антиковид мерки – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 01 May 2022 13:12:47 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png антиковид мерки – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 И Албанија ги укина сите анкти-ковид мерки: На граница без сертификати, отворени и ноќните клубови https://arhiva.kurir.mk/svet/region/i-albanija-gi-ukina-site-ankti-kovid-merki-na-granica-bez-sertifikati-otvoreni-i-nokjnite-klubovi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/i-albanija-gi-ukina-site-ankti-kovid-merki-na-granica-bez-sertifikati-otvoreni-i-nokjnite-klubovi/#respond Sun, 01 May 2022 13:12:47 +0000 https://kurir.mk/?p=670451

Од денеска, Албанија ги укина ограничувањата воведени за да се спречи ширењето на коронавирусот. Според одлуката на Национален комитет за справување со пандемијата, донесена на 26 април, од денеска за влез во Албанија не е потребна потврда за вакцинација против коронавирусот, негативен тест или потврда за прележана инфекција. Исто така во земјата повторно се отворени ноќните клубови а укината е и забраната за емитување музика по 23 часот во угостителските објекти. Обврската за носење маска беше укината, но остана препораката за носење маска во затворени простории. Инаку, со одлука на комитетот на втори март, по речиси две години, беше укинат полицискиот час, кој траеше од 23 до 6 часот а недела потоа и мерката за ограничено присуство на собири.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/i-albanija-gi-ukina-site-ankti-kovid-merki-na-granica-bez-sertifikati-otvoreni-i-nokjnite-klubovi/feed/ 0
Шведска од 1 април ги укинува сите антиковид мерки https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shvedska-od-1-april-gi-ukinuva-site-antikovid-merki/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shvedska-od-1-april-gi-ukinuva-site-antikovid-merki/#respond Fri, 25 Mar 2022 20:26:18 +0000 https://kurir.mk/?p=653541

Шведската Влада денеска објави дека од 1 април ќе се укине забраната за влез во државата за граѓаните на земји кои не се членки на Европска Унија. Тоа значи дека ќе се укине задолжителните вакцинален сертификат или потврда за примена вакцина против Ковид-19. – Ја укинавме забраната за земјите-членки на ЕУ, а сега Владата одлучи да ја укине забраната за земјите надвор од европскиот блок, изјави министерот за правда Морган Јохансон. Забраната за влез на граѓани надвор од ЕУ беше воведена во март 2020 година и постојано се продолжуваше до 31 март. Во Шведска од 1 април Ковид-19  повеќе нема да се класифицира како закана за јавното здравје и опасност за општеството.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shvedska-od-1-april-gi-ukinuva-site-antikovid-merki/feed/ 0
СЗО критикуваше повеќе европски држави заради пребрзото укинување на антиковид мерки https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-kritikuvashe-povekje-evropski-drzavi-zaradi-prebrzoto-ukinuvanje-na-antikovid-merki/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-kritikuvashe-povekje-evropski-drzavi-zaradi-prebrzoto-ukinuvanje-na-antikovid-merki/#respond Tue, 22 Mar 2022 14:46:43 +0000 https://kurir.mk/?p=651452

Неколку европски земји, вклучувајќи ги Германија, Франција, Италија и Обединетото Кралство, пребрзо ги укинаа своите антивирусни мерки и сега се соочуваат со голем скок во случаите на коронавирус предизвикан од БА.2 подваријантата на омикорн сојот, истакна денеска Светската здравствена организација. Директорот на СЗО за Европа Ханс Клуге на прес конференција во Молдавија кажа дека „внимателно ја следи“ моменталната епидемиолошка ситуација на континентот, нагласувајќи истовремено дека останува „оптимист“. Во моментов растат бројките на случаи на Ковид-19 во 18 од 53 земји, кои припаѓаат на европската зона на СЗО, наведува организацијата. -Земјите во кои бележиме посебен раст на бројот на заразени се Велика Британија, Ирска, Кипар, Грција, Франција, Италија и Германија“, рече Клуге. Овие земји нагло ги укинаа ограничувањата, од „премногу рестрикции на недоволно“, оцени тој. Според СЗО, бројот на новозаразени во Европа значително се намалил по врвот на крајот на јануари, но повторно почнал да расте на почетокот на март. Според епидемиолозите, овој нов скок се објаснува со доминацијата на подваријантата BA.2 на омикрон сојот, која е околу 30 проценти позаразна, но не и поопасна од нејзината претходничка BA.1. Во текот на изминатите седум дена во зоната на СЗО за Европа, пријавени беа повеќе од 5,1 милиона нови случаи на инфекции и 12.498 смртни случаи Петтиот бран што ја погоди Европа не е завршен, а експертите укажуваат на „небрежната“ политика низ Европа, каде што земјите веќе беа обвинети за пребрзо укинување на мерките за време на претходните бранови. -Во моментов сум оптимист, но претпазлив, изјави Клуге и додаде дека сите „ќе мораме да живееме со Ковид-19 уште некое време, но тоа не значи дека не можеме да се ослободиме од пандемијата“. Треба да се фокусира на четири приоритети, заштита на ранливите, зајакнување на надзорот и секвенционирањето, овозможување на земјите пристап до нови антивирусни лекови и насочување кон постковид или долгиот ковид.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-kritikuvashe-povekje-evropski-drzavi-zaradi-prebrzoto-ukinuvanje-na-antikovid-merki/feed/ 0
И Словенија ги укинува речиси сите антиковид мерки https://arhiva.kurir.mk/svet/region/i-slovenija-gi-ukinuva-rechisi-site-antikovid-merki/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/i-slovenija-gi-ukinuva-rechisi-site-antikovid-merki/#respond Mon, 21 Feb 2022 08:41:30 +0000 https://kurir.mk/?p=634149

Словенија денеска ги укина речиси сите антиковид мерки, освен носењето маски во затворени простории. Доказ за прележан ковид, вакцинација или негативен тест ќе се бара само во здравствени установи, старечки домови и затвори. Според владината одлука, од сабота, нема повеќе ограничувања за бројот на луѓе во трговските центри, угостителските објекти и какви било настани, јави СТА. Укинати се и ограничувањата на работното време во угостителските објекти, а ноќните клубови може повторно да се отворат. Се препорачува носење маски на отворено кога растојанието од 1,5 метри не може да се исполни. Ковид пропусници и негативниот тест остануваат задолжителни за персоналот во здравствените и здравствените установи, затворите и воспитно-поправните установи за малолетници помлади од 15 години. Учениците и студентите нема да мора да се тестираат во образовните институции, но маските се уште се задолжителни.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/i-slovenija-gi-ukinuva-rechisi-site-antikovid-merki/feed/ 0
Вашингтон го укинува задолжителното носење маска внатре https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vashington-go-ukinuva-zadolzitelnoto-nosenje-maska-vnatre/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vashington-go-ukinuva-zadolzitelnoto-nosenje-maska-vnatre/#respond Tue, 16 Nov 2021 20:00:52 +0000 https://kurir.mk/?p=596258

Главниот град на САД, Вашингтон, едно од местата со најстроги антиковид мерки во САД, од следната недела ќе го укине задолжителното носење маска внатре, најави градоначалникот. - Од понеделник, 22 ноември, Вашингтон ја укинува обврската за носење маска внатре, рече градоначалникот на Вашингтон, Муриел Боузер на денешната прес-конференција. Приватните компании може да продолжат да бараат маската да се носи и таа останува задолжителна во јавниот превоз, во училиштата внатре, во библиотеките, домовите за стари лица, како и во некои јавни згради. На крајот на јули, главниот град на САД воведе задолжително носење маска за вакцинирани и невакцинирани лица поради зголемениот број на инфекции поврзани со видот делта коронавирус. Со таа мерка Вашингтон беше еден од градовите со најстроги мерки поврзани со коронавирусот во земјата. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vashington-go-ukinuva-zadolzitelnoto-nosenje-maska-vnatre/feed/ 0
Засега не се планираат нови рестриктивни антиковид мерки во Македонија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zasega-ne-se-planiraat-novi-restriktivni-antikovid-merki-vo-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zasega-ne-se-planiraat-novi-restriktivni-antikovid-merki-vo-makedonija/#respond Mon, 04 Oct 2021 11:32:57 +0000 https://kurir.mk/?p=572739

Засега не планираме нови рестриктивни мерки поради тоа што сегашниот број на пациенти не ги оптоварува болниците, туку напротив тие се празнат и има се помалку хоспитализирани, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче, одговарајќи на новинарски прашања. Тој рече дека секојдневно разговара со директорите на клиниките за случаите со Ковид-19, кои се тешки и имаат смртен исход. – Тешките случаи на механичка вентилација се на Инфективната клиника и во ГОБ „8 Септември“. Разговараме за пристапот за лекување, за дијагнозата. Многу мал број случаи после последните препораки, само оние најтешки случаи се поставуваат на механичка вентилација. Концептот во меѓувреме уште од почеток на кризата се смени. Едно време на почеток беше таа препорака за механичка вентилација, после за неинвазивна вентилација со што се опремени сите ковид-центри, посочи Филипче. Во однос на соработката со Светската здравствена организација, министерот нагласи дека е во комуникација со регионалниот директор на СЗО за Европа, Ханс Клуге. – Повеќе пати сме разговарале со оглед на тоа што ова бара една детална анализа и на ситуацијата со хроничните болести во нашата земја. Експертизата е добродојдена. Добро е и да слушнеме искуства од други земји и од нив како експерти за да дознаеме што повеќе, додаде Филипче.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zasega-ne-se-planiraat-novi-restriktivni-antikovid-merki-vo-makedonija/feed/ 0
Олабавени антиковид мерките за граѓаните на САД кои патуваат во Македонија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/olabaveni-antikovid-merkite-za-gragjanite-na-sad-koi-patuvaat-vo-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/olabaveni-antikovid-merkite-za-gragjanite-na-sad-koi-patuvaat-vo-makedonija/#respond Tue, 13 Jul 2021 16:50:06 +0000 https://kurir.mk/?p=536289

Центрите за контрола и превенција на болести на САД синоќа ги обновија препораките за патување во Македонија до ниво 1, што значи дека важат стандардни мерки за безбедност при патување со вообичаена внимателност. Како што јави дописникот на МИА од Вашингтон, центрите укажаа на ниско ниво на Ковид-19 во земјата и на понизок ризик за зараза или развој на тешка форма на болеста за оние кои се целосно вакцинирани со вакцини одобрени од Агенцијата за храна и лекови на САД.. Прес-службата на Стејт департментот соопшти дека по направена анализа за безбедноста при патување, претпазливите мерки се обновени и спуштени на ниво 1 за Македонија, како и за Бермудите, Габон и Романија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/olabaveni-antikovid-merkite-za-gragjanite-na-sad-koi-patuvaat-vo-makedonija/feed/ 0
Мицкоски: Како се чувствуваат сите оние родители кои немаат да им обезбедат услови на своите деца за овие празници, не е поентата со антиковид мерки да се исцеди економијата, туку да се заштити здравјето?! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-kako-se-chuvstvuvaat-site-onie-roditeli-koi-nemaat-da-im-obezbedat-uslovi-na-svoite-deca-za-ovie-praznici-ne-e-poentata-so-antikovid-merki-da-se-iscedi-ekonomijata-tuku-da-se-zashtiti-zdravje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-kako-se-chuvstvuvaat-site-onie-roditeli-koi-nemaat-da-im-obezbedat-uslovi-na-svoite-deca-za-ovie-praznici-ne-e-poentata-so-antikovid-merki-da-se-iscedi-ekonomijata-tuku-da-se-zashtiti-zdravje/#respond Tue, 15 Dec 2020 22:10:45 +0000 https://kurir.mk/?p=443736

Во вечерашното издание на дебатната емисија "200" на ТВ Алсат гостуваше претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој се осврна на лошите владини политики, штетниот договор со соседна Бугарија, матните зделки кои се дел од секојдневието на Зоран Заев, како и Ковид пандемијата која ја зафати Република Македонија. Мерките кои се донесуваат за спречување на Ковид пандемијата не треба да ја цедат македонската економија, туку да помогнат да се заштити здравјето на граѓаните. Не може од почетокот на пандемијата да се донесуваат популистички мерки и мерки кои удираат по грбот само на одредена категорија на граѓани, а истовремено членовите на СДСМ заедно со Зоран Заев и Сашко Николов да слават по штипските кафеани без да се почитуваат основните мерки за растојание, вели Мицкоски. Декември е месец кога започнуваат празниците и тие траат се до средината на месец јануари. Со вакви мерки кои на ниеден начин не ја поддржуваат македонската економија, голем број семејства ќе останат со празна трпеза за најголемите празници кои треба да претставуваат радост во секој дом. Како родителите да им обезбедат услови прикладни за деновите кои што следат, кога и самите тие едвај врзуваат крај со крај поради лошите владини политики, додаде Мицкоски. Комисијата за заразни болести заедно со министерот Филипче донесуваат мерки кои граничат со хуморот. Наместо да се донесат мерки кои ќе помогнат во борбата со пандемијата, а воедно најминимално ќе влијаат врз економијата, тие донесуваат мерки кои економијата дополнително ја клекнуваат на колена и оставаат стотици семејства со празна трпеза, заврши Мицкоски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-kako-se-chuvstvuvaat-site-onie-roditeli-koi-nemaat-da-im-obezbedat-uslovi-na-svoite-deca-za-ovie-praznici-ne-e-poentata-so-antikovid-merki-da-se-iscedi-ekonomijata-tuku-da-se-zashtiti-zdravje/feed/ 0