антивладин протест – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 17 Apr 2021 08:29:17 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.2 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png антивладин протест – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Антивладин протест во Сараево https://arhiva.kurir.mk/svet/region/antivladin-protest-vo-saraevo/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/antivladin-protest-vo-saraevo/#respond Sat, 17 Apr 2021 08:29:17 +0000 https://kurir.mk/?p=498437 Во Сараево денеска се одржува нов протест, со почеток во 12:05 часот пред зградата на Парламентарното собрание на БиХ.

Организаторите, меѓу другото, бараат да биде назначен нов состав на Советот на министри на Босна и Херцеговина и Владата на Федерацијата на Босна и Херцеговина, кој во рок од 14 дена ќе претстави јасен и спроводлив Акционен план за борба против пандемијата на коронавирус и управување со кризата.

-Иако навремено ги испративме нашите барања и ги доставивме до протоколот на сите министерства на Советот на министри на Босна и Херцеговина и Владата на Федерацијата на Босна и Херцеговина и понудивме три опции за да одговорат на нашето барање, ниту едно од споменатите нивоа не не испочитуваа со одговор, а не пак да се сретнат со граѓани кои ги поддржаа протестите и барањата на иницијативата Борба за живот, соопшти неформалната група граѓани на групата.

]]>
https://arhiva.kurir.mk/svet/region/antivladin-protest-vo-saraevo/feed/ 0
Мицкоски: Се фалат со повеќе пари во буџетот, а не кажуваат дека паритe се собрани од арачот на народот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-se-falat-so-povekje-pari-vo-budzetot-a-ne-kazuvaat-deka-parite-se-sobrani-od-arachot-na-narodot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-se-falat-so-povekje-pari-vo-budzetot-a-ne-kazuvaat-deka-parite-se-sobrani-od-arachot-na-narodot/#respond Sat, 02 Jun 2018 19:42:05 +0000 https://kurir.mk/?p=61710

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на големиот антивладен протест пред зградата на Владата на Република Македонија истакна дека вистинската реалност е дека помина година пропуштена на животите на граѓаните, година на неработа, поделби и хаос. -Вистинската реалност, а не онаа разубавената, вештачката на Зоран Заев е следна: „Помина една година на разочарувања, изневерени очекувања и уривање на достоинството. Година пропуштена во нашите животи, година на неработа, создавање на поделби и хаос. Година на политички терор, апсења, упади, тортура. Година на економски неуспеси, на создавање трулеж во општеството.“, рече Мицкоски. Според него поминала година на изневерени очекувања и лажни ветувања. -Година во која народот се соочува со вистината дека ветуваа се и сешто, а не исполнија ништо. Ниту земјоделците ги имаат субвенциите, ниту докторите повисоки плати, ниту пак пензионерите повисоки пензии. Здравството ни е руинирано, болниците пропаѓаат, луѓето чекаат по ходници,  цената за сето тоа ја плаќаат со најскапото нешто, со своите животи, потенцира Мицкоски. Рече дека образованието е во слободен пад, универзитетите се на крајот на листата за квалитет во светски рамки, и оти студентите и младите се разочарани. -Младите си заминуваат пред нашите очи, тоа значи дека Македонија се распрснува ширум белиот свет. Замира животот во македонските градови и села. А тоа е така затоа што граѓаните ја изгубија вербата. Владата ги разочара младите. Ја уништува таа полетна енергија на животот, потенцира Мицкоски. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ вели дека СДСМ ветуваше 5 отсто раст, но во минатата 2017. растот бил нула. -Градежништвото тоне, се гради 45 отсто помалку. Се фалат со повеќе пари во буџетот, а не кажуваат дека парите се оние собрани од арачот на народот, вашите пари од зголемената акциза за нафтата и дизел горивата. Имаме ситуација во која министерот за внатрешни работи апси само кога има политички мотивирани случаи, а има нула акции за криминалци. Патриотите во затвор, криминалците на слобода. Ова е за жал реалноста во нашата држава, потенцира Мицкоски. Вели дека овие бројки не се само обични бројки, туку оти станува збор за реални луѓе и семејства. -Токму овие бројки се луѓе, реални луѓе и семејства, како и реален стандард или како што Зоран Заев лажеше, живот. Зоран Заев заборави една работа, дека животот нема реприза. И нема втора шанса за времето кое изминува и годините кои се губат. Го гледам како онака поднасмеан со лажната скромност што ја глуми, раскажува како подобро се живеело и како почнало се да се подобрува. Па уште гласно вика, не шупоти, дека донел, замислете, 16 нови инвестиции во Македонија, рече Мицкоски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-se-falat-so-povekje-pari-vo-budzetot-a-ne-kazuvaat-deka-parite-se-sobrani-od-arachot-na-narodot/feed/ 0
Мицкоски: Помина година на изневерени очекувања и лажни ветувања, но Македонија ќе победи https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-pomina-godina-na-iznevereni-ochekuvanja-i-lazni-vetuvanja-no-makedonija-kje-pobedi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-pomina-godina-na-iznevereni-ochekuvanja-i-lazni-vetuvanja-no-makedonija-kje-pobedi/#respond Sat, 02 Jun 2018 19:25:16 +0000 https://kurir.mk/?p=61679

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на антивладиниот протест кој се одржува пред Владата на Република Македонија рече дека ова се историски мигови за нашата татковина, моменти кога е потребна сила, одгворност и одлучност. -Oва е времето на третата генерација, која учеше од првата и растеше со втората, која стои исправено пред предизвиците на Македонија и на нашите сограѓани. Ајде да покажеме колку ни е силата. Ајде да покажеме колку ја сакаме Македонија. Ајде сите заедно да одговориме достојно на предизвиците и да кажеме гласно и јасно дека чашата е прелиена, доста е, вака повеќе не може, вака веќе не смее. Ве има толку многу, исправени пред неправдите, горди пред обидите за понижувања, решителни пред налетите да не скршат. Мислеа дека нема да излезе народ, не прогонуваа, кога се закануваа дека ќе бркаат од работа сакаа да ве премислат, кога сакаа да не понижат сакаа да се исплашите, разбегате. Но еве не, еве не тука, побројни и посилни, народот наш е пиреј, кој се исправа на нозе тогаш кога е најтешко, и тогаш кога е најпотребно, рече Мицкоски во говорот пред зградата на Владата. Тој направи споредба со зборовите на Гоце Делчев „Секоја слобода која е подарена е всушност ново ропство“, потенцирајќи дека секоја власт која е подарена кратко трае. -И еве тука вие, и тие од домовите, кои не се тука со нас но срцето им трепери, знаат дека Македонија ни се одзема и полека губи, и сакаат сето ова да престане. Од сите страни на нашата Македонија, од сите населени места пораката е една и единствена. Доста е! На една година од оваа ненародна власт, на една година откако Зоран Заев и неговите роднини и сопартијци ја преземаа како што ја преземаа власта, дојде време да се собереме, во вистински час. После многу средби, состаноци, реорганизација и реформирање на партијата, после се она на што бевме сведоци, лажни ветувања и лажни надежи, прокоцкани шанси, нула економија, нула инвестиции, никакви проекти, наспроти се она што го прокламираа на изборите, потенцираше претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.   Според него, помина една година во која власта ненормалното го прикажуваше како ненормално. -Кога лапсузите и гафовите на Заев станаа вицови и секојдневие, затоа што веројатно за сите нив е исто дали Словенија е иста со Словачка, дали има „брејн дрејн“ или „брејн сторминг“, и ај ќе си рече човек па тоа е Заев навикнати сме, но тоа само покажува какви квалитети има човекот, но најлошо од се е, што кога рече „но дискасити фор идентити“, сепак сфаќаме дека тој не само што разговарал за идентитетот, туку и си одлучувал од свое име што ќе прави со нешто што не го поседува. Тоа е нешто што е на сите нас, но и на оние пред нас и на оние после нас. Ние сме, браќа и сестри, пред сериозен тест на историјата, на народот, но и пред духот и делото на старите и идните генерации, рече Мицкоски. Вели дека многумина ќе го наречат преголем оптимист, но оти знае дека е мотивиран борец кога станува збор за земјата и народот. Некои ќе ме наречат преголем оптимист. Можеби сум тоа, не знам, но знам дека сум борец, мотивиран борец, затоа што мојата земја и мојот народ се во прашање... Јас сум верник и никогаш нема да ја изгубам надежта, затоа што верувам. Верувам во својот народ, верувам во мојата земја. Верувам дека навистина може подобро од ова сега. Дека навистина сите заслужуваат подобро од ова што оваа власт го прави. И затоа ако ме прашате дали ќе победиме? Гордо и со исправена глава, ви гледам и ви велам: „Да! Македонија ќе победи!“, рече Мицкоски. Посочи дека оваа генерација нема друг избор освен победа. Таа побера, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, мора да биде на сите полиња на нашето живеење, и вредносно, но и системтски.   -Вистинската реалност, а не онаа разубавената, вештачката на Зоран Заев е следна: „Помина една година на разочарувања, изневерени очекувања и уривање на достоинството. Година пропуштена во нашите животи, година на неработа, создавање на поделби и хаос. Година на политички терор, апсења, упади, тортура. Година на економски неуспеси, на создавање трулеж во општеството. Година на изневерени очекувања и лажни ветувања. Година во која народот се соочува со вистината дека ветуваа се и сешто, а не исполнија ништо. Ниту земјоделците ги имаат субвенциите, ниту докторите повисоки плати, ниту пак пензионерите повисоки пензии. Здравството ни е руинирано, болниците пропаѓаат, луѓето чекаат по ходници,  цената за сето тоа ја плаќаат со најскапото нешто, со своите животи. Образованието ни е во слободен пад, универзитетите се на крајот на листата за квалитет во светски рамки, студентите, младите се разочарани. Младите си заминуваат пред нашите очи, тоа значи дека Македонија се распрснува ширум белиот свет. Замира животот во македонските градови и села. А тоа е така затоа што граѓаните ја изгубија вербата. Владата ги разочара младите. Ја уништува таа полетна енергија на животот. Ветуваа 5 отсто раст, а има нула. Градежништвото тоне, се гради 45 отсто помалку. Се фалат со повеќе пари во буџетот, а не кажуваат дека парите се оние собрани од арачот на народот, вашите пари од зголемената акциза за нафтата и дизел горивата. Имаме ситуација во која министерот за внатрешни работи апси само кога има политички мотивирани случаи, а има нула акции за криминалци. Патриотите во затвор, криминалците на слобода.“ Ова е за жал реалноста во нашата држава, посочи Мицкоски. Според него, овие бројки не се само обични бројки, туку станува збор за луѓе и семејства. - Зоран Заев заборави една работа, дека животот нема реприза. И нема втора шанса за времето кое изминува и годините кои се губат. Го гледам како онака поднасмеан со лажната скромност што ја глуми, раскажува како подобро се живеело и како почнало се да се подобрува. Па уште гласно вика, не шупоти, дека донел, замислете, 16 нови инвестиции во Македонија. Да ве да ве прашам, дали вие сте го виделе да донесе една инвестиција? Не 16, една инвестиција?! Јас не сум го видел, а вака мислам дека сум информиран и дека пратам доволно. Да ве прашам, дали вие, вашите сограѓани, вашите роднини, пријатели, дали живеете подобро? Дали мислите дека како тргнало ќе живеете подобро? Јас ќе дадам одговор, нема тоа да се случи. Затоа да застанат додека не е предоцна. Да ги застанеме додека не е предоцна, рече Мицкоски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-pomina-godina-na-iznevereni-ochekuvanja-i-lazni-vetuvanja-no-makedonija-kje-pobedi/feed/ 0
ФОТО ГАЛЕРИЈА: Преполно пред Влада- народот масовно го изразува незадоволството од СДСМ и Заев https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-galerija-prepolno-pred-vlada-narodot-masovno-go-izrazuva-nezadovolstvoto-od-sdsm-i-zaev/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-galerija-prepolno-pred-vlada-narodot-masovno-go-izrazuva-nezadovolstvoto-od-sdsm-i-zaev/#respond Sat, 02 Jun 2018 18:17:08 +0000 https://kurir.mk/?p=61578

Огромен број граѓани денеска се собраа пред Владата на Република Македонија каде што тие го искажуваат незадоволството од власта на СДСМ и премиерот Зоран Заев.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-galerija-prepolno-pred-vlada-narodot-masovno-go-izrazuva-nezadovolstvoto-od-sdsm-i-zaev/feed/ 0
ФОТО: Граѓани сплотено одат кон Владата за да го искажат своето незадоволство од работата на власта предводена од Заев https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-gragjani-sploteno-odat-kon-vladata-za-da-go-iskazat-svoeto-nezadovolstvo-od-rabotata-na-vlasta-predvodena-od-zaev/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-gragjani-sploteno-odat-kon-vladata-za-da-go-iskazat-svoeto-nezadovolstvo-od-rabotata-na-vlasta-predvodena-od-zaev/#respond Sat, 02 Jun 2018 17:55:01 +0000 https://kurir.mk/?p=61557

Огромна група граѓани во моментот сплотено се движи кон Владата на Република Македонија на големиот антивладин протестот организиран од ВМРО-ДПМНЕ. Тие едногласно го изразуваат своето незадоволство од работата на власта предводена од премиерот Заев. Инаку, граѓани од скоро целата држава организирано доаѓаат кон Скопје да го изразат своето незадоволство од состојбите во државата.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-gragjani-sploteno-odat-kon-vladata-za-da-go-iskazat-svoeto-nezadovolstvo-od-rabotata-na-vlasta-predvodena-od-zaev/feed/ 0
Жителите на Чашка тргнаа на антивладиниот протест пред Влада (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zitelite-na-chashka-trgnaa-na-antivladiniot-protest-pred-vlada-foto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zitelite-na-chashka-trgnaa-na-antivladiniot-protest-pred-vlada-foto/#respond Sat, 02 Jun 2018 17:23:13 +0000 https://kurir.mk/?p=61520

Жителите на општина Чашка организирано одат кон Владата на Република Македонија каде што вечерва во 20 часот ќе почне големиот антивладин протест, организиран од ВМРО-ДПМНЕ. Граѓани од сите градови доаѓаат да го искажат незадоволството од работата на Владата предводена од СДСМ и Зоран Заев.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zitelite-na-chashka-trgnaa-na-antivladiniot-protest-pred-vlada-foto/feed/ 0
Мисајловски: ВМРО-ДПМНЕ има нова енергија, нова надеж и нова понуда https://arhiva.kurir.mk/makedonija/misajlovski-vmro-dpmne-ima-nova-energija-nova-nadez-i-nova-ponuda/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/misajlovski-vmro-dpmne-ima-nova-energija-nova-nadez-i-nova-ponuda/#respond Sat, 02 Jun 2018 17:13:40 +0000 https://kurir.mk/?p=61513

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ во денешното гостување во Вестите на Телевизија Телма изјави дека оваа власт нема слух за многу проблеми на граѓаните, па затоа опозицијата е принудена да излезе на улица. -Гледаме една година пропаст, дното не знаеме каде е. Кога ќе помислите дека стигнале до дното, утредента излегуваат со нов гаф, со некоја нова погубна политика и постојано влегуваме во криза, економска криза, политичка криза. Тоа нам ни дава мотив за да излеземе тука и да кажеме „НЕ“ за оваа власт, рече Мисајловски. Вели дека политичарите кои што во моментот се на власт треба да ги тргнат розевите очила и да видат дека животот не дошол за многу граѓани. Според него, ВМРО-ДПМНЕ денеска ќе каже „НЕ“ за сите погубни политики на оваа власт. ВМРО-ДПМНЕ, вели Мисајловски, прв пат организира протест со новото раководство и ова, според него, ќе биде работно лето за целото раководство. Тој најави дека партијата ќе има активности во текот на целото лето. -Сега за сега сме во добро темпо, има многу голема енергија и тоа веќе се покажува и по улиците и низ народот, и тоа денеска може да се потврди. Затоа ги поканувам сите граѓани, без разлика дали се партиски членови или не, да дојдат денеска, да потрошат дел од своето време и да ги слушнат нашите пораки за да видат дека има подобро, потенцираше Мисајловски. Потенцира дека често за се што се случува во државата, за власта виновно било ВМРО-ДПМНЕ. -ВМРО-ДПМНЕ има нова енергија, има нова надеж и ние мора да понудиме нова понуда. Таа понуда денеска ќе биде кажана од страна на претседателот Мицкоски, но ние мораме да имаме нова програма, односно да понудиме нешто ново, тоа што навистина на народот најмногу му треба, вели Мисајловски. Рече дека партијата никогаш повеќе не смее да ги повтори грешките од минатото. -Се она што во минатото сме погрешиле, никогаш да не се повтори, а не како оваа Влада, да го прави 100 пати полошо. Туку тоа што чинело навистина да го поздравиме, да биде уште подобро и да го надградиме, и секогаш секоја Влада ќе има некоја политика што ќе биде негативна, посочи потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ. Во однос на спорот со името со Република Грција рече дека доколку ВМРО-ДПМНЕ било вклучено во овој процес од страна на власта, можеби би имало конкретни идеи. -Може да видиме дека се води некоја дипломатија која што за жал гледаме дека се менува од недела во недела, од месец во месец, посочи Мисајловски. Според него, ваквата политика е погубна, посочувајќи дека дипломатијата не треба да се води брзоплето. -Може да имаме страшни последици. Треба да бидеме достоинствени. Република Македонија е земја над сите нас, потенцираше Мисајловски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/misajlovski-vmro-dpmne-ima-nova-energija-nova-nadez-i-nova-ponuda/feed/ 0
Јанушев повика: Граѓаните да излезат на антивладиниот протест и да им порачаат на СДСМ и Заев дека е време да заминат во историјата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/janushev-povika-gragjanite-da-izlezat-na-antivladiniot-protest-i-da-im-porachaat-na-sdsm-i-zaev-deka-e-vreme-da-zaminat-vo-istorijata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/janushev-povika-gragjanite-da-izlezat-na-antivladiniot-protest-i-da-im-porachaat-na-sdsm-i-zaev-deka-e-vreme-da-zaminat-vo-istorijata/#respond Fri, 01 Jun 2018 21:06:43 +0000 https://kurir.mk/?p=61204

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ во вечерашниот дуел на Телевизија 24 ги повика граѓаните заедо со неговата партија утре да излезат на големиот антивладин протест во 20 часот пред Владата на Република Македонија и да им порачаат на СДСМ и премиерот Зоран Заев дека е време да заминат во историјата, со цел државата да тргне напред. На прашањето дали ВМРО-ДПМНЕ утре ќе повика на предвремени парламентарни избор, Јанушев не сакаше да дава детали, туку побара да се почека до утре за да се видат ставовите на партијата. -Имаме половина ден до пред протестот и мислам дека е во ред да се воздржиме и да ги слушнеме пораките на самиот протест, рече Јанушев, додавајќи дека опозицијата кога била ќе ја победи власта на парламентарни избори. Меѓу другото, тој истакна дека политичката и економската состојба во Македонија во изминатата една година е на едно катастрофално ниво. Според Јанушев, владата на СДСМ и Зоран Заев во рок од една година успеале да ја задолжат државата за рекордни 5 милијарди евра, без притоа да реализираат некоја капитална инвестиција, ниту да отворат ново работно место или да го подобрат животниот стандард на граѓаните. Јанушев, кажа дека Светка банка ја рангира Република Македонија како единствена земја која има нула проценти раст, што според него е уште еден показател дека оваа влада и овој економски тим на Заев не знае и не умее да работи, нарекувајќи ги како економско цунами кое мора да се запре. Во однос на спорот со името со Република Грција, Јанушев рече дека името на државата е Република Македонија, а ставот на ВМРО-ДПМНЕ е конзистентен по однос на ова прашање. -Опозицијата нема да се согласи со промена на Уставот со цел промена на уставното име, промена на идентитетот и јазикот, вели тој. Според Јанушев, овој начин на водење на преговорите со Грција од страна на Зоран Заев го доведува во прашање македонскиот идентитет. Во однос на процесот на преговори Јанушев забележа дека тие се далеку од транспарентни и во нив се распродаваат македонските национални интереси.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/janushev-povika-gragjanite-da-izlezat-na-antivladiniot-protest-i-da-im-porachaat-na-sdsm-i-zaev-deka-e-vreme-da-zaminat-vo-istorijata/feed/ 0
ВМРО-ДПМНЕ Охрид ги повика сограѓаните на големиот антивладин протест: Време е да падне оваа ненародна власт https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-ohrid-gi-povika-sogragjanite-na-golemiot-antivladin-protest-vreme-e-da-padne-ovaa-nenarodna-vlast/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-ohrid-gi-povika-sogragjanite-na-golemiot-antivladin-protest-vreme-e-da-padne-ovaa-nenarodna-vlast/#respond Fri, 01 Jun 2018 17:46:38 +0000 https://kurir.mk/?p=61166

Дојде време да ја победиме темнината којашто надвиснала врз нашата Татковина. Секаде каде што има обединување таму е и победата. Време е да падне оваа ненародна власт. Дали охриѓани живеат подобро во однос на претходната година? Дали има повисока пензија? Дали младите имаат повеќе пари и повеќе работа? Овие прашања денеска ги постави претседателот на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Сашо Донев, потенцирајќи дека СДСМ ветуваше живот и општество за сите, но оти животод дошол само за тие во врвот на таа партија. - Една година централна и шест месеци локална власт исполнети со хаос, лицемерие и неработење, безидејност, политичка агонија, незнаење, бркање од работа на долгогодишни искусни вработени и брутална партизација на локалните и државни институции. С`е што вети СДСМ не оствари. Охрид и Македонија со СДСМ на власт тонат. Од животот кој го ветуваше СДСМ досега само се видоа планови за поскапување, зголемени трошоци за живот и осиромашување на граѓаните. Скандалозна одлука за поскапување на водата, за охриѓани нема ниту денар, ниту пак солидарност како обештетување за штетите од земјотресите, назначување на членови на управни и задзорни одбори спротивно на законот, цвета бизнисот на урбаната мафија која експресно воскресна. Охриѓани со поплавите имаа директни штети и загуби поради неспособното менаџирање и ненавремената реакција на Власта и АД Елем, рече Донев. Вели дека поминала една година откако СДСМ е на власт и неосновано ја стопираше изградбата на автопатот Кичево-Охрид. Прекината е изградбата на затворениот базен. Стопирана е и изградбата на специјалната боница Свети Еразмо. Прекинат е проектот за Центарот за култура како и изградбата на Конгресниот центар. Дали прекинувањето на овие значајни проекти за Охрид, значат живот за Охрид и охриѓани? За Македонија и за нашата иднина вреди да се бориме. ВМРО-ДПМНЕ ги поканува сите обесправени, разочарани и излажани од СДСМ утре во 15 часот кај Суна да се приклучиме заедно сплотени за масовно присуство на големиот антивладин собир вечерта во 20 часот пред Владата на Република Македонија. Да тргнеме во оваа битка и конечно да ја поразиме оваа ненародна власт којашто и се случува на нашата Татковина. Да ја одбраниме честа, достоинството и иднината на нашите поколенија, вели Донев.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-ohrid-gi-povika-sogragjanite-na-golemiot-antivladin-protest-vreme-e-da-padne-ovaa-nenarodna-vlast/feed/ 0
ВМРО-ДПМНЕ Гевгелија: Ветуваа живот за сите, излезе дека државата е собрана во теснопартиска елита https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-gevgelija-vetuvaa-zivot-za-site-izleze-deka-drzavata-e-sobrana-vo-tesnopartiska-elita/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-gevgelija-vetuvaa-zivot-za-site-izleze-deka-drzavata-e-sobrana-vo-tesnopartiska-elita/#respond Fri, 01 Jun 2018 17:11:08 +0000 https://kurir.mk/?p=61145

Како да се опише овој период во кој наместо да се вложува во сериозни потфати, се случија гафови и почетнички грешки, на коишто не им се согледува крајот?, прашуваат од Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Гевгелија. -Ни, ветуваа слободна држава, живот за сите, во пракса излезе дека државата е собрана во една теснопартиска елита и дека животот дојде само за неколку нивни фамилии. Ни, ветуваа дека просечната плата ќе биде 500 евра и дека ќе биде привилегија и чест да се биде лекар со минимална плата од 100.000 денари. Но, горката живеачка ни укажува дека сонот за платата очигледно ќе го остварат во некоја западно-европска земја, велат од ОК ВМРО-ДПМНЕ Гевгелија. Оттаму велат дека дошло време градежните работници да чекаат на шалтерите на Агенцијата за вработување, појаснувајќи дека нема градежна офанзива и со тоа Македонија се враќа во 19. век. -И сега искрено да ве прашам, ама онака искрено! Ги возите ли вашите автомобили како порано? Ви преседна ли цената на нафтата и бензинот деновиве? Среќни ли сте што акцизата порасна за 3,5 денари?, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ Гевгелија. Оттаму потенцираат дека власта вети оти Репубика Македонија ќе влезе во Европската Унија и НАТО, но одека не кажаа оти треба да ја свиткаме кичмата и да се откажеме од името, јазикот и идентитетот. -Ниту јас, а верувам ниту и Вие не сакаме да живееме во ваква понижена и деградирана Македонија. Затоа ве покануваме сите сложно на 2-ри јуни во 16:30 од пред спортска сала 26-ти Април во Гевгелија заедно да се упатиме кон Скопје на масовниот протест со кој ќе кажеме, велат од ОК ВМРО-ДПМНЕ Гевгелија. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-gevgelija-vetuvaa-zivot-za-site-izleze-deka-drzavata-e-sobrana-vo-tesnopartiska-elita/feed/ 0