ангола – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 25 Aug 2023 12:11:21 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png ангола – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Австралија ја декласираше Финска, Италијанците едвај до победа против Ангола! https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/avstralija-ja-deklasirashe-finska-italijantsite-edvaj-do-pobeda-protiv-angola/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/avstralija-ja-deklasirashe-finska-italijantsite-edvaj-do-pobeda-protiv-angola/#respond Fri, 25 Aug 2023 12:11:21 +0000 https://kurir.mk/?p=870870

По долго чекање, утринава конечно почна Светското првенство (СП) во кошарка и тоа со лесна победа на Австралија против Финаска (98-72), односно нешто потежок од очекувањата триумф на Италија против Ангола (81-67). Австралијците се еден од кандидатите за златото, но лошо ја почнаа средбата поради што противникот кон средина на вториот период водеше со 38-30. Но, тоа како да ги разбуди фаворитите, кои вратија со серија 19-2, го презедоа водството и до крајот рутински ја одработеа задачата. Најефикасен кај Австралија беше Пети Милс со 25 поени, а Џош Гиди додаде 14, додека кај Финците најдобар беше Лаури Марканен со 19 поени, додека Сасу Салин додаде 13. Во вториот меч Италија со многу мака победи против Ангола, која многу подобро го отвори натпреварот, направи серија од 5-0, по што се разбудија Италијанците кои до крајот на првата четвртина дојдоа до предност од шест поени. Во вториот дел Ангола се врати, се избори во третиот дел од играта, за да надвладее во четвртиот дел. Италија ја предводеше Симоне Фонтекио со 19 поени, додека Стефано Тонут додаде 18. Кај Ангола најдобар беше Чајлде Дундао со 19 поени, а Бруно Фернандо додаде 13 поени. Во следните два меча од денешната програма на СП 2023, Црна Гора ептен лесно го прегази Мексико (91-71), а на идентичен начин и Летонија го совлада Либан (109-70).]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/avstralija-ja-deklasirashe-finska-italijantsite-edvaj-do-pobeda-protiv-angola/feed/ 0
Во Ангола ископан редок чист розов дијамант https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/vo-angola-iskopan-redok-chist-rozov-dijamant/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/vo-angola-iskopan-redok-chist-rozov-dijamant/#respond Wed, 27 Jul 2022 11:30:23 +0000 https://kurir.mk/?p=710793

Рудари во Ангола ископале редок чист розов дијамант за којшто се верува дека е најголемиот пронајден последниве 300 години, објави денеска австралискиот оператор на рудникот „Луло“. Розовиот дијамант од 170 карати, наречен „Луло Роз“, е откриен во североисточниот дел на земјата – инаку богат со дијаманти, и е еден од најголемите розови дијаманти некогаш пронајдени, соопшти компанијата „Лукапа дајмонд“ (Lucapa Diamond Company). „Историското откритие“ на дијамантот од типот „IIa“ – еден од најретките и најчисти видови природен камен, појасни Владата на Ангола, којашто е партнер во рудникот. – Овој рекорден и спектакуларен розов дијамант ископан во Луло продолжува да ја претставува Ангола како важен играч на светската сцена, истакна министерот за минерални ресурси, нафта и гас на Ангола, Дијамантино Азеведо. Дијамантот ќе оди на меѓународна аукција. Цената сѐ уште не е соопштена.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/vo-angola-iskopan-redok-chist-rozov-dijamant/feed/ 0
Светско првенство во кошарка: Србија ја растури Ангола https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/svetsko-prvenstvo-vo-kosharka-srbija-ja-rasturi-angola/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/svetsko-prvenstvo-vo-kosharka-srbija-ja-rasturi-angola/#respond Sat, 31 Aug 2019 11:17:56 +0000 https://kurir.mk/?p=235376

Светското првенство во кошарка денеска почна во Кина, а првиот дуел на Мундобаскетот и припадна на репрезентацијата на Србија која со убедлив резултат 105-59 ја порази Ангола. Србија покажа зошто многумина очекуваат многу од оваа селекција во Кина, додека Ангола, која секако не е повеќе доминантна како порано ниту во Африка, немаше одговор за избраниците на Ѓорѓевиќ. Така, Србија го отвори Мундобаскетот на најдобар можен начин и оствари убедлива победа во првото коло од групата Д. Најефикасен кај Србија беше Богдан Богдановиќ со 24 поени, Јокиќ и Милутинов додадоа по 14 поени, а Марјановиќ забележаа дабл-дабл со 12 поени и 10 скока. Најефикасен кај репрезентацијата на Ангола беше Карлос Мораис кој постигна 15 поени. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/svetsko-prvenstvo-vo-kosharka-srbija-ja-rasturi-angola/feed/ 0