антитерористичка операција – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 22 May 2023 19:37:02 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png антитерористичка операција – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Во руската област Белгород прогласена состојба на „антитерористичка операција“ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-ruskata-oblast-belgorod-proglasena-sostojba-na-antiteroristichka-operatsija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-ruskata-oblast-belgorod-proglasena-sostojba-na-antiteroristichka-operatsija/#respond Mon, 22 May 2023 19:37:02 +0000 https://kurir.mk/?p=837636

Гувернерот на руската област Белгород, Вјачеслав Гладков, изјави дека е прогласена состојба на „антитерористичка операција“ во регионот, откако диверзантска група поврзана со украинската армија ја преминала руската граница, јави агенцијата Анадолија. Гладков на социјалните мрежи соопшти дека се преземени одредени мерки за обезбедување на безбедноста на граѓаните во Белгородската област на границата со Украина, „поради опасност од диверзантска група на Вооружените сили на Украина“. Гладков изјави дека од денеска прогласиле состојба на „антитерористичка операција“ во регионот и нагласи дека се преземени одредени мерки и се воведени привремени ограничувања. Според него, во дворот на една градинка паднала граната, а објектот целосно изгорел. Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков изјави дека рускиот претседател Владимир Путин бил информиран за влез на украинска диверзантска група во рускиот регион Белгород. - Целта на диверзантската група е да го сврти вниманието од Бахмут и да го намали политичкото влијание од загубата на Бахмут за украинската страна, рече Песков. Советникот на украинскиот претседател Михаил Подољак изјави дека „единствена придвижувачка политичка сила во тоталитарна земја отсекогаш било вооружено партизанско движење“. - Украина со интерес ги следи случувањата во регионот Белгород во Русија и ја испитува ситуацијата. Украина нема директна врска со ова, рече Подољак. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-ruskata-oblast-belgorod-proglasena-sostojba-na-antiteroristichka-operatsija/feed/ 0
Уапсени седум лица во антитерористичка операција во Стразбур https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/uapseni-sedum-lica-vo-antiteroristichka-operacija-vo-strazbur/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/uapseni-sedum-lica-vo-antiteroristichka-operacija-vo-strazbur/#respond Tue, 27 Apr 2021 15:32:47 +0000 https://kurir.mk/?p=502853

Седум лица се уапсени денеска рано утринава во Стразбур за време на антитерористичка операција предводена од Генералната дирекција за внатрешно набљудување (ДГСИ), јави дописникот на МИА. Операцијата, спроведена во различни области на европската престолнина, како што јави регионалниот весник Дерниер нувел д’Алзас, следи по истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот за престојот на едно лице во Сирија и можната мрежа на дознаки на пари во оваа земја. Според регионалниот дневен весник, интервенцијата мобилизирала неколку десетици припадници од разузнавачките служби, како и агенти од различни специјални полициски единици, особено оние од Стразбур и Нанси. -Шестмина од осомничените се уапсени во Долна Рајна, а последниот во Пи-де-Дом на западот од Франција, изјави судски извор. Шестмина се родени во Русија, а последниот во Грузија. Сите биле приведени во полициската станица во Стразбур под сомнение за „терористичко злосторничко здружување“. Наскоро тие треба да бидат префрлен во седиштето на ДГСИ во Левалоа-Пере, во парсикиот регион.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/uapseni-sedum-lica-vo-antiteroristichka-operacija-vo-strazbur/feed/ 0
Азербејџан соопшти дека извел антитерористичка операција во Нагорно Карабах https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/azerbejdzan-soopshti-deka-izvel-antiteroristichka-operacija-vo-nagorno-karabah/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/azerbejdzan-soopshti-deka-izvel-antiteroristichka-operacija-vo-nagorno-karabah/#respond Sun, 13 Dec 2020 13:44:07 +0000 https://kurir.mk/?p=442688

Азербејџанската служба за државна безбедност спроведе антитерористичка операција на периферијата на Хадрут и Нагорно Карабах, се наведува во денешното заедничко соопштение на службата за државна безбедност и Министерството за одбрана на Азербејџан. „По потпишувањето на трилатералниот договор во Москва за прекин на воените дејствија во Нагорно Карабах, ерменските вооружени формации останаа во шумите северозападно од Хадрут. Овие формации не ја напуштија областа, туку, напротив, ги утврдија своите борбени позиции од кои изведоа неколку саботажи против азербејџанските вооружени сили и цивилите“, се вели во соопштението. Се додава дека во тие акции биле убиени четворица припадници на азербејџанската армија, а ранети биле двајца и еден цивил. Се наведува дека поради тоа, азербејџанските безбедносни сили биле принудени да спроведат антитерористичка операција во таа област, пренесува ТАСС. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/azerbejdzan-soopshti-deka-izvel-antiteroristichka-operacija-vo-nagorno-karabah/feed/ 0