Ангелинка Петкова – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 04 Sep 2023 11:50:19 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Ангелинка Петкова – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Петкова: Власта и натaму предлага закони по скратена постапка и со европско знаменце https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/petkova-vlasta-i-natamu-predlaga-zakoni-po-skratena-postapka-i-so-evropsko-znamentse/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/petkova-vlasta-i-natamu-predlaga-zakoni-po-skratena-postapka-i-so-evropsko-znamentse/#respond Mon, 04 Sep 2023 11:50:19 +0000 https://kurir.mk/?p=874369

Утре на собраниската седница се наоѓаат два закони од областа на труд и социјална политика кои иако се нови закони се предложени по скратена постапка и со европско знаменце. Најпрво сакаме да го изразиме нашето незадоволство од процедурата и праксата на оваа несериозна власт да се носат нови закони по скратена постапка. Сметаме дека секој нов закон кој што треба да се носи во ова Собрание мора да подлежи по длабока анализа и аргументирани дебати се со цел законите да бидат квалитетни и да се во интерес на граѓаните, вели Ангелинка Петкова, пратеник на пратеничка група ВМРО-ДПМНЕ. -Едниот од законите е Предлогот на закон за системот за проценка на лица со попреченост, за кој сметаме дека е крајно неодговорно и несериозно нов закон со оваа проблематика да се предлага по скратена постапка без никаква надзорна или јавна расправа во Собранието. Сметаме дека овакаов тип на закон мора да се носи преку редовна постапка на која ние пратениците ќе имаме доволно време да ја истражиме оваа проблематика и да ги вкрстиме аргументите. Дополнително, сметаме дека е неопходно да се организира јавна расправа на која што учество ќе земат и засегнатите страни. Законот се предлага без консултација со стручната јавност, како и без консултација со организациите на лицата со попреченост. Исто така донесувањето на овој закон не е од итно, евроинтергативно или друго стратешко значење за државата и оттаму нема основана причина за негово носење без јавна дебата и поширока општествена анализа и расправа, вели таа. „Бидејќи власта не направила никаква консултација со организациите и здруженијате на лицата со попреченост, ние како пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ денес во Собранието остваривме средба со нив, со цел да ги слушнеме нивните забелешки по основ на овој закон. На средбата претставниците од овие здруженија ни поднесоа низа на забелешки кои што не се инкорпорирани во ова законско решение. Најпрво забелешката беше што не се повикани и опфатени сите здруженија за лица со попреченост. Исто така имаше забелешка дека лицата со Даунов синдром се изоставени од законот“ - посочи Петкова.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/petkova-vlasta-i-natamu-predlaga-zakoni-po-skratena-postapka-i-so-evropsko-znamentse/feed/ 0
Петкова до Ковачевски: Во ЕУ не се оди со свиткана кичма, туку со работа и проекти https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/petkova-do-kovachevski-vo-eu-ne-se-odi-so-svitkana-kichma-tuku-so-rabota-i-proekti/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/petkova-do-kovachevski-vo-eu-ne-se-odi-so-svitkana-kichma-tuku-so-rabota-i-proekti/#respond Wed, 01 Mar 2023 19:32:07 +0000 https://kurir.mk/?p=806869

Предложените заменици министри од Димитар Ковачевски и да сакаат не можат да направат многу, а и самиот Ковачевски не кажа речиси ништо. Ковачевски вели ќе одел одлучно напред, но никому не е јасно како, рече Ангелинка Петкова, пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ на денешната дебата за именување на заменици министри во Владата. „Оваа Влада најде пари за се, но не најде пари за студентски оброк, за лекови и слично. Но, низата продолжува нема ништо во образованието, земјоделието и во сите области или има стагнација, но најчесто назадување“, констатираше Петкова. Според неа факт е дека помина година во која власта немаше стабилно мнозинство. „Факт е дека една година од мандатот го поминавте со нестабилно мнозинство. И до вчера имавте 65, а денес веќе 62. Со честите промени ја губите довербата“, му порача таа на Ковачевски. Пратеничката Петкова укажа дека ова што се случува во земјава е се само не пат кон ЕУ. „Во ЕУ не се оди со свиткана кичма, туку со работа и со проекти. Како мислите да одите напред? Со корупција и криминал, со бомби, а без леб. Дали е ова патот до Европската унија“, посочи Петкова.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/petkova-do-kovachevski-vo-eu-ne-se-odi-so-svitkana-kichma-tuku-so-rabota-i-proekti/feed/ 0
Петкова: За каква чесност зборува Ковачевски кога сме на 85 место по корупција? Измените во влада се за да ги спасат тендерите! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/petkova-za-kakva-chesnost-zboruva-kovachevski-koga-sme-na-85-mesto-po-koruptsija-izmenite-vo-vlada-se-za-da-gi-spasat-tenderite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/petkova-za-kakva-chesnost-zboruva-kovachevski-koga-sme-na-85-mesto-po-koruptsija-izmenite-vo-vlada-se-za-da-gi-spasat-tenderite/#respond Fri, 24 Feb 2023 16:02:12 +0000 https://kurir.mk/?p=804689

Денес имаме доставен предлог за членови на новата влада предводена од Ковачевски, а неговите зборови дека ќе биде поуспешна не држат, затоа што истото го зборуваше и минатата година. За каква успешност и стабилност зборувате кога имаме најнизок економски раст, најдолни сме во регионот. За каква чесност зборувате кога сме на 85 место по корупција, втори по мизерија и најнесреќен народ во светот, изјави пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Ангелинка Петкова на денешната собраниска седница. Таа потенцира дека ова владејачко мнозинство не е базирано на програма и принципи, нема легитимитет, крпат од една страна, а од друга страна им се кине. -Ова мнозинство е фаќање за сламка, да им даде уште некој месец плус на оваа клинички мртва влада. Промени во влада на една година пред избори е лош потег кој нема да донесе добро за држава. Првото промашување на штета на државата заради комбинаториките во владата откажувањето на еврообврзницата. Голем срам за македонската економија. Владата заборави дека се вклучи во пазар 3 коалиција и министерот си даде оставка, а нов нема. Меѓународен скандал, државата губи на репутација и рејтинг, изјави Петкова. Таа прашува како може да се очекува за период од една година да се смени нешто во правда, без реформи, имаме само 4% доверба во правосудниот систем. -Овие измени нема да донесат подобар живот на никој во државава, да имаше живот граѓаните немаше да заминуваат од државата, измените се пуста желба да се одржи месец плус најнеспособната влада и да се спасат бизнисите и тендерите, вели таа.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/petkova-za-kakva-chesnost-zboruva-kovachevski-koga-sme-na-85-mesto-po-koruptsija-izmenite-vo-vlada-se-za-da-gi-spasat-tenderite/feed/ 0
Петкова: Поразително е што 90% од младата популација сака да ја напушти Македонија, а другите што си заминале не планираат да се вратат https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/petkova-porazitelno-e-shto-90-od-mladata-populatsija-saka-da-ja-napushti-makedonija-a-drugite-shto-si-zaminale-ne-planiraat-da-se-vratat/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/petkova-porazitelno-e-shto-90-od-mladata-populatsija-saka-da-ja-napushti-makedonija-a-drugite-shto-si-zaminale-ne-planiraat-da-se-vratat/#respond Wed, 22 Feb 2023 16:00:18 +0000 https://kurir.mk/?p=803782

Денес расправаме за предлог разрешување на членови на Владата на Република Македонија. Конкретно за разрешување на министерот без ресор за дијаспора Џемаил Чупи. Мојот говор ќе го започнам со едно обраќање на овој министер, министерот Чупи вели – „За да бидеме општество кое ќе се стреми да ги следи во чекор развиените европски земји треба да умееме соодветно да се соочуваме со пречките на патот кон прогресот и да се обидеме да ги решаваме актуелните проблеми со визија за долгорочни резултати“. Што е тоа што не и се допадна на Владата за Џемаил Чупи, што одлучија да го разрешат, а пред само една година истиот го фалеа, запраша Ангелинка Петкова, пратеничка од редовите на ВМРО-ДПМНЕ на денешната собраниска седница. Петкова додаде дека никој од власта не одговара на прашањата како што се, што направи ова министерство за дијаспората, дали младите се запознаени дека вакво министерство постои. „Јасно е дека 90% од младата популација сака да ја напушти Република Македонија. А, голем дел што веќе се иселени немаат план и да се вратат во државата. Овие податоци не ги добиваме од министерството за дијаспора, туку од истражувањето од Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи. Алармантната состојба со одлив на млади и образовани луѓе е сериозен проблем на кој мора да се работи во иднина“, нагласи Петкова. Таа посочи дека не заминуваат само високообразованите граѓани, туку се одлеваат и кадри со средна стручна спрема кои исто се многу барани во западните земји.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/petkova-porazitelno-e-shto-90-od-mladata-populatsija-saka-da-ja-napushti-makedonija-a-drugite-shto-si-zaminale-ne-planiraat-da-se-vratat/feed/ 0
Петкова: Реконструкциите се прават само за лични интереси, од работата на МИОА граѓаните имаат хакиран систем и пренатрупана администрација https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/petkova-rekonstruktsiite-se-pravat-samo-za-lichni-interesi-od-rabotata-na-mioa-graganite-imaat-hakiran-sistem-i-prenatrupana-administratsija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/petkova-rekonstruktsiite-se-pravat-samo-za-lichni-interesi-od-rabotata-na-mioa-graganite-imaat-hakiran-sistem-i-prenatrupana-administratsija/#respond Mon, 20 Feb 2023 15:15:15 +0000 https://kurir.mk/?p=802777

„Денес имаме точка на Дневен ред – разрешување на дел од министрите на Владата на Република Македонија, поконкретно разрешување на министерот за информатичко општество и администрација, Адмирим Алити. Веќе јасно им е на сите во оваа држава дека реконструкциите се прават само за лични интереси. Така и оваа смена на министерот за информатичко општество и администрација нема да донесе ништо ново и различно како и во претходниот период“, истакна Ангелинка Петкова, пратеничка од редовите на ВМРО-ДПМНЕ на денешната собраниска седница. Петкова додаде дека резултат од работењето на министерството за информатичко општество и администрација е хакиран систем и пренатрупана администрација. „Од досегашното владеење на оваа Влада имаме перцепција дека е свртена во насока на разнебитување и на уништување на се што е системско во институциите на темелите на државата. Денес после една година се прават нови комбинаторики, нова втора реконструкција, се разрешуваат министрите од Алтернатива со можност за следната неполна година да влезе друг министер сега од некоја друга партија. За период од 10 месеци ниту еден министер не може да смени и да направи ништо ново. Како што не се направи и во изминатата една година со првата реконструкција на Владата“, заклучи пратеничката. Таа посочи дека ќе остане трајно забележано дека Владата на СДСМ и ДУИ за овие шест години владеење во државата го сведоа квалитетот на живеење на граѓаните на минимум. Владата ќе остане трајно забележана по кризните состојби, а најмногу по последната енергетската криза која го докусури и така осиромашениот народ на Република Македонија. „Оваа Влада нема ниту тронка срам за досегашното катастрофално владеење во сите области во државата. Па, нуди демек реконструктуирана Влада за да го доуништи она што е малку останато“, нагласи Петкова.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/petkova-rekonstruktsiite-se-pravat-samo-za-lichni-interesi-od-rabotata-na-mioa-graganite-imaat-hakiran-sistem-i-prenatrupana-administratsija/feed/ 0
Петкова: Неправдата и дискриминацијата на лицата над 65 години со тешка и најтешка телесна попреченост конечно се заврши https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/petkova-nepravdata-i-diskriminatsijata-na-litsata-nad-65-godini-so-teshka-i-najteshka-telesna-poprechenost-konechno-se-zavrshi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/petkova-nepravdata-i-diskriminatsijata-na-litsata-nad-65-godini-so-teshka-i-najteshka-telesna-poprechenost-konechno-se-zavrshi/#respond Wed, 08 Feb 2023 10:51:25 +0000 https://kurir.mk/?p=797804

Неправдата и дискриминацијата на лицата над 65 години со тешка и најтешка телесна попреченост, конечно се заврши, ова денеска преку изјава за медиумите го истакна пратеничката Ангелинка Петркова од ВМРО-ДПМНЕ. „Пратеничката група на ВМРО – ДПМНЕ и Коалицијата на 13.12.2022 год. до Претседателот на Собранието на Република Македонија, поднесе Предлог на Закон за изменување на Законот за социјална заштита. Ова наше позитивно законско решение, на вчерашната седница на Комисијата за труд и социјална политика беше поддржано од сите членови и заменици членови на Комисијата, без разлика од која политичка партија доаѓаат односно и од власта и од опозизицијата. Имено, како резултат на овие измени на Законот за социјална заштита, услугата на лична асистенција и тоа од 80 часа во текот на еден месец ќе ја користат, покрај децата од 6 годишна возраст и лицата над 65 години со потешка и најтешка телесна попреченост, со комбинирани пречки во развојот и потполно слепите лица. Природно, стареењето ги намалува моторичките и кординациските способности кај сите луѓе, но кај лицата со потешка и најтешка телесна попреченост и потполно слепи лица, овие промени се уште повеќе изразени после 65 – тата година. Поради тоа немаше никаква логика и оправданост тие да имаат право на личен асистент до 65 години старост, а да немаат право, по навршување на 65 години старост“, вели Петкова. Таа додава дека оттука, заложбите на нас пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата се покажаа како оправдани со што конечно успеавме да ја тргнеме горната граница на возраст од 65 години, која беше утврдена во досегашниот Закон за социјална заштита донесен на 23.05.2019 година. -На крајот, сакам да потенцирам дека оваа измена на досегашниот Закон всушност произлезе од долгогодишното барање на лицата кои имаат потешка и најтешка телесна попреченост и лицата со оштетен вид кои ја надминале возраста од 65 години. На овој начин, пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата по којзнае кој пат покажа дека има слух и дека се бори за подобрување на условите за живот на сите граѓани подеднакво, истакна Петкова.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/petkova-nepravdata-i-diskriminatsijata-na-litsata-nad-65-godini-so-teshka-i-najteshka-telesna-poprechenost-konechno-se-zavrshi/feed/ 0
Петкова: Според кои европски стандарди ние Македонците треба да се откажеме од македонскиот јазик, историја и така обезличени да влеземе во ЕУ? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/petkova-spored-koi-evropski-standardi-nie-makedoncite-treba-da-se-otkazeme-od-makedonskiot-jazik-istorija-i-taka-obezlicheni-da-vlezeme-vo-eu/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/petkova-spored-koi-evropski-standardi-nie-makedoncite-treba-da-se-otkazeme-od-makedonskiot-jazik-istorija-i-taka-obezlicheni-da-vlezeme-vo-eu/#respond Fri, 15 Jul 2022 17:19:56 +0000 https://kurir.mk/?p=705906

Со францускиот предлог сведоци сме на страшен геноцид. Зарем на овој начин треба да влеземе во ЕУ, така понижени и обезличени? За сите земји во ЕУ важат закони, норми, конвенции, само за нас не важат, изјави пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Ангелинка Петкова на денешната собраниска седница.

Таа истакна дека оваа процедура во ова собрание е чиста фарса, владата само сака да си обезбеди алиби.

-  Во оваа информација се споменуваат Копенхашките критериуми кои гарантираат демократија и владеење на правото. Кажете ми според кое право и европски стандарди ние Македонците треба да се откажеме од македонскиот јазик, историја и така обезличени да влеземе во ЕУ? Дали сте свесни што ќе гласате и потпишете?- праша таа.

Петкова додаде дека нема никакви гаранции дека нема да има понатамошни условувања од страна на Бугарија. Напротив барањата ќе се множат и нема да имаат крај.

- Тие ќе станат дел од процесот  и ќе добијат легална основа  во пакетот на документи на ЕУ. Тој фамозен протокол е дел од преговарачката рамка.  Точно е дека ќе се преговара историските прашања за споменици, за учебници, ќе се преговара за македонскиот јазик и нема елементи за заштита на македонскиот идентитет.  Кажете ми како да гледаме на овој предлог после непристојните изјави од страна на бугарските политичари. Андреј Ковачев порачува дека Македонците се Бугари, а Бугарија се протегала од Охрид до Црно Море. Европратеникот Ангел Џамбаски вели дека до 1944 година не постои македонска нација и се било бугарско и се дека значи Гоце Делчев бил Бугарин. Каракачанов вели дека не постои македонски идентитет одделен од бугарскиот. Овие изјави или не ги разбирате или се правите дека не сте ги слушнале, нагласи Петкова.

Таа додаде дека ова е понижувчко за сите борци кои го дале својот живот за слободна Македонија, за илинденците, асномците, сите борци од гевгелиско, за Леонид јанков, Апостол Петков Терзиев, за Владо Кантарџиев од Гевгелија кој својот живот го дал во Страмашево каде бил убиен од бугарскиот фашистички окупатор.

- Нема да гласам за никаква информација, нема да гласам за никаков предлог, потенцираше Петкова.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/petkova-spored-koi-evropski-standardi-nie-makedoncite-treba-da-se-otkazeme-od-makedonskiot-jazik-istorija-i-taka-obezlicheni-da-vlezeme-vo-eu/feed/ 0
Петкова: Со новиот заем од 20 милиони евра за проекти на ЕСМ се задолжуваат и осиромашуваат македонските граѓани, а се полнат џебовите на луѓе блиски или во власта https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/petkova-so-noviot-zaem-od-20-milioni-evra-za-proekti-na-esm-se-zadolzuvaat-i-osiromashuvaat-makedonskite-gragjani-a-se-polnat-dzebovite-na-lugje-bliski-ili-vo-vlasta/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/petkova-so-noviot-zaem-od-20-milioni-evra-za-proekti-na-esm-se-zadolzuvaat-i-osiromashuvaat-makedonskite-gragjani-a-se-polnat-dzebovite-na-lugje-bliski-ili-vo-vlasta/#respond Tue, 31 May 2022 16:28:34 +0000 https://kurir.mk/?p=684435

Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Ангелинка Петкова на денешната собраниска седница на која се разгледуваше и Предлог на законот за гаранција на Република Македонија на обврските по договорот за заем за финансирање на проектот на ЕСМ за транзиција кон соларни фотоволтаици кои треба да се случи помеѓу Европската банка за обнова и развој и Акционерско друштво за производство на електрична енергија Електрани на Македонија во државна сопственост, рече дека се во законот добро е кажано, но на граѓаните им е добро познато дека власта уште еднаш се трудат да ги задолжат и осиромашат македонските граѓани, а од друга страна да ги полнат нивните џебови. „Се е убаво кажано во законот, но на граѓаните добро им е познато дека вие како валст, уште еднаш се трудите да го задолжите македонскиот народ, во повторен кредит кој, верувам дека веќе наменски, или е распределен помеѓу вас или веќе добро знаете каде и за што ќе го применувате заемот. Односно, да закрпите уште една дупка, отварате нова, многу поголема. Граѓаните знаат кон се што ги носат овие ваши нови и нови позајмици, кон ваше полнење на џебовите, нивно ново задолжување и осиромашување. Овој закон ни повеќе, ни помалку предвидува ЕСМ со државна гаранција да земе заем од 20 милиони евра од ЕБОР и грант од пет милиони евра за инсталација следниве фотоволтаици со капацитети 10 мегавати во фотонапонска електрана Осломеј и 20 мега вати во фотонапонска електрана Битола“, рече Петкова. Таа посочи дека според законот целта на проектот е да и се помогне на земјата во постигнувањето на европските норми за емисии на стаклени гасови и еколошки цели за Македонија, што ќе придонесе за заштита на животната средина. „Според законот целта на проектот е, да и се помогне на земјата во постигнување на европските норми за емисии на стакленички гасови и еколошките цели за заложби на Република Македонија. Се вели дека истиот ќе има позитивен ефект врз животната средина, бидејќи со пуштање во употреба на фотонапонските електрани Осломеј 2 со моќност од 10 мега вати и фотонапонската електрана Битола со моќност од 20 мега вати, ќе се намали производството на електрична енергија од термо централите, со тоа што нема да има штетно влијание врз животната средина. Воедно имплементацијата на овој проект ќе придонесе за намалување на трошоците на АД ЕСМ Скопје за ископ на јаглен, како и помали трошоци на друштвото во однос на даноци за испуштање на стакленички гасови од термо електраните“, истакна Петкова.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/petkova-so-noviot-zaem-od-20-milioni-evra-za-proekti-na-esm-se-zadolzuvaat-i-osiromashuvaat-makedonskite-gragjani-a-se-polnat-dzebovite-na-lugje-bliski-ili-vo-vlasta/feed/ 0
Петкова: Сите вработени во градинките заслужуваат еднакво покачување на платите, ја повикуваме власта да го поддржи амандманот на ВМРО-ДПМНЕ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/petkova-site-vraboteni-vo-gradinkite-zasluzuvaat-ednakvo-pokachuvanje-na-platite-ja-povikuvame-vlasta-da-go-poddrzi-amandmanot-na-vmro-dpmne/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/petkova-site-vraboteni-vo-gradinkite-zasluzuvaat-ednakvo-pokachuvanje-na-platite-ja-povikuvame-vlasta-da-go-poddrzi-amandmanot-na-vmro-dpmne/#respond Tue, 26 Apr 2022 10:13:27 +0000 https://kurir.mk/?p=667973

Ветуваа живот за сите, а донесоа само пустош и сиромаштија.Владата на СДСМ и ДУИ продолжува со игнорантскиот и потценувачки однос кон вработените во градинките и упорно си тера селективна и дискриминаторска политика на штета на сите граѓани. Во услови кога цените на огромен број на основни производи и речиси на сите услуги вртоглаво растат, власта се расфрла со народните пари за луксузирање, нов мебел и нови возила, патувања и многу непродуктивни трошења, а одбива линеарно да ја покачи платата на сите вработени во градинките, изјави денеска за медиумите Ангелинка Петкова, пратеничка на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ. Таа потенцираше дека токму затоа, пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата поднесува амандман на Законот за заштита на деца со кој се бара итно зголемување на бодот на платите за сите вработени во градинките за 18,5% со што ќе се изврши усогласување на платите со порастот на минималната плата. - Нашата цел е подобро и правично законско решение кое ќе важи за сите подеднакво, без исклучок. Нашиот амандман има за цел да ја исправи неправдата која што владата предводена од СДСМ и ДУИ постојано им ја нанесува на вработените во градинките. Власта мора да разбере дека сите вработени во градинките заслужуваат повисоки плати, бидејќи сите вработени претставуваат столб и се носители на образовниот процес на децата. Таму нема помалку или повеќе важни, таму сите се важни за иднината на нашите деца. Токму затоа, сите вработени во градинките заслужуваат еднакво покачување на платите. Како пратеници од ВМРО – ДПМНЕ нема да дозволиме власта да си поигрува со квалитетот на образовниот процес на најмладите и нема да отстапиме од нашата цел и борба за подобри услови и поголеми плати за сите вработени во градинките. Игнорирајќи ги барањата на вработените во градинките, власта индиректно удира и прави ненадоместлива штета врз децата и квалитетот на нивниот развој и образование. Тоа е недозволиво и мора веднаш да престане, појасни Петкова. Пратеничката ги повикува луѓето од власта, но и колегите пратеници од мнозинството, да го поддржат нивниот амандман и да покажат дека навистина и искрено сакаат подобар живот за сите, а не само за одредена група на луѓе која гравитира околу врхушката на власт.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/petkova-site-vraboteni-vo-gradinkite-zasluzuvaat-ednakvo-pokachuvanje-na-platite-ja-povikuvame-vlasta-da-go-poddrzi-amandmanot-na-vmro-dpmne/feed/ 0
Петкова: СДСМ и ДУИ по три и пол години грабеж на пензионерите, конечно ја признаа грешката https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/petkova-sdsm-i-dui-po-tri-i-pol-godini-grabez-na-penzionerite-konechno-ja-priznaa-greshkata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/petkova-sdsm-i-dui-po-tri-i-pol-godini-grabez-na-penzionerite-konechno-ja-priznaa-greshkata/#respond Thu, 17 Mar 2022 11:14:04 +0000 https://kurir.mk/?p=648750

СДСМ и ДУИ по три и пол години грабеж на пензионерите, конечно ја признаа грешката. Тоа што владата на СДСМ го укина во 2018 година тогаш најавувајќи го како „голема социјална реформа“, сега повторно го враќа, но овој пат со помодерно име односно како некаков „швајцарски модел“, ова денеска преку собраниската говорница го истакна Ангелинка Петкова. -Ова не е ниту швајцарски модел, ниту пак швајцарски закон за зголемување на пензиите, туку е само враќање на моделот на пресметка за покачување на пензиите кој самите го укинаа во 2018 година, а беше воведен од страна на ВМРО-ДПМНЕ уште во 2012 година. Три и пол години ги лажат и крадат пензионерите, а сега повторно се фалат дека ги зголемуваат пензиите за 1000 денари во наредните три месеци. За три и пол години украдоа илјадници денари на пензионерите, а сега без срам повторно се фалат со нешто што тие го укинаа. Срамно и лицемерно. Од друга страна, во услови кога инфлацијата забрзано расте и секојдневно растат цените на основните производи за живот, СДСМ повторно ги потценува пензионерите и ги убедува дека 1000 денари се доволни за справување со последиците од нивната погубна економска и социјална политика. Овие 1000 денари однапред се потрошени бидејќи во изминатиов период цената на млекото е покачена за 22%, цената на брашното за 38%, на зејтинот за 46%, струјата за над 30%, а горивата за рекордни над 70%. Ова се факти и бројки и тие никогаш не лажат. Затоа на сите ни е јасно дека ова таканаречено покачување на пензиите е само замајување на јавноста и мачкање очи на пензионерите. Ништо повеќе, вели таа. Петкова додава дека но апсурдот и лицемерието на СДСМ не застануваат тука. -Лажната грижа на Владата за пензионерите се докажува со уште еден пример, а тоа е кратењето на посмртнината од 30 000 денари на 25 000 денари. Тоа се 5 000 денари помалку за секое семејство. Дополнително, од 140 на 150 денари се зголемува и месечната задршка која што секој пензионер месечно од својата пензија ја издвојува за солидариот фонд. Значи СДСМ на секое поле намалува онаму каде што треба да зголемува, а зголемува онаму каде што треба да намалува. Класична и добро позната обратна економска и социјална политика. Земи од граѓаните, за да ги покриеш дупките од сопствениот криминал. Таа е матрицата на СДСМ и никогаш нема да се промени. На крајот, како пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата апелираме до СДСМ и владејачкото мнозинство да престанат да ги лажат и крадат пензионерите, бидејќи тие многу добро знаат и паметат во чие време и чија политика носеше вистински поголеми пензии и подобар животен стандард, а во чие време има само потценување и поигрување со достоинството на македонскиот пензионер, истакна Петкова.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/petkova-sdsm-i-dui-po-tri-i-pol-godini-grabez-na-penzionerite-konechno-ja-priznaa-greshkata/feed/ 0