„Анимакс Скопје фест“ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 24 Dec 2021 07:10:48 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png „Анимакс Скопје фест“ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Почнува Меѓународниот филмски фестивал „Анимакс Скопје Фест“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/pochnuva-megjunarodniot-filmski-festival-animaks-skopje-fest/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/pochnuva-megjunarodniot-filmski-festival-animaks-skopje-fest/#respond Fri, 24 Dec 2021 07:10:48 +0000 https://kurir.mk/?p=612383

Под мотото „Каде бајките оживуваат“ ќе се одржи 12. издание на Меѓународниот филмски фестивал за анимирани филмови „Анимакс Скопје Фест“. На Фестивалот ќе бидат прикажани 25 анимирани филмови во официјалната програма и девет анимирани филмови наменети за детската публика. Филмовите во официјална конкуренција се избрани од огромен број анимации, меѓу кои и од Франција, Велика Британија, Германија, Шпанија, Русија и Бразил. Голем дел од филмовите кои се борат за „Златната тула“ се носители на престижни награди, победници на филмски фестивали од А категорија. Годинашната жири комисија ја сочинуваат Мими Ѓорѓовска Илиевска, Лазе Трипков и Илчо Симовски. Официјалната програма почнува во 20 часот, а проекцијата на филмови за деца ќе се одржи утре со почеток од 17 часот кога публиката ќе има можност да гласа за најдобриот филм за деца. „Анимакс Скопје Фест“ е прв фестивал на анимиран филм во земјава. Целта е да се подигне свеста и културата за анимираните филмови за возрасни и деца. Фестивалот го организира продуцентската куќа „Аурипигмент“, во соработка со филмското училиште Тинтири-Минтири од Скопје и Кинотека на Македонија и со поддршка од Град Скопје. Фестивалот ќе се одржи во Кинотеката, а проекциите се бесплатни.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/pochnuva-megjunarodniot-filmski-festival-animaks-skopje-fest/feed/ 0
Почнува 8. „Анимакс Скопје фест“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/pochnuva-8-animaks-skopje-fest/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/pochnuva-8-animaks-skopje-fest/#respond Thu, 29 Nov 2018 06:50:10 +0000 https://kurir.mk/?p=133398

Под мотото „Не понекогаш. Засекогаш. Анимакс Скопје фест“, од денеска до 2 декември во Кинотеката на Македонија ќе се одржува 8. Меѓународен филмски фестивал за анимирани филмови „Анимакс Скопје фест“. Во четирите фестивалски денови ќе бидат прикажани 62 филма – 50 краткометражни и 12 филмови за деца во официјална конкуренција. Тие се избрани од пријавените рекордни  3.234 анимации од 83 земји во светот, меѓу кои најголем број од САД, Англија и Франција, но и од Германија, Индија, Иран, Шпанија, Русија, Бразил.  Голем дел од филмовите кои ќе бидат во трка за нагадата „Златна тула“ се носители на престижни награди, победници на филмски фестивали од А категорија. Официјалната програма на фестивалот со прикажување на филмовите ќе почнува во 20 часот. Билетите за проекциите се по цена од 50 денари. Филмовите за деца ќе се прикажуваат викендот на 1 и 2  декември со почеток во 12 часот. Публиката ќе има можност да гласа за најдобриот филм за деца и да го избере победникот. Проекциите за деца се бесплатни. Во рамки на фестивалот ќе бидат организирани две работилници за анимација наменети за деца. „Анимакс Скопје фест“  е во организација на продуцентската куќа „Аурипигмент“, во соработка со филмското училиште „Тинтири-Минтири“ и Кинотека на Македонија и со поддршка од Агенција за филм и Град Скопје.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/pochnuva-8-animaks-skopje-fest/feed/ 0