антибиотик – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 18 Jul 2023 10:47:55 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png антибиотик – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ЕК издаде препораки за избегнување на недостиг на антибиотици претстојнава зима https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ek-izdade-preporaki-za-izbegnuvane-na-nedostig-na-antibiotitsi-pretstojnava-zima/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ek-izdade-preporaki-za-izbegnuvane-na-nedostig-na-antibiotitsi-pretstojnava-zima/#respond Tue, 18 Jul 2023 10:47:55 +0000 https://kurir.mk/?p=857684

Европската комисија и Европската агенција за лекови (ЕМА) издадоа препораки за мерки и активности со цел да се избегне недостиг на антибиотици што се користат за лекување на респираторни инфекции во текот на претстојната зимска сезона. - Расположливите податоци сугерираат дека ако побарувачката во следната зимска сезона е слична на просечното ниво на потрошувачка во претходните години, понудата на клучните орални антибиотици за респираторни инфекции ќе ја покрива побарувачката во ЕУ во претстојната зима, посочуваа Европската комисија, додавајќи дека заедно со ЕМА и Европската здравствена организација за подготвеност и реакција при итни случаи (ХЕРА) ќе продолжат да работат на зголемување на понудата на некои интравенски антибиотици. Препораките и мерките, како што јави специјалниот известувач на МИА од Брисел, вклучуваат зголемено производството на клучните антибиотици, постојано следење на нивната понуда и побарувачката и зголемување на јавната свест и внимателна употреба на антбиотиците. - За да се избегне недостигот во претстојната есенска и зимска сезона, ЕМА и ХЕРА препорачуваат зголемување на производството. Раната акција пред есенската и зимската сезона треба да им даде доволно време на производителите да се осигураат дека имаат доволен производствен капацитет за да ги задоволат потребите, посочува ЕК. Комисијата додава дека заедно со ЕМА и земјите членки на ЕУ ќе продолжат да го следат трендот на побарувачката и понудата на антибиотици. - Со оглед на тоа што преземените мерки се дизајнирани да обезбедат доволно снабдување, сите засегнати страни се потсетуваат да нарачуваат лекови како и обично, без потреба од складирање. Складирањето лекови може дополнително да ги оптовари резервите и да предизвика или да го влоши недостигот, се додава во соопштението. Европската комисија апелира и за внимателна употреба на антибиотиците со цел да се одржи нивната ефикасност и да се избегне антимикробна резистенција. - Антибиотиците треба да се препишуваат само за лекување на бактериски инфекции. Тие не се погодни за лекување на вирусни инфекции, како настинка и грип, каде што не се ефикасни, посочува ЕК, препорачувајќи и кампањи за подигање на свеста на граѓаните и за нивно информирање за користењето на антибиотици. Од Комисијата додаваат дека ќе продолжат внимателно да ја следат побарувачката и понудата на антибиотици за навремено да откријат какви било неочекувани недостатоци на залихи и да ги преземат сите неопходни мерки, вклучително, доколку е потребно, и организирање заеднички набавки. Прашањето за набавката на антибиотици за престојната зима ќе биде и една од темите на средбата на Управниот одбор на ХЕРА со претставници на министерствата за здравство на земјите членки, на Европската комисијата и на фармацевстката индустрија закажана за в четврток.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ek-izdade-preporaki-za-izbegnuvane-na-nedostig-na-antibiotitsi-pretstojnava-zima/feed/ 0
Оваа супа е подобра од антибиотик: Витаминска бомба за студените денови https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/ovaa-supa-e-podobra-od-antibiotik-vitaminska-bomba-za-studenite-denovi/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/ovaa-supa-e-podobra-od-antibiotik-vitaminska-bomba-za-studenite-denovi/#respond Fri, 13 Jan 2023 08:52:08 +0000 https://kurir.mk/?p=786742

Антибиотик супа идеална во зимските студени денови. Потребни состојки:  1 главица лук, 1 главица кромид, 1-2 коцки за супа, вода по потреба, 1 лажица брашно, 100 мл бело вино, 200 мл кисела павлака, сол, маслиново масло и 3 парчиња тост леб. НАЧИН НА ПОДГОТОВКА: -Ставете коцка супа во вода, направете бујон. Исечкајте ситно кромид, па испржете со маслиново масло. Изгмечете лук. Пропржете го со кромидот, па додајте брашно. Додајте бело вино, а потоа ставете и бујон. Гответе 15-20 минути, потоа иситнете го зеленчукот со мискер. Додајте павлака, па посолете и побиберете. Потоа додајте коцки леб во супата и послужете.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/ovaa-supa-e-podobra-od-antibiotik-vitaminska-bomba-za-studenite-denovi/feed/ 0
ОВА Е НАЈДОБРИОТ АНТИБИОТИК! Ги уништува бактериите и вирусите, а најмногу го има во овие намирници https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/ova-e-najdobriot-antibiotik-gi-unishtuva-bakteriite-i-virusite-a-najmnogu-go-ima-vo-ovie-namirnici/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/ova-e-najdobriot-antibiotik-gi-unishtuva-bakteriite-i-virusite-a-najmnogu-go-ima-vo-ovie-namirnici/#respond Thu, 24 Mar 2022 13:07:29 +0000 https://kurir.mk/?p=652621

Јодот е микронутриент, но кога станува збор за нашето општо здравје, неговата улога е голема, бидејќи е неопходен за отпорност на организмот, здравје и закрепнување. Ова е особено важно во работата на тироидната жлезда, во чии хормони составен елемент е јодот. Тироидните хормони (Т3 тријодотиронин и Т4 тироксин) ја регулираат циркулацијата на материјата и енергијата во човечкото тело (метаболизмот), растот и развојот на сите органи, особено на мозокот. Количината на јод во тироидната жлезда зависи од количината на јод што ја внесуваме во телото, бидејќи човечкото тело не може самостојно да го произведе. Д-р Дејвид Дери вели дека јодот е најдобриот антибиотик и антивирусно средство. Во контекст на фактот дека повеќето болести или започнуваат или продолжуваат со воспаление предизвикано од бактерии и вируси, ова е важна информација. Крвта постојано циркулира низ телото, потребни се 17 минути за да се заобиколи целиот круг, при што поминува и низ ткивото на тироидната жлезда. Ова е местото каде што, доколку има доволно јод, се уништуваат бактериите и вирусите. Стресот негативно влијае на работата на тироидната жлезда бидејќи високото ниво на кортизол го намалува производството на хормонот Т3, а пушењето го влошува хипотироидизмот. Светската здравствена организација препорачува возрасен човек да консумира околу 150 микрограми јод за да ги задоволи дневните потреби за јод, но превентивното дејство може да се постигне само со внесување поголеми количини. Нема опасност од премногу конзумирање на јод, бидејќи не треба да заборавиме дека луѓето во Јапонија консумираат 12 милиграми јод дневно, што е десет пати повеќе од препораката на СЗО. Најдобри извори на јод се алгите, морската риба и јодирана сол.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/ova-e-najdobriot-antibiotik-gi-unishtuva-bakteriite-i-virusite-a-najmnogu-go-ima-vo-ovie-namirnici/feed/ 0
Прополис – чист природен антибиотик https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/propolis-chist-priroden-antibiotik/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/propolis-chist-priroden-antibiotik/#respond Fri, 12 Nov 2021 12:12:39 +0000 https://kurir.mk/?p=594608

Научните истражувања во светски познатите лаборатории покажале дека прополисот има антибактериско, антивирусно, антитуморно, анаболичко, регенеративно и анестетичко дејство. Научно е докажано дека тој по своите својства е чист природен антибиотик. Помага во лекување на воспалителни процеси на органите за варење, респираторните и гинеколошките органи, афти, гастритис, чир, ринитис, асматичен бронхитис, ерозија на грлото на матката и други заболувања. Утврдено е дека позитивно дејствува на дијабетот со смалување на шеќерот во крвта, без негативни ефекти на работата на бубрезите и црниот дроб. Прополисот има широка употреба во дерматологијата: третирање на рани, изгореници, егземи, габични заболувања.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/propolis-chist-priroden-antibiotik/feed/ 0
Светот се соочува со „антибиотска апокалипса“ поради отпорноста на бактериите https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/svetot-se-soochuva-so-antibiotska-apokalipsa-poradi-otpornosta-na-bakteriite/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/svetot-se-soochuva-so-antibiotska-apokalipsa-poradi-otpornosta-na-bakteriite/#respond Fri, 09 Jul 2021 12:08:26 +0000 https://kurir.mk/?p=534411

Антимикробната или антибиотска резистентност може да претставува „крај за современата медицина“ и да доведе до „антибиотска апокалипса“, нагласи поранешната главна медицинска директорка за Англија и главен научен советник на Министерството за здравство, Сали Дејвис, јави ДПА. Пред Европскиот конгрес за клиничка микробиологија и инфективни болести, Дејвис предупреди на слабиот напредок во ограничувањето на отпорноста на бактериите кон антибиотици, зголемена опасност за која масовно се алармира во последните неколку години. Дејвис, која моментно е специјален претставник на Велика Британија за антимикробна резистентност, истакна дека пазарот на антибиотици е „уништен“. – Во споредба со профитот од осум милијарди долари на лекови против рак, загубата од 100 милиони долари на антимикробни средства значи дека нашите депоа за лекови стануваат се попразни – поради неефикасност, а не поради недостиг на научна способност, нагласи таа. Владите мора да „дејствуваат сега“, инсистира Дејвис, додавајќи дека „за многумина е доцна, бидејќи тие го загубиле животот“. Минатиот месец Г7 вети дека ќе потроши повеќе на истражување на антибиотици, при што Велика Британија и САД најавија субвенции за фармацевтски компании за развој на нови лекови. Американскиот центар за контрола и превенција на болести соопшти дека „инфекциите предизвикани од микроби отпорни на антибиотици, се тешки, а понекогаш и невозможни за лекување“. Иако бактериите природно можат да развијат отпорност на антибиотици со тек на времето, Светската здравствена организација нагласи дека тоа е „забрзан“ проблем поради „злоупотреба со антибиотици кај луѓе и животни“. Истражувањето објавено минатата недела од Универзитетот во Вашингтон тврди дека антибиотиците биле „злоупотребени“ во Индија за време на смртоносниот неодамнешен бран на коронавирусот. – Антибиотиците се ефикасни само против бактериски инфекции, а не против вирусни инфекции како што е Ковид-19, тврдат истражувачите, предупредувајќи дека „прекумерната употреба го зголемува ризикот од инфекции отпорни на лекови“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/svetot-se-soochuva-so-antibiotska-apokalipsa-poradi-otpornosta-na-bakteriite/feed/ 0
Студија: Овие 2 антибиотици не се ефикасни во лекувањето на Ковид-19 https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/studija-ovie-2-antibiotici-ne-se-efikasni-vo-lekuvanjeto-na-kovid-19/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/studija-ovie-2-antibiotici-ne-se-efikasni-vo-lekuvanjeto-na-kovid-19/#respond Mon, 25 Jan 2021 18:00:59 +0000 https://kurir.mk/?p=459714

Студија спроведена во Велика Британија покажа дека антибиотиците азитромицин и доксициклин генерално не се ефикасни терапии за раните фази на Ковид-19 со цел да се спречи хоспитализација на пациенти или понатамошни интервенции, објави Универзитетот во Оксфорд. Студијата покажа дека азитромицин и доксициклин не се корисни за пациенти со Ковид-19 кои се постари од 50 години и кои се лекувале дома со еден од овие два антибиотици, според веб-страницата на Универзитетот во Оксфорд. На страницата е објавено дека повеќе детали во врска со испитувањето ќе бидат објавени наскоро во научно списание.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/studija-ovie-2-antibiotici-ne-se-efikasni-vo-lekuvanjeto-na-kovid-19/feed/ 0
Запишете го овој рецепт: Супа која ќе ви делува како антибиотик https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/zapishete-go-ovoj-recept-supa-koja-kje-vi-deluva-kako-antibiotik/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/zapishete-go-ovoj-recept-supa-koja-kje-vi-deluva-kako-antibiotik/#respond Mon, 13 Jan 2020 16:44:22 +0000 https://kurir.mk/?p=289074

Антибиотик супа идеална во зимските студени денови. Потребни состојки:  1 главица лук, 1 главица кромид, 1-2 коцки за супа, вода по потреба, 1 лажица брашно, 100 мл бело вино, 200 мл кисела павлака, сол, маслиново масло и 3 парчиња тост леб. НАЧИН НА ПОДГОТОВКА: -Ставете коцка супа во вода, направете бујон. Исечкајте ситно кромид, па испржете со маслиново масло. Изгмечете лук. Пропржете го со кромидот, па додајте брашно. Додајте бело вино, а потоа ставете и бујон. Гответе 15-20 минути, потоа иситнете го зеленчукот со мискер. Додајте павлака, па посолете и побиберете. Потоа додајте коцки леб во супата и послужете. Извор: ГОТВИ

https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/zapishete-go-ovoj-recept-supa-koja-kje-vi-deluva-kako-antibiotik/feed/ 0
Светско откритие на хрватски фармацевти: Открија антибиотик за лекување болнички инфекции, лекот е на пат кон САД https://arhiva.kurir.mk/svet/region/svetsko-otkritie-na-hrvatski-farmacevti-otkrija-antibiotik-za-lekuvanje-bolnichki-infekcii-lekot-e-na-pat-kon-sad/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/svetsko-otkritie-na-hrvatski-farmacevti-otkrija-antibiotik-za-lekuvanje-bolnichki-infekcii-lekot-e-na-pat-kon-sad/#respond Mon, 04 Mar 2019 07:15:31 +0000 https://kurir.mk/?p=170790

Триесет години од откривањето на Сумамед, нов голем успех на хрватските фармацевти кои патентираа нов антибиотик кој ќе лекува болнички инфекции. На овој нов изум тричлен тим на научници работеше цели четири години. Препаратот веќе е одобрен од Американската агенција за храна и наскоро ќе почнат да се користат во американските болници. Се уште се чека лекот да биде одобрен во Европа, објавија хрватските медиуми. “Нашата иновација е вакомицин, антибиотик кој се користи за лекување на критично заболени пациенти во болница“, кажа д-р Ивона Јаспица, една од научниците од тимот кој го откри новиот антибиотик. Целата идеја стартуваше во 2013 година во данскиот истражувачки центар во Загреб, кога тимот започна да ја развива идејата. “Не можам да искажам колку сме горди што 30 години после Сумамед кој доби одобрение во 1991 година, во 2019 година нова антиифективна терапија направена од хрватски научници добива одобрување од Американската агенција за лекови“, изјави д-р Александар Даниловски. Поради прекумерната употреба на антибиотици бактериите станаа многу отпорни и се потешко се лекуваат. “Резистенцијата на бактериите на антибиотици денеска е многу голем проблем. Тоа е особено важно во болниците, особено во одделите за интензивно лекување каде се лекуваат најтешките пациенти“, изјави д-р Јадранка Павичиќ Шариќ од одделот за анестезија и интезивно лекување во болницата „Меркур“. Според некои проценки до 2050 година повеќе луѓе ќе умираат од болнички инфекции отколку од рак. Иновацијата на овој антибиотик, кој досега бил во прашок, е неговата полесна примена и 10 илјади пати поголема долготрајност на собна температура отколку досега. Новиот лек веќе е на пат кон американските болници.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/svetsko-otkritie-na-hrvatski-farmacevti-otkrija-antibiotik-za-lekuvanje-bolnichki-infekcii-lekot-e-na-pat-kon-sad/feed/ 0