Ангеловска – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 18 Jun 2020 12:46:36 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Ангеловска – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Димитриеска Кочоска: Ангеловска ја извести Светска банка дека нема да го потпише заемот, иако се расчисти дека мојот потпис не ни бил потребен! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dimitrieska-kochoska-angelovska-ja-izvesti-svetska-banka-deka-nema-da-go-potpishe-zaemot-iako-se-raschisti-deka-mojot-potpis-ne-ni-bil-potreben/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dimitrieska-kochoska-angelovska-ja-izvesti-svetska-banka-deka-nema-da-go-potpishe-zaemot-iako-se-raschisti-deka-mojot-potpis-ne-ni-bil-potreben/#respond Thu, 18 Jun 2020 12:44:32 +0000 https://kurir.mk/?p=359469

Во однос на ова задолжување за кое се бара мое одобрување, до денес до мене не се доставени потребни податоци од кои ќе се увиди начинот на кој се дошло до процена на бараниот износ. Сметам дека секој одговорен професионалец пред да стави потпис на било кој документ мора да знае што потпишува и има право и должност да бара податоци, дотолку повеќе што во случајов се работи за заем од 90 милиони евра, средства кои треба да бидат вратени во иднина и тоа со соодветна камата како и секој заем, вели во интервју за „Вечер прес“ дополнителниот заменик министер за финансии Гордана Димитриеска Кочоска. Владејачката партија Ве обвинува дека со тоа што повеќе од два месеца одбивате да ставите потпис, го кочите добивањето на заемот од Светска банка од 90 милиони евра. Затоа Владата реши да побара од Државната изборна комисија толкување дали овој заем од 90 милиони евра може да помине без вашиот потпис како дополнителен заменик-министер за финансии. Како работите дојдоа до таму? -Како што јавноста веќе е информирана во однос на ова задолжување за кое се бара мое одобрување, до денес до мене не се доставени потребни податоци од кои ќе се увиди начинот на кој се дошло до процена на бараниот износ. Сметам дека секој одговорен професионалец пред да стави потпис на било кој документ мора да знае што потпишува и има право и должност да бара податоци, дотолку повеќе што во случајов се работи за заем од 90 милиони евра, средства кои треба да бидат вратени во иднина и тоа со соодветна камата како и секој заем. Јас имам одговорност пред граѓаните да проверувам што и како потпишувам. Владата оценила дека треба да се обрати до ДИК, што значи дека ова прашање треба да го адресирате до нив. Уште повеќе што ова покажува дека Владата не знаела за поделеноста на надлежностите, па и требало месец дена истите да ги преиспита. Тоа што можам да го истакнам е дека ДИК, како што беше информирана јавноста, по ова прашање донесе Одлука со која утврди дека конкретниот заем не е предмет на двоен потпис, што значи дека министерката Ангеловска можела и сè уште може сама без мојот потпис да го потпише договорот за задолжување. Ова не е и новина ако се има предвид дека во февруари имало задолжување во износ од 13.800.000 евра, исто така преку Светската банка (во однос на договорот за заем за финансирање на проектот за администрирање на социјалното осигурување (во месец февруари), каде не се бараше мој потпис, а патем јас и тогаш бев дополнителен заменик-министер. Зошто ова не се направи без мене до сега доколку се ценело дека е неопходно, повторно ве упатувам да го поставите прашањето до надлежните. Ако се согледа ситуацијата онака како што е поставена, не е јасно зошто сум обвинувана дека ја „кочам“ постапката. Можеби има врска со претстојните избори, можеби нема. Мене принципите при вршење на професијата ми се најзначајни, а еден од основните принципи ми е професионален пристап кон работата, што значи не може ништо да се одобри без притоа истото да е издржано и аргументирано. Да го заокружам одговорот на Вашето прашање, во однос на оправданоста на моето постапување ќе укажам и на тоа дека и покрај Одлуката од ДИК за можноста за потпишување на овој заем без мое одобрување овој заем сè уште не е потпишан. Исто така морам да истакнам дека и покрај ваквите околности што практично значат дека заемот може да се потпише во секое време без мое одобрување, на 16.06.2020 официјално министерката Ангеловска ја извести СБ дека истиот нема да го потпише и одобрувањето на заемот го одложува за после избори. Оттука, оставам вие и граѓаните да ценат…, вели Димитриеска Кочоска. Целото интервју на Димитриеска Кочоска прочитајте го ТУКА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dimitrieska-kochoska-angelovska-ja-izvesti-svetska-banka-deka-nema-da-go-potpishe-zaemot-iako-se-raschisti-deka-mojot-potpis-ne-ni-bil-potreben/feed/ 0
Чулев: Денешната изјава на Ангеловска е уште еден доказ за негрижата на Владата за вработените во МВР https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/chulev-deneshnata-izjava-na-angelovska-e-ushte-eden-dokaz-za-negrizata-na-vladata-za-vrabotenite-vo-mvr/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/chulev-deneshnata-izjava-na-angelovska-e-ushte-eden-dokaz-za-negrizata-na-vladata-za-vrabotenite-vo-mvr/#respond Thu, 21 May 2020 13:02:38 +0000 https://kurir.mk/?p=348752

Денешната изјава на Министерката за финансии Нина Ангеловска е уште еден доказ за негрижата на Владата предводена од Оливер Спасовски за вработените во Министерството за внатрешни работи. Министерката Ангеловска денес го кажа тоа што во суштина го мисли Оливер Спасовски, реагира министерот за внатрешни работи Наќе Чулев, откако претходно на прес-конференција, министерката за финансии Нина Ангеловска потврди дека неговата предлог-уредба за еднократна и линеарна финансиска награда од 15.000 денари за сите полициски службеници нема да биде биде прифатена. Токму Оливер Спасовски во изминатиот период постојано потенцираше дека стандардот на полициските службеници е важен, но веројатно само кога тој е на чело на Министерството за внатрешни работи. Грижата за нив и за нивните плати заврши во моментот кога тој замина од Министерството за внатрешни работи. За Оливер Спасовски и министрите во Владата маргинален е фактот дека полициските службеници, деноноќно и неуморно застанаа во одбрана на здравјето на граѓаните на нашата држава. Ги повикувам полициските синдикати јавно да се спротивстават на оваа одлука која Владата има намера да ја донесе, а која директно ќе нанесе штета на сите вработени во Министерството за внатрешни работи. Јас како Министер за внатрешни работи сум исклучително благодарен и понатаму ќе се заложувам полициските службеници да ја добијат наградата која следува. А во врска со денешната изјава на Министерката Ангеловска дека предлогот за кратење е доставен од моја страна, напоменувам дека до сега од буџетот на Министерството за внатрешни се скратени околу 5 милиони евра и кратењето е направено на барање на Министерството за финансии, а за потребите на ребалансот на буџетот. Ова кратење го направивме во најголем дел од ставката „капитални расходи“ и „стоки и услуги“ за истото да има најмал негативен ефект врз вработените во Министерството за внатрешни работи. Свесен сум дека пандемијата поврзана со Ковид 19 сериозно ги намали приходите во буџетот, но исто така убеден сум дека оваа награда е повеќе од заслужена и истата ќе влијае мотивирачки врз понатамошниот ангажман на полициските службеници поврзан со коронавирусот. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/chulev-deneshnata-izjava-na-angelovska-e-ushte-eden-dokaz-za-negrizata-na-vladata-za-vrabotenite-vo-mvr/feed/ 0
Стаменковска Стојковски до Ангеловска: Да се грижевте за доброто на граѓаните немаше да учествувате во најголемиот предизборен поткуп во историјата на Република Македонија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stamenkovska-stojkovski-do-angelovska-da-se-grizevte-za-dobroto-na-gragjanite-nemashe-da-uchestvuvate-vo-najgolemiot-predizboren-potkup-vo-istorijata-na-republika-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stamenkovska-stojkovski-do-angelovska-da-se-grizevte-za-dobroto-na-gragjanite-nemashe-da-uchestvuvate-vo-najgolemiot-predizboren-potkup-vo-istorijata-na-republika-makedonija/#respond Mon, 04 May 2020 18:38:26 +0000 https://kurir.mk/?p=341600

Да се грижевте за доброто на граѓаните немаше да учествувате во најголемиот предизборен поткуп во историјата на Република Македонија платен со буџетот на државата, како и во полнењето на институциите со партиски војници, реагира допелнителниот замаеник министер за информатичко општество Невенка Стаменковска Стојковски на изјавата на министерката за финансии Нина Ангеловска каде што таа вели дека треба да има кратење на платите во јавната администрација. Во продолжение целата реакција на Стаменковска Стојковски: Почитувани, ?изјавите на функционерите на СДСМ за кратење на платите на вработените во јавниот сектор не запираат. Прво го пуштија поранешниот вицепремиер Анѓушев, потоа кратење на платите не исклучи министерот Дамјан Манчевски, за денес преку министерката Нина Ангеловска повторно СДСМ да ја презентира нивната намера да се одземе од платите на вработените во јавниот сектор. Очигледно е дека кратењето на платите на вработените во јавниот сектор не е личен став, како што невешто се обиде да истакне министерката за финансии, туку сценарио кое СДСМ има намера да го воведе. ?Министерке Ангеловска, каде бевте да изразите загриженост за состојбата на буџетот кога вашите сопартијци функционери склучуваа договори со агенции за привремени вработувања? Лицемерно е да изјавувате дека вработените имаат намалени работни обврски, а притоа да го поддржувате безобѕирното трошење за нови партиски вработувања на вашите колеги од СДСМ. Кога ќе побарате функционерите на СДСМ да ги раскинат овие договори за партиски вработувања кои одлеваат средства од буџетот за провизии кои се и до 8%? ?Каде бевте да реагирате кога вашата партија донесе уредба за исплата на ненормално високите плати и огромните надоместоци за СЈО❓ Почитувана министерке Ангеловска, да се грижевте за доброто на граѓаните немаше да учествувате во најголемиот предизборен поткуп во историјата на Република Македонија платен со буџетот на државата, како и во полнењето на институциите со партиски војници. ?Немаше да дозволите трошоците за плати и надоместоци да пораснат за цели 10 милиони евра за само 3 месеци во однос на истиот период минатата година и тоа без да се сметаат општините, јавните претпријатија кои се формирани од државата и од општините и акционерските друштва во државна сопственост каде пак има најголема наезда на партиски војници. ‼️Немаше да дозволите 10 милиони евра да се потрошат за привремени вработувања во само 3 месеци, споредбено со оние 5 кои биле потрошени минатата година. ?Денес е лицемерно да барате солидарност од оние кои професионално посветиле години од својот живот за непречено функционирање на државата и недозволиво е Вие да одлучувате за судбината на луѓе кои во администрацијата имаат подолг стаж од Вас. https://www.facebook.com/nevenkastamenkovska/posts/940517109711612]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stamenkovska-stojkovski-do-angelovska-da-se-grizevte-za-dobroto-na-gragjanite-nemashe-da-uchestvuvate-vo-najgolemiot-predizboren-potkup-vo-istorijata-na-republika-makedonija/feed/ 0