антиваксери – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 03 Dec 2021 15:31:57 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png антиваксери – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Хрватска уапси антиваксери, постои сомнеж дека поттикнуваат тероризам https://arhiva.kurir.mk/svet/region/hrvatska-uapsi-antivakseri-postoi-somnez-deka-pottiknuvaat-terorizam/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/hrvatska-uapsi-antivakseri-postoi-somnez-deka-pottiknuvaat-terorizam/#respond Fri, 03 Dec 2021 15:45:12 +0000 https://kurir.mk/?p=603771

Припадниците на пет полициски администрации во пет хрватски окрузи приведоа најмалку пет лица, меѓу кои и Марко Францишковиќ, водачот на протестите против вакцинацијата, кои се осомничени за јавно поттикнување тероризам, објави хрватскиот портал Индекс. МВР денеска соопшти дека во пет жупанија се води кривична истрага поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело Јавно поттикнување тероризам. Се наведува дека станува збор за истрага поради сомневање за дејствија кои поттикнуваат кршење на основните уставни, политички и економски структури на Хрватска со напаѓање на физичкиот интегритет на други лица и јавни објекти. Во денешните акции се опфатени повеќе лица од наведените подрачја кои се под надзор на полицијата, се вели во соопштението и се додава дека во наредните денови полицијата ќе работи на прибирање докази со претрес на објекти, возила и друга опрема. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/hrvatska-uapsi-antivakseri-postoi-somnez-deka-pottiknuvaat-terorizam/feed/ 0
Полицијата во Мелбурн со гумени куршуми за растерување на антиваксерите https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/policijata-vo-melburn-so-gumeni-kurshumi-za-rasteruvanje-na-antivakserite/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/policijata-vo-melburn-so-gumeni-kurshumi-za-rasteruvanje-na-antivakserite/#respond Tue, 21 Sep 2021 11:59:57 +0000 https://kurir.mk/?p=566421

Полицијата во Мелбурн употреби спреј и гумени куршуми за растерување на демонстрантите кои се противат на задолжителната вакцинација против коронавирус за градежните работници. Протестот е насочен против прописите на Владата на сојузната држава Викторија, чиј главен град е Мелбурн, инаку втор по големина во Австралија, според кои сите градежни работници треба да бидат вакцинирани. „Најмалку тројца полицајци се повредени, а повеќе од 40 лица се приведени“, изјави началникот на полицијата во Викторија. За време на протестот беа распоредени околу 500 полицајци, а неколку новинари беа нападнати. Повеќе од илјада демонстранти во работни униформи маршираа во центарот на Мелбурн, фрлајќи светлосни ракети и шишиња. Неколку часа противниците на задолжителната вакцинација се спротивставуваа на повиците на полицијата да се разотидат. Ова се втори демонстрации од ист тип за два дена, првите беа на стотици работници во понеделникот кога беа скршени излозите во центарот на Мелбурн. Мелбурн веќе седум недели се наоѓа во строг карантин во обид да се спречи брзото ширење на Делта сојот на коронавирусот. Сепак, жаришта на заразата се забележани на градилиштата каде што почитувањето на мерките не е задоволително, наведуваат властите. Тие синоќа објавија дека градежната индустрија од денеска ќе биде затворена две недели во Мелбурн и некои регионални области. Притоа, посочија дека сите работници ќе мора да ги исполнат здравствените барања пред повторно отворање и да примаат барем една доза од вакцината пред да се вратат на работа на 5 октомври. -Бевме јасни, ако не ги почитувате прописите, нема да се двоумиме да преземеме мерки, рече министерот за индустриски односи на Викторија, Тим Палас, објавувајќи ја одлуката на властите за затворање на градилиштата. Државата Викторија регистрираше 603 нови случаи на Ковид-19 во последните 24 часа. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/policijata-vo-melburn-so-gumeni-kurshumi-za-rasteruvanje-na-antivakserite/feed/ 0
Антиваксери упаднаа во студиотo за вести на ТВ Словенија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/antivakseri-upadnaa-vo-studioto-za-vesti-na-tv-slovenija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/antivakseri-upadnaa-vo-studioto-za-vesti-na-tv-slovenija/#respond Sat, 04 Sep 2021 10:21:01 +0000 https://kurir.mk/?p=559256

Група демонстранти кои се противат на вакцинацијата и епидемиолошките мерки упаднаа во студио на ТВ Словенија, се наведува на веб -страницата на таа телевизија. Инцидентот се случи вчера околу 20:30 часот во студиото за вести. Полицијата интервенираше отстранувајќи 20-на демонстранти кои не носеа заштитни маски. Демонстрантите и противниците на вакцинацијата и мерките за ограничување протестираат пред зградата на јавниот сервис со недели, барајќи да им се даде време на телевизија да ги изразат своите ставови за коронавирусот и епидемијата со „Ковид-19“. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/antivakseri-upadnaa-vo-studioto-za-vesti-na-tv-slovenija/feed/ 0
Антиваксери тргнаа кон Би-Би-Си: Протестираат против ковид-пасоши https://arhiva.kurir.mk/makedonija/antivakseri-trgnaa-kon-bi-bi-si-protestiraat-protiv-kovid-pasoshi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/antivakseri-trgnaa-kon-bi-bi-si-protestiraat-protiv-kovid-pasoshi/#respond Mon, 09 Aug 2021 19:48:26 +0000 https://kurir.mk/?p=548550

Група демонстранти антиваксери која се претставува како неофицијална група „Официјален глас“ (Official Voice) се обидуваат да влезат во зградата на Би-Би-Си туркајќи се со полицијата која се обидува да го спречи упадот, објави Индипендент. Демонстрантите првично се собрале на протест во лондонски парк, од каде што се упатиле кон Би-би-си. Овие демонстранти се обидоа да упаднат во студијата на Би Би Си во Вајт Сити но наидоа на големо полициско присуство, тие протестираат против вакциналните пасоши и против вакцините за деца, објаснува влогерот Пол Браун на снимакта објавена на „Твитер“. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/antivakseri-trgnaa-kon-bi-bi-si-protestiraat-protiv-kovid-pasoshi/feed/ 0
Антиваксери нападнаа центар за вакцинација во Полска https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/antivakseri-napadnaa-centar-za-vakcinacija-vo-polska/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/antivakseri-napadnaa-centar-za-vakcinacija-vo-polska/#respond Mon, 26 Jul 2021 10:26:12 +0000 https://kurir.mk/?p=541917

Двајца противници на вакцинацијата против Ковид-19 се уапсени вчера во Гродиск Мазовиецки во Полска кога се обидоа со група демонстранти насилно да влезат во центар за имунизација против коронавирусот. Две лица се полесно повредени во тепачка со персоналот и припадниците на обезбедувањето во центарот за вакцинација, објави полската полиција. – Добивме повик дека група луѓе се обидуваат да влезат во зградата на центарот за вакцинација. Имаше тепачка меѓу нив и персоналот на центарот. Повикавме брза помош за две лица кои беа полесно повредени. Групата демонстранти потоа заминаа. Уапсивме двајца, изјави портпаролката на локалната полиција, Катажина Зих. Протестите пред центарот за вакцинација беа организирани од групата Полски жолти елеци, кои можат да се пофалат дека се борат за слобода за сите, но најмногу за организација на антиваксерски настани, како на пример излети против вакцини. Полскиот министер за здравство Адам Њедјелски предупреди минатата недела дека делта мутацијата полека ги потиснува останатите варијанти на Ковид-19 во Полска и земјата може да го очекува четвртиот бран на пандемијата на коронавирус кон крајот на летото, во втората половина на август. Најлошото сценарио повторно предвидува 10.000 до 15.000 новозаразени дневно, а полската Влада секојдневно апелира до Полјаците да се вакцинираат што е можно побрзо, и ја разгледуваат можноста за задолжителна вакцинација. – Кога луѓето не можат да бидат убедени од рационални аргументи и кога лотаријата со многу интересни награди не ги донесе очекуваните резултати, тогаш државата мора да прибегне кон други средства. Ако Полјаците не сакаат да се вакцинираат, тогаш треба да бидат принудени да го сторат тоа, истакна минатиот месец лидерот на полските владејачки конзервативци, вицепремиерот Јарослав Качински. Во Полска досега со две дози или со една според упатствата на производителот на вакцините против Ковид-19 се имунизирани 44,6 отсто од населението. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/antivakseri-napadnaa-centar-za-vakcinacija-vo-polska/feed/ 0
Во Србија во тек е голема полициска акција – се апсат антиваксери поради ширење паника https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-srbija-vo-tek-e-golema-policiska-akcija-se-apsat-antivakseri-poradi-shirenje-panika/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-srbija-vo-tek-e-golema-policiska-akcija-se-apsat-antivakseri-poradi-shirenje-panika/#respond Thu, 01 Apr 2021 13:28:55 +0000 https://kurir.mk/?p=490866

Српската полиција, по наредба на обвинителството, утрово ја уапси Јована Стојковиќ под сомнение дека сторила кривично дело предизвикување паника и немири со ширење лажни вести и објави на социјалните мрежи против вакцинацијата. Како што јавија српските медиуми, во тек е голема полициска акција против таканаречените „антиваксери“, а подоцна се очекува и соопштение од српското МВР. Претседателката на движењето „Живеам за Србија“, лекарката Јована Стојковиќ попладнево ќе биде приведена во Палатата на правдата на сослушување во Обвинителството за високо технолошки криминал, јавија некои од српските медиуми. По сослушувањето ќе биде познати дали обвинителството ќе бара од судот да и одреди некоја мерка за забрана или притвор. Според медиумите, Стојковиќ е позната по своите антивакцинални ставови и ставови кои се во спротивност со сите официјални препораки и мислења на медицинската струка. Сопругот на Стојковиќ по распитот во полиција е пуштен да се брани од слобода и, како што изјави, против него е поднесена кривична пријава за попречување на службено лице во вршењето на своите должности, бидејќи го снимал претресот во нивниот дом и се расправал со полицијата. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-srbija-vo-tek-e-golema-policiska-akcija-se-apsat-antivakseri-poradi-shirenje-panika/feed/ 0