Анима Мунди – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 30 Sep 2023 09:29:27 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Анима Мунди – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Убиство на мечки не смее да има, треба да се нахранат, велат од Анима мунди https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ubistvo-na-mechki-ne-smee-da-ima-treba-da-se-nahranat-velat-od-anima-mundi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ubistvo-na-mechki-ne-smee-da-ima-treba-da-se-nahranat-velat-od-anima-mundi/#respond Sat, 30 Sep 2023 09:29:27 +0000 https://kurir.mk/?p=883532

Кафеавата мечка е диво животно со највисока заштита во законот и предупредуваме дека така треба и да остане, апелираат од организацијата Анима мунди откако во јавноста излезе проблемот на жителите на Маврово, каде се почесто мечки се спуштаат во населените места. „Отстрел, убиство на диви животни не смее и нема да биде предлог на маса за решавање на овој проблем наместо наметнување мерки на населението и комуналните служби, преземање дејствија за редовно чистење на отпад и прихранување на мечките. Обука на населението како да се заштити и превенира, коегзистира со дивите животни што е пракса во секоја цивилизирана држава со развиена свест“, се вели во реакцијата на организацијата. Во писмениот допис до Владата, од Општина Ростуше и Маврово посочуваат дека мечките, кои според податоците на Националниот парк „Маврово“ се околу 160-180 на број на оваа територија, предизвикуваат големи материјални штети, особено на пчеларите, сточарите, земјоделците, како и на домовите на жителите на Општината за што, како што додаваат, е повеќепати пријавувано до надлежните. „Општина Маврово и Ростуше ги презеде сите активности и мерки кои се во нејзина надлежност, со цел да ги заштити своите граѓани. Одржани се состаноци со месните заедници на сите населени места во Општина Маврово и Ростуше, полициските одделенија во Ростуше и Маврово, граничните полициски станици во Жировница и Стрезимир, ЈУНП ‘Маврово’, претставници од Министерството за земјоделство, шумарство водостопанство и претставници од Министерството за животна средина и просторно планирање“, велат од Општината. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ubistvo-na-mechki-ne-smee-da-ima-treba-da-se-nahranat-velat-od-anima-mundi/feed/ 0
Анима Мунди: Демнее смрт над Зоолошката градина во Скопје https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/anima-mundi-demnee-smrt-nad-zooloshkata-gradina-vo-skopje/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/anima-mundi-demnee-smrt-nad-zooloshkata-gradina-vo-skopje/#respond Tue, 01 Aug 2023 10:23:31 +0000 https://kurir.mk/?p=862291

Згрозени, но не и изненадени од трагичната смрт на трите копитари во Зоолошка градинка Скопје и овој пат не би изостанале од осуда кон оваа институција која што низ годините единствено што докажа е некомпетентност да одржува во живот животни чије место не е позади решетки, реагираат од Анима Мунди. Неприфатливо е да исклучително ретки животни на раб на истребување, безумно завршат во субстандардна зоолошка во Македонија - која патем го загуби и кандидатскиот статус за членка на Европската асоцијација на зоолошки градини и аквариуми (ЕАЗА) – и умрат едно по едно во ист ден. Досега официјалното раководство до моментов се нема произнесено за ништо, што е рамно на скандал. Не реагиравме вчера со цел да добиеме појасна слика за она што се случило. Добивме индиции за тоа дека во Зоо Скопје работи таков кадар, што е можно и самиот да ги убил, отрул животните. Повторуваме, се укажува на можноста вработени поединци сами намерно да одлучиле да ги убијат, велат од Анима Мунди. Еве ги нивните барања:  1. Бараме итно да се вештачат снимките од сите камери во ЗОО Скопје, доколку изостанува видео надзор во институцијата, најстроги казни за раководството 2. Бараме информација дали и колку од ветеринарните лица во ЗОО Скопје се доктори специјалисти за лекување на диви животни, доколку такви воопшто има 3. Бараме итна надворешна и независна истрага, аутопсија која не би можела да биде лажирана, го повикуваме донаторот на трите коњи овој пат да ја обезбеди финансиски, за да се превенира во најмала рака и други животни да завршат „донирани“’ на овој начин, во оваа недојдија! 4. Бараме мораториум на внес на нови животни 5. Дивите животни не се украс, атракција и експонати туку живи суштества и со третманот кој што го добиваат во зоолошката градина се единствено изложени на стрес, страв и страдање, неприродни за природниот хабитат од кој примарно потекнуваат. Склони се на самоповредување, бавно умирање, тешка депресија. Не поддржувајте и не посетувајте животни зад решетки и Зоолошки за животни.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/anima-mundi-demnee-smrt-nad-zooloshkata-gradina-vo-skopje/feed/ 0
Анима Мунди бара одговорност за работењето на претходното раководство на ЈП „Лајка“ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/anima-mundi-bara-odgovornost-za-rabotenjeto-na-prethodnoto-rakovodstvo-na-jp-lajka/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/anima-mundi-bara-odgovornost-za-rabotenjeto-na-prethodnoto-rakovodstvo-na-jp-lajka/#respond Tue, 05 Apr 2022 14:33:46 +0000 https://kurir.mk/?p=658814

Ќе има ли одговорност за минатото раководство на ЈП ЛАЈКА кое освен што лажирало извештаи и хуман третман на животните, континуирано продуцирало огромни трошоци и го вовело претпријатието во финансиска бездна? Сегашните обвинувањата кон град Скопје актуелниот директор на ЈП Лајка, Воислав Димитровски се невиден цинизам затоа што проблемите произлегуваат исклучиво од затекната, наследена ситуација. Укажуваме дека иако баравме ревизија на севкупното работење на ЈП Лајка при промената на директор, при што се констатирало дека фалат цели класери со податоци за третманот и судбината на бездомните кучиња, институциите молчат. Понатаму, по двегодишното расипничко располагање со финансиите на претпријатието од негово основање довело до тоа да сега ЈП Лајка е руинирана и блокирана во милионски долгови, со блокирани сметки. За вакви намерни, или ненамерни пропусти би одговарал секој јавен службеник, но за директор кај нас одговорност нема. И покрај ова наследено безредие, податоците потврдуваат далеку поголема ефикасност и функционалност и во бројката вдомени и во бројката стерилизирани кучиња, стационарот е во целост отворен за активисти и хумани граѓани, а градот за прв пат има програма која сме ја предложиле и изработиле заеднички, усогласена со европски практики и со која се задаваат конкретни цели и показатели на успешност. https://lajka.com.mk/wp-content/uploads/2022/03/za-na-sajt-odluka-i-programa.pdf Уште еднаш ги повикуваме институциите да реагираат и ги санкционираат оние кои успеале во 2 години да исцицаат милиони од парите за кои плаќаме ние, граѓаните; кои успеале да формираат и во рекорден рок руинираат едно ново претпријатие, а со тоа го доведат во прашање преживувањето и оддржливоста на Лајка која постои со цел да третира една многу чувствителна област, од која зависат илјадници бездомни кучиња и безбедноста на жителите на градот. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/anima-mundi-bara-odgovornost-za-rabotenjeto-na-prethodnoto-rakovodstvo-na-jp-lajka/feed/ 0
Анима Мунди: Инспекторите на Агенцијата за храна ажурни но во прекршување на законот, се иживуваат врз животно (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/anima-mundi-inspektorite-na-agencijata-za-hrana-azurni-no-vo-prekrshuvanje-na-zakonot-se-izivuvaat-vrz-zivotno-video/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/anima-mundi-inspektorite-na-agencijata-za-hrana-azurni-no-vo-prekrshuvanje-na-zakonot-se-izivuvaat-vrz-zivotno-video/#respond Sat, 05 Feb 2022 17:45:05 +0000 https://kurir.mk/?p=627488

Здружението за заштита на животни „Анима Мунди“ попладнево објави видео на кое е прикажано како неколкумина мажи се изживуваат врз живо јагне. Со врзани нозе јагнето го поставуваат на маса пред, како што нагласуваат од „Анима Мунди“, инспектор за заштита на благосостојбата на животните во подрачната единица Берово на Агенцијата за храна и ветерина. Мажите играат околу јагнето ставено на маса, а ги забавува жива музика. Го снимаат со мобилните телефони и секогаш кога тоа ќе се легне, некој го буцнува да стане иако едвај стои со врзани нозе. „Видно задоволен го гледа и снима престрашеното животно во очи, сведок и соучесник во ова изживување е оној кој треба да го заштити, но го измачува! Во кое нормално општество вакви ликови се вработуваат во државни институции и ги прекршуваат законите што треба да ги спроведуваат? Во кое нормално општество инспектор за заштита на животните е соучесник во нивно малтретирање, причинување непотребен стрес, страдање? Бараме итно да се покрене дисциплинска постапка о страна на Агенцијата за храна и ветеринарство против инспекторот од Берово и трајно да се отстрани од вршење службена должност во институцијата. Дополнително бараме Агенцијата да покрене постапка против сите овие лица што се соучесници во овој монструозен чин“, стои во објавата на „Анима Мунди“. Тие најавуваат дека ќе поднесат пријави до сите надлежни институции против наведениот инспектор оти сметаат дека неспособен, неадекватен и очигледно психички нестабилен за да биде државен службеник, а уште помалку некој што треба да заштити животно во неволја, судејќи по објавеното видеото.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/anima-mundi-inspektorite-na-agencijata-za-hrana-azurni-no-vo-prekrshuvanje-na-zakonot-se-izivuvaat-vrz-zivotno-video/feed/ 0
Противзаконско и нехумано: Македонски граѓани се шетаат и сликаат со младенчиња од лав (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/protivzakonsko-i-nehumano-makedonski-gragjani-se-shetaat-i-slikaat-so-mladenchinja-od-lav-foto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/protivzakonsko-i-nehumano-makedonski-gragjani-se-shetaat-i-slikaat-so-mladenchinja-od-lav-foto/#respond Thu, 30 Sep 2021 11:04:51 +0000 https://kurir.mk/?p=570676

Македонски граѓани се шетаат и сликаат со младенчиња од лав. Овој тренд на социјалните мрежи е пред се опасен, но и противзаконски. Се огласија и од Анима Мунди. Тие објавија фотографии од еден ваков случај, но тврдат дека последниве денови имало неколку вакви појави. „ИТНО бараме надлежните институции да спроведат истрага и да ги најдат и најстрого казнат сите оние кои во последните неколку дена се сликаат со младенчиња од лав како да се експонати, титули наместо диви животни заштитени со закон! Кој дозволил влез во државата на младеничиња од лав? Кои институции се вмешани во ова бесрамно кршење на закон?“ - велат од здружението за заштита на животни. Од таму бараат одговори од министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, МВР, МЗШВ и Агенцијата за храна и ветеринарство. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/protivzakonsko-i-nehumano-makedonski-gragjani-se-shetaat-i-slikaat-so-mladenchinja-od-lav-foto/feed/ 0
Силјановска потпиша Меморандум за разбирање и соработка со Анима Мунди https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/siljanovska-potpisha-memorandum-za-razbiranje-i-sorabotka-so-anima-mundi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/siljanovska-potpisha-memorandum-za-razbiranje-i-sorabotka-so-anima-mundi/#respond Sun, 12 Jul 2020 13:01:34 +0000 https://kurir.mk/?p=374551

Денеска потпишав Меморандум за разбирање и соработка со Анима Мунди-Здружение за заштита на животни, во кој како голем љубител на животните и вдомувач на куче и маче се согласив во иднина да соработувам во спроведувањето на следните барања на Здружението: 1. Унапредување на правната заштита на животните преку измена и суштинско дополнување на Законот за заштита и благосостојба на животните во првата година од мандатот на новата Влада на РМ. 2. Усвојување на јасна и децидна законска забрана за еутаназија како механизам за справување со бездомната популација животни (освен на неизлечливо болни единки), затоа што непостоењето на децидна забрана дава можност за произволност, нехуманост и масовно усмртување што во Р.М. се испостави како практика. За решавање на проблемот со прекумерната бројност на бездомните кучиња ќе се применува исклучиво стратегијата на масовна стерилизација (во светот позната како залови – стерилизирај – врати) заедно со низа други мерки кои подразбираат одговорно сопствеништво на миленици и контролирана трговија со истите. 3. Позитивна национална кампања во соработка со граѓанскиот сектор за заштита на животни и инволвирање на здруженијата во управувањето и работењето на стационарите. На здруженијата да се гледа како на активни партнери на институциите надлежни за проблемот со бездомни кучиња 4. Континуирани Програми за промоција на концептот на одговорно сопствеништво, важноста од стерилизација, вакцинација, идентификација и регистрација на домашните миленици. Оданочување на оние кои продаваат миленици и кои неконтролирано ги размножуваат, оданочување на сопствениците кои купиле миленик и го чуваат некастриран/нестерилизиран, а ослободување од данок за оние кои ќе вдомат миленик затоа што помагаат во заедницата да се намали бројноста на бездомни животни и привилегии за сите кои ги стерилизираат сопствените миленици. Собраните средства од оданочувањето да бидат наменети за заштита, лекување, стерилизација/кастрација на бездомни животни и субвенционирање на кастрации/стерилизации за сопствениците кои ќе вдомат бездомно животно. 5. Најстрого ограничување и контрола на слободната продажба на високотоксични материи, кои се злоупотребуваат за труење на животни и со чија примена силно се загрозува и безбедноста на граѓаните. 6. Зголемување на казната за мачење на животно во рамки на Кривичниот закон како и унапредување на СПРОВЕДУВАЊЕТО на член 233 (Мачење животни) од Кривичниот законик на РМ. Задолжително е да стане практика сторителите на кривични дела кои резултирале со мачење и/или убиство и/или каква било друга форма на злоупотреба на животно да бидат соодветно казнети. 7. Промоција на растителната исхрана во контекст на заштита на човековото здравје и превенција на најсмртоносните болести на денешницата, намалување на гладот и нееднаквоста како во светот, така и во РМ. Задолжително воведување на растително мени како опција во сите јавни институции – здравствени и образовни установи (болници, градинки, училишта, студентски домови и сл) ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/siljanovska-potpisha-memorandum-za-razbiranje-i-sorabotka-so-anima-mundi/feed/ 0
Спасени три волчиња https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/spaseni-tri-volchinja/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/spaseni-tri-volchinja/#respond Mon, 22 Jun 2020 10:40:41 +0000 https://kurir.mk/?p=360790

Спасени три младенчиња волци од страна на Здружението за заштита на животни „Анима Мунди“, со помош на Државниот инспекторат за ловство. Оттаму велат дека среќата не може да се опише кога ќе се спаси живот, особено кога исходот на постапките е неизвесен до самиот крај и не зависи само од нас. – Уште повеќе затоа што станува збор за животот на диви животни, кои во Македонија се третираат како закана, опасност, нешто што смее и се поттикнува да се убие – велат од „Анима Мунди“. Од здружението изразија благодарност до инспекторите Зоран Вуиќ, Петар Џима и Ромео Саздановски од Државниот инспекторат за ловство, со чија помош биле спасени три младенчиња волци. – Потврдуваме дека волчињата се на сигурно. Волкот е богатство на нашите шуми и планини, совршенство на природата, интелигентно, храбро, верно животно кое гради силни социјални врски (живот го минува најчесто во моногамна врска со еден партнер, се грижи и до две години за своите младенчиња) и не е никаков штетник. Бараме итно да се укине таквиот срамен статус кој го има во Македонија, со кој како вид го доведовме до раб на истребување. Штетници не се волците туку оние кои ги гонат, деградираат нивните живеалишта, им упаѓаат во животната средина наоружани до заби и кои ги убиваат или одземаат нивните младенчиња од забава и за профит- велат од „Анима Мунди“. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/spaseni-tri-volchinja/feed/ 0
Сопствениците на миленици бараат измени на забраната за движење поради физиолошките потреби https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sopstvenicite-na-milenici-baraat-izmeni-na-zabranata-za-dvizenje-poradi-fizioloshkite-potrebi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sopstvenicite-na-milenici-baraat-izmeni-na-zabranata-za-dvizenje-poradi-fizioloshkite-potrebi/#respond Fri, 27 Mar 2020 10:59:13 +0000 https://kurir.mk/?p=323023

Здружението за заштита на животните „Анима Мунди“ бара допрецизирање на отстапка во рамки на изречената Забрана  за движење, а која се однесува на  лицата кои имаат миленици и мораат да ги изнесат надвор. Тие бараат да биде дозволено милениците да можат да ги прошетаат по 21 часот, поради физиолошки потреби на животните. -Многу повозрасни граѓани, кои неретко живеат сами, имаат миленици, кои поради извршување на физиолошки потреби мора да бидат прошетани неколку пати во текот на денот, не само наутро, а некогаш и подоцна од 21 часот, велат од „Анима мунди“. Од здружението информираат дека нивното барање е доставено до Владата и министерот за здравство Венко Филипче, но се уште не добиле одговор. Од „Анима Мунди“ појаснуваат дека со забраната за движење се засегнати минимум 80 илјади сопственици на миленици територијата на Македонија кои немаат начин да го изнесат својот миленик ниту по 10 минути по временски период од 21 часа, што, пак, е неопходно тие да ги извршат физиолошки потреби. Здружението предлага мерката да биде регулирана по пример на другите држави,како на пример Србија, Грција и Шпанија. -Исто така бараме јавно да биде соопштено од министерот за здравство, Венко Филипче дека милениците и бездомните кучиња и мачки не го пренесуваат коронавирус (Ковид -19), како што соопштува Светската здравствена организација, со цел да се избегне создавање паника кај населението и непотребно дефокусирање од потребните мерки за справување со понатамошно ширење на вирусот, велат од „Анима Мунди“. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sopstvenicite-na-milenici-baraat-izmeni-na-zabranata-za-dvizenje-poradi-fizioloshkite-potrebi/feed/ 0
Анима Мунди: Не ни се проблем животните – институциите ни се проблем, но нема кој да го санкционира нивното неработење! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/anima-mundi-ne-ni-se-problem-zivotnite-instituciite-ni-se-problem-no-nema-koj-da-go-sankcionira-nivnoto-nerabotenje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/anima-mundi-ne-ni-se-problem-zivotnite-instituciite-ni-se-problem-no-nema-koj-da-go-sankcionira-nivnoto-nerabotenje/#respond Fri, 29 Nov 2019 10:17:35 +0000 https://kurir.mk/?p=270969

10 Лајки не можат да ја поправат штетата нанесена на животните, граѓаните и градот со запирањето на програмата за масовна стерилизацијата на бездомните животни во Скопје од месец април и непонудената алтерантива за спроведување на истата (пр. во соработка со активисти, локални ветеринарни станици, дистрибуција на ваучери за бесплатна стерилизација, мобилни ветеринарни служби), игнорирањето на укажувањата и барањата на здруженијата кои сопствените знаења, искуства и ресурси ги нудат за справување со проблемот. Нема кој да ги чуе, освен пред избори. Ова го порачуваат од Анима мунди, здружение за заштита на животните. Нивното обраќање го пренесуваме во целост:  Aј што градот молчи, туку АГЕНЦИЈА ЗА ХРАНА И ВЕТЕРИНАРСТВО КАКО ДА НЕ ПОСТОЈАТ, иако се надлежниот орган кој треба да ја процени состојбата во која се наоѓаме и укаже на нејзината сериозност, понуди надминување и да го санкционира Град Скопје. СО КОГО И СО ШТО СИ ИМАМЕ РАБОТА МОЖЕ ДА СЕ ЗАКЛУЧИ И ПО НИВНОТО ИГНОРИРАЊЕ НА СЕКОЈ НАШ МЕЈЛ, ВО СЛУЧАЈОВ НАША ПОНУДА ЗА ПОМОШ И ДОЗВОЛА ДА СТЕРИЛИЗИРАМЕ БЕЗДОМНИ ЖИВОТНИ ВО СКОПЈЕ. Прочитајте го мејлот кој е испратен на АХВ и директорот Зоран Атанасов каде нудиме помош во стерилизации на бездомни кучиња, за што бараме дозвола – зошто здруженијата се изложени на притисоци и инспекции доколку стерилизираат бездомни животни. Потенцираме на јавноста – АХВ „мува не ги лази“ и не одговараат на нашите барања да ни се дозволи да вршиме стерилизација на бездомните животни, и тоа сега додека е градот по ова прашање во комплетен колапс. Оваа Монти Пајтон приказна е својствена само во Македонија, за ваквото безредие на Балканот, Европа, сите ни се чудат! За останатиот свет активистите се слика на хумана и цивилизирана Македонија, додека општините и институциите (АХВ) се перцепираат како неспособни, нехумани и корумпирани. ЈАВНОСТА МОРА ДА ЗНАЕ ДЕКА НЕ НИ СЕ ПРОБЛЕМ ЖИВОТНИТЕ - ИНСТИТУЦИИТЕ НИ СЕ ПРОБЛЕМ, но нема кој да го санкционира нивното неработење! Директорот на АХВ Зоран Атанасов должи објаснување на јавноста дали не смета дека стерилизирањето на бездомните животни е итно и важно, со цел да се обезбеди заштита на граѓаните, животните, да се заштедат пари (НАД 200 000 ЕВРА) кои градот ги фрла годишно на отштети за каснување од бездомно куче. Активистите трчаат по улици, вдомуваат, и со сопствени напори и пари се обидуваат да ги вратат работите под контрола. Истиве институции се први да ги малтретираат и казнуваат хуманите граѓани: сопствениците на миленици за мирно куче без маска, луѓе кои сакајќи да помогнат згрижуваат и самостојно стерилизираат бездомни животни, здруженија кои, според нивното гротескно толкување на законот не смејат да стерилизираат – но без исклучок меѓусебно си се покриваат и штитат кога нивната ноншалантност, неспособност, незаинтересираност е повеќе од евидентна. Не им е гајле што се предизвикува опасност, штета и што се трошат парите дадени од наш џеб! ПОТСЕТУВАМЕ: Секоја една нестерилизрана единка во просек раѓа некаде од 16 до 20 кутриња. Да претпоставиме дека половина од родените се исто женки (8 до 10 женки) – веќе од само едно женско куче и потомството создадено во една година имаме 120 до 200 млади, репродуктивно способни единки на улица. Од сто нестерилизирани женки, градот во една година продуцира нови од 12 000 до 20 000 единки на улица. Немањето интерес, знаење, концептисенс продуцира НАЈМАЛКУ 6 000 нови кучиња во Град Скопје за само половина година. Анима Мунди залудно се обидува да обезбеди помош за животните, за граѓаните, за државата, кога на крај сè е законски оневозможено. Ова треба да го знаат сите оние кои бараат виновник зошто со децении не е решен проблемот со бездомните кучиња. И сите оние кои веруваа во ветувањата дека нешто на добро ќе се промени. Бараме одговорност!]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/anima-mundi-ne-ni-se-problem-zivotnite-instituciite-ni-se-problem-no-nema-koj-da-go-sankcionira-nivnoto-nerabotenje/feed/ 0
Анима Мунди до Шилегов: Место да не броите нас избројте ги убиените животни, платените отштети и глутниците кои вашето неработење ги создаде на улиците https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/anima-mundi-do-shilegov-mesto-da-ne-broite-nas-izbrojte-gi-ubienite-zivotni-platenite-otshteti-i-glutnicite-koi-vasheto-nerabotenje-gi-sozdade-na-ulicite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/anima-mundi-do-shilegov-mesto-da-ne-broite-nas-izbrojte-gi-ubienite-zivotni-platenite-otshteti-i-glutnicite-koi-vasheto-nerabotenje-gi-sozdade-na-ulicite/#respond Thu, 10 Oct 2019 14:26:01 +0000 https://kurir.mk/?p=250208

Повеќе од половина година се оправа, доправа, па одново конструира и гради стационар Вардариште, помпезно најавувано преку отворање на ново ЈП претпријатие Лајка. Реалноста ги демантираше сите ветувања на Шилегов и сите наши надежи кои се темелеа врз неговото писмено и јавно обврзување за хумано, ефикасно и трајно решавање на сериозниот комунален проблем, прекубројноста на бездомните животни, ова преку реакција до јавноста денеска го истакнаа од Анима Мунди. -Жалиме што повторно мора да се обраќаме вака јавно, затоа што поинаква комуникација и не е можна со градоначалникот Шилегов и неговиот кабинет, администрација која дефинитивно заборавила што значи и која е улогата на граѓанскиот сектор. А до вчера беа пикнати по невладини. Градоначалнику Петре Шилегов, на наши реакции – укажувања/аргументи/предлог итни мерки и барања не одговoривте ниту еднаш, но во телевизиска изјава гледаме навлегувате во големината (бројноста), јачината и моќта на Анима Мунди: “ Не се веќе Анима Мунди ни толку моќни ни толку големи колку што ги зборуваме, ама тоа е друга тема “ , велат од здружението. Тие додаваат место да не броите нас градоначалнику Шилегов ви препорачуваме да се позанимавате со една проста математичка операција за која сте платен со народни пари. Секоја една нестерилизрана единка во просек раѓа некаде 16 до 20 кутриња годишно (2 парења). Да претпоставиме дека половина од родените се исто женки (8 до 10 женки) – веќе од само едно женско куче и потомството создадено во една година имаме 120 до 200 млади, репродуктивно способни единки на улица. Од сто нестерилизирани женки, градот во една година продуцира нови 12 000 до 20 000 единки на улица. Вашето немање интерес, знаење, концепт, сенс продуцира НАЈМАЛКУ 6 000 нови кучиња во Град Скопје за само половина година. Ова е математиката која би го интересирала и уплашила секој одговорен градоначалник, но тоа не сте вие. -Петре Шилегов - без доверба кај граѓаните, политичарите се само трговци, ама лоши. Не ги испочитувавте ветувањата дадени на граѓаните, кои ве гласаа. Барањата добиени од Анима Мунди, врз основ на кои ветувавте и ги полневте вашите политички памфлети. Немате сенс за важноста на оваа проблематика ниту пак елементарна политичка свест и ширина да ги инволвирате и послушате оние кои знаат и имаат искуство. Не ви е гајле за проблемот кој го продлабочивте – во последните 12 години вие сте единствениот градоначалник кој во период од 6 месеци не реализирал ниту една стерилизација на бездомно куче, и сте одговорен за креирање на нови чопори низ главниот град, масовни труења и убиства на животни. Не постои друг главен град во Европа кој направил комплетен застој на програмата залови – стерилизирај - врати повеќе од половина година. Што градот плаќа отштети за каснувања наместо да врши стерилизации (превенира/решава проблем и воспоставува контрола), вас мува не ве лази. Да ги следевте нашите укажувања до сега ќе имавте силна контрола врз овој комунален, здравствен, етички проблем, ќе гарантиравте бенефит за сите и граѓаните и животните и ќе добиевте поддршка, потнцираат од Анима Мунди. Тие додаваат дека фотељата ви е премногу комфорна, зошто казните ги плаќаме ние граѓаните од свој џеп, буџетот на Град Скопје, а животните со своите животи. Не ви се имаме посветено вам бидејќи во државата има далеку посериозни проблеми во третманот со животните, а вашата оперативност Петре е спорна колку за добро, толку и за лошо, или „радикално“ како што милувате да кажете вие. А за секое „радикално“ решение кое тук таму го спомнувате знајте дека можеме од канцеларија ќе ве извадиме и тоа во само еден ден. Во град во кој третина од населението се љубители на животни во тоа бидете уверени, стои во јавното обраќање на активистите на Анима Мунди.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/anima-mundi-do-shilegov-mesto-da-ne-broite-nas-izbrojte-gi-ubienite-zivotni-platenite-otshteti-i-glutnicite-koi-vasheto-nerabotenje-gi-sozdade-na-ulicite/feed/ 0