анксиозност – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 10 May 2023 15:03:48 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png анксиозност – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Сè повеќе деца чувствуваат анксиозност и страв, УНИЦЕФ повикува на итни активности за поддршка на менталното здравје на учениците https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-poveke-detsa-chuvstvuvaat-anksioznost-i-strav-unitsef-povikuva-na-itni-aktivnosti-za-poddrshka-na-mentalnoto-zdravje-na-uchenitsite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-poveke-detsa-chuvstvuvaat-anksioznost-i-strav-unitsef-povikuva-na-itni-aktivnosti-za-poddrshka-na-mentalnoto-zdravje-na-uchenitsite/#respond Wed, 10 May 2023 15:03:48 +0000 https://kurir.mk/?p=832789

Претставници од УНИЦЕФ, Министерството за образование и наука и Бирото за развој на образованието, денеска имале средба со тим од професионалци и експерти за ментално здравје за да разговараат за итни активности коишто ќе обезбедат дополнителна поддршка на децата во последните шест недели од оваа учебна година. Канцеларијата на УНИЦЕФ во Скопје информира дека состанокот бил организиран поради загрижувачката вест за сè поголем број деца кои чувствуваат анксиозност и страв. Според истражувањата на УНИЦЕФ, има сè поголем број деца кои чувствуваат анксиозност. Професионалците и експертите присутни на состанокот потврдиле дека анксиозноста и стресот кај децата се зголемени, особено по неодамнешниот бран закани со бомби во училиштата во земјава и откако беа изложени на вести за трагичниот настан во училиштето во соседна Србија. -На состанокот се постигна согласност дека е потребно вклучување на целото општество за да се овозможи училиштето да остане безбедно место за сите деца и за да се обезбеди советување и поддршка на децата во сите услови, нагласувајќи дека е неопходно во следните недели да се преземат итни дејствија, соопшти УНИЦЕФ. Според УНИЦЕФ, потребите за поддршка на менталното здравје на децата и младите не смеат да се игнорираат и потребна е дополнителна и итна поддршка на менталното здравје на децата и младите во училиштата. -За оваа цел, УНИЦЕФ ги повикува раководствата на училиштата да се погрижат стручните соработници, односно психолозите, педагозите, специјалните едукатори и другите да бидат целосно посветени во обезбедување поддршка за децата и колегите во последните шест недели од учебната година. Дополнително, кога се работи за прашања кои ги засегаат децата, најдобриот интерес на сите деца мора да биде во фокус на секоја одлука донесена од страна на заедницата и Владата. Меѓу другото, одговорноста за идентификување и поддршка на децата кои се соочуваат со проблеми со менталното здравје мора да остане во доменот на работа на стручниот кадар и товарот за идентификување и пријавување проблеми не треба да падне врз децата, се наведува во соопштението. УНИЦЕФ, исто така, ги повикува јавноста и медиумите да промовираат превенција и ресторативен пристап во справување со прашања поврзани со насилство меѓу деца, наместо казнени мерки и политики, но и да се воздржат од користење терминологија која поттикнува стигматизација кога станува збор за деца. За спречување на сите форми на насилство и справување со предизвиците поврзани со менталното здравје, наведува УНИЦЕФ, потребно е вклучување на целото општество и користење пристап кој се фокусира на превенција, градење отпорност, промовирање добросостојба и обезбедување специјализирана поддршка тогаш кога е потребна. -Ова вклучува родителите да имаат пристап до програми за родителство; училиштата да овозможат безбедна и поттикнувачка средина за учење и децата да имаат пристап до услуги и поддршка за ментално здравје; а посебни услуги да бидат достапни за сите деца на кои им е потребна специјализирана поддршка, соопшти Канцеларијата на УНИЦЕФ. Посочува и дека се подготвени да ја поддржат Владата на Северна Македонија и сите други релевантни партнери во нивните напори за справување со сите форми на насилство и предизвици со менталното здравје со кои се соочуваат децата и младите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-poveke-detsa-chuvstvuvaat-anksioznost-i-strav-unitsef-povikuva-na-itni-aktivnosti-za-poddrshka-na-mentalnoto-zdravje-na-uchenitsite/feed/ 0
Поголема депресија и анксиозност кај адолесцентите по пандемијата од Ковид-19 https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pogolema-depresija-i-anksioznost-kaj-adolestsentite-po-pandemijata-od-kovid-19/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pogolema-depresija-i-anksioznost-kaj-adolestsentite-po-pandemijata-od-kovid-19/#respond Wed, 03 May 2023 14:22:26 +0000 https://kurir.mk/?p=830197

За време на пандемијата од Ковид-19, адолесцентите се соочиле со драматичен прекин на нивните вообичаени дневни рутини и со поголеми предизвици во однос на менталното здравје во споредба со возрасните. Студиите потврдуваат дека долгата социјална изолација, затворањето на училиштата, прекинот во дневните рутини, несигурноста, грижата за здравјето и добросостојбата на членовите од семејството и блиските луѓе, имаа големо влијание врз менталното здравје на адолесцентите. Како последица на тоа, се зголемило и нивното чувство на депресија и анксиозност. Ова беше потенцирано на денешната конференција „Менталното здравје ги засега сите“, што се одржа во Скопје, а каде беа претставени резултатите од направени истражувања за менталното здравје. Секој трети адолесцент изјавил дека има симптоми на депресија. Четириесет и два отсто од адолесцентите пријавиле дека доживеале умерени до сериозни симптоми на анксиозност. И покрај тоа, повеќе од половина од испитаниците што изјавиле дека имаат потреба од услуги за менталното здравје, не побарале такви услуги. Во истражувањето се наведува дека многу поголема е веројатноста девојчињата да пријават симптоми на депресија во споредба со момчињата, дури шестпати. Студиите покажуваат и дека повеќе од 54 отсто од младите мајки, кои пријавиле сериозни симптоми на депресија, не успеваат да воспостават емоционална врска со новороденчето што е клучен фактор за здравјето и развојот на детето, но, исто така и за менталното здравје и благосостојба на мајката. На денешната конференција, УНИЦЕФ, заедно со клучните чинители и партнери од земјата, отвори дискусија за системското зајакнување на поддршката на менталното здравје на децата и нивните семејства, со посебен осврт на зголемување на инвестициите во услугите за ментално здравје и психо-социјална поддршка, соодветен пристап кон менталното здравје во училиштата и во заедницата и промена на јавниот дискурс за да се намали стигмата поврзана со менталното здравје. УНИЦЕФ ги претстави клучните резултати од програмите за ментално здравје на децата и адолесцентите, вклучително и главните наоди од двете истражувања за менталното здравје, први од таков вид во земјата, што беа спроведени со финансиска поддршка од УСАИД и во партнерство со Универзитетската клиника за психијатрија во текот на третата година од пандемијата со Ковид-19 во средината на 2022 година. Значаен аспект од поддршката на УНИЦЕФ за менталното здравје е децата да учат во училишта што обезбедуваат сигурна и заштитничка околина без насилство. Во тој контекст, УНИЦЕФ со поддршка од УСАИД работел со Бирото за развој на образованието за да им понуди можност на училиштата да промовираат позитивно ментално здравје и добросостојба, да ја зајакнат отпорноста и да градат животни вештини кај учениците, да се борат против стигмата и да го зајакнат пристапот до услуги за поддршка на менталното здравје. Како резултат на овие интервенции, 60 отсто од вработените во училиштата, вклучително и психолози и педагози, посетувале обука за воведување програма за ментално здравје и психо-социјална поддршка. Вкупно 3.000 наставници од одделенска настава биле обучени за примена на модулот за ментално здравје како дел од Националниот концепт за основно образование. Со финансиска поддршка од УСАИД и Европската унија, УНИЦЕФ исто така обезбедил поддршка за практичарите кои работат со најранливите групи деца и семејства. Повеќе од 100 социјални работници се здобиле со алатки за да ја подобрат сопствената психолошка издржливост и за да обезбедат подобар системски одговор на кризни ситуации. За потребите на децата и семејствата била воспоставена телефонска линија за психо-цосијална поддршка и совети за менталното здравје. Како еден од следните чекори по конференцијата за ментално здравје, УНИЦЕФ ќе продолжи со поддршката на унапредување на Националната стратегија за ментално здравје со фокус на четири области што бараат меѓу-секторска соработка. Доколку некој има потреба од психо-социјална помош или поддршка на менталното здравје, може да се јави на 072 912 676 за анонимен и доверлив совет од клинички психолози од Универзитетската клиника за психијатрија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pogolema-depresija-i-anksioznost-kaj-adolestsentite-po-pandemijata-od-kovid-19/feed/ 0
Победете ги паничните напади: Еве што може да ви помогне https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/pobedete-gi-panichnite-napadi-eve-shto-mozhe-da-vi-pomogne/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/pobedete-gi-panichnite-napadi-eve-shto-mozhe-da-vi-pomogne/#respond Wed, 01 Feb 2023 13:31:18 +0000 https://kurir.mk/?p=794596

За жал, анксиозноста денеска практично е составен дел од животот на речиси секој човек. Некои лесно се справуваат со неа, но други ги „држи“ многу долго. Општото анксиозно нарушување најчесто оди „под рака“ со паничните напади. Поради неможноста да се контролираат чувствата, личноста чувствува страв, паника и е спречена нормално да функционира. Во тој момент во телото се случува и физички и ментален стрес, а некогаш е потребна дури и лекарска помош за да се интервенира. Паничните напади може да се јават кога нивото на серотонин во организмот е многу ниско, па личноста не чувствува никаква среќа. Доколку оваа состојба потрае, доаѓа до анксиозност и депресија. Серотонинот се синтетизира од аминокиселината триптофан, а процесот го потпомагаат витаминот Б6 и железото. Откритието дека овој витамин може да влијае врз расположението, паничните напади и анксиозноста дава надеж дека може да се најде брзо и лесно решение кога тие состојби стануваат неподносливи.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/pobedete-gi-panichnite-napadi-eve-shto-mozhe-da-vi-pomogne/feed/ 0
Родителите понекогаш несвесно создаваат анскиозност кај децата https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/roditelite-ponekogash-nesvesno-sozdavaat-anskioznost-kaj-detsata/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/roditelite-ponekogash-nesvesno-sozdavaat-anskioznost-kaj-detsata/#respond Wed, 01 Feb 2023 12:44:56 +0000 https://kurir.mk/?p=794722

Анксиозноста е проблем што го има и кај возрасните и кај децата, а клиничките истражувања покажуваат дека над 20 отсто од младите се борат со оваа појава. Затоа, стручњаците препорачуваат дека за родителите е важно што порано да се работи на односот со децата. Најчести признаци за посериозна вознемиреност кај децата се главоболка, забрзано чукање на срцето и стомачни болки, како и однесувањето со другите деца. Многу често, однесувањето на родителот може да доведе до анксзиозност кај децата без воопшто да биде свесен за своите постапки. Затоа е многу важно да е внимава што им се зборува. Следат неколку совети... Соочувањето со своите сопствени несигурности е пред сѐ, на самиот почеток. Децата го следат и учат однесувањето на родителите. Не може да се очекува дека детето ќе има самодоверба ако ја нема возрасниот. Тешко е да се избегне стресот, но може да го промениме начинот на кој ги прифаќаме лошите вести и настани. Поттикнувањето на избегнување обврски што му се чинат непријатни на детето - само ќе ја продлабочи неговата анксиозност откако ќе мора да се соочи со тие задолженија. Родителите често им помагаат на детето да ги одложи работите што мора да ги заврши, но сепак, најдобро е тоа веднаш да се соочи со нив. Преголемата и строга претпазливост може да биде исклучително штетна. Ако често му кажувате на детето дека одредени постапки се опасни и забранети, без да му објасните зошто е тоа така - тоа ќе стане неодлучно. Со конкретни информации, објаснете му на детето зошто нешто е опасно, за да ја сфати сериозноста на случувањата. И испраќањето измешани, нејаcни, двосмислени пораки, на пр. во смисла - „сѐ или ништо“ може само дополнително да ги збунат децата. Затоа, просто објаснете му зошто тоа нешто е важно. Со мирен тон, јаcно и двосмислено објаснете му какви се последиците. И избегнувањето разговори за чувствата не е добро, ни за детето, но ниту за возрасниот. Важно е да знаете како се чувствува детето и да може јасно да ги изрази своите чувства пред Вас. Треба да му се објасни, на пр., дека стравот и нервозата се сосем нормални емоции. Слушајте што ви кажува и дојдете до заедничко решение преку разговор. Пофалувањето на резултатите - наместо трудот, исто така, создава вознемиреност кај децата, што може да се одрази и подоцна во животот. Стравот од разочарување дека не направиле нешто како што треба, иако тоа е вон нивна моќ, може да предизвика висока анксиозност. Затоа, секогаш пофалувајте ги кога ќе се потрудат. Поставувањето наведувачки прашања со однапред очекуван одговор, создава страв и не му остава простор на детето најсоодветно да ги изрази своите емоции и мисли. Преземањето авторитативен пристап во родителството најмногу им штети на децата кои се посмирени. Ако имате повеќе деца, кои се различни по нарав, викањето и казнувањето може да ја зголемат анксиозноста кај помирното дете. Затоа, се препорачува избегнување авторитативен и строг пристап.

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/roditelite-ponekogash-nesvesno-sozdavaat-anskioznost-kaj-detsata/feed/ 0
ВЕДНАШ ПРЕСТАНЕТЕ ДА ГИ ПРАВИТЕ: Овие шест лоши навики во исхраната ја зголемуваат анксиозноста https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/vednash-prestanete-da-gi-pravite-ovie-shest-loshi-naviki-vo-ishranata-ja-zgolemuvaat-anksioznosta/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/vednash-prestanete-da-gi-pravite-ovie-shest-loshi-naviki-vo-ishranata-ja-zgolemuvaat-anksioznosta/#respond Sun, 11 Dec 2022 17:20:32 +0000 https://kurir.mk/?p=773991

Причините што доведуваат до анксиозност не се единствени, туку комбинираното влијание на генетските и еколошките фактори. Најчесто тоа е некаква траума, стрес или едноставно некој е таков тип на личност. Сепак, она што многумина не го знаат е дека исхраната може да влијае на интензитетот на анксиозноста, односно одредени навики може да ја влошат. Нутриционистката Наташа Ѓукиќ откри на што дополнително треба да се внимава: „Анксиозното растројство може да биде последица на интензивен стрес, но и реакција на долгорочно акумулирање на помалку интензивен стрес. Главните симптоми на анксиозното растројство се страв и прекумерна загриженост, проследени со немир, напнатост, напади на паника, тешкотии со концентрирање, чувство на вина, слаб квалитет на спиење, чувство на слабост и замор, како и мускулна напнатост, главоболки, болка во градите и многу повеќе“. Ова се навиките во исхраната кои треба да ги избегнувате: -прескокнување на појадокот -консумирање премногу шеќер -премногу кофеин -нередовни оброци -опсесивно броење калории -консумација на алкохол]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/vednash-prestanete-da-gi-pravite-ovie-shest-loshi-naviki-vo-ishranata-ja-zgolemuvaat-anksioznosta/feed/ 0
Анксиозност во бременоста е проблем за кој НЕ СМЕЕ да се молчи: Како да ја победите? https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/anksioznost-vo-bremenosta-e-problem-za-koj-ne-smee-da-se-molchi-kako-da-ja-pobedite/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/anksioznost-vo-bremenosta-e-problem-za-koj-ne-smee-da-se-molchi-kako-da-ja-pobedite/#respond Thu, 27 Oct 2022 17:40:03 +0000 https://kurir.mk/?p=748349

Бременоста предизвикува бројни физички и психички промени. Воодушевувањето кое е предизвикано од тестот за бременост за само неколку дена може да се промени во загриженост и несигурност, а тоа не се емоции со кои лесно може да се носат бремените жени. Умереното чувство на страв или загриженост е нормално во текот на бременоста со оглед на се’ она што ќе се случи во блиска иднина, но состојбата на анксиозност може да ги искомплицира работите. Анксиозност во бременоста – симптоми и ризични фактори Анксиозноста е природен одговор кога се чувствуваме несигурно или загрозено. Човекот секојдневно е опкружен со различни фактори што создаваат стрес, кој се заканува на неговата или на сигурноста на неговите најмили. Понекогаш сме загрижени поради нешто конкретно, а понекогаш загриженоста е нејасна, бидејќи е манифестирана преку чувство дека во секој момент ќе се случи нешто лошо. Иако повеќе луѓе имаат слушнато за постпородилната депресија, постои и една друга состојба која може многу да влијае на бременоста. Се работи за анксиозноста која се јавува кај една од десет бремени жени во текот на бременоста. Сосема е нормално жената понекогаш да се загрижи поради се’ она што ја чека во следните месеци, а самото размислување за породувањето и првите денови по него, ретко да не предизвика страв. Помеѓу останатото, поради бројни хормонални промени во текот на бременоста може да се јават и различни хемиски промени во мозокот кои може да ја влошат анксиозноста. Таа се јавува во различни облици. Кај некои жени симптомите се јавуваат како зголемен број на срцевите отчукувања, мускулна напнатост, губење на апетитот и потешкотии при спиењето. Симптомите може да се јават и како загрижени мисли за иднината, неможност за контрола на негативните мисли и замислување на најлошите можни сценарија. Анксиозноста може да се манифестира и преку постапките и однесувањето (избегнување одредени ситуации, активности, места или луѓе). Кај некои жени симптомите може да се искомплицираат и да се јават дури и панични напади. Иако анксиозноста може да се развие кај секоја трудница, постојат одредени ризик фактори кои може да придонесат за нејзината појава, меѓу кои претходно доживеани трауми, употреба на психоактивни супстанци и секојдневен стрес. Како да се победи анксиозноста во бременоста? Благите случаи на анксиозност обично не бараат посебни третмани, иако би било добро на лекарот да му кажете доколку не можете да се справите со одредени емоции. Во потешките случаи, лекарот може да препорача дополнителни методи на лекување кои можат да бидат во форма на психотерапија со можна комбинација со лекови (во зависност од корисноста и ризикот од лекот за жената и детето). Иако веројатно пријателите со добра намера често ви кажуваат дека треба да престанете да се грижите затоа што не е добро за детето, обично е полесно нешто да се каже отколку да се направи. Сепак, постојат многу причини зошто дефинитивно треба да се обидете да ја контролирате вашата вознемиреност (на пример, поради можноста за предвремено раѓање, мала тежина при раѓање и други фактори на ризик за развој на детето). Секако би било добро да разговарате за вашиот проблем со анксиозноста со личност во која имате силна доверба. Важно е да му кажете на некого и да споделите дека чувствувате тешкотии. Едноставно споделувањето на мисли и чувства понекогаш може да биде доволно за да се спречат многу потешки состојби. Затоа, не двоумете се да побарате од вашиот лекар препорака за психолог или психотерапевт, кој ќе знае како да ви помогне да ја контролирате вашата вознемиреност и сè што доаѓа со неа. Покрај тоа, обидете се да пронајдете одредени методи и начини за опуштање (прошетка во природа, џогирање или танцување) кои можат да ви помогнат да ги намалите стресот и вознемиреноста. Физичката активност соодветна на вашата состојба може да му помогне на телото да лачи повеќе ендорфин. Но, бидете внимателни при изборот на физичките активности и консултирајте се со доктор пред да започнете нова рутина за вежбање за време на бременоста. Она што најчесто се занемарува е доволната количина на спиење. Иако квалитетното спиење за време на бременоста понекогаш изгледа недостижно, сепак треба да биде приоритет да се ублажат симптомите на анксиозност. Ако вашата вознемиреност е поврзана со самото породување и чувствувате страв од него, размислете за дополнителна едукација на оваа тема. Учењето за различните фази на породувањето и какви било промени во телото можат да помогнат да се создадат реални очекувања и да се намали стравот од породување. Исто така, ќе ви даде можност да споделите искуства со други жени кои минуваат низ истите грижи. Запомнете дека не сте сами. Анксиозноста за време на бременоста е честа, но исто така многу индивидуална бидејќи секоја бременост е уникатна и различна од претходната. Но, не заборавајте да одржувате стабилна комуникација со луѓето на кои им верувате. Обидете се со техники и стратегии за управување со стресот и не откажувајте се сè додека не ги пронајдете мирот и стабилноста што ги барате, затоа што на овој начин најдобро ќе го обезбедите вашето здравје, но и здравјето на вашето дете.

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/anksioznost-vo-bremenosta-e-problem-za-koj-ne-smee-da-se-molchi-kako-da-ja-pobedite/feed/ 0
Анксиозност заради разделување од партнерот или семејството: Како да го надминете овој проблем https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/anksioznost-zaradi-razdeluvanje-od-partnerot-ili-semejstvoto-kako-da-go-nadminete-ovoj-problem/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/anksioznost-zaradi-razdeluvanje-od-partnerot-ili-semejstvoto-kako-da-go-nadminete-ovoj-problem/#respond Mon, 29 Aug 2022 07:37:57 +0000 https://kurir.mk/?p=725321

Дали имате тенденција да се чувствувате вознемирени кога вашиот партнер оди на работа или сте вознемирени секогаш кога вашето дете оди на училиште? Дали се чувствувате непријатно од помислата дека сте подалеку од вашата омилена личност? Ако вашиот одговор е „да“, многу е можно да имате анксиозност од разделување. Вознемиреноста од разделување може да се види кај деца и возрасни, како и кај животни како вашите миленици. Анксиозноста од разделување може негативно да влијае на вашето ментално здравје и да ве спречи да се концентрирате на секојдневните активности. Затоа во вакви случаи најдобро е да се консултирате со лекар, а во меѓувреме можете да ги испробате овие едноставни начини како да се справите со анксиозноста од одвојување, пишува „Фемина.ин“. Медитација Медитацијата е одличен начин да се надмине анксиозноста. Медитацијата може да ви помогне да го смирите вашиот ум и да се справите со вашите грижи. Само 15 до 20 минути медитација дневно може да ви помогне да се справите со разни проблеми. Групна терапија Разговорот со други кои веројатно минуваат низ слични, ако не и исти проблеми како вас, ќе ви помогне да ги потврдите и да ги слушнете вашите грижи. Групите за самопомош може да ви помогнат да ги разберете вашите проблеми од друга перспектива и да ви помогнат да се поврзете со други луѓе. Разговор со специјалист Разговорот со професионалец и споделувањето на вашите проблеми може да ви помогне да ја прифатите ситуацијата и да направите чекор напред. Неопходно е да го објасните вашиот проблем и да разговарате за третманот за него. Малку простор Ставете простор помеѓу вас и личноста со која сте приврзани, без разлика дали тоа е вашето дете, партнер или дури и домашно милениче. Дури и кратко време може да помогне. Оставете го вашето дете со доверлива личност неколку часа или излегувајте со пријателите и немојте постојано да му пишувате пораки на партнерот. Ова ќе ви помогне да ја развиете навиката и да научите како да се справите со подолгите периоди на одвојување. Обидете се да не се откажувате Кога сте надвор, обидете се да не се предадете на нагонот да тргнете по оној за кој сте приврзани. Научете да се спротивставувате на тој нагон и најдете одвраќање за да не го забележите нивното отсуство. Направете го тоа ваша пракса додека не стане навика.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/anksioznost-zaradi-razdeluvanje-od-partnerot-ili-semejstvoto-kako-da-go-nadminete-ovoj-problem/feed/ 0
Истражување: Девет проценти од децата на возраст од 5 до 17 години имаат анксиозност, додека два проценти страдаат од тага или депресија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/istrazuvanje-devet-procenti-od-decata-na-vozrast-od-5-do-17-godini-imaat-anksioznost-dodeka-dva-procenti-stradaat-od-taga-ili-depresija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/istrazuvanje-devet-procenti-od-decata-na-vozrast-od-5-do-17-godini-imaat-anksioznost-dodeka-dva-procenti-stradaat-od-taga-ili-depresija/#respond Fri, 10 Dec 2021 09:04:56 +0000 https://kurir.mk/?p=606495

Околу девет проценти од децата на возраст од 2 до 17 години имаат функционални тешкотии во најмалку еден домен, според одговорите на нивните мајки/старатели. По домени на тешкотии девет проценти од децата на возраст од 5 до 17 години имаат анксиозност, додека два проценти страдаат од тага или депресија, покажува Мултииндикаторското кластерско истражување (МИКС) на Државниот завод за статистика, спроведено во текот на 2018-2019 година, како дел од Глобалната програма за состојбата на децата и жените. Според истражувањето, поголем дел од децата во најсиромашните домаќинства доживуваат функционални тешкотии во кој било од домените, во споредба со нивните врсници во најбогатите домаќинства – 13 наспроти 4 проценти. Истражувањето, исто така, покажува дека околу 10 проценти од децата на возраст од 2 до 17 години носат очила, додека помалку од 1 процент користат опрема или добиваат помош при одење. Глобалната програма МИКС е развиена од страна на УНИЦЕФ во 90-тите години како меѓународна повеќенаменска програма за анкетирање на домаќинствата за поддршка на земјите во прибирањето на меѓународно споредливи податоци за широк спектар на индикатори за состојбата на децата и жените. Со истражувањето МИКС се мерат клучните индикатори кои им овозможуваат на земјите да создаваат податоци за креирање на политики, програми и национални планови за развој и да го следат напредокот кон целите за одржлив развој (SDG) и други меѓународни договори. Техничката поддршка за истражувањето ја обезбеди Фондот за деца на Обединетите нации (УНИЦЕФ), со финансиска поддршка од УНИЦЕФ, Фондот за население на Обединетите нации (УНФПА) и Британската амбасада. Од Државниот завод за статистика, посочуваат дека Извештајот од истражувањето е објавен во мај 2020 година, но поради светската пандемија на Ковид-19, како и поради бројните обврски поврзани со Пописот 2021, не добил публицитет каков што заслужува и затоа, во периодот кој следува, ќе објавуваат инфографици со податоци и клучни поенти од извештајот, со кои, како што посочуваат, сакаат да ја претстават сликата за состојбата на децата и жените во Република Северна Македонија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/istrazuvanje-devet-procenti-od-decata-na-vozrast-od-5-do-17-godini-imaat-anksioznost-dodeka-dva-procenti-stradaat-od-taga-ili-depresija/feed/ 0
Лошо се справувате со стресот и станувате анксиозни? Можеби ова е причината за тоа! https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/losho-se-spravuvate-so-stresot-i-stanuvate-anksiozni-mozebi-ova-e-prichinata-za-toa/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/losho-se-spravuvate-so-stresot-i-stanuvate-anksiozni-mozebi-ova-e-prichinata-za-toa/#respond Wed, 01 Dec 2021 12:57:24 +0000 https://kurir.mk/?p=602518

Некои луѓе се справуваат со стресот подобро од други, а еве како и зошто! -Оние кои потешко го поднесуваат стресот можат да им се заблагодарат на своите родители за тоа, покажа новата студија. Тим научници од Детската болница во Филаделфија откриле дека рецепторите во мозокот имаат клучна улога во тоа како реагираме на стрес. Тоа значи дека биологијата „одлучува“ како да се бориме со стресот многу повеќе отколку што го сфаќаме. Научниците се фокусирале на S1PR3 рецепторот, за кој порано знаеле многу малку, а потоа учесниците во студијата ги ставиле во различни необични ситуации и забележале како реагирале. Резултатите покажаа дека оние кои имаат повеќе S1PR3 протеини подобро го поднесуваат стресот, т.е. се поотпорни на стрес и подобро реагираат на стресни ситуации. Од друга страна, оние кои имаат пониско ниво на протеини на стрес реагираат анксиозно. Експертите велат дека овие резултати се ветувачки затоа што би можеле да помогнат во правење нови третмани и лекови за стрес и анксиозност.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/losho-se-spravuvate-so-stresot-i-stanuvate-anksiozni-mozebi-ova-e-prichinata-za-toa/feed/ 0
Страшна статистика: Секое десетто дете по земјотресот во Загреб покажува симптоми на анксиозност и депресија https://arhiva.kurir.mk/svet/region/strashna-statistika-sekoe-desetto-dete-po-zemjotresot-vo-zagreb-pokazuva-simptomi-na-anksioznost-i-depresija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/strashna-statistika-sekoe-desetto-dete-po-zemjotresot-vo-zagreb-pokazuva-simptomi-na-anksioznost-i-depresija/#respond Thu, 16 Sep 2021 07:06:54 +0000 https://kurir.mk/?p=564198

Едно од десет деца покажува симптоми на анксиозност и депресија, а едно од седум деца има посттрауматско стресно нарушување предизвикано од земјотресите, покажува најновото истражување спроведено во Загреб, јави Хрватската радио-телевизија. Градската институција „Поликлиника за заштита на деца и млади“ на примерок од 22 илјади деца спроведе истражување за менталното здравје на децата и младите во градот Загреб, една година по првиот земјотрес и еден месец по вториот земјотрес. Ова истражување им овозможи на родителите на деца со одредени проблеми да добијат совети и упатства за тоа како и што понатаму, и кому да се обратат. „Сметаме дека би било добро да продолжиме со таква практика на ниво на цела Хрватска, а особено во областа што дополнително беше погодена од земјотресот“, рече д -р Мирела Чентија Кнешевиќ, раководител на Градскиот оддел за здравство на Загреб. Менталното здравје е еден од предизвиците и приоритетите на Светската здравствена организација. Минатата недела беше одбележан Светскиот ден на самоубиствата, а бројките се поразителни низ целиот свет, вклучувајќи ја и Хрватска. Градот Загреб континуирано се занимава со ова прашање веќе неколку години. „Обезбедивме бројни програми за помош и поддршка на децата и младите во областа на градот Загреб. Се обидуваме да обезбедиме претежно бесплатни програми, што значи дека тие се достапни за родителите и децата без упат, со претходна најава“, вели Сентија Кнежевиќ. Важно е да се разбере дека менталните нарушувања се лекуваат и дека е можно закрепнување. Адолесцентните кризи се вообичаени и можат успешно да се надминат. Оние кои се прва помош и поддршка се родителите, потоа психолози и професионални соработници во училиштата, а болницата конечно е на крајот во тој систем, забележува Штимац Грбиќ, шеф на Одделот за ментално здравје и превенција од зависности при Хрватскиот институт за јавно здравје. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/strashna-statistika-sekoe-desetto-dete-po-zemjotresot-vo-zagreb-pokazuva-simptomi-na-anksioznost-i-depresija/feed/ 0