анте поповски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 26 Oct 2023 05:56:36 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png анте поповски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Омаж за поетот Анте Поповски по повод 20-годишнината од неговата смрт https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/omazh-za-poetot-ante-popovski-po-povod-20-godishninata-od-negovata-smrt/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/omazh-za-poetot-ante-popovski-po-povod-20-godishninata-od-negovata-smrt/#respond Thu, 26 Oct 2023 05:56:36 +0000 https://kurir.mk/?p=893194

Во Културно-информативниот центар во Скопје вечер ќе се одржи омаж по повод 20-годишнината од смртта на поетот и академик Анте Поповски, во организација на Здружението „Антево перо“. Настанот е мултимедијален и е составен дел од годинашното, шесто издание на Меѓународната поетско-културна манифестација што се одржува во чест на Анте Поповски. Омажот ќе биде отворен со сегмент од документарниот портрет на Анте Поповски и снимка на негови стихови, интерпретирани од актерот Славко Нинов. За творештвото на Анте Поповски ќе зборува писателот Венко Андоновски. -Присутните ќе имаат можност да слушнат дел од првото пеење Каин и Авел од грандиозното дело на Поповски „Света песна“ во изведба на артистката Софија Гогова Врчаковска, на која потоа ќе и биде врачено признанието познато како награда „Антева златна книга“. Наградата се состои од книга поетски творби од Анте Поповски во кожен повез, испишани со неговиот оригинален ракопис. Почесното признание, кое Здружението „Антево перо“ го доделува на истакнати личности, на Врчаковска ѝ припадна за нејзината повеќедецениска континуирана афирмација на творештвото на Анте Поповски, пред сѐ на програмите на Македонската радио-телевизија, но и на повеќе настани организирани во негова чест по разни поводи, соопшти организаторот на настанот. Во чест на поетот, ќе биде промовирана веб-страница која содржи податоци за творештвото на Анте Поповски, за Здружението кое се грижи за чување и афирмација на неговото дело и оставнина, како и за реализацијата на шесте досегашни изданија на Меѓународната манифестација „Анте Поповски –Антево перо“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/omazh-za-poetot-ante-popovski-po-povod-20-godishninata-od-negovata-smrt/feed/ 0
СЕЌАВАЊЕ: 18 години од смртта на големиот македонски поет Анте Поповски https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sekjavanje-18-godini-od-smrtta-na-golemiot-makedonski-poet-ante-popovski/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sekjavanje-18-godini-od-smrtta-na-golemiot-makedonski-poet-ante-popovski/#respond Fri, 01 Oct 2021 05:14:09 +0000 https://kurir.mk/?p=571070

Денеска се одбележуваат 18 години од смртта на Анте Поповски – македонски академик, поет, есеист, препејувач и публицист. Поповски почина на 1 октовмри 2003 година. Дипломирал медицина, но целиот плоден интелектуален ангажман го посветил на литературата и општествениот активизам. Учествувал во основањето на првиот политички субјект во плурална независна Република Македонија – Движењето МААК. Бил директор на НИП „Нова Македонија“ и на „Вардар филм“, а во два мандата и претседател на Друштвото на писателите на Македонија. Член на МАНУ станал во 2001 година. Негови најзначајни поетски дела се: „Одблесоци“, „Вардар“, „Непокор“, „Камена“, „Тајнопис“, „Љубопис“, „Родопис“, „Сина песна“, „Ненасловена“, „Провиденија“, „Света песна“, „Две тишини“. Избори од неговата поезија во посебни книги се објавени во Албанија, Грција, Франција, Русија, Турција, Италија, Германија, Велика Британија, Индија. Добитник бил на наградите „Браќа Миладиновци“, „11 Октомври“, „Кочо Рацин“, „Гоцева повелба“, на Меѓународната награда „Premio Europa“ и на многу други. Роден бил на 3 јуни 1931 година во Лазарополе.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sekjavanje-18-godini-od-smrtta-na-golemiot-makedonski-poet-ante-popovski/feed/ 0
Чествување на Анте Поповски https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/chestvuvanje-na-ante-popovski/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/chestvuvanje-na-ante-popovski/#respond Thu, 18 Mar 2021 06:21:13 +0000 https://kurir.mk/?p=483985

Чествување на големиот македонски поет Анте Поповски денеска на пладне ќе се одржи во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје. По повод 90 години од неговото раѓање, беседа за творештвото на Поповски ќе одржи проф. д-р Кристина Николовска, а стихови од неговата поезија ќе рецитира актерката Јована Спасиќ. Чествувањето ќе се одржи во спомен-собата на Миладиновци, согласно пропишаните мерки за одржување културни настани. Анте Поповски беше поет, есеист, препејувач, публицист. Роден е на 3 јуни 1931 година во село Лазарополе, а почина на 1 октомври 2003 година во Скопје. Завршил Медицински факултет во Скопје. Бил член на Извршниот совет на СР Македонија, директор на весникот „Нова Македонија“ и на „Вардар филм“, потпретседател на републичката комисија за културни врски со странство (во СРМ), претседател на Друштвото на писателите на Македонија (два мандата), претседател на Советот на Струшките вечери на поезијата (два мандата). Член на МАНУ. Член на Македонскиот ПЕН центар. Автор е на 15 поетски книги. Неговата поезија е преведена на многу светски јазици и е добитник на наградите-„Браќа Миладиновци“, „11 Октомври“, „Кочо Рацин“, „Ацо Шопов“, „Гоцевата повелба“ и на меѓународната награда “Premio Europa”.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/chestvuvanje-na-ante-popovski/feed/ 0