анти-ковид – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 08 Nov 2021 10:57:14 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png анти-ковид – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Заострени анти-ковид мерките во Словенија https://arhiva.kurir.mk/svet/region/zaostreni-anti-kovid-merkite-vo-slovenija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/zaostreni-anti-kovid-merkite-vo-slovenija/#respond Mon, 08 Nov 2021 10:57:14 +0000 https://kurir.mk/?p=592548

Во Словенија денеска стапија во сила новите мерки против коронавирусот, кои дел од епидемиолози ги оценија недоволни за спречување на ширењето на епидемијата. Земјата сè уште бележи висок удел на позитивни тестови за Ковид-19 од 43 проценти. Во последните 24 часа се потврдени 1.282 случаи на коронавирус, со 12 смртни случаи и висок удел на позитивни тестови од 43,3 отсто. Владата не се определи за затворање туку за мерки кои вклучуваат строга контрола на потврдите за ковид, заедно со документ за идентификација, како и ограничување на работното време за баровите, забрана за дискотеки и ноќни клубови, забрана за собирање надвор од кругот на семејството, пренесува Хина. И покрај тоа, некои сметаат дека нема да биде доволно за да се стабилизира состојбата и да се спречи преоптовареност на здравствениот систем поради навалата врз болниците. – Овие мерки се недоволни бидејќи ние сме светски шампиони во однос на релативниот број на активни случаи, изјави за медиумите имунологот и микробиолог Алојз Ихан, додавајќи дека стравува дека таквите благи мерки можат да бидат пат до „катастрофа“. – Ова е одлука за безглаво стекнување имунитет преку ширење на вирусот, рече Ихан, додавајќи дека Словенија се однесува како владата во Велика Британија, каде, како што предупредува, значително повеќе луѓе се вакцинирани отколку во Словенија, така што тоа може да се оправда. – Кај нас, практично сите се во ризични контакти секој ден додека извршуваат животни активности, предупреди Ихан, додавајќи дека потребни се порадикални мерки наместо „да скокаме од третиот кат, надевајќи се дека ќе ги скршиме само нозете“, рече тој, алудирајќи на моменталната состојба. Бројот на хоспитализирани лица се уште расте во земјата, па во болниците во моментов има 843 пациенти, од кои 186 се на одделенијата за интензивна нега, додека 12 пациенти починале. Просекот на потврдени инфекции во еден ден за последната недела е 2878, 14-дневна инциденца 1737. Интересот за вакцинација во последните денови расте, но најмногу кај постарите лица кои доаѓаат по третата доза, така што вкупната популација ги примила потребните дози на вакцината е значително помала од прокламираните цели и стагнира на 53,3 проценти. Поради алармантното зголемување на бројот на пациенти со Ковид и ограничениот капацитет на болниците, Министерството за здравство за денеска свика состанок со раководството на болницата и ја зајакна координацијата за да се обезбеди прераспоредување на потребниот здравствен персонал. Министерот за здравство Јанез Поклукар најави и можност за вклучување на студентите по медицина и учениците од средните медицински училишта во активностите за кадровско зајакнување на преоптоварените болници.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/zaostreni-anti-kovid-merkite-vo-slovenija/feed/ 0
Во дел од Италија протести поради анти-ковид мерките на Владата https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-del-od-italija-protesti-poradi-anti-kovid-merkite-na-vladata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-del-od-italija-protesti-poradi-anti-kovid-merkite-na-vladata/#respond Sat, 31 Oct 2020 11:20:45 +0000 https://kurir.mk/?p=422972

Во Фиренца, протестот против новите ограничувања на владата за спречување на ширење на Ковид-19 прерасна во судири меѓу полицијата и демонстрантите. Според весникот „Република“, неколку стотици демонстранти фрлале кон полицијата со шишиња и камења, се превртувале контејнери, фрлале запаливи средства, а на крајот полицијата употреби солзавец за да ги растера учесниците во демонстрациите кои не беа одобрени од полицијата. „Никогаш не сум го видел мојот град во таква состојба, улици покриени со стакло, скршени излози. Проблемот е што меѓу мирните демонстранти, кои имаат причина да протестираат, се вклучени мали групи за да предизвикаат конфликт и немири”, изјави градоначалникот на Фиренца Дарио Нардела, кој е на таа позиција втор мандат. И во Болоња, група од 300 до 500 граѓани демонстрираа против новите владини мерки. На почетокот на протестот, организаторот рече дека „сакаат мирни протести“, но подоцна почнаа да извикуваат против владата. Весникот „Република“ пишува дека екстремно десничарските и неофашистичките групи се обидуваат да го искористат незадоволството на граѓаните за своите цели. Во ист тон има напис во весникот „Либеро“, во кој се тврди дека меѓу демонстрантите кои сакаат мирно да протестираат, се членови на ксенофобични групи, разни теоретичари на заговор, мешавина од паракриминални групи и луѓе кои поттикнуваат социјален гнев. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-del-od-italija-protesti-poradi-anti-kovid-merkite-na-vladata/feed/ 0
Албанија ги олеснува анти-ковид мерките https://arhiva.kurir.mk/svet/region/albanija-gi-olesnuva-anti-kovid-merkite/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/albanija-gi-olesnuva-anti-kovid-merkite/#respond Sun, 27 Sep 2020 11:55:18 +0000 https://kurir.mk/?p=409163

Властите во Албанија најавија нови олеснувања на анти-ковид мерките со што ќе се дозволи да се отвораат просториите во затворен простор,најави премиерот Еди Рама од приморскиот град Валона. Додаде дека одлуката ќе биде објавена денеска бидејќи „заладува и времето“. – Бидете посовесни, зголемете ги малку платите. Албанија како ниедна друга земја е без даноци за мал бизнис до 2029 година. Денеска ќе биде објавено соопштение од Министерството за здравство за отворање на рестораните и во внатрешноста. Тоа е проблем сега кога започнува постудено време. Но, додека ги почитувате мерките, не се шегувајте со Ковид. Да биде далеку од секого. Бидете добри и здрави. Успешна работа,порача Рама по посетата на неколку угостителски објекти во Валона. Во меѓувреме,опозицијата обвини дека тоа е само негов предиборен маркетинг,зашто во земјата и понатаму се регистрираат троцифрени бројки на новозаразени. Според Демократската партија владата не води доволно грижа за граѓаните и наместо по најмалку 2.000 тестови и понатаму дневно врши само нешто повеќе од 800,од кои ковид се дијагностицира во просек кај 150. Демократската партија ги повикува сите директори на училиштата да не ги почитуваат наредбите на Еди Рама, бидејќи според нив тие се на штета на здравјето на наставниците, учениците и на штета на квалитетот на наставата. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/albanija-gi-olesnuva-anti-kovid-merkite/feed/ 0