антички театар – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 01 Aug 2018 06:09:01 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png антички театар – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Концерт на Влатко Стефановски во охридскиот Антички тетар https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/koncert-na-vlatko-stefanovski-vo-ohridskiot-antichki-tetar/ https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/koncert-na-vlatko-stefanovski-vo-ohridskiot-antichki-tetar/#respond Wed, 01 Aug 2018 06:09:01 +0000 https://kurir.mk/?p=83322

Најпознатиот македонски гитарист Влатко Стефановски вечер ќе има концерт во Античкиот театар во Охрид. Нашиот гитарски виртуоз ќе настапи со гостите и негови пријатели Теодосиј Спасов од Бугарија, хармоникашот Танос Ставридис од Грција, Биља Крстиќ од Србија, Весна Гиновска Илкова и групата „Љубојна“ од Македонија. Посетителите ќе можат да го слушнат неговиот последен проект, албумот „Мајчин јазик“. - Верувам дека охридскиот концерт ќе биде кулминација на сите мои трагања, музички и просторни. Со нетрпение го очекувам концертот и моите гости кои доаѓаат од разни страни, рече Стефановски минатиот месец на прес-конференција во Скопје. Додаде дека е оптимист и очекува добро време за охридскиот концерт. За Охрид рече дека е место полно со магија, дух, уметност, неверојатна природа и претставува секогаш голема инспирација и возбуда за него. - И би сакал да ја имаме таа среќа да влеземе во празникот, 2 Август-Илинден, заедно со последните нумери од концертот, рече Срефановски. Баги комуникации, кои се организатори на концертот, најавија присуство на првата жена премиер на Словенија Аленка Братушек. Почетокот на концертот е во 22 часот. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/koncert-na-vlatko-stefanovski-vo-ohridskiot-antichki-tetar/feed/ 0
Презентација на реализирани конзерваторско-реставраторски работи на античкиот театар во Скупи https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/prezentacija-na-realizirani-konzervatorsko-restavratorski-raboti-na-antichkiot-teatar-vo-skupi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/prezentacija-na-realizirani-konzervatorsko-restavratorski-raboti-na-antichkiot-teatar-vo-skupi/#respond Wed, 11 Jul 2018 06:00:37 +0000 https://kurir.mk/?p=75408

Управата за заштита на културното наследство денеска на археолошкиот локалитет Скупи ќе ги презентира досегашните реализирани конзерваторско-реставраторски работи на античкиот театар и планираните идни активности кои се под нејзина надлежност. Реализираните и идните активности ќе ги презентира директорката на Управата за заштита на културното наследство, Елеонора Петрова-Митевска. Археолошкиот локалитет Скупи се наоѓа во западниот дел од подножјето на Злокуќанското Кале во општина Карпош. Градот Скупи за време на римското владеење е населен со римски воени ветерани, со што добива статус на колонија, највисок ранг на град надвор од Рим. Како единствена римска колонија на територија на Република Македонија, локалитетот Скупи е еден од најзначајните археолошки локалитети во Македонија. Последните систематски истражувања на театарот во Скупи се реализирани во период од 2013 до 2016 година, од страна на Музејот на град Скопје во соработка со Институтот за историја на уметност и археологија при Филозофскиот факултет во Скопје. Во август 2016 година почнаа конзерваторско-реставраторски работи на гледалиштето на античкиот театар на Скупи, а прекинаа во септември 2017 година поради немање дозвола за градба согласно постоечкиот Основен проект за конзервација, реставрација и реконструкција на гледалиштето. Поради тоа, а заради соодветна заштита на остатоците од античкиот театар, изработен е Анекс на основниот проект со кој ќе се извршат сите потребни конзерваторско-реставраторски работи согласно со Законот за заштита на културното наследство, информираат од Управата за заштита на културното наследство.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/prezentacija-na-realizirani-konzervatorsko-restavratorski-raboti-na-antichkiot-teatar-vo-skupi/feed/ 0