двете земји и поддршката од страна на САД во оваа област, изјави Османи, посочувајќи дека очекува наскоро Владата да го усвои Акцискиот план и да се започне со негова имплементација. На средбата стана збор и за останатите приоритети во рамките на Стратешкиот дијалог како што е претседавањето со ОБСЕ во 2023 година, претстојното преземање на претседавањето на Република Северна Македонија со САД – Јадранската Повелба, сојузништвото во НАТО, справувањето со геополитичките предизвици во регионот, како и континуираната американска поддршка за нашиот евроинтегративен процес.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/osmani-ageler-akciskiot-plan-protiv-korupcijata-prv-prioritet-vo-strateshkiot-dijalog-so-sad/feed/ 0