Анита Ангеловска-Бежоска – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 21 Oct 2023 09:09:09 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Анита Ангеловска-Бежоска – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Ангеловска-Бежоска ‒ Дрекслер: Народната банка има високо ниво на усогласеност со европската регулатива https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/angelovska-bezhoska-dreksler-narodnata-banka-ima-visoko-nivo-na-usoglasenost-so-evropskata-regulativa/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/angelovska-bezhoska-dreksler-narodnata-banka-ima-visoko-nivo-na-usoglasenost-so-evropskata-regulativa/#respond Sat, 21 Oct 2023 09:09:09 +0000 https://kurir.mk/?p=891542

Народната банка е посветена на усогласувањето на домашната регулатива и на практиките во своето работење со законодавството и рамката на Европската Унија, при што од големо значење е соработката со институциите од Сојузна Република Германија, било посочено на средбата одржана помеѓу гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска, вицегувернерите на Народната банка и амбасадорката на Сојузна Република Германија, Петра Дрекслер. Во изминатите години, како што било посочено на средбата, се остварува плодна соработка на нашата централна банка со Централната банка на Германија (Дојче бундесбанк), преку која се обезбедува поддршка за зајакнување на институционалните капацитети преку унапредување на аналитичките алатки и политиките и преку пренесување на најдобрите меѓународни и европски стандарди во националните практики. -Според годишниот извештај на Европската комисија, Народната банка има високо ниво на усогласеност во областа на монетарната политика со европската регулатива, како и во доменот на банкарскиот систем. Но, европската регулатива постојано се унапредува и оттаму неопходно е да се држи чекор со овие регулаторни новини, било истакнато на средбата. Европските перспективи, како што е нагласено во соопштението од НБ, се од големо стратегиско значење за Народната банка. Оттука, Народната банка е активно ангажирана во изработката и спроведувањето на редовните економски реформски програми и други стратегиски документи за интеграција во ЕУ. -Истовремено, Народната банка постојано работи на навремено воведување на европските стандарди во доменот на финансискиот систем. Ова е препознаено од релевантните европски институции. Според нивните оцени, Народната банка има високо ниво на усогласеност во подрачјата што се во нејзина надлежност, особено во доменот на банкарскиот систем. Така, Европската комисија во 2021 година утврди дека воспоставената супервизорска и регулативна рамка за основањето и работењето на банките е во согласност со стандардите пропишани во Европската Унија. Слична е и оцената на Комитетот на експерти на Советот на Европа за спречување перење пари и финансирање тероризам („Манивал“), со која е потврдено дека системот за лиценцирање и супервизија на Народната банка ги исполнува меѓународните стандарди за борба против перењето пари и финансирањето на тероризмот. Во сферата на платежните услуги, со новиот Закон за платежни услуги и платни системи се транспонираат голем број директиви и регулативи на Европската Унија со кои се создаваат услови за проширувањето на листата на даватели на платежни услуги и на сетот платежни услуги. Народната банка презеде бројни активности за создавање предуслови за спроведување на новиот закон, чијашто примена започна од почетокот на 2023 година, се наведува во соопштението од Народната банка. Гувернерката Ангеловска-Бежоска ѝ посакала успех на амбасадорката Дрекслер во нејзиниот мандат, како и продолжување и надградување на веќе традиционално добрата соработка помеѓу двете земји.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/angelovska-bezhoska-dreksler-narodnata-banka-ima-visoko-nivo-na-usoglasenost-so-evropskata-regulativa/feed/ 0
Ангеловска-Бежоска – Крусе: Статистичката улога на Народната банка е витална за носење соодветни макроекономски политики https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/angelovska-bezhoska-kruse-statistichkata-uloga-na-narodnata-banka-e-vitalna-za-nosene-soodvetni-makroekonomski-politiki/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/angelovska-bezhoska-kruse-statistichkata-uloga-na-narodnata-banka-e-vitalna-za-nosene-soodvetni-makroekonomski-politiki/#respond Sun, 15 Oct 2023 09:04:55 +0000 https://kurir.mk/?p=888990

Квалитетното, навремено и транспарентно извршување на статистичката функција на Народната банка е од витално значење за обезбедувањето на економската стабилност, водењето на монетарната политика и за донесувањето одлуки засновани врз информации од страна на носителите на политиките, за стопанството и за граѓаните. Народната банка, во согласност со највисокиот статистички стандард за дисеминација на податоците на ММФ – СДДС плус, редовно прибира, обработува и објавува податоци, а постојано работи и на развој и надградба во одделните статистички домени. Наскоро, Народната банка ќе започне да ги објавува кварталните финансиски сметки, со што се заокружуваат сите показатели според СДДС плус, во нејзина надлежност. За ова било разговарано на состанокот меѓу директорот на Одделот за статистика на ММФ, Алберт Крусе, и гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска и вицегувернерката Ана Митреска, одржан во рамки на Годишните средби на ММФ и Светската банка, што се одржуваат во Маракеш, Мароко. На средбата било истакнато дека Народната банка од минатата година, како дел од процесот на усогласување со меѓународните статистички стандарди, започна со објавување нов сет статистички податоци за должничките хартии од вредност. - Од овој месец, Народната банка ќе ги објави и првите податоци за кварталните финансиски сметки, со што ќе се овозможи достапност на пофреквентни информации за носителите на политиките и за согледување на движењата кај одделните сектори. Дирекцијата за статистика на Народната банка учествуваше и во состаноците од билатералната фаза на аналитички преглед, како дел од евроинтеграциите, при што беше утврдена висока усогласеност кај одредени показатели, како и план на активности за понатамошно усогласување. Во делот на екстерните статистики се прават напори за натамошно олеснување на процесот за известување преку дигитализација, информираа од Народната банка. Додаваат дека Народната банка постојано применува практики за зајакнување на транспарентноста и остварува редовна комуникација со известувачите и со корисниците на статистичките податоци. - Покрај на квалитетот, особено внимание му се посветува и на соодветното пренесување на податоците пред целната јавност, преку визуализација и публикација на текстови и статистички содржини, вклучително и на платформите од широк јавен интерес, се наведува во соопштението од народната банка. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/angelovska-bezhoska-kruse-statistichkata-uloga-na-narodnata-banka-e-vitalna-za-nosene-soodvetni-makroekonomski-politiki/feed/ 0
Ангеловска-Бежоска на Годишните средби на ММФ и СБ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/angelovska-bezhoska-na-godishnite-sredbi-na-mmf-i-sb/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/angelovska-bezhoska-na-godishnite-sredbi-na-mmf-i-sb/#respond Tue, 10 Oct 2023 07:26:39 +0000 https://kurir.mk/?p=887288

Делегација предводена од гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска и министерот за финансии, Фатмир Бесими, ќе учествува на редовните Годишни средби на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и Групацијата на Светската банка (СБ), коишто ќе се одржат во текот на оваа седмица во Маракеш, Кралството Мароко. Во составот на делегацијата на Народната банка е и вицегувернерката Ана Митреска. Во рамките на Годишните средби, гувернерката Ангеловска-Бежоска и вицегувернерката Митреска ќе одржат состаноци со високи претставници на ММФ и СБ, како и со претставници на други меѓународни финансиски институции. Економските состојби и предизвиците коишто ги донесоа неколкуте кризи во изминатите три години, очекувањата за идниот период, мерките коишто се преземаат преку монетарната политика, заложбите за поддршка на зеленото финансирање и за справување со влијанието на климатските промени, финансиската инклузија, се дел од темите коишто ќе бидат опфатени на предвидените работни средби со заменикот на генералниот директор на ММФ, Бо Ли, директорот на ММФ за Европа, Алфред Камер, извршниот директор на ММФ, Пол Хилберс и алтернативниот извршен директор, Лук Дресе. Делегацијата ќе оствари средби и со високи претставници на Светската банка, односно со Антонела Басани, потпретседателка на Светската банка, Шаочинг Ју, директорка на Светската банка за Западен Балкан и со Кун Давидсе, извршен директор на СБ за Конституенцата во која членува нашата земја. На средбите ќе се разговара за тековните состојби, како и за глобалните финансиски и геополитички движења, како и проектите на кои се соработува. Годишните средби на ММФ и СБ се платформа на која првите луѓе на централните банки и министрите за финансии од земјите членки разговараат за светската економија и политиките како одговор на предизвиците заради постигнување раст, еднаквост и напредок.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/angelovska-bezhoska-na-godishnite-sredbi-na-mmf-i-sb/feed/ 0
Средба на гувернерката со учениците кои донесоа бронзен медал од Меѓународната економска олимпијада https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/sredba-na-guvernerkata-so-uchenitsite-koi-donesoa-bronzen-medal-od-megunarodnata-ekonomska-olimpijada/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/sredba-na-guvernerkata-so-uchenitsite-koi-donesoa-bronzen-medal-od-megunarodnata-ekonomska-olimpijada/#respond Thu, 07 Sep 2023 10:11:50 +0000 https://kurir.mk/?p=875672

„Финансиската едукација и финансиската инклузија, со особено внимание на младата популација, се значаен приоритет на Народната банка. Оттаму, Народната банка поддржува повеќе инцијативи во овој сегмент, вклучително и учеството на Меѓународната економска олимпијада, а особено радува кога младите се истакнуваат со забележителни знаења на меѓународните натпревари.“ Ова беше посочено од гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска на денешната средба со учениците од средните училишта,  овогодишните учесници на Меѓународната економска олимпијада и професорите Анета Гацовска-Барандовска и Стево Ѓоргиев од Институтот за математика при Природно-математичкиот факултет во Скопје, кои ги координираа подготовките на тимот.

Гувернерката Ангеловска-Бежоска упати срдечни честитки до добитникот на бронзениот медал, ученикот Давид Ставров од ПСУ „Алгоритам“, Скопје, како и до Рина Толева и Давид Арсовски од СЕПУГС „Васил Антевски-Дрен“, Скопје, кои во состав на нашиот тим нѐ претставуваа на Економската олимпијада во Волос, Грција. На Шестата меѓународна економска олимпијада којашто се одржа во периодот од 25.7. до 2.8.2023 година учествуваа 50 тима од 48 земји во светот, а домаќин беше Универзитетот на Тесалија од Волос. Учениците се натпреваруваа во три дела: тест од економија, игра за финансиска писменост и бизнис-студија. Охрабрувачки факт е дека меѓу големиот број водечки економии во светот, ние го освоивме дваесет и второто место во генералниот пласман.

Народната банка зеде активно учество во подготвителните активности на учениците за учество на Олимпијадата. Активностите на централната банка, поточно серијата предавања за учениците во состав на нашиот тим, како и презентациите за дополнување на знаењата и одговорите на различните модули вежби и едукативни игри, се во рамките на соработката којашто централната банка ја остварува со Сојузот на математичари, за што е склучен и Меморандум за соработка. Финансиската едукација, исто така, е еден од стратегиските приоритети на Народната банка за што е усвоена и Стратегија за финансиска едукација и финансиска инклузија од страна на финансиските регулатори, предводени од Народната банка.

]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/sredba-na-guvernerkata-so-uchenitsite-koi-donesoa-bronzen-medal-od-megunarodnata-ekonomska-olimpijada/feed/ 0
Ангеловска-Бежоска на „Преспа форум за дијалог“: Потребни се важни структурни реформи за побрзо и поинклузивно зголемување на потенцијалот за раст на регионот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/angelovska-bezhoska-na-prespa-forum-za-dijalog-potrebni-se-vazhni-strukturni-reformi-za-pobrzo-i-poinkluzivno-zgolemuvane-na-potentsijalot-za-rast-na-regionot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/angelovska-bezhoska-na-prespa-forum-za-dijalog-potrebni-se-vazhni-strukturni-reformi-za-pobrzo-i-poinkluzivno-zgolemuvane-na-potentsijalot-za-rast-na-regionot/#respond Fri, 16 Jun 2023 08:30:15 +0000 https://kurir.mk/?p=846404

„Доходот на регионот на Западен Балкан во однос на европскиот просек е само околу 40%, што покажува дека не растеме доволно брзо за да ја намалиме разликата со земјите од ЕУ. За да растеме побрзо и на поинклузивен начин, мораме да го подигнеме потенцијалот за раст, за што се потребни важни структурни реформи со кои ќе се зголемат инвестициите и физичкиот капитал, човечкиот капитал и продуктивноста. Ова е потребно особено во време на отежнати глобални макроекономски услови и геоекономска фрагментација“, истакна гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, обраќајќи се на сесијата „Поплочување на патот кон просперитетот: Екофин-стратегии за раст на Западен Балкан“, којашто се одржа во рамките на „Преспа форум за дијалог“. Ангеловска-Бежоска се осврна на ниската реална конвергенција на регионот на Западен Балкан во однос на ЕУ,  којашто  во голема мера се должи на структурни предизвици. Ова е видливо преку значителното намалување на потенцијалот за раст на регионот по глобалната финансиска криза, кога во просек е намален од околу 5% на 2,5%, коешто е посилно намалување во споредба со ЕУ и покажува дека конвергенцијата во иднина може да биде уште поголем предизвик за регионот. -Во доменот на човечкиот капитал, податоците укажуваат дека се бележи намалување на работоспособното население во земјите на Западен Балкан, што пред сѐ е одраз на два неповолни фактора, односно демографијата и емиграцијата. Во услови кога работоспособното население во последната деценија е намалено од 70% на околу 65%, кога секој петти граѓанин роден во регионот живее во странство, а повеќе од една третина од граѓаните размислуваат за иселување, неопходни се „збир на политики како што се политики за ублажување на емиграцијата, активни политики на пазарот на труд коишто ќе се справат со структурната невработеност, како и соодветни образовни политики за зголемување на квалитетот на човечкиот капитал и решавање на проблемот со неусогласеноста на вештините на работната сила со побарувачката“, додаде гувернерката. Досегашното искуство од процесот на конвергенција на земјите од ЦЈЕ покажува дека процесот на пристапување кон ЕУ игра значајна улога за забрзано спроведување на структурните реформи и забрзување на економскиот раст. Оттаму, засилувањето на овој процес и поголемиот пристап до фондови на ЕУ може да има значаен придонес во процесот на конвергенција.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/angelovska-bezhoska-na-prespa-forum-za-dijalog-potrebni-se-vazhni-strukturni-reformi-za-pobrzo-i-poinkluzivno-zgolemuvane-na-potentsijalot-za-rast-na-regionot/feed/ 0
Средба на Ангеловска-Бежоска со Мисијата на ММФ: НБ со преземените мерки успешно ја одржува стабилноста https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sredba-na-angelovska-bezhoska-so-misijata-na-mmf-nb-so-prezemenite-merki-uspeshno-ja-odrzhuva-stabilnosta/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sredba-na-angelovska-bezhoska-so-misijata-na-mmf-nb-so-prezemenite-merki-uspeshno-ja-odrzhuva-stabilnosta/#respond Sat, 10 Jun 2023 12:43:20 +0000 https://kurir.mk/?p=844352

Тим на Народната банка, предводен од гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска се сретна со членовите на Мисијата на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), предводена од Жак Минијан, кои деновиве е во посета на нашата држава. На состанокот присуствуваше и резидентната претставничка на ММФ во земјава, Стефани Ебле. Како што информираа од НБ, на средбата стана збор за актуелните макроекономски остварувања во земјата, како и за очекувањата и проекциите на Народната банка за следниот период. - Шефот на Мисијата на ММФ, Минијан, истакна дека Народната банка има преземено навремени и соодветни мерки коишто придонесуваат за одржување на финансиската и ценовната стабилност. Затегнувањето на монетарната политика дава резултати, што може да се види од забавувањето на инфлацијата. Сепак, со инфлација којашто сѐ уште е висока и тука, и во странство, треба да се биде претпазлив, со што целосно се согласува и гувернерката. Од друга страна, ММФ ги пофали макропрудентните мерки преземени досега, коишто ја зголемуваат отпорноста на банкарскиот систем на можни ризици. ММФ го оценува банкарскиот систем како здрав и отпорен, со доволен капацитет за справување со можните шокови. Сепак, неизвесноста постои и од клучно значење е да се продолжи со водењето претпазливи политики, се наведува во соопштението. Гувернерката Ангеловска-Бежоска, од своја страна, се осврна на мерките преземени досега од страна на централната банка, преку затегнување на монетарната политика и системските мерки за зголемување на отпорноста на банкарскиот систем. Притоа, таа посочи на трендот на забавување на инфлацијата, постепеното стабилизирање на инфлациските очекувања, поволниот девизен пазар и сѐ поголемата денаризација на депозитната база на банките, како показатели за ефектите од досегашните мерки. - Билансите на нашите банки се солидни, високо капитализирани и ликвидни и со солиден квалитет на кредитното портфолио. Сепак, и натаму е неопходно будно следење на состојбите и претпазливост, нагласи Ангеловска-Бежоска, истакнувајќи дека банкарскиот сектор и натаму е стабилен. Во однос на макроекономските проекции на Народната банка, се додава во соопштението, беа истакнати очекувањата за стабилизирање на економскиот раст и умерено забрзување на среден рок, како и за постепено забавување на инфлацијата. - Притоа, се разговараше и за ризиците за проекциите коишто главно произлегуваат од надворешниот сектор, како и за неизвесноста во поглед на идните движења на светските цени на енергијата и храната и интензитетот на пренос врз домашната инфлација. Исто така, беше посочено и на растот на платите, а особено на соодносот со растот на продуктивноста, како елемент што треба внимателно да се следи. Девизните резерви и натаму се соодветни и овозможуваат непречени монетарни реакции заради остварување на основната цел ‒ ценовната стабилност и стабилноста на девизниот курс на денарот. На средбата беше изразено задоволство од постојаната соработка помеѓу Народната банка и ММФ, наведуваат од Народната банка. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sredba-na-angelovska-bezhoska-so-misijata-na-mmf-nb-so-prezemenite-merki-uspeshno-ja-odrzhuva-stabilnosta/feed/ 0
Ангеловска-Бежоска на конференција на ММФ и ХНБ: Структурни реформи и пристап до меѓународно финансирање за поддршка на растот на регионот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/angelovska-bezhoska-na-konferentsija-na-mmf-i-hnb-strukturni-reformi-i-pristap-do-megunarodno-finansirane-za-poddrshka-na-rastot-na-regionot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/angelovska-bezhoska-na-konferentsija-na-mmf-i-hnb-strukturni-reformi-i-pristap-do-megunarodno-finansirane-za-poddrshka-na-rastot-na-regionot/#respond Mon, 05 Jun 2023 09:31:45 +0000 https://kurir.mk/?p=842179

Според последниот извештај на Светскиот економски форум, ризикот од фрагментација на глобалната економија (деглобализација) е еден од трите најголеми глобални ризици, заедно со кризата на трошоците на животот и климатските ризици. Процесот на деглобализација може особено неповолно да делува на малите економии коишто по својата природа се повеќе зависни од надворешна трговија и пристап до надворешно финансирање. Ова беше дел од дискусијата на гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, на тркалезната маса којашто ја водеше директорката на ММФ, Кристалина Георгиева, во рамките на конференцијата под наслов „Водење политики во немирни води: Јакнење на отпорноста на Централна, Источна и Југоисточна Европа“, во организација на Хрватската народна банка (ХНБ) и Меѓународниот монетарен фонд (ММФ). Конференцијата ја отвори директорката на ММФ, Кристалина Георгиева, заедно со премиерот на Република Хрватска, Андреј Пленковиќ и гувернерот на Хрватската народна банка, Борис Вујчиќ. „Пандемијата и последиците од војната во Украина се еден од најголемите стрес-тестови на повеќедеценискиот процес на глобализација. Според некои оцени процесот на глобализација во изминатите четири децении овозможи зголемување на глобалниот доход за околу 10% во изминатата декада. Деглобализацијата е особен ризик за земјите од регионот, кај кои поради евентуалното намалување на трговските текови, како и на тековите на капитал, труд и технолошки иновации, може значително да се намалат потенцијалот за раст и реалната конвергенција“, посочи гувернерката во своето излагање. Во овие економии во изминатите две декади, трговската интеграција значително се зголеми, достигнувајќи 113% од БДП, а зголемување бележат и финансиските текови, особено преку странски директни инвестиции. Сето ова овозможи пренесување финансии, знаење и технологии од поразвиените економии, а со тоа и забрзана реална конвергенција, којашто во просек се зголеми за околу 30 п.п. Сепак, во земјите од Западен Балкан, овој процес е побавен, поради што ризикот од деглобализација е особено голем предизвик за оваа група земји. Земјите од Западен Балкан, коишто воедно и не се дел од Европската Унија, имаат пониско ниво на доход, коешто е само околу 40% од доходот на ЕУ, а поголеми потреби за инвестиции во инфраструктура. Ваквите состојби, како и новите предизвици коишто ги донесе енергетската криза и потребата за поголема дигитализација уште повеќе ја истакнуваат улогата на глобализацијата во развојот на овие економии. Оттука, неопходно е да им се посвети поголемо внимание на структурните реформи со кои ќе се намали ранливоста на овие економии и ќе се зголеми нивната отпорност на шокови, а воедно ќе се подигне и нивниот потенцијал за раст. Меѓународните институции можат да го поддржат овој процес преку дополнително финансирање, а особено за земјите коишто не се членки на ЕУ и немаат пристап до европските структурни фондови. Конференцијата на која учествуваше гувернерката е од висок профил и традиционално ги обединува гувернерите на централните банки, како и министрите за финансии од регионот на ЦИЈЕ и високи претставници на меѓународни финансиски организации.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/angelovska-bezhoska-na-konferentsija-na-mmf-i-hnb-strukturni-reformi-i-pristap-do-megunarodno-finansirane-za-poddrshka-na-rastot-na-regionot/feed/ 0
Ангеловска-Бежоска на Конституенцата на ММФ и СБ: Носителите на политиките може да ги ублажат последиците од миграциите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/angelovska-bezhoska-na-konstituentsata-na-mmf-i-sb-nositelite-na-politikite-mozhe-da-gi-ublazhat-posleditsite-od-migratsiite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/angelovska-bezhoska-na-konstituentsata-na-mmf-i-sb-nositelite-na-politikite-mozhe-da-gi-ublazhat-posleditsite-od-migratsiite/#respond Sat, 27 May 2023 08:58:32 +0000 https://kurir.mk/?p=839322

Дваесет проценти од лицата родени во регионот на Западен Балкан живеат во странство, со што се намалува потенцијалот за раст на економиите во регионот. „Човечкиот капитал е предуслов за постигнување одржлив и инклузивен економски раст, додека миграцијата е еден од факторите коишто влијаат врз човечкиот капитал. Со намалувањето како на квантитетот, така и на квалитетот на работоспособното население, имајќи предвид дека една третина од емиграцијата во регионот е со високо образование, се намалува потенцијалот за раст на економиите и се забавува веќе ниската конвергенција на доходот ‒ доходот во регионот е само 40% од европскиот доход. Носителите на политиките не можат да ја спречат емиграцијата целосно, но може да ги ублажат негативните последици“, порача гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, која говореше на панел-дискусијата „Миграции, бегалци и општества“, во рамките состанокот на Холандско-белгиската конституенца на ММФ и Светската банка, којашто годинава се одржува во Црна Гора. На панел-дискусијата на која учествуваше гувернерката на Народната банка, зборуваа и министерот за финансии на Грузија, министерот за финансии на Украина, заменик-министерот за финансии на Холандија и директорот во Светската банка, Хавиер Девиктор, додека претседавач беше министерката за финансии на Молдавија. На конституенцата учествува наша делегација, предводена од гувернерката и министерот за финансии, Фатмир Бесими, во чии рамки е и вицегувернерката Ана Митреска. Во своето излагање гувернерката посочи на бавната конвергенција на регионот на Западен Балкан кон ЕУ, што главно може да им се припише на структурните прашања, при што потенцијалот за раст на регионот во изминатите две децении се намали од 5% на 2,5%, што е поостар пад во однос нa ЕУ. Ова се должи на неповолните трендови кај сите двигатели на економскиот раст, вклучително и кај човечкиот капитал. Квантитетот кај човечкиот капитал опаѓа, како резултат на демографските фактори, но и емиграцијата. Како резултат на тоа процентот на работноспособното население во регионот во изминатата декада се намали од 70% на 65%, додека очекувањата на Светската банка се дека во следните две и пол декади ќе се намали на 60%. Во моментов, секој петти граѓанин роден во регионот живее во странство, додека секој трети размислува да се исели. Од аспект на квалитетот на човечкиот капитал, третина од работниците кои се иселуваат се високостручни кадри, што влијае неповолно како на сегашната состојба, така и на идните движења на пазарот на труд и уште повеќе ги нагласува постојните предизвици. Ова го покажува и индексот на човечкиот капитал на Светската банка, според кој и сега има голем јаз помеѓу земјите од регионот и напредните економии во ЕУ во овој домен. Севкупно, емиграцијата го забавува растот и развојот на регионот, за што зборуваат и некои анализи според кои доколку не постоел ефектот од емиграцијата, јазот на потенцијалот за раст во регионот би бил помал за 2 процентни поена во споредба со ЕУ. За да се намали емиграцијата се потребни структурни и институционални политики за да се зголемат доходот и квалитетот на животот во регионот, бидејќи тоа е еден од клучните фактори за миграцијата. Истовремено, треба да се зголеми искористеноста на човечкиот потенцијал којшто го имаме со зголемување на животниот век на населението којшто заостанува зад европскиот просек, со зголемување на стапката на активност, особено на жените и младите, како и со подобрување на квалитетот на работната сила преку политики за унапредување на образовниот процес. Од друга страна, унапредувањето на институциите, водењето соодветни економски политики и зајакнувањето на врските со дијаспората, може да имаат позитивни ефекти и да придонесат за враќање на дел од иселените лица, како и за привлекување нови работници од други региони. И покрај главно негативниот контекст на емиграцијата, таа носи и извесни придобивки, пред сѐ финансиски, имајќи ги предвид приливите на средства од дознаките од странство, коишто во регионот изнесуваат 10%, додека кај нас дури 15% од БДП. Инаку на маргините на состанокот на Конституенцата, нашата делегација оствари билатерални средби со заменик-претседателката на Светската банка, Антонела Басани, регионалниот заменик-претседател во ИФЦ, Алфонсо Гарсија Мора, како и со директорот на Одделот за Европа во ММФ, Алфред Камер. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/angelovska-bezhoska-na-konstituentsata-na-mmf-i-sb-nositelite-na-politikite-mozhe-da-gi-ublazhat-posleditsite-od-migratsiite/feed/ 0
Гувернерката Ангеловска-Бежоска ги презентира макроекономските проекции пред дипломатскиот кор и меѓународните организации https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/guvernerkata-angelovska-bezhoska-gi-prezentira-makroekonomskite-proektsii-pred-diplomatskiot-kor-i-megunarodnite-organizatsii/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/guvernerkata-angelovska-bezhoska-gi-prezentira-makroekonomskite-proektsii-pred-diplomatskiot-kor-i-megunarodnite-organizatsii/#respond Thu, 18 May 2023 10:42:29 +0000 https://kurir.mk/?p=835817

Гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска ги претстави најновите макроекономски проекции на Народната банка пред дипломатскиот кор и пред претставниците на меѓународните институции. На настанот, којшто се организира редовно по секој нов циклус макроекономски проекции на Народната банка, присуствуваа претставници на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Обединетите нации (ОН), Програмата за развој на ОН (УНДП), делегацијата на Европската Унија (ЕУ), како и на дипломатските претставништва на Албанија, Словачка, Бугарија, Холандија, Кина, Италија, Франција, Швајцарија, Шпанија, Косово, Шведска, Унгарија, САД, Грција, Германија и Словенија . Минатата година просечната инфлација изнесуваше 14,1%, во целост во согласност со нашата проекција (14,2%), а и остварувањата од почетокот на оваа година се совпаѓаат со нашата проекција за 2023 година. Имајќи ги предвид досегашните остварувања, како и проекциите на меѓународните финансиски институции за пад / стабилизирање на цените на храната и енергијата, затегнувањето на монетарните услови и другите мерки, се предвидува забавување на инфлацијата, односно таа би се свела на едноцифрено ниво од 8% до 9% во 2023 година, а потоа на среден рок би забележала натамошно намалување и сведување под 3%, како што беше и октомвриската проекција. Со оглед на геополитичките случувања, ризиците околу проекцијата за инфлацијата и натаму постојат, но засега проекциите на МФИ предвидуваат поголем пад на цените на примарните производи, што упатува и на одредени надолни ризици. Потребно е и внимателно следење на сите мерки коишто влијаат на агрегатната побарувачка. На презентацијата гувернерката истакна дека идната поставеност на монетарната политика ќе зависи од динамиката на инфлацијата и инфлациските очекувања, но и од движењата на девизниот пазар и нивото на девизните резерви. Во моментов, надворешната позиција на домашната економија во овој циклус се оценува како поповолна, при значително помал притисок врз тековната сметка во 2023 година, пред сѐ заради падот на цените на енергентите. Ова позитивно се одразува на девизните резерви. Во услови на очекувани солидни текови во финансиската сметка, се очекува дека девизните резерви и натаму ќе растат на збирна основа и ќе се задржат на соодветно ниво, што е потребно за одржување стабилен курс на денарот. Во текот на презентацијата гувернерката се осврна и на очекувањата за економската активност. Растот на македонската економија во 2023 година се очекува дека ќе изнесува 2,1% (еднаков со остварениот претходната година) и потоа на среден рок би забрзал на 3,6% во 2024 година и на 4% во 2025 година. Растот на економијата ќе продолжи да биде поддржуван од банкарскиот систем со стапка на кредитен раст од 5,7% во 2023 година. На среден рок се очекува забрзување на растот на кредитната активност, согласно со очекувањата за подинамичен економски раст и стабилизација на очекувањата. Кредитниот раст, како и досега, ќе биде поддржан од растот на депозитите, кој е главен извор на финансирање. Годинава се очекува забрзување на растот на депозитите кој би изнесувал 6,9%, како и натамошен солиден раст во следните години, заедно со закрепнувањето на домашната економија и зголемена куповна моќ на населението.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/guvernerkata-angelovska-bezhoska-gi-prezentira-makroekonomskite-proektsii-pred-diplomatskiot-kor-i-megunarodnite-organizatsii/feed/ 0
Потпишан Меморандум за соработка помеѓу Народната банка и Комисијата за спречување и заштита од дискриминација https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/potpishan-memorandum-za-sorabotka-pomegu-narodnata-banka-i-komisijata-za-sprechuvane-i-zashtita-od-diskriminatsija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/potpishan-memorandum-za-sorabotka-pomegu-narodnata-banka-i-komisijata-za-sprechuvane-i-zashtita-od-diskriminatsija/#respond Mon, 08 May 2023 10:38:19 +0000 https://kurir.mk/?p=831778

Народната банка и Комисијата за спречување и заштита од дискриминација склучија Меморандум за соработка, со кој се овозможува размена на искуства и знаења, добри практики, како и стручна консултација за прашања од интерес.

Меморандумот има за цел да ја промовира еднаквоста и недискриминацијата, да ги зајакне институционалните капацитети и меѓусебната поддршка и да поттикне заеднички иницијативи во областа на еднаквоста и недискриминацијата. Спроведувањето на одредбите на Меморандумот е значајно за двете институции, со оглед на тоа дека директната и отворена соработка ќе придонесе за унапредување на примената на принципите на еднаквост и недискриминација. За спроведување на Меморандумот се предвидени обуки за прашањата поврзани со дискриминаторските практики и трендови, заради јакнење на капацитетите на вработените и спречување на дискриминацијата.

Притоа, гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска истакна дека институционализирањето на соработката со Комисијата е уште еден показател за интересот на банката за практикување здрава и етичка институционална култура, со еднакви можности за сите. Претседателот на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, Исмаил Камбери, посочи дека Народната банка е одличен пример помеѓу институциите во земјава од аспект на поддршката на еднаквоста и борбата против дискриминацијата.

Зајакнувањето на соработката со Комисијата за спречување и заштита од дискриминација е активност на Народната банка за поддршка на примената на принципите на Законот за спречување и заштита од дискриминација, преку одржување високи етички стандарди и примена на висок степен на професионално и непристрасно постапување при спроведувањето на целите и задачите.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/potpishan-memorandum-za-sorabotka-pomegu-narodnata-banka-i-komisijata-za-sprechuvane-i-zashtita-od-diskriminatsija/feed/ 0