англија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 04 Nov 2023 06:58:19 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png англија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ФФМ одреди популарна цена на билетите за натпреварот против Англија https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/ffm-odredi-popularna-tsena-na-biletite-za-natprevarot-protiv-anglija/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/ffm-odredi-popularna-tsena-na-biletite-za-natprevarot-protiv-anglija/#respond Sat, 04 Nov 2023 06:58:19 +0000 https://kurir.mk/?p=896307

Управниот одбор на македонската Федерација донесе едногласна одлука за износот на билетите за последниот квалификациски меч кој го играме на домашен терен против Англија. Македонија остана без шанси за пласман на Европското првенство по поразот кој го претрпе од Украина, но до крајот на квалификациите имаме уште два натпревари против големи великани. Најпрво ќе и гостувамен а Италија на средината на месец ноември, а на 20-ти истиот месец ќе ја пречекаме Англија на националната арена „Тодор Проески“. Новиот тревник ќе биде мотивација плус за нашите фудбалери да се прикажат во најдобро светло, но потстрек да бидат дел од натпреварот сега добиваат и фановите. ФФМ одреди популарна цена на билетите за овој натпревар, па истите ќе се движат од 300 до 500 денари.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/ffm-odredi-popularna-tsena-na-biletite-za-natprevarot-protiv-anglija/feed/ 0
Спалети: Натпреварот против Англија ќе ни помогне да разбереме какви се шансите на италијанскиот тим во иднина https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/spaleti-natprevarot-protiv-anglija-ke-ni-pomogne-da-razbereme-kakvi-se-shansite-na-italijanskiot-tim-vo-idnina/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/spaleti-natprevarot-protiv-anglija-ke-ni-pomogne-da-razbereme-kakvi-se-shansite-na-italijanskiot-tim-vo-idnina/#respond Sun, 15 Oct 2023 12:38:53 +0000 https://kurir.mk/?p=889049

Селекторот на италијанската фудбалска репрезентација Лучијано Спалети, ги кажа своите очекувања за натпреварот со Англија во квалификациите за Европското првенство 2024. Италија синоќа во Бари ја победи Малта со 4:0. - Важно беше да освоиме три бода без да ризикуваме и лесно да го добиеме натпреварот. Тимот добро се развива. Јасно е дека постои желба подобро да се запознаеме. Игравме добар фудбал. Натпреварот во вторник против Англија на „Вембли“ е еден од оние кои навистина можат да ни помогнат да разбереме какви се нашите шанси во иднина, изјави Спалети, за официјалниот сајт на УЕФА. Репрезентацијата на Италија со 10 бодови е на второто место во групата Ц по 5 натпревари. Малта е последна без освоен бод по шест одиграни натпревари. Во следниот натпревар избраниците на Лучијано Спалети ќе играат на гости против Англија, а Малта ќе и гостува на Украина. Двете средби ќе се одржат на 17 октомври. Во оваа група македонската репрезентација има освоено седум бода од шест натпревари. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/spaleti-natprevarot-protiv-anglija-ke-ni-pomogne-da-razbereme-kakvi-se-shansite-na-italijanskiot-tim-vo-idnina/feed/ 0
Англија забрани пластичен прибор за јадење и чинии за еднократна употреба https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/anglija-zabrani-plastichen-pribor-za-jadene-i-chinii-za-ednokratna-upotreba/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/anglija-zabrani-plastichen-pribor-za-jadene-i-chinii-za-ednokratna-upotreba/#respond Mon, 02 Oct 2023 10:01:33 +0000 https://kurir.mk/?p=884141

Во Англија вчера стапи на сила забраната за испорака на пластични предмети за еднократна употреба. Претпријатијата повеќе не можат да продаваат пластичен прибор за јадење, чинии и полистиренски садови за еднократна употреба. Сепак, забраната не вклучува пластични садови и послужавници кои се користат за носење или претходно спакувана храна во продавниците. Владата во мај објави дека продавачите кои продолжуваат да ја продаваат забранетата пластика за еднократна употреба по стапувањето на сила на одлуката, може да бидат казнети. Минатата година слична забрана беше воведена во Шкотска, која стана прва во Велика Британија што го стори тоа. Пластичните чинии за еднократна употреба, приборот за јадење, сламките, стапчињата за балони и памучните стапчиња се исто така забранети во Европската унија во 2021 година. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/anglija-zabrani-plastichen-pribor-za-jadene-i-chinii-za-ednokratna-upotreba/feed/ 0
Во Англија се повеќе апсења поврзани со фудбалот https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/vo-anglija-se-poveke-apsena-povrzani-so-fudbalot/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/vo-anglija-se-poveke-apsena-povrzani-so-fudbalot/#respond Thu, 28 Sep 2023 18:32:52 +0000 https://kurir.mk/?p=882984

Во Англија бројот на апсења поврзани со фудбалот го достигна рекордот од 2014 година, објави денеска британското Министерство за внатрешни работи. Извештајот покажува дека во изминатата фудбалска сезона (2022/23) се регистрирани 2.264 апсења поврзани со фудбалот, додека важечки се 1.624 забрани за влез на фудбалските стадиони. Најчесто кривично дело за апсењата поврзани со фудбалот било нарушување на јавниот ред и мир (34 проценти). Во исто време, за 53 отсто се намалени слуачите на апсења поради упад на навивачи на фудбалските терени. Втора година по ред најголем број уапсени се навивачи на Вест Хем (89), по што следат навивачи на Манчестер јунајтед (83) и Лидс (69).  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/vo-anglija-se-poveke-apsena-povrzani-so-fudbalot/feed/ 0
Доживотен затвор за медицинската сестра од Англија која уби седум бебиња https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dozhivoten-zatvor-za-meditsinskata-sestra-od-anglija-koja-ubi-sedum-bebina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dozhivoten-zatvor-za-meditsinskata-sestra-od-anglija-koja-ubi-sedum-bebina/#respond Mon, 21 Aug 2023 14:42:28 +0000 https://kurir.mk/?p=869216

Поранешната неонатална медицинска сестра Луси Летби (33), која уби седум бебиња и се обиде да убие уште шест во болница во северна Англија, денеска е осудена на доживотен затвор без можност за условно ослободување, што претставува најстрога можна казна во британското законавство. Таа одби на суд да се соочи со родителите на убиените бебиња кои зборуваа за нивната болка поради загубата на нивните деца. Судијата Џејмс Гос кажа дека бројот на убиени деца, како и природата на убиствата извршени од медицинска сестра на која и е доверена грижата за бебињата, ги сочинуваат „исклучителни околности“ потребни за да се изрече „доживотна затворска казна без условна слобода“, што беше исклучително ретко во Велика Британија. По 22 дена советување, поротата на судот во Манчестер ја осуди Луси Летби за убиство на бебињата во неонаталната единица во болница во северозападна Англија меѓу јуни 2015 и јуни 2016 година. Адвокатот на одбраната Бен Мајерс остана на тврдењето за нејзината невиност. Таа била на должност во сите смртни случаи на бебиња, а обвинителите ја опишаа како „постојано злонамерно присуство“ во неонаталното одделение кога бебињата колабираа или умираа. Утврдено е дека таа им наштетила на бебињата на начини на кои е тешко да се откријат, а по пат ги убедувала своите колеги дека сите овие смртни случаи се нормални. Летби конечно беше отстранета од нејзината функција на крајот на јуни 2016 година, а уапсена во јули 2 Ќе се спроведе и независна истрага за тоа што се случувало во болницата и како персоналот и менаџментот реагирале на порастот на смртните случаи.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dozhivoten-zatvor-za-meditsinskata-sestra-od-anglija-koja-ubi-sedum-bebina/feed/ 0
Истражување: До 2040 година секој петти човек во Англија ќе живее со сериозна болест https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/istrazhuvane-do-2040-godina-sekoj-petti-chovek-vo-anglija-ke-zhivee-so-seriozna-bolest/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/istrazhuvane-do-2040-godina-sekoj-petti-chovek-vo-anglija-ke-zhivee-so-seriozna-bolest/#respond Tue, 25 Jul 2023 06:39:03 +0000 https://kurir.mk/?p=859673

Податоците од нов извештај укажуваат дека дополнителни 2,5 милиони луѓе во Англија ќе живеат со сериозни болести како што се рак, дијабетес, деменција и депресија до 2040 година. Истражувањето на Фондацијата за здравство покажа дека 9,1 милиони луѓе во Англија ќе имаат сериозна болест - што е зголемување за 37 отсто од 2019 година. „Проценките се дека речиси секое петто лице од населението дотогаш ќе живее со сериозна болест, што е зголемување за повеќе од една третина“, се вели во извештајот. „За споредба, работоспособното население се очекува да се зголеми за само 4 отсто - оваа група на население ќе биде одговорна за генерирање на поголемиот дел од владините приходи што се користат за финансирање на јавните услуги, вклучително и Националната здравствена служба“. До 2040 година се очекува деменцијата да се зголеми за 45 отсто, срцевата слабост за 92 отсто, ракот за 31 отсто, дијабетесот за 49 отсто, хроничната болка за 32 отсто, а анксиозноста или депресијата за 16 отсто. Според истражувачите, луѓето на 70-годишна возраст во просек ќе имаат три хронични болести, а до 85-тата година ќе имаат повеќе од пет. Четири петтини од скокот на бројот на тешки болести ќе се должи на стареењето на населението, бидејќи колку подолго живее човекот, толку е поголема шансата да заболи од сериозна болест.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/istrazhuvane-do-2040-godina-sekoj-petti-chovek-vo-anglija-ke-zhivee-so-seriozna-bolest/feed/ 0
„Театарот на соништата“ кошмар за Македонија, историски најубедлив пораз од 7:0 https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/teatarot-na-sonishtata-koshmar-za-makedonija-istoriski-najubedliv-poraz-od-7-0/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/teatarot-na-sonishtata-koshmar-za-makedonija-istoriski-najubedliv-poraz-od-7-0/#respond Mon, 19 Jun 2023 20:50:00 +0000 https://kurir.mk/?p=847607

Рекорден пораз во својата историја претрпе вечерва македонската фудбалска репрезентација на гостувањето во Манчестер од англиската селекција. Дуелот од квалификациите за Еуро 2024 на „Олд Трафорд“ заврши со 7:0 за домаќините. Избраниците на селекторот Благоја Милевски беа немоќни на секој дел од теренот. Англичаните „голеадата“ ја почнаа во 29.минута кога резултатот го отвори Хари Кејн. До крајот на првото полувреме во листата на стрелците се запишаа Букајо Сака и Маркус Рашфорд. Во За само шест минути во вториот дел, Сака погоди уште два пати и оформи хет-трик. Филипс во 64. и Кејн со својот втор погодок во 73.минута од пенал зголемија на 7:0 На првиот денешен натпревар од Ц-групата, Украина ја победи Малта со 1:0. Англија е прва на табелата со максимални 12 бода од четири средби. Украина е втора со шест бода од три натпревари. Италија е трета со три бода од две средби. По двата јунски пораза, македонската репрезентација падна на четвртата позиција со три бода од три натпревари. Последна е Малта без освоен бод по четири кола.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/teatarot-na-sonishtata-koshmar-za-makedonija-istoriski-najubedliv-poraz-od-7-0/feed/ 0
Македонија во нокдаун, Англија одигра моќно полувреме со убедливи 3:0 по 45 минути https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/makedonija-vo-nokdaun-anglija-odigra-mokno-poluvreme-so-ubedlivi-3-0-po-45-minuti/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/makedonija-vo-nokdaun-anglija-odigra-mokno-poluvreme-so-ubedlivi-3-0-po-45-minuti/#respond Mon, 19 Jun 2023 19:59:58 +0000 https://kurir.mk/?p=847595

Македонија по болниот домашен пораз од Украина, покажа дека не може да се „носи“ со моќната Англија, примајќи три гола во првото полувреме. Герет Саутгејт не калкулираше и излезе со својот најсилен состав, и тие ја покажаа својата сила во првото полувреме. Хери Кејн во 29. минута од мечот постигна лесен гол по убавата акција на двоецот на Манчестер јунајтед, Маркус Рашфорд и Лук Шо, за десет минути подоцна, Букајо Сака да постигне прекрасен гол, а во 45. минута од мечот, слабата реакција на целата македонска одбрана дозволи Маркус Рашфорд да постигне гол на својот стадион.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/makedonija-vo-nokdaun-anglija-odigra-mokno-poluvreme-so-ubedlivi-3-0-po-45-minuti/feed/ 0
Милевски ги искажа очекувањата за утрешниот натпревар против Англија https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/milevski-gi-iskazha-ochekuvanata-za-utreshniot-natprevar-protiv-anglija/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/milevski-gi-iskazha-ochekuvanata-za-utreshniot-natprevar-protiv-anglija/#respond Sun, 18 Jun 2023 19:27:47 +0000 https://kurir.mk/?p=847171

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Благоја Милевски ги искажа своите очекувања за утрешниот квалификациски натпревар за ЕУРО 2024 со Англија. -Македонија покажа не само сега во моментов, туку покажува и назад неколку години дека има квалитет и потенцијал да биде конкурентна во Европа. Да не се навраќам што овие момци имаат постигнато низ годините. Овој тим има потенцијал да одигра добар меч со Англија, а потоа да биде конкурентна и во квалификациите. Ме радува фактот што Серафимов и Велковски го завршија тренингот без проблеми. Се надевам дека ќе се стават во функција на денешниот натпревар. Натпреварот кој ни следи го играте еднаш, можеби и ниеднаш пак во своите кариери. Мора да го потврдиме она кое го покажавме во претходните дуели. Околу Англија, не треба да се трошат зборови, дали е индивидуален или тимски најдобар. Се работи за екипа со врвни фудбалери, кои пред некое време ја освоија Лигата на шампионите. Би ја сместил Англија во ТОП-3 во Европа и ќе ни биде чест да одиграме меч со таков ривал, рече Милевски на денешната прес-конференција. Средбата ќе се одржи утревечер на „Олд Трафорд“ во Манчестер со почеток во 20:45 часот. Англичаните се први на табелата во Ц-групата од квалификациите со максимални девет бодови, македонската селекција има три бода исто колку и Италија и Украина. Малта е последна без освоен бод. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/milevski-gi-iskazha-ochekuvanata-za-utreshniot-natprevar-protiv-anglija/feed/ 0
Банката на Англија ги зголеми каматните стапки на највисоко ниво од крајот на 2008 година https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bankata-na-anglija-gi-zgolemi-kamatnite-stapki-na-najvisoko-nivo-od-krajot-na-2008-godina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bankata-na-anglija-gi-zgolemi-kamatnite-stapki-na-najvisoko-nivo-od-krajot-na-2008-godina/#respond Thu, 11 May 2023 14:11:55 +0000 https://kurir.mk/?p=833103

Банката на Англија денеска ги зголеми каматните стапки на највисоко ниво од крајот на 2008 година, борејќи се со високата инфлација во Велика Британија. Одлуката на деветчлениот комитет за монетарна политика на банката да ја зголеми основната каматна стапка за четвртина процентен поен на 4,5 отсто беше очекувана на финансиските пазари. Ова е 12-то зголемување по ред. Други големи централни банки, како што се Федералните резерви на САД и Европската централна банка, исто така ги зголемуваат каматните стапки за да ги спуштат стапките на инфлација од највисоките вредности во изминатите неколку децении. Банката на Англија почна да ги зголемува каматните стапки на крајот на 2021 година од најниските 0,1 отсто со цел да го контролира растот на цените што беа резултат на укинувањето на ограничувањата поради коронавирусот, а потоа и руската инвазија врз Украина, што доведе до пораст на цените на енергијата. Банката, чија цел е да ја задржи инфлацијата на околу два отсто, најави дека инфлацијата, која сега е нешто над 10 отсто, најверојатно до крајот на годината ќе падне на околу пет отсто. Во документите кои ја придружуваат нејзината денешна одлука, Банката соопшти дека цените на храната останале високи подолго од очекуваното и оти очекува инфлацијата на потрошувачките цени да опаѓа побавно отколку што се мислеше.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bankata-na-anglija-gi-zgolemi-kamatnite-stapki-na-najvisoko-nivo-od-krajot-na-2008-godina/feed/ 0