анита ангелевска – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 28 Feb 2018 11:57:41 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png анита ангелевска – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ВРЕМЕ Е ЗА ПРОМЕНА НА НАРАТИВОТ https://arhiva.kurir.mk/kolumni/vreme-e-za-promena-na-narativot/ https://arhiva.kurir.mk/kolumni/vreme-e-za-promena-na-narativot/#respond Wed, 28 Feb 2018 11:57:41 +0000 http://kurir.mk/?p=25689

Историцизмот го создале и проповедале првенствено мислители кои припаѓале на нации за кои историјата никогаш не била континуирано насилство. Елијаде логично размислува дека тие и можеби ќе прифателе некоја друга перспектива, да припаѓале на нации обележани од „фаталноста на историјата“. Оттаму, многу значајно е прашањето дали теоријата според која се што се случува е „добро“, токму затоа што се случило, би била лежерно прифатена од мислителите на Балтичките земји, на колониите или на земјите на Балканот, каде што сме и ние - Македонија. Значи, ни оддалеку не е добро она што и се случува во моментов на Македонија. Во Македонија во моментов имаме класично насилство на историјата - преку штетните договори (прифатениот со Бугарија, оној што ќе следува, како што Заев сам се надева со Грција, а не е чудно да има и други) што ги прифаќа Заев и неговата присобрана Влада. Егзистенцијата, исто така, станува се понесигурна заради делувањето на историјата (фокус 3-6-9 тотално беспредметен и без резултат) - економските параметри се очајни и само Заев може со неговите „добро одбрани експерти“ да прикаже раст од -0,5 %, а тоа нормалниот свет го именува како рецесија, но и позициите на историцизмот се повеќе се разнишуваат. Страшно, ама Заев е во состојба според дадените ветувања (а неговите напори очигледни, иако страшно невкусни), преку злоупотребувањето и изместувањето на историјата, да го направи тоа што ни Космосот, ни човекот, ни случајноста не успеале да го направат и да го сторат до сега (уништување на еден цел човечки род), а за жал можеби во моментов присуствуваме на очајнички обид за забрана на „настаните на историјата“. Дилемите што се појавуваат, се разбира во консултација на последните проучувања, се однесуваат на неколку аспекти: модерниот човек кој ја прифаќа историјата или претендира да ја прифати (Заев не само што се декларира како модерен, туку тој се именува себе си и делува како создадел, а потаму ќе видиме дека тоа не можно!), може да му префрли на архаичниот човек, затвореник на митскиот хоризонт на архетипите и на повторувањето, за неговата творечка немоќ (нерешавање на проблемот што го има Грција со нашето име, на пример итн.), за неговата неспособност да ги прифати ризиците што ги содржи секој чин на создавање. Заев е само во голема и длабока заблуда дека нешто „создава“ и само еден обичен манипулант и лажго, од кого што се страми верувам секој македонец и граѓанин на оваа Држава. Модерниот човек или човекот, може да биде создавач само ако е историски, а Елијаде е прецизен - секое создавање му е забрането, освен она што својот извор го наоѓа во сопствената слобода. Но, и тој изразува сомнеж дека се понесигурно е, од аспект на човекот на традиционалните цивилизации, а како критика упатена на адреса на модерниот човек, дека модерниот човек ќе може да ја гради историјата (лошиот обид на Заев). Напротив, колку што тој се повеќе станува модерен (прагматичен, создавач, со добра волја - како самодекларираниот Заев - односно лишен да се брани од насилството на историјата - толку ќе има помалку шанси тој да ја создава историјата. Историјата, е сепак процес кој што сам се создава, од никулците што изнедриле од дејствијата во минатото, пред многу векови и милениуми, или пак другата можност е нејзиниот стремеж е да му се препушти не еден се потесен круг луѓе - избраници кои, не само што на масата нивни современици им забрануваат директно или индиректно да интервенираат во историјата што ја создаваат - секое време создава своја историја, туку повикувајќи се на освоената власт и мнозинство (многу релативна и незначајна категорија во однос на големите и клучни прашања - историјата) сметаат Заев и неговата дружина дека смеат, имаат доволно средства на располагање (притвори, судски прогонства, информативни разговори, крајно осиромашување, губење на работно место, постојана демонстрација на сила, закани) дека можат секого од нас индивидуално да не задолжат да го понесеме товарот и последиците од таа нивна модерна сегасоздадена историја. За жал, и искуствено и учебникарски сепак останува слободата да се избира меѓу две можности, кога и се спортивставуваш на историјата што ја создаваат мал број луѓе (како сега Заев, Димитров, Шеќеринска и уште некој од дружината) да застанеш со разум, аргументи, храброст и слобода и да биде гласен, да бидеш тука, да останеш жив. (Да не мораш да избираш меѓу самоубиството и депортацијата или да бараш засолниште во потчовечка егзистенција или во бегство.) За жал, неодржливоста на Заевиот концепт, бидејќи од мајка е грешно поставен, почнува да се покажува по сите линии, па така освен малкумината, официјално испечатени на платен список (одговорни за лошиот пи ар на Заев), сите „големи мислители и авторитеи“ дури и од времето на бивша Југославија (значи потврдени „величини“) изразуваат јавен сомнеж за она што го прави нивниот надежен, модерен Заев, кој што требаше да им обезбеди живот на сите граѓани. Па, оттаму се негира правилото на марксизмот и фашизмот, дека доведуваат до востановување на два типа историска егзистенција - онаа на лидер (единствениот навистина „слободен“) и онаа на приврзаници, кои во историската егзистенција на лидерот откриваат не архетип на нивното постоење, туку законодавец на движењата што привремено им се дозволени. Веќе, единството во вопсевањето и идолатријата кон Заев, кога и не така одамна се уриваше „режимот“, громко се разнесуваше, се разгаштени и расштимани, а на крајот или тој сам - Заев или евентуално со Рада (но, тоа само како чин на дефинитивна правда, таа сеуште крие нозе, знаете како што) ќе треба да ја платат целата сметка заради тоа што бесрамно го излагаа сопствениот народ, ги изиграа граѓаните, ги превеслаа Албанците, а многу им ветуваа (некако лесно се римува канализација со федерализација!). И на централно и на локално ниво распадот е видлив, очигледен, го чувствува секој граѓанин, без исклучок, граѓанин на Македонија, на Битола. на Скопје, на Охрид, на Прилеп, на Кратово, Стругово, Бучин, Новаци ... а најповредени се тие кои им ја дадоа поддршката. Многу се надеваа - многу се излагани! На овие простори, никогаш не било проблем кој како се вика или кој јазик го зборува. Заедништвото и соживотот (со сите и посебно со Албанците), се одлика на искуството и моделите практикувани со векови, тоа е традиција, на која секогаш кога некој сака да не скара и вознемири, почнува да не учи (само поинаку именувајќи го нашиот модел), па дури и да не кара. Да не дозволиме да не сомеле безумието, оти сме биле праведни и кога сме пишувале манифести (Илинденскиот), кога сме кревале востанија, кога заедно сме се бореле против тие што дрско посегнувале кон тоа што не е нивно. Заедно сме крвареле во Илинденското востание, во НОАФБ и за жал заедно се сопнуваме сите овие безмалку три децении да бидеме Држава. Тоа мора да престане !!!]]>

https://arhiva.kurir.mk/kolumni/vreme-e-za-promena-na-narativot/feed/ 0
НЕМА СМРТ ДОДЕКА ЅВОНИ https://arhiva.kurir.mk/kolumni/nema-smrt-dodeka-dzvoni/ https://arhiva.kurir.mk/kolumni/nema-smrt-dodeka-dzvoni/#respond Mon, 22 Jan 2018 09:00:52 +0000 http://kurir.mk/?p=13796

„Ако признаеме дека работите се такви како што се од неопходност, односно дека не се произволни ниту резултат на некоја случајност, воедно согледуваме дека тие треба да бидат такви какви што се“, пишува Хегел во својата студија за германското уредување. Концептот за историската неопходност, еден век подоцна, ќе ужива уште поголем триумф во секојдневието: навистина, сите суровости, заблуди, скршнувања и трагедии на Историјата, биле и се уште се оправдани од потребите на „историскиот момент“. Најверојатно, Хегел бил решен да се помири со сопствениот историски момент, едноставно бил натеран во секој настан да ја согледа волјата на Универзалниот дух. Токму поради тоа „читањето на утринските весници го сметал како реален благослов на утрото“. Многу е логично, само со секојдневниот брифинг да се обиде да го ориентира однесувањето на човекот во неговиот однос со светот и со Бога. А, што ни се случува нам? Што ни покажува секојдневниот брифинг, дневен печат веќе и како да не постои, ама тука се порталите, на кои се лиферуваат вести, кои секого од нас, секој човек во Македонијава, го шокираат одново и одново, така што просто, немајќи време да се одболува едниот, веќе те заплиснал нов шок. Иако, тоа може да важи слободно и за светот - глобалното село, зашто и таму горе - долу, ситуацијата е идентична. Од сите страни добиваме небулозни вести и информации, а се повеќе почнувам да верувам дека нивната стравотија, веќе ги прави дури и нереални. До таму се менаџира колективната безнадежност и безсперспективност, што повеќе  никого и ништо не го изненадува. Тоа што политиката користи грешни терминолошки изјави, тоа што политичарите зборуваат невистини, изговараат евфтини дневно - политички пароли, тоа што еден самонаречен избраник од Муртино нема никаква претстава што значи јазикот за еден народ и Македонија, на крајот и не е најголемата трагедија. Не е и најстрашно, тоа што Тричко, Геро и уште некој од тој таканаречен новинарски маштаб со децении го тероризираат македонскиот јавен простор, апологетски настроени кон нешто што е неодбранливо и што предизвикува само мачнини во желудникот и дијареа, во зависност од тоа кој колку индивидуално е отпорен. Нивната појава и делување се валоризирани, точно и прецизно. Во овој дел, сепак, не може да биде одминат фактот, на кој што никој не смее и не треба да биде рамнодушен, безочно и без тронка достоинство, со огромен недостаток на основно воспитание и добро однесување, се распнуваат и така малкуте, главно жени, на мое огромно задоволство, кои аргументирано, одважно, објективно и со факти, зборуваат вистина за законот за јазиците. Една работа треба да биде запомнета, а тоа е дека со никакви декрети, агитпроп методи, со никакви договори и пазарења не може да биде уништен еден јазик, кој што е мајка и е во основата на писменоста на еден простор од Северниот леден Океан до Атон и Синајскиот Полуостров на југ и од Уралските планини до Јадранското Море на запад. Јазикот е еден од најсилните симболи на постоењето, најсилната меморија на човекот, а оттаму и длабински механизам на кодирање, своевиден ген. Ако тргнеме од логиката на Сосир, кој им ги спротивставува симболите на конвенционалните знаци, истакнувајќи ги во прв ред нивниот иконички елемент, не може да се очекува дека натуреното решение, стигматизацијата на македонскиот јазик, со новиот закон за уназадување (унапредување не е никако!!!) на јазиците, не може да резултира со природна состојба, не може еден договор да ги изместува природните закономерности, а најмалку може да им помогне на почитуваните Албанци - жители на Република Македонија, во унапредувањето на вистинските нивни реални права, во подобрувањето на квалитетот на нивниот живот, во решавањето на нивните непосредни животни потреби. Јазикот како важен елмент на културната меморија ги пренесува информациите, текстовите, шемите на сижеата, кои го овозможуваат траењето и постоењето. Јазикот како симбол, постои пред дадениот текст и независно од него. Тој е во длабочината на културното паметење и секогаш одново оживува како семе кое паѓа во нова почва. Оттаму никакви закони, никакви декрети, никакви договори, бидете спокојни, ништо не му можат. Но, тоа не ја исклучува потребата од постојаното потсетување, од именувањето на работите со вистинските зборови, од држењето исклучиво до аргументите и вистината. А, тие, мои Македонци, се на наша страна, од памтивек!!! Борбата траела со векови, продолжува и СЕГА! д-р Анита Ангелевска ]]>

https://arhiva.kurir.mk/kolumni/nema-smrt-dodeka-dzvoni/feed/ 0
Демонтажа на човекот- тероризам врз достоинството https://arhiva.kurir.mk/kolumni/demontaza-na-chovekot-terorizam-vrz-dostoinstvoto/ https://arhiva.kurir.mk/kolumni/demontaza-na-chovekot-terorizam-vrz-dostoinstvoto/#respond Wed, 27 Dec 2017 11:48:56 +0000 http://kurir.mk/?p=3107

Индивидуализмот е мртов, да живее индивидуата. Колективитетот станува галиматијас, кој што од сите страни го напаѓа човекот и силно го турка во негово отчовечување. Индивидуата во ова време на привидна слобода, самата се оковува во синџирите на „слободата“, првенствено преку наједноставниот начин што е во позиција директно и непосредно да учествува во јавно кажаниот збор и мислење, да тоне во нејаснотијата на разумското расудување, да талка по логиката, а да е постојано далеку од смислата. Рациото и идејата во основата барем, се спротивставени по својата природа, а со молњевитото модернизирање на технологиите, глобализацијата, се нарушуваат сите правила на комуникацијата, а таа безмалку се одвива со такви шумови, кои на крајот завршуваат со комплетна глувост. Финалето од сето тоа е оневозможена комуникација, отсутен дијалог, невозможност за восприемање на било какви информации, зачауреност во личните убедувања, осуденост со комплетно отсуство во процесот на расудување, а не дај Боже да стане збор за учество во процесот на носење одлуки, преземање чекори или било која форма на некаков personal management. Тоа не постои, особено не, во опкружување каде пеењето на химната на родената држава е највисок терористички чин, каде политичката одмазда се сведува на најсуптилни форми на притисок, од кои највисоко рангирана е обвинение за тероризам. Механизмот е понижување, кастрација на чувствата, убивање на достоинството, убивање на човекот во човека. Страв и немир, кој што постојано те држи во состојба на стрес, со последици врз комплетната психофизичка кондиција (здравјето го заменува болеста). За примери се одбрани, како во литературен текст, вистински јунаци, личности, кај кои е потврден индивидуализмот (пеачи, глумци, доктори, режисери, хејтери, пратеници и ликови во своите средини препознатливи по своето дејствување), зашто во показната вежба целта е ние „малите“, „обичните“ луѓе да посегнеме по старото правило и да бидеме поучени од туѓите грешки, а тоа веќе знаете што значи. Молк, стутканост, апатија. Сето ова, ме упатува на расказот на Петре М. Андреевски „Мост“ (како си го минирав татка). Овој текст ги сублимира можеби сите болки на нашава сегашна животна сцена, зашто она што се случува како сегашнина, може комплетно да се именува преку толкувањето на текстот. Книжевноста првенствено, нели е еден од начините да го претставува животот и човекот, да ги адресира прашањата, недоумиците, а често и ги најавува одговорите. Краткото фабуларно претставување на „Мост“ (како си го минирав татка) е ова: во војна кога непријателот треба да биде задржан во повлекувањето, еден од ревносните младичи, добива задача да го урне мостот. Но, уривајќи го мостот, тој е директен извршител на чинот таткоубиство. Тоа во моментов, почитувани, ни се случува сега и овде, ни се случува нам. Најраспространетата симболика на мостот е средство што овозможува премин од еден до друг брег. Тоа е премин од земјата на небото, од човечка во натчовечка состојба, од минливост во бесмртност, од чувствителен во натчувствителен свет (Ганон) ... Преминот преку мостот често има значење и на иницијациско патување. Кај Шевалие и Гербран, мостот, исто така, се идентификува со оската на светот во различни облици, а особено во облик на скалила, во случај каде тој треба да се смета за вертикален. Опстанокот во целост по идентитетска линија е во прашање, преку прецизен личен атак врз човекот, а со тоа и колективитетот станува мртов. Со рушењето на мостот, со таткоубиството, веќе нема сомнеж за финалниот исход. Нам, на сите без исклучок овде, се прави обид да ни биде одземена можноста да го минеме мостот, зашто со сите репресии сега, па и движења, сите сили се концентрирани да ја уништат, неутрализираат силата на вербата, од која пак, е директно условено преминувањето. Според Куранот, некои го преминуваат мостот за сто, други за илјада години, само што овој пат интензивно се работи на негово минирање и се чека на моментот да се активира детонаторот. Овде, станува збор, за однапред одземена можност, преку чинот на себеоткажување. Во една Велшка митска приказна Кралот Бран легнал во магичната река Шанон, од едниот до другиот брег, а преку неговото тело поминале војските. Оттаму, можеби потекнува сентенцата „нека секој водач е мост“. Ама, за жал на сите, Заев ни оддалеку не е водач, туку растроен лик, кој што од петни жили се обидува да го повлече детонаторот и да го сруши мостот. А, што претставува чинот таткоубиство, е повеќе од јасно. Убивање на генерацијата, поседувањето, вредноста. Симболички таткото ја претставува и свеста наспроти инстиктивните пориви, спонтаното воодушевување, несвесното; тоа е светот на традиционалниот авторитет наспроти новите сили на промената. Свеста овој пат е конструираниот план и намера што Заев ги спроведува за да го негира, основниот човечки порив, инстинктот на ниво на несвесното - спознатиот идентитет, потврденото самопознавање, бидувањето. Во митовите за потеклото, таткото се воздигнува во творец на културата, во еден сеопшт, широк контекст на идентитетското прашање. Во расправата на Пол Рикер „За толкувањето“ (Париз, 1966) богатството на симболот на таткото му го припишува особено на неговиот потенцијал за трансенденцијата. Таткото - лик во симболиката е помалку како творец еднаков со мајката, а повеќе  како законодавец. Тој е изворот на институцијата; како господарот и небото, тој е слика на организираната, мудрата и праведната трансенденција; според вообичаената инверзија во симболиката, првиот татко станува Бог кој доаѓа; истовремено им припаѓа на минатото и иднината; генерацијата станува регенерација, потомството раѓа ново потомство со сите аналогни значења на терминот. Таткоубиецот Заев, ги разнебити институциите (од прва до последна - особено оние чие номинално постоење се правото и правдата), со сите сили секојдневно работи на менување на минатото и уништување на иднината, за да ја оневозможи за навек регенерацијата. Операцијата е опасна, колку ќе успее, повторно зависи од секого од нас, поединечно. Никој од нас не може да биде поштеден и отповикан од одговорност за „сопствената смрт“. Со таткоубиецот Заев Македонија оди напред кон сопствениот амбис, затоа треба што побрзо тој да биде оневозможен да остане „политички жив“. Не треба повеќе ниту ден да потроши на обезбедување економски раст, повисок животен стандард, слобода, демократија, владеење на правото, добрососедски односи и интеграција на Република Македонија во ЕУ и НАТО, тој дефинитивно покажа, дека тоа НЕ МОЖЕ и НЕ ЗНАЕ, да им го обезбеди на граѓаните на Република Македонија. д-р Анита Ангелевска (авторот е доктор на Филолошки науки и советник во Советот на Општина Битола од редовите на ВМРО ДПМНЕ)​]]>

https://arhiva.kurir.mk/kolumni/demontaza-na-chovekot-terorizam-vrz-dostoinstvoto/feed/ 0