Ангеловска-Бежоска – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 20 Nov 2022 09:58:47 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Ангеловска-Бежоска – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Ангеловска-Бежоска: Народната банка ја затегнува монетарната политика од минатата година со цел одржување на среднорочната ценовна стабилност https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/angelovska-bezoska-narodnata-banka-ja-zategnuva-monetarnata-politika-od-minatata-godina-so-cel-odrzuvanje-na-srednorochnata-cenovna-stabilnost/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/angelovska-bezoska-narodnata-banka-ja-zategnuva-monetarnata-politika-od-minatata-godina-so-cel-odrzuvanje-na-srednorochnata-cenovna-stabilnost/#respond Sun, 20 Nov 2022 09:58:47 +0000 https://kurir.mk/?p=763668

Народната банка уште од минатата година, преку низа инструменти го започна затегнувањето на монетарната политика, во насока на закотвување на инфлациските очекувања, вели во интервју за МТВ, гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска. "Иако ова не е класичен шок од страна на побарувачката, инфлациските притисоци траат подолго време, подисперзирани се, влијаат на инфлациските очекувања и оттаму централните банки мора да реагираат. Нашата реакција започна уште минатата година, преку користење на повеќе различни инструменти, а пред се преку интервенција на девизниот пазар со којшто оптимално се регулираше ликвидноста којашто е во оптек. Оваа година продолживме со интервенции со каматната стапка, меѓутоа не само основната каматна стапка, се зголеми и каматната стапка на кредити преку ноќ, депозити преку ноќ, седумдневни депозити. Понатаму, реагиравме и со задолжителната резерва, веќе во четири наврати, а преземавме и други мерки коишто се во насока на постепено затегнување на монетарната политика, како на пример, воведувањето на противцикличен заштитен слој," истакна гувернерката Ангеловска-Бежоска. Ангеловска-Бежоска посочува дека има позначајна разлика помеѓу инфлацијата кај нас и просечната инфлација во ЕУ и причините за тоа се неколкукратни: Прво, има голема разлика во степенот на отвореност и увозна зависност на европската економија и нашата економија, трговската отвореност кај нас изнесува 140% од БДП, а во ЕУ околу 70%. Колку е поголема увозната зависност толку економијата е поранлива на надворешни шокови. Особено висока е увозната зависност кај енергентите, но и ние трошиме повеќе енергија за производство на единица БДП од ЕУ. Значаен фактор е и структурата на потрошувачката кошничка, имено, кај нас на храната и енергијата отпаѓа околу 50-тина проценти од потрошувачката кошничка, додека во ЕУ е само 30%, а шокот е токму во тие сегменти. Дополнително, значајна улога има и видот на мерките коишто се преземаат од страна на носителите на политиките, но и степенот на конкуренцијата во домашната економија. Меѓународните финансиски институции прогнозираат забавување на инфлацијата наредната година. Меѓународниот монетарен фонд очекува забавување на стапката на инфлација и за глобалната и за нашата економија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/angelovska-bezoska-narodnata-banka-ja-zategnuva-monetarnata-politika-od-minatata-godina-so-cel-odrzuvanje-na-srednorochnata-cenovna-stabilnost/feed/ 0
Ангеловска-Бежоска: Банкарскиот систем е и останува стабилен и сигурен, Еуростандард банка е изолиран случај https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/angelovska-bezoska-bankarskiot-sistem-e-i-ostanuva-stabilen-i-siguren-eurostandard-banka-e-izoliran-sluchaj/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/angelovska-bezoska-bankarskiot-sistem-e-i-ostanuva-stabilen-i-siguren-eurostandard-banka-e-izoliran-sluchaj/#respond Sun, 16 Aug 2020 08:12:27 +0000 https://kurir.mk/?p=391208

Банкарскиот систем е и останува стабилен и сигурен, порачаа од Народна банка. Во изјава за МИА, гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска, повторно ја истакнува оваа порака. – Укинувањето на дозволата за основање и работење на „Еуростандард банка“ АД Скопје е изолиран случај, којшто нема влијание врз другите банки во системот. Показателите за банкарскиот систем, со исклучување на оваа банка бележат подобрување, покажувајќи поголема отпорност на системот во целина, изјави Ангеловска-Бежоска. Според неа, отпорноста на банкарскиот систем се потврдува, како што вели, и во овој период, во којшто економијата е под влијание на здравствената криза предизвикана од пандемијата на Ковид-19. – Пресекот на состојбите кај банките со крајот на првото полугодие од оваа година покажува дека тие и покрај зголемената неизвесност во глобалната и домашната економија, остварија солидни резултати, нагласува гувернерката за МИА. Инаку, како што пред неколку дена соопштија од Народната банка, капиталот на банките дополнително зајакна во првите шест месеци од оваа година, како резултат на задржување на најголемиот дел од нивните добивки за зголемување на нивниот капитал. Ваквиот резултат банките го постигнаа следејќи ја препораката што Народната банка им ја упати на почетокот на ковид-кризата. – Ликвидноста со која банките располагаат се задржа на високо ниво, и покрај тоа што тие привремено ги одложија наплатите на значаен дел од кредитите, а со тоа намалувајќи ги вообичаените парични приливи. Банките го олеснија финансискиот товар на граѓаните и компаниите, но истовремено продолжија со солидна кредитна поддршка, вели Ангеловска-Бежоска во изјавата за МИА. И најновите податоци за кредитниот раст коишто ги објави Народната банка, потврдуваат дека непречената кредитна поддршка за економијата продолжи и во текот на корона-кризата. – Ова не беше случај во периодот на претходната глобална криза, кога кон крајот на 2008 година и особено во текот на 2009 година дојде до значително забавување на кредитниот раст во македонската економија. Здравоста на билансите на банкарскиот систем, заедно со низата досега преземени мерки од страна на Народната банка придонесуваат и за олеснување на финансиските услови и за натамошно одржување на кредитниот циклус и тоа на ниво коешто е над очекувањата согласно со нашите проекции, вели гувернерката. Според статистиката на централната банка, депозитите на граѓаните и компаниите пораснаа значајно над очекувањата на Народната банка со априлските проекции. Ваквите движења, според Ангеловска-Бежоска се само дополнителна потврда за стабилноста и подготвеноста да одговорат на потребите на реалниот сектор, но и на довербата што депонентите ја имаат во банкарскиот систем. Пред неколку дена, по одземањето на дозволата за работа на „Еуростандард банка“ и од Македонската банкарска асоцијација известија дека сите други банки и штедилниците се стабилни и сигурни. – Ниту една друга банка не е изложена на ризик којшто може да се одрази на нарушување на нејзината стабилност и солвентност. Банкарскиот систем се одликува со исклучително прудентно работење и отпорност на шокови, соопштија од Асоцијацијата. Притоа, од таму посочија дека депозитите во сите банки и штедилници се сигурни, а дека банките и штедилниците ќе продолжат со проширување на понудата на депозитни производи, следејќи ги современите трендови и потребите на клиентите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/angelovska-bezoska-bankarskiot-sistem-e-i-ostanuva-stabilen-i-siguren-eurostandard-banka-e-izoliran-sluchaj/feed/ 0
Ангеловска-Бежоска: Не се очекува пораст на стапката на инфлација https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/angelovska-bezoska-ne-se-ochekuva-porast-na-stapkata-na-inflacija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/angelovska-bezoska-ne-se-ochekuva-porast-na-stapkata-na-inflacija/#respond Mon, 20 Apr 2020 09:22:44 +0000 https://kurir.mk/?p=334532

Не се очекува пораст на стапката на инфлација. Очекувањата за движењата на цените на примарните производи до крајот на годината се коригирани надолу. Ова го истакна гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, во интервју за неделникот „Капитал“. Притоа, таа нагласува дека во првите три месеци од оваа година, исто како и минатата, стапката на инфлација е релативно ниска и стабилна. Просечната стапка на инфлација, заклучно со март изнесува 0,6% и е под проекцијата. -Пандемијата негативно се одрази врз глобалната побарувачка, што доведе до надолно прилагодување на цените на повеќето берзански производи. Овој пад е посебно изразен кај цените на нафтата на светските пазари, каде што дополнителен ефект имаше и неможноста за договор помеѓу најголемите производители на овој енергенс. Ваквите поместувања ќе имаат директен надолен ефект врз стапката на инфлација во македонската економија преку пониските домашни цени на горивата, што, впрочем е веќе видливо и преку мартовските податоци за инфлацијата. Пониските цени на енергентите, коишто се влезна компонента и кај другите производи и услуги, може дополнително да влијаат и на останатите цени, истакнува Ангеловска-Бежоска. Според гувернерката, покрај директниот ефект од пониските увозни цени, надолно влијание врз цените кај нас се очекува и преку каналот на домашната побарувачка. Дел од преземените мерки за спречување на ширењето на вирусот, како што напоменува таа, влијаат во насока на одложување на потрошувачката на домаќинствата, што би можело да доведе и до надолно прилагодување на цените во македонската економија. Во интервјуто, гувернерката посочува дека заради корона-кризата се очекува пад на економијата, но и нејзино закрепнување во текот на следната година. -За разлика од 2008 година, кога кризата беше резултат на сериозно нарушување на макроекономските фундаменти во глобални размери, тековно се соочуваме со шок од неекономски карактер и како таков, тој не би требало да се одрази врз долгорочниот потенцијал за раст на економиите, ниту пак да доведе до креирање подлабоки структурни проблеми, нагласува Ангеловска-Бежоска.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/angelovska-bezoska-ne-se-ochekuva-porast-na-stapkata-na-inflacija/feed/ 0