Анке Холштајн – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 05 Dec 2022 19:31:56 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Анке Холштајн – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Германската амбасадорка: Не ставајте пари во мантилот на лекарот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/germanskata-ambasadorka-ne-stavajte-pari-vo-mantilot-na-lekarot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/germanskata-ambasadorka-ne-stavajte-pari-vo-mantilot-na-lekarot/#respond Mon, 05 Dec 2022 19:31:56 +0000 https://kurir.mk/?p=771471

Германската амбасадорка Анке Холштајн денеска порача дека борбата против корупцијата се учи и се применува од најмали нозе до највозрасни жители. – Има многу работи кои треба да се направат, а тоа е случајот со Северна Македнија и тоа го кажа и мојот претседател за време на неговата посета. Во завност од тоа колку брзо Северна Македонија ќе прави напредок на својот пат кон ЕУ зависи од тоа колку брзо ќе се спроведат реформите. И сите ние сме сложни дека тоа е особено тешка задача која претстои и тоа не се однесува само на политичарите, туку и на сите луѓе кои треба да сфатат дека кога ќе заминат на лекар дека не треба да остават некоја банкнота во неговиот мантил, или пак наставничката треба да знае дека не треба да добие подарок од ученикот за 8 Март за да има подобра оценка и сите треба да научат и најмалите и најголемите како се води борбата против корупцијата – порача амбасадорката. Германската амбасадорка по денешното предавање на новата донација за полицијата нагласи дека битката против корупцијата е најважна за граѓаните и за европскиот напредок на државата. На новинарско прашање одговори дека Германија ќе продолжи да помага, но мора да се смени и свеста на функционерите и на граѓаните. – Борбата против корупцијата е тешка задача и тука се неопходни волја и време за кои Германија е подготвена да помогне – рече амбасадорката. Свесно сме целосно за потребата од борба пеотив корупцијата, вели македонскиот премиер.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/germanskata-ambasadorka-ne-stavajte-pari-vo-mantilot-na-lekarot/feed/ 0
Холштајн: Од февруари ќе се применува постапка на лотарија за термини за визи за Германија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/holshtajn-od-fevruari-kje-se-primenuva-postapka-na-lotarija-za-termini-za-vizi-za-germanija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/holshtajn-od-fevruari-kje-se-primenuva-postapka-na-lotarija-za-termini-za-vizi-za-germanija/#respond Thu, 09 Dec 2021 08:48:14 +0000 https://kurir.mk/?p=605994

Германската амбасадорка во земјава Анке Холштајн објави дека од февруари Амбасадата ќе го подобри системот за доделување термини за т.н. визи за Западен Балкан. – Поради Вашите многубројни реакции и сè уште многу големиот интерес за термини за поднесување на барање за виза, од февруари 2022 г. секој месец ќе се применува постапка на лотарија. За таа намена, во февруари за првпат ќе се отвори нов список за регистрирање, кој ќе биде неприкинато отворен за подолг период (најверојатно за околу две недели). Потоа, по случаен избор, со помош на компјутерски управуван генератор во лотариска постапка, од сите регистрации ќе се извлечат оние, на кои ќе им се додели термин за месец март 2022 година, напиша Холштајн на Фејсбук. Поопширни информации можат да се најдат на веб-страницата https://skopje.diplo.de/mk-mk/-/2493044.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/holshtajn-od-fevruari-kje-se-primenuva-postapka-na-lotarija-za-termini-za-vizi-za-germanija/feed/ 0
Мицкоски на средба со амбасадорката Холштајн: Македонија не смее да биде жртва на спорот со Бугарија создаден во време на оваа влада https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-na-sredba-so-ambasadorkata-holshtajn-makedonija-ne-smee-da-bide-zrtva-na-sporot-so-bugarija-sozdaden-vo-vreme-na-ovaa-vlada/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-na-sredba-so-ambasadorkata-holshtajn-makedonija-ne-smee-da-bide-zrtva-na-sporot-so-bugarija-sozdaden-vo-vreme-na-ovaa-vlada/#respond Wed, 08 Dec 2021 16:43:12 +0000 https://kurir.mk/?p=605777

Денес (8 декември, 2021 година) претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, заедно со потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николoски оствари средба со Анке Холштајн, амбасадорка на СР Германија. На средбата се разговараше за актуелната општествено политичко состојба, за економските предизвици и интеграциите на државата во Европската Унија и прашањето со Бугарија. Претседателот Мицкоски на средбата ја истакна својата загриженост за економската состојба и енергетската криза чии последици од неадекватното управување на политиките се крши на грбот на граѓаните. Тој подвлече дека владата нема капацитет да се носи со предизвиците со кои се соочуваат граѓаните и дека недостатокот на кредибилитет за носење одлуки ја наметнува потребата за предвремени парламентарни избори како излез од кризата и ресетирање на општеството. Претседателот Мицкоски ја потврди заложбата државата да добие датум за преговори и покрај фактот што Владата не испорача резултати во борбата со криминалот и корупцијата. Македонија не смее повеќе да биде заглавена во чекалницата на ЕУ и да биде жртва на спорот со Бугарија создаден во време на оваа влада. Тој подвлече дека секое решение на тој спор треба да биде во рамките на усвоената резолуција во македонското собрание која беше поднесена од ВМРО-ДПМНЕ а прифатена од парламентарното мнозинство и која во себе ги соддржи црвените линии на македонската држава.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-na-sredba-so-ambasadorkata-holshtajn-makedonija-ne-smee-da-bide-zrtva-na-sporot-so-bugarija-sozdaden-vo-vreme-na-ovaa-vlada/feed/ 0