анкета – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 04 Nov 2023 08:56:38 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.2 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png анкета – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Анкета за Евроизборите: ЕПП и натаму останува најголема политичка групација во претставничкото тело на ЕУ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/anketa-za-evroizborite-epp-i-natamu-ostanuva-najgolema-politichka-grupatsija-vo-pretstavnichkoto-telo-na-eu/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/anketa-za-evroizborite-epp-i-natamu-ostanuva-najgolema-politichka-grupatsija-vo-pretstavnichkoto-telo-na-eu/#respond Sat, 04 Nov 2023 08:56:38 +0000 https://kurir.mk/?p=896349

Доколку сега се одржат избори за членови на Европскиот парламент, десноцентристичката Европската народна партија (ЕПП) би загубила три пратеници во споредба со сегашните 176, но и натаму би останала најголема политичка групација во претставничкото тело на ЕУ, оставајќи ја зад себе Прогресивната алијанса на социјалистите и демократите (СД), која би загубила две места и од сегашните 141 би се свела на 139 европратеници, покажуваат резултатите на последното истражување на јавното мислење на „Јуроп Електс“ спроведено кон крајот на октомври. Од друга страна, групите на десницата и левицата би ја зголемиле својата бројност и тоа десничарската Европски конзервативци и реформисти (ЕЦР) од 65 на 80, групата на екстремната десница Идентитет и демократија (ИД) од 60 на 76, а Левицата до 37 на 45 пратеници. Иако, анкетите во претходните месеци покажуваа дека ЕПП ќе загуби околу 15 пратеници, сепак последните сондажи даваат подобар перформанс на оваа групација, пред се благодарение на растот на популарноста на шпанската Народна партија (ПП), која би можела уште повеќе да зајакне во следниот период како резултат на нестабилна политичка состојба во Шпанија и контроверзните преговори на актуелната левичарска Влада со каталонските сепаратистички партии. Престанете да зборувате за тоа и почнете да го правите тоа“, напиша групата на Твитер. Дополнително на контото на ЕПП се очекуваат и зголемен број пратеници од Полска од Граѓанската платформа (ПО) и Полската народна партија (ПСЛ), кои би можеле да остварат подобар резултат понесени од успехот на минатомесечните парламентарни избори во земјата и можноста да бидат дел од новата влада. Од друга страна, партиите од левоцентристичката групација СД бележат пад на популарноста последните месеци, но групата во целина останува со стабилен број пратеници како резултат на подобрените позиции на двете словачки партии Насока – Словачка социјална демократија (СМЕР-ССД) и Глас - Социјална демократија (Хлас-СД), како и на подемот на италијанската Демократска партија (ПД), која се очекува да добие дополнителни три пратеници. Центристичката либерална групација Да ја обновиме Европа (РЕ) се предвидува да загуби осум места од 100 на 92 европратеници и тоа пред се поради падот на популарноста на најголемата партија во групата, Ренесанса на францускиот претседател Емануел Макрон, но од друга страна подобри резултати се очекуваат од германската Слободна демократска партија (ФДП), чешката Акција на незадоволни граѓани (АНО), италијанската либерална партија Акција и финската Партија на центарот (КЕСК). Трите водечки групации во Европарламентот – ЕПП, СД и РЕ, според оваа анкета, заедно би освоиле 404 од вкупно 720-те места, со што би го задржале мнозинството што го имаат и сега. Најголем губитник се предвидува да биде групата на Зелените и Европската слободна алијанса (Зелени/ЕФА), која, според анкетата, би загубила 21 место, од 72 на 51 пратеник, и наместо четврта групација по големина, би се борела за шестото место со Левицата. Иако италијанската партија Зелена Европа (ЕВ) и германската Волт би успеале да влезат во ЕП со по најмалку два пратеника, сепак останатите еколошки партии бележат пад на популарноста и некои од нив дури би можеле да останат и надвор од Парламентот, како луксембуршките Зелени. Десничарската национал-конзервативна групација Европски конзервативци и реформисти (ЕЦР) се очекува да ја зголеми својата бројност за 15 пратеници од сегашните 65 на 80 и да стане четврта по големина група во ЕП. Но, доколку нејзината најголема членка, полската Право и правда (ПИС) од која доаѓаат над третина од сегашните европратеници на групата, како што е се поизвесно, ја загуби власта во Полска, ЕЦР на изборите би можела да забележи и послаб резултат. Од друга страна, во постојан подем е екстремно десничарската група Идентитет и демократија (ИД), која би добила 16 места од сегашните 60 на вкупно 76 европратеници, пред се како резултат на растот на популарноста на Алтернатива за Германија (АФД), францускиот Национален собир (РН) и холандската Партија на слободата (ПВВ). За разлика од нив, сега најголемата партија во групацијата Лига на Матео Салвини продолжува да губи гласови, кои се прелеваат на контото на партијата Браќа на Италија (ФДИ) на премиерката Џорџа Мелони, која е дел од ЕЦР. Процентуално, најголем раст се предвидува да острови групата Левица, чиј број на пратеници од сегашните 37 би се зголемиле на 45, благодарение на растот на популарноста на двете нејзини француски членки – Бунтовна Франција (ЛФИ) и Француската комунистичка партија (ПЦФ), Италијанската левица (СИ) и кипарската Прогресивна партија на работниот народ (АКЕЛ). Изборите за членови на Европските парламент треба да се одржат во периодот од 6 до 9 јуни 2024 година. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/anketa-za-evroizborite-epp-i-natamu-ostanuva-najgolema-politichka-grupatsija-vo-pretstavnichkoto-telo-na-eu/feed/ 0
„Градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ имаат три пати поголем рејтинг од владата и тоа СДС ги прави нервозни“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gradonachalnitsite-od-vmro-dpmne-imaat-tri-pati-pogolem-rejting-od-vladata-i-toa-sds-gi-pravi-nervozni/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gradonachalnitsite-od-vmro-dpmne-imaat-tri-pati-pogolem-rejting-od-vladata-i-toa-sds-gi-pravi-nervozni/#respond Tue, 31 Oct 2023 08:27:09 +0000 https://kurir.mk/?p=894752

СДС се очајни. Гледаат дека нивниот рејтинг тоне поради неспособноста, криминалот и корупцијата на владата во која партиципираат и затоа манипулираат и обвинуваат други, ова денеска преку соопштение до јавноста го истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ. -Реалноста е дека локалната самоуправа има три пати поголема доверба од граѓаните, отколку Владата. Реалноста е дека таму каде што СДС раководи општини, ништо не се реализира и ништо не се работи во интерес на граѓаните, а згора на се нема ниту отчет. Реалноста е дека општините каде што градоначалниците се од редовите на ВМРО-ДПМНЕ се казнувани од страна на централната власт со кратење на средства и опструкции на проекти. Реалноста е дека градоначалникот Рамиз Мерко, кој што СДС го поддржа, е единствениот градоначалник од Македонија кој е на црната листа на САД заради мешање во судството и заради корупција и за тоа нема никаква одговорност, велат од партијата. Од таму додаваат дека реалноста е дека СДС губат и затоа мораат да лажат. Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ имаат реализирано далеку повеќе проекти отколку што тоа го направиле градоначалници од СДС. Граѓаните тоа го гледаат и може да направат разлика. Тоа е причината зошто СДС се нервозни, бидејќи народот во огромно мнозинство бара промени на централната власт и таа промена ќе се случи. Важно е Македонија да оди кон прогресот, а тоа возможно само со промена на оваа Влада на ДУИ и СДС.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gradonachalnitsite-od-vmro-dpmne-imaat-tri-pati-pogolem-rejting-od-vladata-i-toa-sds-gi-pravi-nervozni/feed/ 0
Реномираниот Europe Elects известува за анкетата на ИПИС во која ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски имаат три пати поголема предност пред СДСМ и Ковачевски https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/renomiraniot-europe-elects-izvestuva-za-anketata-na-ipis-vo-koja-vmro-dpmne-i-mitskoski-imaat-tri-pati-pogolema-prednost-pred-sdsm-i-kovachevski/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/renomiraniot-europe-elects-izvestuva-za-anketata-na-ipis-vo-koja-vmro-dpmne-i-mitskoski-imaat-tri-pati-pogolema-prednost-pred-sdsm-i-kovachevski/#respond Sun, 29 Oct 2023 19:08:59 +0000 https://kurir.mk/?p=894264

Реномираната интернет страна и социјална мрежа Europe Elects известува за последната анкета на ИПИС во која ВМРО-ДПМНЕ има предност од 11% пред СДСМ, а Христијан Мицкоски 12% пред Димитар Ковачевски. Europe Elects е доверлив и етаблиран медиум специјализиран за објавување на истражувања на јавното мислење поврзани со рејтинзи на партии и на политичари од целиот европски континент, што претставува своевидна дополнителна потврда за релевантноста на резултатите од анкетата на ИПИС од 20.10.2023 година. Според резултатите од анкетата, доколку следната недела се одржат парламентарни избори, за ВМРО-ДПМНЕ би гласале 20.3%, а за СДСМ 11.3%. За разлика од македонскиот, во албанскиот опозициски блок, се навестува тесна трка. Алтернатива, БЕСА и Демократско движење на Меџити, заедно уживаат доверба од 5.1%, што е речиси еднаков рејтинг со владејачката ДУИ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/renomiraniot-europe-elects-izvestuva-za-anketata-na-ipis-vo-koja-vmro-dpmne-i-mitskoski-imaat-tri-pati-pogolema-prednost-pred-sdsm-i-kovachevski/feed/ 0
Граѓаните сакаат Парламентарните и Претседателските избори да бидат ЗАЕДНО https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/graganite-sakaat-parlamentarnite-i-pretsedatelskite-izbori-da-bidat-zaedno/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/graganite-sakaat-parlamentarnite-i-pretsedatelskite-izbori-da-bidat-zaedno/#respond Sun, 29 Oct 2023 09:29:22 +0000 https://kurir.mk/?p=894156

Мнозинството граѓани на Македонија сметаат дека парламентарните избори треба да бидат заедно со претседателските во мај седната година, покажува најновата анкета на Институтот за Политички Истражувања од Скопје (ИПИС). На прашањето „Дали сметате дека Парламентарните избори треба да бидат заедно со Претседателските во мај следната година или треба да бидат одвоени?“, дури 66,6% од испитаниците рекле дека изборите треба да бидат заедно, а само 13,7 одговориле дека треба да бидат одвоени. Телефонското истражување на ИПИС е спроведено во периодот помеѓу 25 и 27 октомври 2023 на 1055 полнолетни испитаници на ниво на Република Македонија. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/graganite-sakaat-parlamentarnite-i-pretsedatelskite-izbori-da-bidat-zaedno/feed/ 0
Анкета ИПИС: ВМРО-ДПМНЕ со голема предност пред СДСМ, Мицкоски со тројно повисок рејтинг од Ковачевски https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/anketa-ipis-vmro-dpmne-so-golema-prednost-pred-sdsm-mitskoski-so-trojno-povisok-rejting-od-kovachevski/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/anketa-ipis-vmro-dpmne-so-golema-prednost-pred-sdsm-mitskoski-so-trojno-povisok-rejting-od-kovachevski/#respond Sun, 29 Oct 2023 09:07:57 +0000 https://kurir.mk/?p=894148

Институтот за Политички Истражувања од Скопје (ИПИС) спроведе кратко телефонско истражување во периодот помеѓу 25 и 27 октомври 2023 на 1055 полнолетни испитаници на ниво на Република Македонија. Во истражувањето граѓаните ги изразуваа своите ставови за нивната поддршка за политичките партии и политичари, како и за одредени актуелни прашања. Според резултатите, ВМРО-ДПМНЕ е со голема предност пред СДСМ, а Христијан Мицкоски е со тројно повисок рејтинг од Димитар Ковачевски. На прашањето „За која партија би гласале доколку следната недела има Парламентарни избори?“, за ВМРО-ДПМНЕ гласот би го дале 20,3% од граѓаните, додека за СДСМ само 11,3%. Меѓу политичарите, Христијан Мицкоски ужива најголема доверба кај граѓаните, има тројно повисок рејтинг од Димитар Ковачевски. Во него имаат доверба 16,5% од испитаните лица, а во Димитар Ковачевски само 5,6%. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/anketa-ipis-vmro-dpmne-so-golema-prednost-pred-sdsm-mitskoski-so-trojno-povisok-rejting-od-kovachevski/feed/ 0
Анкета: Пад на рејтингот на СИРИЗА https://arhiva.kurir.mk/svet/region/anketa-pad-na-rejtingot-na-siriza/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/anketa-pad-na-rejtingot-na-siriza/#respond Thu, 26 Oct 2023 06:41:11 +0000 https://kurir.mk/?p=893222

Намален рејтингот на СИРИЗА и тесна трка со ПАСОК за втората позиција, владејачката Нова демократија естабилна на првото место, а Мицотакис за половина од анкетираните е најсоодветен за премиер, покажуваат резултатите од истражувањето на јавното мислење во Грција спроведено од агенцијата „GPO“ за телевизијата „Стар“, јави дописничката на МИА од Атина. По изборот на Стефанос Каселакис за лидер на СИРИЗА, 70,6 проценти од анкетираните сметаат дека (сигурно или веројатно) најголемата грчка опозициска партија оди во погрешна насока, додека пак оние кои би гласале за СИРИЗА на следните избори, велат дека партијата е во правилна насока. Во однос на распоредот на силите, Нова демократија добива 36,6 отсто, 23,7 проценти повеќе од СИРИЗА, која има 12,9 отсто, а потоа следи ПАСОК со 11,9 отсто. За ситуацијата на Блискиот Исток, речиси девет од десет анкетирани изразуваат загриженост, а 65,4 отсто сметаат дека Грција треба да задржи строго неутрална позиција.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/anketa-pad-na-rejtingot-na-siriza/feed/ 0
Анкета на CRPC: Граѓаните немаат доверба во државните институции, а 45,35%  велат дека државата се движи во ПОГРЕШНА насока https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/anketa-na-crpc-graganite-nemaat-doverba-vo-drzhavnite-institutsii-a-45-35-velat-deka-drzhavata-se-dvizhi-vo-pogreshna-nasoka/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/anketa-na-crpc-graganite-nemaat-doverba-vo-drzhavnite-institutsii-a-45-35-velat-deka-drzhavata-se-dvizhi-vo-pogreshna-nasoka/#respond Tue, 24 Oct 2023 09:55:13 +0000 https://kurir.mk/?p=892461

Во анкетата спроведена од Центарот за политички истражувања и комуникации (CRPC),  во соработка со Здружението за новинарство, информирање, комуникации и маркетинг услуги Glas.mk на прашањето: Општо земено дали би рекле дека работите во Република Македонија се одвиваат во правилна или во погрешна насока  45,35%  одговориле дека државата се движи во погрешна насока, а 13,7 % од испитаниците сметаат дека Македонија се движи во правилна насока. 19,95% од анкетираните одбиле да одговорат, а 21,05% го дале одговорот – не знам. Албанците, за разлика од Македонците, се повеќе на ставот дека државата се движи во погрешна насока, односно речиси половина од нив сметаат дека Македонија се движи во погрешен правец. Во анкетата спроведена од Центарот за политички истражувања и комуникации (CRPC),  во соработка со Здружението за новинарство, информирање, комуникации и маркетинг услуги Glas.mk на прашањето: Дали имате доверба во државните институции 47 5% од анкетираните  одговориле дека немаат доверба, 23% одбиле да одговорат, 21 % се изјасниле со – не знам, а најмал процент, само 9 % рекла дека имаат доверба во државните институции. 39 % од испитанитте Македонци немаат доверба, а процентот на недоверба кон институциите на системот кај нивните сонародници Албанци е поголем за 11 %.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/anketa-na-crpc-graganite-nemaat-doverba-vo-drzhavnite-institutsii-a-45-35-velat-deka-drzhavata-se-dvizhi-vo-pogreshna-nasoka/feed/ 0
Анкета: На мнозинството Хрвати им е потребна втора работа за да ги задоволат основните потреби https://arhiva.kurir.mk/svet/region/anketa-na-mnozinstvoto-hrvati-im-e-potrebna-vtora-rabota-za-da-gi-zadovolat-osnovnite-potrebi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/anketa-na-mnozinstvoto-hrvati-im-e-potrebna-vtora-rabota-za-da-gi-zadovolat-osnovnite-potrebi/#respond Fri, 13 Oct 2023 07:06:34 +0000 https://kurir.mk/?p=888326

- Двајца од тројца Хрвати размислуваат да најдат втора работа за да ги задоволат своите основни потреби, бидејќи нивната моментална плата не е доволна поради континуираниот пораст на сите цени и трошоците за живот, објави хрватската новинска агенција Хина, цитирајќи ги резултатите од анкетата на веб-страница за барање работа „MojPosao“. Вкупно 67 отсто од 750 испитаници размислуваат да најдат втора работа, покажува истражувањето. Инфлациските притисоци, кои произлегуваат од зголемените трошоци за електрична енергија, храна и други животни трошоци, ставаат на тест многу работници и нивните семејства, истакна МојПосао, додавајќи дека и покрај континуираните зголемувања на платите, многу Хрвати имаат проблем да врзат крај со крај за да ги задоволат потребите. Испитаниците веруваат дека им треба втора работа за да го надополнат буџетот за домаќинството, а тоа, според MojPosao, укажува на алармантен тренд во финансиските предизвици со кои се соочуваат многу вработени луѓе. Мнозинството од испитаниците рекле дека најголемиот дел од приходите, дури и до три четвртини од платата, оди на сметки за храна и комунални услуги. Еден од 10 луѓе има втора работа. Еден од десет луѓе вели дека сега имаат две работни места за да преживеат, истакнувајќи дека тоа е неизбежно. Иако 13 проценти од испитаниците рекле дека не размислуваат за втора работа затоа што се задоволни со платата и можат да ги задоволат сите свои потреби, тие забележуваат дека можеби ќе почнат да размислуваат за нова или втора работа доколку трошоците за живот продолжат да растат и работодавачите не ги зголемуваат платите за да ги компензираат зголемените трошоци. Десет проценти од испитаниците се невработени и бараат работа.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/anketa-na-mnozinstvoto-hrvati-im-e-potrebna-vtora-rabota-za-da-gi-zadovolat-osnovnite-potrebi/feed/ 0
Божиновски: Според релевантните истражувања ВМРО-ДПМНЕ ќе има убедлива победа на следните избори, а СДСМ нема да може да го оствари ниту резултатот од локалните избори https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bozhinovski-spored-relevantnite-istrazhuvana-vmro-dpmne-ke-ima-ubedliva-pobeda-na-slednite-izbori-a-sdsm-nema-da-mozhe-da-go-ostvari-nitu-rezultatot-od-lokalnite-izbori/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bozhinovski-spored-relevantnite-istrazhuvana-vmro-dpmne-ke-ima-ubedliva-pobeda-na-slednite-izbori-a-sdsm-nema-da-mozhe-da-go-ostvari-nitu-rezultatot-od-lokalnite-izbori/#respond Tue, 10 Oct 2023 07:19:24 +0000 https://kurir.mk/?p=887284

„Според сите истражувања очекувано е дека на следните избори ВМРО-ДПМНЕ ќе има убедлива победа. Тоа е според сите релевантни резултати кои што излегуваат“, истакна Владимир Божиновски во гостување во емисија на радио „Лидер“. Божиновски додаде дека истото се случува како и за локалните избори кога и тогаш истражувањата укажуваа дека ВМРО-ДПМНЕ ќе освои мнозинство општини. Така и сега сите релевантни истражувања насочуваат кон убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ на претстојните избори. „На СДСМ очигледно веќе нивниот наратив не поминува кај граѓаните. Тие веќе имаа и сериозен пад на локалните избори. Пад кој што според сите релевантни истражувања продолжува и до ден денес“, појасни Божиновски. Тој посочи дека според сите релевантни истражувања на изборите СДСМ не може да се надевa дека ќе направи резултат кој што ќе обезбеди победа. Но исто така СДСМ не може да го направи и истиот резултат од локалните избори кој исто така беше поразителен за нив. Божиновски укажа дека на СДСМ му се случува сериозен пад поради нивните погрешни политики. СДСМ не успева да ги убеди и своите членови да гласаат за нив.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bozhinovski-spored-relevantnite-istrazhuvana-vmro-dpmne-ke-ima-ubedliva-pobeda-na-slednite-izbori-a-sdsm-nema-da-mozhe-da-go-ostvari-nitu-rezultatot-od-lokalnite-izbori/feed/ 0
Латас: Анкетата на Стратум е нерелевантна и е направена по партиска нарачка, оваа влада ги брои последните 100 дена https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/latas-anketata-na-stratum-e-nerelevantna-i-e-napravena-po-partiska-narachka-ovaa-vlada-gi-broi-poslednite-100-dena/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/latas-anketata-na-stratum-e-nerelevantna-i-e-napravena-po-partiska-narachka-ovaa-vlada-gi-broi-poslednite-100-dena/#respond Mon, 09 Oct 2023 18:53:21 +0000 https://kurir.mk/?p=887122

Мене не ме изненадува со оглед дека тоа е Агенција која добила пари од Фондот за иновации. Фондот за иновации знаеме дека е една од институциите која беше меѓу најмногу прозиваните за корупција за делење на пари на медиуми и новинари блиски до власта, вели новинарот Драган Павловиќ Латас за направената анкета од Стратум објавена во неделникот Фокус во вечерашното гостување во емисијата Само вистина на Канал 5 телевизија. Според Павловиќ Латас, анкетата на Стратум е нерелевантна, бидејќи како што рече кога се анкетите во прашање за една анкета да е релевантна мора да се направи сублимат од повеќе анкети за исти или слични прашања и потоа да се земе просекот. И вториот пристап кој според него е важен на сето тоа да се додадат анкетите од странските институции кои имаат силен мониторинг врз процесот на анкетирање и применуваат методи кои се во Европа и САД. Јас кога се анкетите во прашање имам два пристапа. Прво, мора повеќе анкети од повеќе извори, да се направи некаков сублимат и да се извлече некаков просек, доколку има исти или слични прашања. А второ, мора кон тоа да се додадат анкетите од странските институции кои имаат силен мониторинг врз процесот на анкетирање и применуваат методи кои се во Европа и САД релевантни, истакна Павловиќ Латас. Павловиќ Латас рече дека другите анкети покажуваат се слични бидејќи покажуваат голема предност за ВМРО-ДПМНЕ во однос на СДСМ, додека лидерот на опозицијата Мицкоски веќе 2 години според сите анкети е политичар со најголема доверба. Според тие анкети, надвор од оваа на Статум или Фокус, имаме единствени резултати, да кажам многу слични, односно дека ВМРО-ДПМНЕ е некаде двојна предност, а некаде близу двојна предност во однос на СДСМ, од една страна. И од друга страна Мицкоски е веќе 2 години политичар со најголема доверба во јавноста, кажа тој. Латас потенцираше дека за разлика од претходно кога Мицкоски имал мала предност пред поранешниот лидер и премиер на Зоран Заев, сега има убедлива предност пред сегашниот лидер на СДСМ и премиер Димитар Ковачевски. Претходно беше мала предност на Мицкоски пред Заев. Но, сега е убедлива предноста на Мицкоски пред Ковачевски, нагласи Латас. Според Латас анкетата на агенцијата Стратум е нерелевантна и е направена по партиска нарачка на власта за која што рече ги брои последните 100 дена. Значи зборувам за анкетите од Демократскиот американски институт, и од другите странски агенции. Така што оваа на Стратум е исклучок од другите 10 анкети, јас не можам да ја сметам за релевантна, освен по партиска нарачка за власта која како и да гледаш ги бори последните 100 дена, смета Павловиќ Латас.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/latas-anketata-na-stratum-e-nerelevantna-i-e-napravena-po-partiska-narachka-ovaa-vlada-gi-broi-poslednite-100-dena/feed/ 0