Антикорупциска – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 03 Jul 2023 18:38:11 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Антикорупциска – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Антикорупциска ќе провери како биле издадени дозволите за хидроцентрала на Дрин Ахмети https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/antikoruptsiska-ke-proveri-kako-bile-izdadeni-dozvolite-za-hidrotsentrala-na-drin-ahmeti/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/antikoruptsiska-ke-proveri-kako-bile-izdadeni-dozvolite-za-hidrotsentrala-na-drin-ahmeti/#respond Mon, 03 Jul 2023 18:38:11 +0000 https://kurir.mk/?p=852293

Антикорупциската комисија ќе направи проверки дали постои судир на интереси при постапувањето на институциите во случајот со издавањето концесија за изградба на хидроцентрала на Дрин Ахмети, внукот на Али Ахмети, најави претседателката на Државната комисија за спречување на корупција Билјана Ивановска. Во гостување во дневникот на Сител прашана во врска со актуелни случаи поврзани со семејството на лидерот на ДУИ, односно со внуците и синот на Али Ахмети и конкретно барањата на опозицијата да ја провери имотната состојба на внукот Дрин Ахмети кој без ниту еден денар стекнал 39 проценти од акциите во ТЦ „Соравија“, Ивановска појасни дека тој не е функционер и немаат надлежност да ја испитуваат неговата имотна состојба. -За да испитуваме ние имотна состојба на Дрин Ахмети немаме надлежност бидејќи тој не е функционер. Меѓутоа, ние можеме да постапуваме од аспект на тоа како постапувале институциите – кога му ги давале дозволите за работа? Значи, од тој аспект – да, може да постапува ДКСК, рече Ивановска. Таа при тоа потврдно одговори дека проверките ќе бидат направени од Антикорупциска за како биле издадени дозволите. Воедно, појасни дека за да се отвори предмет по сопствена иницијатива, одлуката треба да биде донесена на колегиумот на антикорупционерите. -За ние за да отвориме предмет треба сите околности да ги ставиме на едно место и на колегиум да донесеме одлука по сопствена иницијатива да отвориме предмет. Меѓутоа, една колешка ни е на скрининг. Моментално на работа сме две колешки. Следната недела мислам дека ќе имаме кворум за да имаме колегиум. Во меѓувреме си ги правиме истражувањата кои се’ институции се вклучени во неговиот случај, така што кога ќе имаме колегиум да бидеме подготвени и да кажеме овие и овие ситуации се пред нас, рече претседателката на ДКСК Билјана Ивановска.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/antikoruptsiska-ke-proveri-kako-bile-izdadeni-dozvolite-za-hidrotsentrala-na-drin-ahmeti/feed/ 0
Антикорупциска: Спасовски не постапил правилно во случајот „Беса Транс“, ќе се достави иницијатива до Владата за утврдување одговорност https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/antikoruptsiska-spasovski-ne-postapil-pravilno-vo-sluchajot-besa-trans-ke-se-dostavi-initsijativa-do-vladata-za-utvrduvane-odgovornost/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/antikoruptsiska-spasovski-ne-postapil-pravilno-vo-sluchajot-besa-trans-ke-se-dostavi-initsijativa-do-vladata-za-utvrduvane-odgovornost/#respond Wed, 18 Jan 2023 11:46:46 +0000 https://kurir.mk/?p=788885

Државната комисија за спречување корупција (ДКСК) одлучи да достави иницијатива до Владата за утврдување одговорност на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во врска со ненавремено донесено решение за забрана за вршење технички преглед на правното лице „Виа Комерц“, станица во која по утврдувањето на неправилностите, технички преглед бил извршен и на превозникот „Беса Транс“ во чиј автобус во несреќа во Бугарија загинаа 45 македонски граѓани, а седум беа повредени. Комисијата утврдила дека министерот не постапил правилно, бидејќи по добиениот извештај од инспекторатот кој извршил контрола и утврдил неправилности во работењето на станицата, тој не издал наредба во предвидениот рок од станицата да ги отстранат неправилностите, туку истата ја издал по три месеци од добиениот извештај, односно три дена по несреќата во Бугарија. ДКСК одлучи дека поради фактот што Јавно обвинителство веќе има отворено предмет и се води судски процес за овој случај, сите докази кои ги имаат ќе ги достават како дополнување на докази во обвинителството, а до Владата да достават иницијатива за утврдување на одговорност на министерот Оливер Спасовски. Оттаму посочија дека сè уште не е утврдено дека сообраќајната несреќа се случила поради техничка неисправност на автобусот. Претставниците од ДКСК на денешната седница расправаа и за снимка од Локални избори на која се гледа како министерот за надворешни работи, Бујар Османи и министерот животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини, користат службени возила за партиски цели. Во однос на новинарското прашање што понатаму во врска со овој случај, тие одговорија дека нивна задача е материјалот да го проследат до кабинетот на вицепремиерот за добро владеење и тие да донесат одлука. Помеѓу предметите што се најдоа на денешниот дневен ред беше и предлогот за претставка до Совет на јавни обвинители во врска со работата на обвинителката Наташа Поп Трајкова во врска со постапувањето за предметот Холидеј ин, која според ДКСК, се одвива веќе подолго време.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/antikoruptsiska-spasovski-ne-postapil-pravilno-vo-sluchajot-besa-trans-ke-se-dostavi-initsijativa-do-vladata-za-utvrduvane-odgovornost/feed/ 0
Седница на Државната комисија за спречување на корупцијата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sednica-na-drzavnata-komisija-za-sprechuvanje-na-korupcijata-6/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sednica-na-drzavnata-komisija-za-sprechuvanje-na-korupcijata-6/#respond Tue, 25 Oct 2022 05:12:59 +0000 https://kurir.mk/?p=750002

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) денеска ќе ја одржи 76. седница, преку Зум платформата. Како што соопштија од ДКСК, на дневен ред на седницата е работа по конкретни предмети.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sednica-na-drzavnata-komisija-za-sprechuvanje-na-korupcijata-6/feed/ 0
ВМРО-ДПМНЕ: ДКСК да не чека, Ацевски е фатен жив како плаќа транспорт на битумен 10 пати поскап од нормала https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-dksk-da-ne-cheka-acevski-e-faten-ziv-kako-plakja-transport-na-bitumen-10-pati-poskap-od-normala/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-dksk-da-ne-cheka-acevski-e-faten-ziv-kako-plakja-transport-na-bitumen-10-pati-poskap-od-normala/#respond Fri, 29 Jul 2022 08:37:22 +0000 https://kurir.mk/?p=711729

ДКСК да не чека, Ацевски е фатен жив како плаќа транспорт на битумен 10 пати поскап од нормала, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ. -Костадин Ацевски, во име на ЈП за одржување на магистрални и регионални патишта потпишал договор за набавка на битумен, во кој цената за транспортот која е фиксен дел од договорот е 10 пати поскапа од цената која ја плаќа ЈП улици и патишта, каде директорот не е од редовите на криминалната СДСМ. Ацевски за транспорт на еден камион битумен плаќа 12.000 евра. Ист таков транспорт други претпријатија плаќаат 1.200 евра. Односно тоа што Ацевски ќе го плати за еден камион, други претпријатија го плаќаат за десет, велат од партијата. Од ВМРО-ДПМНЕ ја повикаа ДКСК да не чека и да ги истражи сите околности во оваа набавка, почнувајќи од тоа што никој друг не се пријавил на вака доходовен тендер, завршувајќи со заклучената цена.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-dksk-da-ne-cheka-acevski-e-faten-ziv-kako-plakja-transport-na-bitumen-10-pati-poskap-od-normala/feed/ 0
Државната комисија за спречување на корупција ќе одржи седница https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/drzavnata-komisija-za-sprechuvanje-na-korupcija-kje-odrzi-sednica/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/drzavnata-komisija-za-sprechuvanje-na-korupcija-kje-odrzi-sednica/#respond Tue, 08 Feb 2022 06:42:26 +0000 https://kurir.mk/?p=628350

Членовите на Државната комисија за спречување на корупцијата денеска ќе ја одржат 61-та седница, на чиј дневен ред ќе биде изборот на заменик претседател на ДКСК. Комисијата ќе го разгледа и посебниот извештај за утврдените злоупотреби во финансирањето на изборната кампања од локалните избори од 2021 година. Како што соопштија од ДКСК, на дневен ред на седницата е и точката прашања и предлози.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/drzavnata-komisija-za-sprechuvanje-na-korupcija-kje-odrzi-sednica/feed/ 0
Седница на Антикорупциската комисија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sednica-na-antikorupciskata-komiisija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sednica-na-antikorupciskata-komiisija/#respond Fri, 28 Jan 2022 07:44:09 +0000 https://kurir.mk/?p=623767

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) денеска ќе ја одржи 60 – тата седница преку Зум комуникациската платфoрма. На дневниот ред на седницата се Предлог – записник од 57-та седница на ДКСК од 17.12.2021 година, првото продолжение на 57-та седница на ДКСК од 21.12.2021 година и Предлог записник од 57-та седница одржана на 21.12.2021 година-предмети од укажувачи, како и Предлог- записник од 59-та седница од 14.01.2022 година. Членовите на Антикорупциска на денешната седница ќе расправаат и за постапувањето по конкретни предмети, по што, како што е најавено, ќе следуваат прашања и предлози.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sednica-na-antikorupciskata-komiisija/feed/ 0
Антикорупциска не можела да достави документ до пратеник во Собранието https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/antikorupciska-ne-mozela-da-dostavi-dokument-do-pratenik-vo-sobranieto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/antikorupciska-ne-mozela-da-dostavi-dokument-do-pratenik-vo-sobranieto/#respond Mon, 01 Nov 2021 11:39:13 +0000 https://kurir.mk/?p=589183

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) на денешната јавна седница поради непостапување по член 35 и не можност да достави документ до еден пратеник во Собранието одлучи да го запре предметот што го имаше отворено по сопствена иницијатива и да го достави до прекршочна комисија. Причина за тоа, како што беше истакнато на седницата, е неможноста нивниот документ да го достават до адресата на пратеникот, ниту по обидот тоа да го направат преку Собранието. ДКСК по сопствена иницијатива отворила постапка за анкетниот лист на еден пратеник за кој било констатирано дека фирмата која ја управувал му ја доделил на неговиот син по изборот во Собранието. Како што беше посочено, согласно член 77 тоа не е дозволено и управувањето не може да биде доделено на член на семејството. -Долго време се обидувавме барањето да го доставиме до пратеникот, но се враќаше како непозната адреса, побаравме и преку Собранието, но и оттаму ни беше доставено како недоставено, рече Катица Николовска од ДКСК.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/antikorupciska-ne-mozela-da-dostavi-dokument-do-pratenik-vo-sobranieto/feed/ 0
ДКСК го оспорува пред Уставен суд Законот за коридорите 8 и 10Д, Владата најавува план „Б“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dksk-go-osporuva-pred-ustaven-sud-zakonot-za-koridorite-8-i-10d-vladata-najavuva-plan-b/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dksk-go-osporuva-pred-ustaven-sud-zakonot-za-koridorite-8-i-10d-vladata-najavuva-plan-b/#respond Mon, 26 Jul 2021 09:32:01 +0000 https://kurir.mk/?p=541887

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) денеска ја достави до Уставниот суд Иницијатива за оценување на уставноста на Законот за утврдување јавен интерес и номинирање стратешки партнер за имплементација на проектот за изградба на инфраструктурниот коридор 8 (делница: Тетово – Гостивар – Букојчани и проектот за автопатот Требеништа – Струга – Ќафасан) и коридорот 10 Д (делница на автопатот Прилеп – Битола) во Република Северна Македонија, со посебен предлог за издавање времена мерка за стопирање на неговата примена се додека судор не се произнесе, потврдија за МИА од Антикорупциска. За Законот, што веќе е објавен во Службени весник, од ДКСК по извршената антикорупциска проверка, оценија дека е со висок ризик за корупција и судир на интереси и во суштина го суспендира правниот систем во државата, исклучувајќи примена на други закони во целост или делумно. Сметаат дека донесениот закон и примената на одредбите на законот во пракса, ќе значи кршење на начелата врз кои се темели борбата против корупцијата и судирот на интереси. – Нема јавен интерес каде има вакви политички мудрости, сплеткарења. Во функција на јавниот интерес треба отворено, транспарентно да се излезе пред народот и да се каже зошто и како се поставни работите, а не вака од скратена поскратена постапка да се донесува закон во Собрание што е од многу важно значење за целата држава, рече претседателката на ДКСК, Билјана Ивановска. Во образложението на мислењето на ДКСК за овој закон, меѓу другото, стои дека се крши со Устав загарантираната слобода на пазарот и на претприемништвото и обврската на државата да обезбеди еднаква правна положба на сите субјекти на пазарот и во директна спротивност со обврската на државата да презема мерки против монополската положа и однесување на пазарот. Меѓу другото, од Антикоруциска посочуваат дека во законот постојат правни празнини кои оставаат отворен простор за субјективизам, арбитрерност, политичко влијание, тргување со моќ и дискреција при конституирањето на Комитетот за преговори, а на сметка на стручноста, компетентноста и професионализамот. Пратениците овој Закон го донесоа во скратена постапка. Законот што го усвои Собранието, на предлог на група пратеници, е конкретна реализација на Меморандумот што го потпиша Владата со компанијата „Бехтел и Енка“ како стратешки инвеститор за изградба на автопатите Тетово – Гостивар, Струга – Ќафасан, како и Прилеп – Битола. Со него првпат се предвидува изградба преку нов модел без распишување тендер, за којшто власта уверува дека ќе ги даде најбрзите и најоптималните резултати во изградбата на патната мрежа. Со предложеното законско решенија сe уредува проектирањето и изградбата на инфраструктурата на Коридор 8 и проектирањето и изградбата на инфраструктурата на Коридор 10 Д, како поединечни проекти за капитални инвестиции од стратешко национално значење за државата. Претседателот на државата Стево Пендаровски, по изгласувањето на законот во Собранието, го потпиша указот за негово прогласување, и покрај забелешките на Антикорупциската комисија. – Законот е донесен со потребното мнозинство и притоа ниту еден пратеник или пратеничка група не гласале против. Сите институции и поединци кои имаат сомневања во однос на уставноста на Законот, можат да се обратат до Уставниот суд кој е единствена надлежна институција за оценка на уставноста на законите и другите општи акти, соопштија од кабинетот на Пендаровски по потпишувањето на указот. Министерот за транспорт и врски Благоја Бочварски, пак, изјави дека Владата има план „Б“ доколку законот биде оспорен пред Уставен.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dksk-go-osporuva-pred-ustaven-sud-zakonot-za-koridorite-8-i-10d-vladata-najavuva-plan-b/feed/ 0
Седница на Државната комисија за спречување на корупцијата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sednica-na-drzavnata-komisija-za-sprechuvanje-na-korupcijata-5/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sednica-na-drzavnata-komisija-za-sprechuvanje-na-korupcijata-5/#respond Wed, 21 Jul 2021 05:19:27 +0000 https://kurir.mk/?p=539468

Државната комисија за спречување на корупцијата денеска преку Зум комуникациска платформа ќе ја одржи 50-та седница, на чиј дневен ред се повеќе точки меѓу кои и избор на заменик претседател. На дневен ред пред антикорупционерите, освен постапување по конкретни предмети, ќе биде и усвојувањето на повеќе предлог-записници од седници, меѓу кои за 46-та, 47-та, 48-та и 49-тата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sednica-na-drzavnata-komisija-za-sprechuvanje-na-korupcijata-5/feed/ 0
ДКСК: Законот за стратешки инветитор за изградба на автопати е висок ризик фактор за корупција, Пендаровски да не го потпишува указот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dksk-zakonot-za-strateshki-invetitor-za-izgradba-na-avtopati-e-visok-rizik-faktor-za-korupcija-pendarovski-da-ne-go-potpishuva-ukazot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dksk-zakonot-za-strateshki-invetitor-za-izgradba-na-avtopati-e-visok-rizik-faktor-za-korupcija-pendarovski-da-ne-go-potpishuva-ukazot/#respond Fri, 16 Jul 2021 10:15:03 +0000 https://kurir.mk/?p=537648

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) своето мислење по однос на Предлог – законот за утврдување на јавен интерес и номинирање на стратешки партнер за имплементација на проектот за изградба на инфраструктурниот коридор 8 и коридор 10 Д во Република Северна Македонија, требало денеска да го достави до претседателот на Собранието, но вчера законот е донесен во скратена постапка од стана на пратениците и затоа ќе биде упатено до шефот на државата Стево Пендаровски и понатаму до надлежните институции. Ова го соопшти на денешната прес-конференција претседателката на ДКСК Билјана Ивановска, која укажа дека ставот на ДКСК, по извршена антикорупциска проверка, е дека овој закон, како целина претставува висок ризик фактор за корупција и судир на интереси и во суштина го суспендира правниот систем во државата, исклучувајќи примена на други закони во целост или делумно. Додаде дека донесениот закон и примената на одредбите на законот во пракса, ќе значи кршење на начелата врз кои се темели борбата против корупцијата и судирот на интереси. Таа информира дека ДКСК ќе го достави нивното мислење и ќе бара од претседателот Пендаровски да не го потпише овој указ, но доколку го потпише, најави, ќе биде даден на Уставен суд. Од ДКСК се категорични дека ќе ги користат сите алатки што се овозможени во системот да ги употребат во вакви случаи и нема да се откажат. Според Ивановска, охрабрува тоа што претходниот пат кога Пендаровски, како што рече, покажа зрелост да не го потпише Законот за правен статус на бесправно изградени објекти и како што рече, „ако е во функција на одбрана на својот интегритет, очекуваме и овој Закон да не го потпише бидејќи има сериозни уставни прекршувања“. – Нема јавен интерес каде има вакви политички мудрости, сплеткарења. Во функција на јавниот интерес треба отворено, транспарентно да се излезе пред народот и да се каже зошто и како се поставни работите, а не вака од скратена поскратена постапка да се донесува закон во Собрание што е од многу важно значење за целата држава, рече претседателката на ДКСК. Чувството во ДКСК што се гради во овој период, нагласи Ивановска, е дека борбата против корупцијата од страна на останатите чинители во општеството останува декларативна и селективна. – Нас тоа ни побудува чувство дека сме осамени во таа борба што сметам дека е многу лошо за нашата ситуација во државата, истакна Ивановска. Во образложението на мислењето на ДКСК за овој закон, меѓу другото, стои дека се крши со Устав загарантираната слобода на пазарот и на претприемништвото и обврската на државата да обезбеди еднаква правна положба на сите субјекти на пазарот и во директна спротивност со обврската на државата да презема мерки против монополската положа и однесување на пазарот. Ивановска, меѓу другото, посочи дека во законот постојат правни празнини кои оставаат отворен простор за субјективизам, арбитрерност, политичко влијание, тргување со моќ и дискреција при конституирањето на Комитетот за преговори, а на сметка на стручноста, компетентноста и професионализамот. – Овој Комитет е клучниот фактор за утврдување на договорот со стратешкиот партнер и недозволиво е од аспект на одредбите на Законот за спречување корупција и судир на интереси да се остави таква недореченост, правна празнина во однос на составот, квалификациите и стручното портфолио на членовите, рече претседателката на ДКСК. Законот што вчера го усвои Собранието, на предлог на група пратеници, е конкретна реалзиација на Меморандумот што го потпиша Владата со компанијата „Бехтел и Енка“ како стратешки инвеститор за изградба на автопатите Тетово – Гостивар, Струга – Ќафасан, како и Прилеп – Битола. Со него првпат се предвидува изградба преку нов модел без распишување тендер, за којшто власта уверува дека ќе ги даде најбрзите и најоптималните резултати во изградбата на патната мрежа. Со предложеното законско решенија сe уредува проектирањето и изградбата на инфраструктурата на Коридор 8 и проектирањето и изградбата на инфраструктурата на Коридор 10 Д, како поединечни проекти за капитални инвестиции од стратешко национално значење за државата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dksk-zakonot-za-strateshki-invetitor-za-izgradba-na-avtopati-e-visok-rizik-faktor-za-korupcija-pendarovski-da-ne-go-potpishuva-ukazot/feed/ 0