анте дуковски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 11 Sep 2021 21:07:29 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png анте дуковски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Драмата на „Кале“ во корист на Феникс 2010 https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/dramata-na-kale-vo-korist-na-feniks-2010/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/dramata-na-kale-vo-korist-na-feniks-2010/#respond Sat, 11 Sep 2021 21:07:29 +0000 https://kurir.mk/?p=562523

Кошаркарскиот клуб Феникс 2010 е вториот финалист на меморијалниот турнир „Анте Дуковски“ во Скопје откако во драматична завршница избраниците на Дервишевиќ славеа над Куманово со 62-63. Херојот на младиот тим е Куртис Џоунс кој со поени од поле на две секунди пред крајот на мечот донесе огромна победа за својот тим. Во последните минути следеше игра „кош за кош“ која ја прекина Феникс со агресивна одбрана, а на спротивната страна тимот од Маџари успеа да направи и вишок во нападот за превземање на водството (56-57). Феникс имаше шанса и за зголемување на предноста, но „виолетово-жолтите“ не успеаја да реализираат во следните три напади. Тоа го искористи Куманово кој ја врати преднсота преку слободните фрлања, а до крајот следеше нова игра „кош за кош“ во која победникот беше одлучен на две секунди пред крајот на мечот со поени на Џоунс.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/dramata-na-kale-vo-korist-na-feniks-2010/feed/ 0
ТФТ е првиот патник во финалето на меморијалниот турнир „Анте Дуковски“ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/tft-e-prviot-patnik-vo-finaleto-na-memorijalniot-turnir-ante-dukovski/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/tft-e-prviot-patnik-vo-finaleto-na-memorijalniot-turnir-ante-dukovski/#respond Sat, 11 Sep 2021 19:17:44 +0000 https://kurir.mk/?p=562511

ТФТ е првиот патник во финалето на меморијалниот турнир „Анте Дуковски“ откако во полуфиналниот меч на двата домаќините на турнирот славеше над Академија ФМП со 78-68 „Академиците“ во поголемиот дел од натпреварот ја имаа предноста во свои раце. По десет минути игра истата изнесуваше 16-19 и се зголеми до крајот на првото полувреме, но сепак завшницата на истото им припадна на избраниците на Смилковски кои успеаја да дојдат до минимална негатива на полувремето (39-40). Академија ФМП продолжи со добрата игра и на отварњето на второто полувреме па разиката повторно стана „комотна“, а по 30. минути игра на семафорот стоеше резултат 53-59. Како и на претходните натпревари се чинеше дека составот од Кисела Вода ќе приреди мирен финиш, но падот во играта умешно го искористи ТФТ. „Црно-белите“ во последната четвртина го сведоа ФМП на само девет постигнати поени, а го наметнаа своето темпо во нападот каде постигнаа 25 поени за на крајот да стигнат до двоцифрена предност.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/tft-e-prviot-patnik-vo-finaleto-na-memorijalniot-turnir-ante-dukovski/feed/ 0
Победи на Куманово и ТФТ на првиот ден од меморијалниот турнир “Анте Дуковски” https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/pobedi-na-kumanovo-i-tft-na-prviot-den-od-memorijalniot-turnir-ante-dukovski/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/pobedi-na-kumanovo-i-tft-na-prviot-den-od-memorijalniot-turnir-ante-dukovski/#respond Wed, 08 Sep 2021 22:15:41 +0000 https://kurir.mk/?p=561208

Куманово дојде до неверојатен триумф на дуелот против Академија ФМП во рамките на првиот меч од групата В на меморијалниот турнир во чест на Анте Дуковски.Со серија од 11-0 во последните две и пол минути, кошаркарите на Куманово славеа со 66-71. Ова беше далеку понеизвесен натпревар за разлика од оној во “Кале”, најави и тоа како интересна сезона. Џозев заврши како прв стрелец во тимот на Куманово со 22 поена, три повеќе од Зивчевиќ, кај Академија ФМП Кошанин и Крстајиќ имаа по 22 поени. ТФТ со победа го отвори меморијалниот турнир во чест на „Анте Дуковски“. На првата средба во групата А, ТФТ кој заедно со Академија ФМП се организатори на овој турнир, го совлада Феникс со убедливи 88-73. Дебитантот пружи силен отпор иако крајниот резултат тоа не го говори. По водството на домаќинот од 25-12, кошаркарите на Феникс одиграа одлично во втората четвртина, па на одморот намалија на 38-32. Интересно беше и во третата четвртина во која ТФТ успеа да го скрши отпорот на противникот пред самиот крај, а потоа да дојде до триумф. Хортон постигна 16 поени и 10 скока, на другата страна Морган и Кларк имаа по 22 поени.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/pobedi-na-kumanovo-i-tft-na-prviot-den-od-memorijalniot-turnir-ante-dukovski/feed/ 0
Кошарката во Македонија загуби уште еден професионалец, почина Анте Дуковски https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/kosharkata-vo-makedonija-zagubi-ushte-eden-profesionalec-pochina-ante-dukovski/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/kosharkata-vo-makedonija-zagubi-ushte-eden-profesionalec-pochina-ante-dukovski/#respond Mon, 30 Nov 2020 11:07:49 +0000 https://kurir.mk/?p=436242

Македонската кошарка доцна синоќа остана посиромашна за уште едно име кое го одбележа спортот со портокаловата топка во нашата земја. На 66. годишна возраст, во Скопје, почина Анте Дуковски. Синоним за кошарка, особено во Кошаркарскиот клуб МЗТ Скопје, каде помина најголем дел од својата играчка, но и тренерска кариера. Беше играч на велешки Борец, тренер и на Жито Вардар, заигра и во Работнички... Откако заврши со играчкиот дел, работеше во клубот од Аеродром. Како прв тренер на „металците“ и ја донесе првата шампионска титула во самостојна Македонија. Работеше и со големите тренерски имиња како Лазар Лечиќ, Благоја Георгиевски-Буштур, Ивковиќ, Балетиќ...Потоа долги години и со Александар Петровиќ. „Колегче“, беше дел и од нашите репрезентативни селекции, дел од македонската Спортска Академија, а смртта го затече како дел од тренерскиот тим на Академија ФМП.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/kosharkata-vo-makedonija-zagubi-ushte-eden-profesionalec-pochina-ante-dukovski/feed/ 0