Ангела Прајс Агелер – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 14 Aug 2023 13:17:16 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.5 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Ангела Прајс Агелер – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 САД со поддршка од над четири милиони долари за борба против корупцијата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sad-so-poddrshka-od-nad-chetiri-milioni-dolari-za-borba-protiv-koruptsijata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sad-so-poddrshka-od-nad-chetiri-milioni-dolari-za-borba-protiv-koruptsijata/#respond Mon, 14 Aug 2023 13:17:16 +0000 https://kurir.mk/?p=866573

Mинистерот за надворешни работи, Бујар Османи, денес оствари средба со амбасадорката на Соединетите Американски Држави, Ангела Агелер. На средбата стана збор за соработката во рамки на Стратешкиот дијалог, при што Османи изрази благодарност за дополнителните средства во висина од 4 276 000 американски долари наменети за владеење на правото и спроведување на законите, што САД ги доделува започнувајќи од 2012 година. -Со САД како наш значаен стратешки партнер продолжуваме заеднички и посветено да работиме за забрзување на реформските процеси во земјава, при што високо ја цениме континуираната американска поддршка за справување со предизвиците и борбата против корупцијата .” рече Османи. За време на состанокот соговорниците разговараа и за повеќе теми од билатералните односи, актуелната политичка состојба на земјата, состојбите на Западен Балкан како и за актуелни теми од меѓународната политика.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sad-so-poddrshka-od-nad-chetiri-milioni-dolari-za-borba-protiv-koruptsijata/feed/ 0
Агелер: Разочарана сум поради враќањето на предмети од „високи профили“ на повторно судење https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ageler-razocharana-sum-poradi-vrakaneto-na-predmeti-od-visoki-profili-na-povtorno-sudene/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ageler-razocharana-sum-poradi-vrakaneto-na-predmeti-od-visoki-profili-na-povtorno-sudene/#respond Tue, 25 Apr 2023 16:56:31 +0000 https://kurir.mk/?p=827508

Американската амбасадорка во земјава Ангела Прајс Агелер на 11 април годинава испратила писмо до судските и извршните органи во кое изразува загриженост поради одлуката на Апелациониот суд – Скопје да врати во првостепена постапка на повторно судење неколку предмети од, како што наведува, високи профили. Во писмото, како што јави Дојче Веле, Агелер ги истакнуваат напорите на САД и вложените половина милијарда евра за реформи во судството. - Секој ден сѐ повеќе сум загрижена и разочарана поради големиот број предмети (од високи профили) кои Апелациониот суд ги врати во првостепена постапка на повторно судење. Очигледната неспособност на судовите брзо да ги процесуираат предметите низ судската постапка и нивното префрлање напред-назад, меѓу Апелација и Основниот суд дополнително ја намалува ниската доверба што јавноста ја има во судовите, наведува амбасадорката Агелер во писмото. Од Министерството за правда за ДВ потврдиле дека на адреса на ресорниот министер Кренар Лога „стигнал допис во однос на работата на апелационите судови, кој што дополнително ќе се анализира“. Покрај до министерот за правда Лога, писмото било испратено и до шефот на дипломатијата Бујар Османи, до Врховниот суд, Апелациониот суд – Скопје и до неколку основни судови. Дописот главно се однесува на случаите поврзани со судењата на поранешните функционери обвинети за злоупотреба на службената положба и овластувања и за оштетување на државниот буџет. Апелацискиот суд - Скопје изминатиов период одлучи да укине неколку првостепени пресуди и да ги врати на повторно судење. Дел од нив се однесуваа на пресуди за поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков за случаите „Титаник 2“ и „Таргет-Тврдина“, како и за првостепените пресуди за „Трезор“ и за организаторите на случувањата во Собранието на 27 април.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ageler-razocharana-sum-poradi-vrakaneto-na-predmeti-od-visoki-profili-na-povtorno-sudene/feed/ 0