Анита Ангеловска – Бежоска – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 02 Feb 2023 09:14:59 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Анита Ангеловска – Бежоска – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Ангеловска-Бежоска ‒ Агелер: Расте поддршката на банкарскиот сектор за инвестиции во обновливи извори на енергија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/angelovska-bezhoska-ageler-raste-poddrshkata-na-bankarskiot-sektor-za-investitsii-vo-obnovlivi-izvori-na-energija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/angelovska-bezhoska-ageler-raste-poddrshkata-na-bankarskiot-sektor-za-investitsii-vo-obnovlivi-izvori-na-energija/#respond Thu, 02 Feb 2023 09:14:59 +0000 https://kurir.mk/?p=795028

Најновите податоци за кредитната активност на банкарскиот систем укажуваат на солидна кредитна поддршка на корпоративниот сектор, 11,5 отсто во декември, при солиден раст на кредитите за инвестиции во обновливи извори на енергија. Народната банка досега презеде повеќе мерки за поддршка на финансирањето на овој сегмент, вклучително и измената на инструментот задолжителна резерва, а во моментов се работи на подготовка на Стратегија за зелени финансии во соработка со Светската банка. Инвестициите во овој сегмент ќе ја намалат ранливоста на македонската економија и ќе ја поддржат макроекономската стабилност. Ова беше истакнато на средбата помеѓу гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска и амбасадорката на Соединетите Американски Држави во земјава, Ангела Агелер. Глобалниот енергетски шок значително ја погоди македонската економија во неколку сегменти. Со оглед на високата енергетска зависност и високата енергетска интензивност, овој глобален шок имаше голем придонес кон растот на инфлацијата, а истовремено придонесе за продлабочување на трговскиот дефицит. Всушност, повеќе од 80% од продлабочувањето на трговскиот дефицит се должи на енергетскиот трговски дефицит. За справување со оваа структурна ранливост, неопходни се инвестиции во енергетскиот сектор, а за тоа е потребна и поддршка од банкарскиот сектор којашто постојано се зголемува. Со оглед на тоа дека и покрај кризниот период, банкарскиот систем ја задржа солидната капитализираност и ликвидност, тој има капацитет и натаму да ги поддржува овие проекти коишто ќе помогнат за структурна трансформација на нашата економија. Зборувајќи за макроекономските предизвици, како резултат на глобално високите стапки на инфлација и геополитичките тензии, гувернерката Ангеловска-Бежоска истакна дека за задржување на стабилноста е неопходно и натаму да се водат претпазливи макроекономски политики.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/angelovska-bezhoska-ageler-raste-poddrshkata-na-bankarskiot-sektor-za-investitsii-vo-obnovlivi-izvori-na-energija/feed/ 0
Ангеловска-Бежоска за „Блумберг Адрија“: Девизниот пазар е стабилен, монетарната политика ќе зависи од инфлацијата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/angelovska-bezoska-za-blumberg-adrija-devizniot-pazar-e-stabilen-monetarnata-politika-kje-zavisi-od-inflacijata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/angelovska-bezoska-za-blumberg-adrija-devizniot-pazar-e-stabilen-monetarnata-politika-kje-zavisi-od-inflacijata/#respond Sun, 25 Dec 2022 08:58:32 +0000 https://kurir.mk/?p=780211

Натамошната патека и реакцијата на монетарната политика кај нас ќе зависат од два клучни фактора ‒ инфлацијата и девизниот пазар, посочува гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска во интервју за „Блумберг Адрија“ и додава дека „додека кај инфлацијата сѐ уште постојат ризици, девизниот пазар е стабилизиран и поволен“. Таа истакна дека не треба да има дилема дека централните банки ќе ги преземат сите мерки што им стојат на располагање за постигнување среднорочна ценовна стабилност. Гувернерката во интервјуто се осврна на реакциите на централните банки на тековната криза и рече дека нивните реакции зависат од структурните економски фактори, од монетарната стратегија и природата на инфлацијата. Како пример ги зеде ФЕД и ЕЦБ, коишто иако започнаа со затегнување на монетарната политика, имаше одредени разлики. Имено, ФЕД започна порано и реагира кај каматните стапки и ликвидноста, додека ЕЦБ подоцна реагира со каматната стапка, а сѐ уште нема започнато со намалување на ликвидноста. Еден од факторите е што економскиот циклус е различен во двете економии, односно во САД економијата закрепна многу побрзо и постојат притисоци врз побарувачката, а во ЕУ закрепнувањето се одвиваше побавно. „Кај нас, имајќи предвид дека нашата монетарна стратегија е одржување стабилен девизен курс на денарот, има два клучни фактора што ја условуваат поставеноста на монетарната политика. Првиот фактор е инфлацијата и вториот фактор е девизниот пазар, односно нивото на девизни резерви коешто ни е клучно за одржување на стабилноста на курсот. Ние во овие две точки видовме првични притисоци уште при крајот на минатата година, кога дојде до израз енергетската криза, којашто направи притисоци на девизниот пазар и кај инфлацијата. Затоа уште минатата година започнавме со постепено затегнување на монетарната политика и притоа користевме широк спектар на инструменти. Започнавме со интервенции на девизниот пазар, а потоа продолживме со каматната стапка. Притоа не ја користевме само основната каматна стапка, реагиравме и кај каматната стапка на депозитите преку ноќ, седумдневните депозити, на кредитите преку ноќ и слично. Во четири наврати реагиравме и со задолжителната резерва“, вели гувернерката. Гувернерката посочи дека девизниот пазар не само што е стабилен, туку е и поволен, а централната банка некаде до крајот на ноември откупува девизи на девизниот пазар со што значително се надомести загубата на девизните резерви од почетокот на годината кога ескалира кризата. Исто така, значајна поддршка на стабилноста на курсот и девизниот потенцијал е новиот аранжман со ММФ, којшто е 530 милиони евра. Гувернерката ја истакна и поставеноста на ЕЦБ како фактор којшто влијае врз нашата монетарна политика, имајќи ја предвид поврзаноста на денарот со еврото. Во однос на различниот раст на инфлацијата кај различните земји, гувернерката ги посочи структурните фактори, но и видовите на мерките коишто ги преземаат носителите на политиките. „Вкупната трговска отвореност кај нас е 140% од БДП, а во ЕУ околу 70%. Тоа значи дека ние имаме помалку домашни ресурси за да ги ублажиме тие надворешни шокови, со кои се соочуваме. Многу е важна и зависноста во сегментот на енергијата и енергетската интензивност. За да произведеме една единица БДП, ние трошиме во просек трипати повеќе енергија од ЕУ. Кај нас храната и енергијата во потрошувачката кошничка учествуваат над 50% до 55%, а во ЕУ е малку над 30%. Исто така, многу се важни мерките коишто се преземаат, во која мера тие се насочени за спречување на порастот на цените или се мерки коишто се поцелни. Да не го заборавиме и прашањето за степенот на конкуренција којшто постои во економијата којашто е многу значаен пазарен механизам за движењата на цените. Поради сите овие фактори, еден ист глобален шок се одразува со различен интензитет во различни економии“, вели Ангеловска-Бежоска.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/angelovska-bezoska-za-blumberg-adrija-devizniot-pazar-e-stabilen-monetarnata-politika-kje-zavisi-od-inflacijata/feed/ 0
Ангеловска-Бежоска на конференција на ОН: За забрзан економски раст важна улога има здравиот банкарски сектор којшто поддржува зелена и дигитална трансформација на економијата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/angelovska-bezoska-na-konferencija-na-on-za-zabrzan-ekonomski-rast-vazna-uloga-ima-zdraviot-bankarski-sektor-kojshto-poddrzuva-zelena-i-digitalna-transformacija-na-ekonomijata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/angelovska-bezoska-na-konferencija-na-on-za-zabrzan-ekonomski-rast-vazna-uloga-ima-zdraviot-bankarski-sektor-kojshto-poddrzuva-zelena-i-digitalna-transformacija-na-ekonomijata/#respond Thu, 22 Dec 2022 08:26:12 +0000 https://kurir.mk/?p=778946

„Здравиот и развиен финансиски сектор е значаен за поттикнување на економскиот раст. Финансискиот систем што е доволно голем, диверзифициран, добро регулиран и сфатен може да придонесе за подобар животен стандард и унапредување на социјалната инклузија, намалувајќи ја со тоа сиромаштијата.“ Ова го посочи гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска на панел-дискусијата „Сиромаштијата, економскиот раст и финансискиот сектор“ којашто се одржа во рамките на Годишната конференција на Обединетите нации, со наслов „Поглед подалеку“. „Во земјите од Западен Балкан, вклучително и во нашата, финансискиот систем е банкоцентричен, со што банките имаат клучна улога во финансирањето на реалната економија со постојано солидно темпо во изминативе неколку години на кризи. Задржаната кредитна активност и во услови на криза во голема мера се должи на научените лекции од глобалната финансиска криза во светски рамки и зајакнатата регулатива во согласност со измените на меѓународните и европските стандарди, со чија помош банките ги пресретнаа предизвиците со зајакнати биланси и подобра способност за справување со ризици“, наведе гувернерката Ангеловска-Бежоска. Говорејќи за натамошна поддршка на растот и побрзо приближување до доходот на Европската Унија, гувернерката додаде дека е значајно да продолжи трендот на раст на финансискиот систем, вклучително и на банкарскиот систем. Притоа истакна: „Исклучително е важно банките да продолжат со јакнење на отпорноста и стабилноста на билансите, што заедно со обемот на финансиски потенцијал, е предуслов за соодветна кредитна поддршка на економијата. Важен е и развојот на пазарите на капитал коишто во целиот регион се недоволно развиени, а можат да бидат значаен извор за финансирање особено на малите и на средните претпријатија коишто вообичаено имаат потежок пристап до финансирање од банкарскиот сектор.“ Ангеловска-Бежоска посочи дека иако здравиот и развиен финансиски сектор не може да биде замена за структурните реформи што се клучни за долгорочен економски раст, сепак тој може да даде значителна поддршка за економијата, особено во вакви периоди на криза коишто ги нагласуваат структурните слабости на економијата и потребата за енергетска и дигитална трансформација. Во изминатиот период се согледува сѐ поголема поддршка на банкарскиот систем на проекти за енергетска трансформација на економиите, при што во домашната економија зеленото кредитирање во изминативе три години е зголемено за 80%. За посилен економски раст е важен и финтек-секторот, којшто сѐ уште е мал, но расте во земјите од Западен Балкан. Финтек-секторот има потенцијал да ја зајакне финансиската инклузија и да го унапреди финансискиот сектор, за што е важно и натамошното зголемување на финансиската и дигиталната писменост. На панел-дискусијата, покрај гувернерката на Народната банка, учествуваа и министерот за финансии Фатмир Бесими, министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, програмскиот лидер за земјите од Западен Балкан на Светската банка, Ричард Рекорд и претставничката од УНИЦЕФ, Патриција ди Џовани.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/angelovska-bezoska-na-konferencija-na-on-za-zabrzan-ekonomski-rast-vazna-uloga-ima-zdraviot-bankarski-sektor-kojshto-poddrzuva-zelena-i-digitalna-transformacija-na-ekonomijata/feed/ 0
Ангеловска-Бежоска за „Вечерње новости“: На регионот му е потребен побрз раст за приближување кон Европската Унија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/angelovska-bezoska-za-vechernje-novosti-na-regionot-mu-e-potreben-pobrz-rast-za-priblizuvanje-kon-evropskata-unija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/angelovska-bezoska-za-vechernje-novosti-na-regionot-mu-e-potreben-pobrz-rast-za-priblizuvanje-kon-evropskata-unija/#respond Mon, 19 Dec 2022 15:16:40 +0000 https://kurir.mk/?p=777705

„Иницијативите што може да ги намалат препреките за слободен проток на луѓе, стоки, услуги, капитал имаат потенцијал за унапредување на перспективите за економски раст на регионот. Тоа е особено значајно за нашите мали и отворени економии, со ниво на доход коешто е само околу 39% од доходот на ЕУ. Досегашните успешни транзициски примери упатуваат дека за побрза доходовна конвергенција на економиите, а особено на малите, од големо значење е намалувањето на препреките и зголемувањето на трговската интеграција“, истакна гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска во интервју дадено за „Вечерње новости“. Говорејќи за квалитетната соработка којашто ја има нашата централна банка со централната банка на Србија, гувернерката посочи дека таа се спроведува во повеќе домени на работењето, по што додаде: „Во тој контекст е и заедничкиот регулаторен потег за вклучувањето на денарот и динарот на нашите курсни листи, со што се овозможи и двете валути да се купуваат и да се продаваат на домашните девизни пазари. Со тоа, се поедноставува економската соработка, се поттикнува натамошното засилување на трговските и финансиските текови меѓу двете земји.“ Ангеловска-Бежоска во интервјуто нагласува дека двете земји постојано работат на можностите за побрзо поминување низ процесот на монетарна интеграција, кога ќе дојде моментот за тоа. Притоа истакна: „Првиот услов е полноправно членство во ЕУ. Вториот услов е исполнување на Мастришките критериуми, а двете земји во овој поглед имаат добри остварувања, што покажува висок степен на подготвеност. Впрочем и извештаите на ЕК упатуваат на вакви заклучоци. Со последните промени, земјите ќе мора да дефинираат и конкретни чекори за приклучување кон единствениот супервизорски механизам, преку т.н. „блиска соработка“ со ЕЦБ.  Ние направивме голем чекор во овој поглед, со оглед на тоа што добивме зелено светло од Европскиот банкарски орган и формална оцена на еквивалентност на нашата регулатива и супервизорски практики со оние на ЕУ. Сите напори што ги вложуваме се однесуваат токму на високата подготвеност за воведување на еврото#.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/angelovska-bezoska-za-vechernje-novosti-na-regionot-mu-e-potreben-pobrz-rast-za-priblizuvanje-kon-evropskata-unija/feed/ 0
Во Народната банка беа доделени наградите од Конкурсот за ученици од основното и средното образование посветен на Светскиот ден на штедењето ‒ 31 октомври https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/vo-narodnata-banka-bea-dodeleni-nagradite-od-konkursot-za-uchenici-od-osnovnoto-i-srednoto-obrazovanie-posveten-na-svetskiot-den-na-shtedenjeto-31-oktomvri/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/vo-narodnata-banka-bea-dodeleni-nagradite-od-konkursot-za-uchenici-od-osnovnoto-i-srednoto-obrazovanie-posveten-na-svetskiot-den-na-shtedenjeto-31-oktomvri/#respond Tue, 29 Nov 2022 10:10:32 +0000 https://kurir.mk/?p=768106

Народната банка и Министерството за финансии денеска во Музејот на Народната банка ги доделија наградите освоени од учениците во рамките на Конкурсот за избор на најдобри ликовни и литературни творби по повод Светскиот ден на штедењето ‒ 31 октомври. На традиционалниот настан којшто годинава се одржува по десетти пат, пред присутните се обратија гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска и министерот за финансии, Фатмир Бесими.

„Денот посветен на штедењето, којшто во светски рамки се одбележува речиси еден век, оваа година е под мотото: Штедењето ве подготвува за подобра иднина! Целта е да се промовира штедењето и да се подигне општествената свест за важноста на штедењето, да се истакнат придобивките коишто ги носи тоа за секого, за секое семејство, но и за економиите во целина“, истакна гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска. Таа додаде и дека „за поттикнување на штедењето особено е значајна финансиската едукација и тоа од најрана возраст. Оттаму, Народната банка заедно со Министерството за финансии и останатите финансиски регулатори во изминативе години сè повеќе вложуваат во оваа сфера, а со носењето на првата национална Стратегија за финансиска едукација и финансиска инклузија, нашата земја се издвои меѓу првите во регионот.“

Заради одбележувањето на јубилејот ‒ 30 години од монетарното осамостојување, годинава темите на Конкурсот му беа посветени на денарот. Учениците од основното образование твореа на темата „За денарот твориме, за денарот славиме: 30 години од воведувањето на македонскиот денар!“, додека, пак, учениците од средното образование на темата „Македонскиот денар како национална валута ‒ еден од симболите на независноста“.

„Финансиската едукација е долгорочен процес со кој со вградувањето во наставните програми уште од најрана возраст се овозможува стекнување знаење и вештини за градење одговорно финансиско однесување во текот на секоја фаза од животот. Истовремено, подобро едуцираните и информираните граѓани, кои подобро управуваат со своите лични финансии претставуваат сè позначаен фактор во градењето стабилен и сигурен финансиски сектор“, рече министерот Бесими. Тој додаде дека штедењето е клучен столб во стабилноста на финансискиот систем, а учениците од основните и средните училишта имаа можност на објавениот Конкурс на креативен начин да ги изразат своите размислувања на темата штедење. „Творбите што ги испратија беа  квалитетни и покажаа дека децата знаат да се однесуваат одговорно кон парите и имаат визија што да направат со нив. Тие покажаа дека нашите млади разбираат што е штедењето, но и покажуваат дека ги имаат основите за финансиска едукација којашто понатаму ќе ја надградуваат, а тоа ќе им овозможи да донесуваат исправни одлуки за сопствен развој и за развој на државата“, истакна Бесими.

На огромно задоволство на организаторите, на овогодишниот конкурс пристигнаа речиси 800 ликовни и литературни ученички творби, од кои 15 се прогласени за најдобри во различни категории. Учениците од основното образование имаа испратено вкупно 771 творба, од кои 130 литературни творби – песни од учениците од прво до петто одделение, 128 литературни творби – раскази од учениците од шесто до деветто одделение и вкупно 513 ликовни творби – цртежи од ученици од прво до деветто одделение од основното образование. Учениците од средното образование, пак, испратија вкупно 26 есеи. Комисиите за избор на најдобри творби, формирани од претставници на Народната банка и Министерството за финансии, заклучија дека едукативното значење на темата на творбите придонесло за натамошно продлабочување на знаењата кај младите. При изборот на трудовите за награда кај учениците од основното образование беа земени предвид главните карактеристики на оригиналноста во индивидуалниот пристап, духовитоста, техничката умешност, креативноста и чувствителноста. Кај есеите на учениците од средното образование, пак, најважни критериуми беа опфатот и толкувањето на темата, како и начинот на изразување и креативно пишување.

Во оваа прилика, гувернерката Ангеловска-Бежоска им се заблагодари на сите учесници и нагласи дека било многу тешко да се направи избор на само три најдобри творби во секоја категорија, поради големиот број квалитетни трудови. Народната банка продолжува со едукативните активности, имајќи го предвид значењето на финансиската едукација за целото населението.

]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/vo-narodnata-banka-bea-dodeleni-nagradite-od-konkursot-za-uchenici-od-osnovnoto-i-srednoto-obrazovanie-posveten-na-svetskiot-den-na-shtedenjeto-31-oktomvri/feed/ 0
Ангеловска-Бежоска по повод Светскиот ден на штедењето: Стабилноста на финансискиот систем е поттик за раст на депозитите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/angelovska-bezoska-po-povod-svetskiot-den-na-shtedenjeto-stabilnosta-na-finansiskiot-sistem-e-pottik-za-rast-na-depozitite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/angelovska-bezoska-po-povod-svetskiot-den-na-shtedenjeto-stabilnosta-na-finansiskiot-sistem-e-pottik-za-rast-na-depozitite/#respond Tue, 01 Nov 2022 09:42:05 +0000 https://kurir.mk/?p=753743

„Домашното штедење е особено значајно за малите економии со пониско ниво на доход бидејќи од штедењето зависат инвестициите, а без инвестиции со кои се зголемува долгорочниот потенцијал за раст не е можно достигнување повисоки нивоа на доход. Впрочем, една од клучните причини за побавниот економски раст и забавената конвергенција во регионот во декадата пред пандемијата се токму помалите инвестиции, во услови на намалено домашно штедење и намален прилив на странски капитал“ – посочи гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска на традиционалниот настан којшто го организира Македонската банкарска асоцијација (МБА), по повод Светскиот ден на штедењето ‒ 31 октомври.

Таа се осврна и на најновите предизвици коишто имаат влијание врз вкупното штедење во економиите и неговата структура. „По декада од ниска инфлација и исклучително ниски каматни стапки, оваа година глобалниот амбиент ненадејно се промени. Инфлацијата значително забрза достигнувајќи историски високи нивоа, а одговорот на ова е синхронизираниот циклус на затегнување на монетарните политики. Ова во основа доведува до отежнат пристап и значително повисока цена на странските извори на финансирање, а за сметка на тоа го насочува вниманието кон домашните пазари, односно кон домашното штедење“, беше наведено во излагањето.

Во однос на трендовите на штедењето кај нас, гувернерката посочи дека пандемијата предизвикана од вирусот ковид-19, енергетската криза и тековната војна во Украина се шокови коишто, меѓу другото, имаа неповолно влијание врз штедењето. Сепак, таа укажа дека и покрај продолжената криза, депозитите и годинава растат, што главно се должи на растот кај секторот домаќинствата. Воедно, беше истакнато дека во последниот период  има знаци на зголемување на придонесот на денарските депозити и на долгорочните депозити кон растот на вкупните депозити на домаќинствата. Тоа покажува дека мерките преземени од страна на Народната банка за одржување на стабилноста, како и целните мерки за поддршка на денаризацијата имаат ефекти врз штедењето.

„Придонес кон ваквите позитивни движења има и понудата на деловните банки на нови депозитни производи со попривлечни каматни стапки, како и одржаната финансиска стабилност, при што се увидува добра капитализираност на банкарскиот сектор, со традиционално добра ликвидносна позиција и намалено учество на нефункционалните кредити под претпандемичното ниво“, рече гувернерката.

Гувернерката во своето обраќање се осврна и на важноста на финансиската едукација, со која Народната банка се заложува за јакнење на финансиската писменост на населението во земјава, заради правилно разбирање на финансиските концепти во време на сè поголема дигитализација и нови финансиски услуги и веродостојно информирање при носењето на финансиските одлуки.

За таа цел, се донесе и првата национална Стратегија за финансиска едукација и финансиска инклузија, којашто е темел за координирано дејствување на финансиските регулатори и останатите општествени чинители во доменот на подигнување на финансиската писменост на граѓаните, како фактор којшто придонесува за стабилноста на постојните, но и за поттикнување нови заштеди.

На настанот по повод Светскиот ден на штедењето, се обратија и министерот за финансии, Фатмир Бесими, претседателката на МБА, Маја Стевкова-Штериева, како и директорот на Фондот за осигурување на депозити, Амир Шабани.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/angelovska-bezoska-po-povod-svetskiot-den-na-shtedenjeto-stabilnosta-na-finansiskiot-sistem-e-pottik-za-rast-na-depozitite/feed/ 0
Ангеловска-Бежоска на панел – дискусија во Албанија: Банките останаа отпорни и покрај двете последователни кризи, “зеленото финансирање“ е важен приоритет https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/angelovska-bezoska-na-panel-diskusija-vo-albanija-bankite-ostanaa-otporni-i-pokraj-dvete-posledovatelni-krizi-zelenoto-finansiranje-e-vazen-prioritet/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/angelovska-bezoska-na-panel-diskusija-vo-albanija-bankite-ostanaa-otporni-i-pokraj-dvete-posledovatelni-krizi-zelenoto-finansiranje-e-vazen-prioritet/#respond Sun, 30 Oct 2022 09:09:24 +0000 https://kurir.mk/?p=752581

Банкарскиот систем во регионот остана отпорен и покрај предизвиците во текот на здравствената и тековната криза, поради претходно соодветно поставените регулаторни заштити и механизми, истакна гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска на гувернерската панел –дискусија во рамки на 16-та Годишна конференција, која годинава под наслов „Инфлацијата се врати: Како да се справиме со неа во услови на зголемена несигурност?“ ја организираше Банката на Албанија со Лондонската школа за економија и политички науки. Говорејќи за капиталните и ликвидносни заштитни слоеви, кои севкупно останаа стабилни за време на кризата, гувернерката потенцира дека кај банките во регионот заклучно со второто тримесечје од 2022 година, адекватноста на капиталот во просек изнесуваше 18,3%, што е непроменето во однос на нивоата пред пандемијата во декември 2019 година, а во некои земји и дури и повисоко. Ангеловска-Бежоска се осврна и на реформите поврзани со „позеленување на финансискиот сектор“. Притоа потенцира: - Носителите на политиките треба да се фокусираат на понатамошно одржување на реформската агенда за усогласување на финансиските системи во регионот со меѓународните стандарди, при што, во оваа рамка, “зеленото финансирање“ е важен приоритет“. Во овој контекст гувернерката посочи на оцените на меѓународните институции. Така, „ММФ проценува дека природните катастрофи поврзани со климатските промени го намалуваат растот во просек за 0,4 п.п., па дури и до 0,7 п.п. во помалку развиените економии, а се проценува дека негативниот ефект во наредниот период ќе биде уште поголем, особено во помалку развиени економии, коешто бара енергични активности не само од креаторите на политиките, туку и од целата меѓународна заедница. Говорејќи за улогата на регулаторите за поттикнување на „зелена“ компонента во финансиите, гувернерката истакна дека Народната банка ги препозна и постави зелените финансии како една од Стратегиските цели. - Имајќи јасна и цврста определба, Народната банка стана членка на Меѓународната мрежа за зелен финансиски систем, во која централните банки и супервизорските институции придонесуваат за развој на управувањето со ризиците во финансискиот сектор коишто произлегуваат од климатските промени. Делувајќи проактивно, Народната банка спроведе Анкета за ризиците од климатските промени чии резултати укажаа на се поголемата застапеност на зелените кредити, како и се позастапеното воведување нови производи и услуги како реакција на климатските промени. Подржувајќи ја „зелената агенда“, централната банка воспостави редовен систем на прибирање подетални податоци за зеленото финансирање и започна да објавува и квартални податоци за кредитите за зелено финансирање одобрени на домаќинствата и нефинансиските друштва. Едновремено, се вложуваат напори за осмислување монетарни мерки за развој на „зелена“ компонента во финансиите во македонската економија, истакна гувернерката, потенцирајќи ја во таа насока Одлуката за промени кај инструментот за задолжителна резерва, како мерка донесена од Советот на Народната банка со која се поттикнува кредитирањето на проектите поврзани со домашното производство на електрична енергија од обновливи извори. Банките како столбови на сигурноста во новите услови на економска криза и реформите поврзани со „позеленување на финансискиот сектор“ како приоритет за земјите од Западен Балкан беа дел од темите на традиционален гувернерски панел одржан во рамки на Годишната конференција. На конференцијата учествуваа високи претставници од централни банки, претставници од Меѓународниот монетарен фонд, Светската банка, Европската банка за обнова и развој, академската заедница, банкарството и финансиските системи. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/angelovska-bezoska-na-panel-diskusija-vo-albanija-bankite-ostanaa-otporni-i-pokraj-dvete-posledovatelni-krizi-zelenoto-finansiranje-e-vazen-prioritet/feed/ 0
Ангеловска-Бежоска на Годишната конференција на Банката на Албанија и Лондонската школа за економија и политички науки https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/angelovska-bezoska-na-godishnata-konferencija-na-bankata-na-albanija-i-londonskata-shkola-za-ekonomija-i-politichki-nauki/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/angelovska-bezoska-na-godishnata-konferencija-na-bankata-na-albanija-i-londonskata-shkola-za-ekonomija-i-politichki-nauki/#respond Fri, 28 Oct 2022 08:31:53 +0000 https://kurir.mk/?p=751649

Продолжениот раст на инфлацијата е феномен присутен во речиси сите економии во светот, што предизвикува подигнување на нивото на инфлациските очекувања и создава ризици за ценовната стабилност. Слична е и состојбата во земјите на Западен Балкан, поради што сите централни банки веќе започнаа со циклусот на монетарно затегнување преку соодветно управување со ликвидноста, зголемување на каматните стапки, а во зависност од монетарните стратегии коишто ги имаат, и преку користење други инструменти. Во услови кога растот на инфлацијата во голема мера произлегува од факторите на понудата, а неповолните ризици за побарувачката стануваат сè поизразени, неопходно е чекорите на централните банки да бидат внимателни и постепени. Со тоа ќе се намали штетата за економиите, чијшто раст и онака забавува, во услови кога ризиците од војната во Украина и енергетската криза се високи. Истовремено, на таков начин финансиската стабилност се заштитува од поголеми ризици. Во секој случај, централните банки и натаму се придржуваат до затегнување на монетарните услови, заради одржување на стабилноста на цените. Ова го посочи гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, која заедно со вицегувернерот на Народната банка, Фадил Бајрами, учествуваше на Годишната конференција во организација на Банката на Албанија и Лондонската школа за економија и политички науки. Анеловска-Бежоска учествуваше на панел-дискусијата „Борбата против инфлацијата во земјите во развој во Европа“, на која учествуваа и гувернерот на Албанија, Гент Сејко, членот на Советот на Народната банка на Романија, Ксаба Балинт и заменик-гувернерот на Народната банка на Унгарија, Барнабас Вираг. Учесниците ги споделија искуствата во справувањето со постојаниот раст на инфлацијата и пристапот во однос на нормализирањето на политиката. Беа разгледани идните предизвици за централните банки во регионот и нивниот одговор со оптималната комбинација на политики за постигнување на целите. „Монетарно-фискалната координација секогаш е предуслов за стабилност и просперитет, а особено е потребна во кризни услови. Соочени со енергетската криза и војната во Украина, од фискалната и монетарната власт се очекува дека повторно ќе дадат придонес за надминување на неповолните ефекти врз економијата. Но, ако во текот на пандемијата монетарната политика овозможи поддршка за фискалните мерки, во овие нови кризни околности, фискалните мерки треба да овозможат поддршка за справување со ценовните притисоци. Притоа е потребна целна поддршка за најранливите категории, водејќи сметка за фискалната одржливост, особено во контекст на порастот на домашните каматни стапки и каматните стапки на меѓународните пазари“, истакна Ангеловска-Бежоска во своето обраќање. На Конференцијата во Албанија, којашто годинава беше на тема: „Инфлацијата се врати: Како да се справиме со неа под зголемени неизвесности?“, беа одржани три сесии посветени на природата на основните причини за тековниот пораст на инфлацијата и опциите за нормализирање на политиката, притоа имајќи ги предвид разликите меѓу напредните економии и економиите во развој. Беа истакнати специфичните предизвици за монетарната политика, економската и финансиската стабилност на земјите од регионот.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/angelovska-bezoska-na-godishnata-konferencija-na-bankata-na-albanija-i-londonskata-shkola-za-ekonomija-i-politichki-nauki/feed/ 0
Ангеловска-Бежоска за „Гласот на Америка“: Денарот со децении е стабилен  во однос на еврото https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/angelovska-bezoska-za-glasot-na-amerika-denarot-so-decenii-e-stabilen-vo-odnos-na-evroto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/angelovska-bezoska-za-glasot-na-amerika-denarot-so-decenii-e-stabilen-vo-odnos-na-evroto/#respond Thu, 13 Oct 2022 08:11:57 +0000 https://kurir.mk/?p=744601

Стабилноста на денарот успешно се одржува и за време на тековната економска криза, што се должи на соодветното ниво на девизни резерви со кое располагаме, но и капацитетите на централната банка успешно да го одбрани курсот. Денарот со децении е стабилен во однос на еврото, валутата на нашиот најзначаен трговски партнер. Ова е најповолната монетарна стратегија за нашата економија, вели во интервју за „Гласот на Америка“ гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, која учествува на Годишните средби на Меѓународниот монетарен фонд и Светската банка во Вашингтон, САД. „Ние две и пол децении одржуваме стабилен денар, што јасно покажува дека централната банка има и капацитет, но и соодветни инструменти за одбрана на курсот на денарот. Во поддршка на ова фокусот треба да се стави на нивото на девизни резерви, коишто се клучниот инструмент кој служи како гаранција за одржување на стабилноста на курсот. Тие се одржуваат на високо ниво - во споредба со глобалната финансиска криза 2008-2009 година тие се двојно повисоки, а повисоки се и во однос на претпандемискиот период. Дополнително имаме на располагање и ликвидност од страна на Европската централна банка (ЕЦБ) во вид на репо-линија којашто ни е ставена на располагање и досега не е искористена, но може да се искористи доколку имаме потреба за тоа“, вели гувернерката. Гувернерката Ангеловска-Бежоска зборувајќи за трендот на апрецијација на американскиот долар, кој започна кон крајот на минатата, а забрза годинава, посочи дека има повеќе причини за тоа. „Попогодени од овие трендови би биле оние економии, коишто се нето-должници во долари, односно имаат поголеми обврски отколку побарувања во долари. Тоа не е случај со македонската економија, бидејќи кај нас учеството на доларите во вкупниот надворешен долг на нашата економија е само околу 8% и тоа е главно кај јавниот сектор. Учеството на доларот во вкупната надворешна трговија, извозот и увозот, исто така е релативно помало, некаде околу 8-9%, додека останатата трговија е во евра, каде постои долгогодишна стабилност кај соодносот денар-евро и оттука тоа не се одразува на тој дел од трговијата“, вели гувернерката. Во однос на поизразените надолни ризици за глобалната економија, и влијанието врз нашата економија, гувернерката рече дека особено ќе биде важно како со овие шокови ќе се справи Европската Унија, како наш најголем трговски партнер, а која е многу ранлива на енергетската криза. Таа посочи дека во централната банка се работи на новите макроекономски проекции коишто ќе се финализираат следниот месец.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/angelovska-bezoska-za-glasot-na-amerika-denarot-so-decenii-e-stabilen-vo-odnos-na-evroto/feed/ 0
Гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска на Годишните средби на ММФ и Светската банка https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/guvernerkata-na-narodnata-banka-anita-angelovska-bezoska-na-godishnite-sredbi-na-mmf-i-svetskata-banka/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/guvernerkata-na-narodnata-banka-anita-angelovska-bezoska-na-godishnite-sredbi-na-mmf-i-svetskata-banka/#respond Wed, 12 Oct 2022 09:39:26 +0000 https://kurir.mk/?p=744175

Делегацијата предводена од гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска и министерот за финансии, Фатмир Бесими, ќе учествува на редовните Годишни средби на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и Групацијата на Светската банка (СБ), коишто ќе се одржат во текот на оваа седмица во Вашингтон, Соединетите Американски Држави. Во рамките на Годишните средби се закажани состаноци на делегацијата со високи претставници на ММФ и СБ, како и претставници на други меѓународни финансиски организации и институции. Во тој контекст, делегацијата ќе оствари средба со г. Ли, заменик извршен директор на ММФ, на којашто ќе се разговара и за идната потесна соработка којашто ќе ја има нашата држава во рамките на новоодобрениот аранжман ПЛЛ. Исто така, се предвидени одделни средби на делегацијата со директорот на ММФ за Европа, Алфред Камер, со извршниот директор на ММФ, Пол Хилберс и алтернативниот извршен директор, Лук Дресе, како и со шефицата на Мисијата на ММФ, Бергљот Баркбу. Во центарот на вниманието на состаноците со високите претставници на ММФ ќе бидат монетарната политика и економските состојби во земјава. Гувернерката има закажано и одделни состаноци со претставници на Одделот за статистика и Одделот за монетарна политика и пазари на капитал, на кои ќе се разгледаат резултатите од тековната соработка помеѓу Народната банка и ММФ, како и можностите за натамошно унапредување на оперативните активности на Народната банка во доменот на спроведувањето на монетарната политика, во соработка со експертите на Фондот. Како и секоја година, Годишните средби на ММФ и Светската банка се посветени пред сè на актуелните случувања во глобалната економија. Овојпат, лидерите, експертите и активистите ќе зборуваат за тоа како може најдобро да им се одговори на предизвиците и неизвесноста коишто ги донесоа двете последователни кризи за светската економија. Дел од темите за дискусија ќе бидат пандемијата, климатските промени и војната во Украина, коишто предизвикаа најостро забавување на економската активност во последните 80 години, како и зголемената инфлација, енергетската криза и растот на задолжувањето на државите. Годишните средби се одржуваат редовно, секоја есен, и на нив учествуваат гувернери на централни банки, министри за финансии, високи претставници на финансиски организации, невладини организации, за да разговараат за теми и политики коишто ќе придонесат кон одржлив економски раст во светот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/guvernerkata-na-narodnata-banka-anita-angelovska-bezoska-na-godishnite-sredbi-na-mmf-i-svetskata-banka/feed/ 0