антибиотска апокалипса – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 09 Jul 2021 12:08:26 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png антибиотска апокалипса – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Светот се соочува со „антибиотска апокалипса“ поради отпорноста на бактериите https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/svetot-se-soochuva-so-antibiotska-apokalipsa-poradi-otpornosta-na-bakteriite/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/svetot-se-soochuva-so-antibiotska-apokalipsa-poradi-otpornosta-na-bakteriite/#respond Fri, 09 Jul 2021 12:08:26 +0000 https://kurir.mk/?p=534411

Антимикробната или антибиотска резистентност може да претставува „крај за современата медицина“ и да доведе до „антибиотска апокалипса“, нагласи поранешната главна медицинска директорка за Англија и главен научен советник на Министерството за здравство, Сали Дејвис, јави ДПА. Пред Европскиот конгрес за клиничка микробиологија и инфективни болести, Дејвис предупреди на слабиот напредок во ограничувањето на отпорноста на бактериите кон антибиотици, зголемена опасност за која масовно се алармира во последните неколку години. Дејвис, која моментно е специјален претставник на Велика Британија за антимикробна резистентност, истакна дека пазарот на антибиотици е „уништен“. – Во споредба со профитот од осум милијарди долари на лекови против рак, загубата од 100 милиони долари на антимикробни средства значи дека нашите депоа за лекови стануваат се попразни – поради неефикасност, а не поради недостиг на научна способност, нагласи таа. Владите мора да „дејствуваат сега“, инсистира Дејвис, додавајќи дека „за многумина е доцна, бидејќи тие го загубиле животот“. Минатиот месец Г7 вети дека ќе потроши повеќе на истражување на антибиотици, при што Велика Британија и САД најавија субвенции за фармацевтски компании за развој на нови лекови. Американскиот центар за контрола и превенција на болести соопшти дека „инфекциите предизвикани од микроби отпорни на антибиотици, се тешки, а понекогаш и невозможни за лекување“. Иако бактериите природно можат да развијат отпорност на антибиотици со тек на времето, Светската здравствена организација нагласи дека тоа е „забрзан“ проблем поради „злоупотреба со антибиотици кај луѓе и животни“. Истражувањето објавено минатата недела од Универзитетот во Вашингтон тврди дека антибиотиците биле „злоупотребени“ во Индија за време на смртоносниот неодамнешен бран на коронавирусот. – Антибиотиците се ефикасни само против бактериски инфекции, а не против вирусни инфекции како што е Ковид-19, тврдат истражувачите, предупредувајќи дека „прекумерната употреба го зголемува ризикот од инфекции отпорни на лекови“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/svetot-se-soochuva-so-antibiotska-apokalipsa-poradi-otpornosta-na-bakteriite/feed/ 0