анти-ковид мерки – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 24 Aug 2022 13:40:03 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png анти-ковид мерки – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Германскиот Кабинет одобри поостри анти-ковид мерки https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/germanskiot-kabinet-odobri-poostri-anti-kovid-merki/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/germanskiot-kabinet-odobri-poostri-anti-kovid-merki/#respond Wed, 24 Aug 2022 13:40:03 +0000 https://kurir.mk/?p=723295

Германскиот кабинет во текот на вчерашниот ден одобри поостри мерки за превенција пред новоочекуваниот бран на Ковид-19 есенва, јави ДПА. Меѓу мерките се и задолжително носење маска тип ФФП2 во авиони и возови на подолги релации на национално ниво. Медицински маски ќе можат да носат и деца на возраст од шест до 14 години, како и персоналот. Маските се задолжителни во клиники и домови за стари лица, а потребен е доказ за негативен тест на Ковид-19 пред да се влезе. Сојузните држави ќе може да воведат дополнителни заштитни барања од 1 октомври до 7 април, зависно од нивото на инфекција. Тука е вклучено задолжителното носење маски во локални автобуси и возови, како и во други јавно достапни затворени простории. Исклучок за носењето маска е доколку лицето може да покаже негативен тест ако сака да присуствува на културни, рекреациски или спортски настани, но и за влез во ресторани. Исто така, барањето да се носи маска може да не важи, во случај лицето да докаже оти е целосно вакцинирано или закрепнато. Овие планирани правила произлегуваат од концепт предложен од министрите за здравство и правда, Карл Лаутербах и Марко Бушмен, на почетокот од август. Како што појасни Лаутербах, целта е да се избегне висока стапка на починати лица, изгубени работни денови и сериозни долгорочни последици. Откако Кабинетот ги одобри мерките, тие сега се пред Бундестагот, каде може да поминат на 8 септември. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/germanskiot-kabinet-odobri-poostri-anti-kovid-merki/feed/ 0
НОВИ МЕРКИ НА КИПАР: Задолжителен рапид тест за сите што пристигнуваат, на прослави само вакцинирани https://arhiva.kurir.mk/svet/region/novi-merki-na-kipar-zadolzitelen-rapid-test-za-site-shto-pristignuvaat-na-proslavi-samo-vakcinirani/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/novi-merki-na-kipar-zadolzitelen-rapid-test-za-site-shto-pristignuvaat-na-proslavi-samo-vakcinirani/#respond Wed, 15 Dec 2021 09:12:59 +0000 https://kurir.mk/?p=608696

Задолжителен рапид тест за сите што пристигнуваат на Кипар, со исклучок на оние кои примиле трета доза; присуство на свадби, крштенки и други прослави само за вакцинирани; задолжително тестирање за да продолжи да им важи сертификатот на вакцинираните пред седум месеци; промени во протоколите за контакти со позитивен случај, се дел од мерките што од денеска стапија во сила на Кипар, согласно одлуките на Владата донесени во понеделникот, јави дописничката на МИА од Атина. Сите што пристигнуваат на островот, во рок од 72 часа задолжително ќе треба да се тестираат со рапид тестови, кои се бесплатни од мобилните единици на Министерството за здравство на Кипар. Во однос на свадбите, крштенките и било какви други прослави, дозволено е присуство само на вакцинирани. За оние кои примиле една доза задолжителен е и негативен тест, а за целосно вакцинираните со поминати седум дена или за оние кои во последните шест месеци прележале Ковид-19, не постојат ограничувања. Истото, веќе важи и за спортските сали и стадионите, за кината и театрите, како и за ноќните клубови и угостителските објекти. Планирано е следниот месец да се разгледа можноста за укинување на „SafePass“ (сертификатот за вакцинација) за лицата кои не примиле трета доза од вакцината, а поминале седум месеци од вакцинацијата. Од сабота пак, овие лица веќе ќе мораат да се тестираат со ПЦР или рапид тест за да продолжи да им важи сертификатот. Промени има и во протоколите за блиските контакти на потврдените случаи, па така од денеска до 15 јануари, задолжително ќе треба да направат рапид 72 часа по контактот и ПЦР тест на седмиот ден, а исклучок од мерката се оние кои примиле трета доза. За лице кое имало контакт со заразен со Омикрон варијантата или со било кој друг сој што би се појавил во иднина, задолжителен е карантин, независно од тоа дали е вакцинирано или не. Паралелно се намалува од шест на пет месеци и две седмици временскиот период за вакцинација со трета доза, а од утре започнува имунизацијата на деца од пет до 11 години. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/novi-merki-na-kipar-zadolzitelen-rapid-test-za-site-shto-pristignuvaat-na-proslavi-samo-vakcinirani/feed/ 0
Мицкоски : Анти-Ковид мерките се уште една катастрофа и дополнителна поделба на граѓаните https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-anti-kovid-merkite-se-ushte-edna-katastrofa-i-dopolnitelna-podelba-na-gragjanite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-anti-kovid-merkite-se-ushte-edna-katastrofa-i-dopolnitelna-podelba-na-gragjanite/#respond Thu, 19 Aug 2021 10:33:00 +0000 https://kurir.mk/?p=552560

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски при денешната посета во општина Гостивар, одговарајќи на новинарско прашање запрашан како тој ги коментира новите анти-Ковид мерки односно нивното спроведување, тој кажа дека анти-Ковид мерките се уште една катастрофа и дополнителна поделба на граѓаните. -Мерките се уште една катастрофа и дополнителна поделба на граѓаните како во едни минати времиња, што не е добро бидејќи поделбите не носат решение, туку напротив, поделбите ги продлабочуваат проблемитe, посочи Мицкоски. Тој додаде дека ВМРО-ДПМНЕ е за еден инклузивен процес, стимулативен процес со којшто сите граѓани ќе бидат задоволни бидејќи уставно загарантирано и законско право е на секој граѓанин правото на избор и истакна дека тој е за онаа страна која повикува континуирано на вакцинација. -Нема никогаш да си дозволам ниту човечки, ниту како педагог родител и политичар да правам поделби на граѓаните бидејќи тоа е навистина непримерно и тоа навистина не води кон трајно решение на проблемот, рече Мицкоски во Гостивар.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-anti-kovid-merkite-se-ushte-edna-katastrofa-i-dopolnitelna-podelba-na-gragjanite/feed/ 0