антивладини протести – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 27 May 2022 10:54:39 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png антивладини протести – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Антивладини протести во Молдавија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/antivladini-protesti-vo-moldavija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/antivladini-protesti-vo-moldavija/#respond Fri, 27 May 2022 10:54:39 +0000 https://kurir.mk/?p=682370

Стотици поддржувачи и членови на опозициската Комунистичка партија на Молдавија и на партијата „Шор“ се собраа на антивладин протест пред зградата на Владата во Кишињев. Демонстрантите извикуваа „Оставка!“ и „Долу влада!“. – На власт дојдоа неписмени и неспособни лица… Ние сме тука за да кажеме: „Оставка!“, изјави пред присутните, пратеничката Елена Бондаренко. Таа додаде дека една година по доаѓањето на власт на Партијата за акција и солидарност, гледаат само „сиромаштија и раст на цени“. Претходно, слични собири се одржаа и пред Парламентот и пред некои министерства. Протести одржа и опозициската Социјалистичка партија на Република Молдавија, барајќи оставка од Владата на Наталија Гаврилица и на претседателката Маја Санду. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/antivladini-protesti-vo-moldavija/feed/ 0
ВИДЕО: Немири во Портланд и Сиетл поради инаугурацијата на Бајден – антивладини демонстранти се судрија со полицијата https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-nemiri-vo-portland-i-sietl-poradi-inauguracijata-na-bajden-antivladini-demonstranti-se-sudrija-so-policijata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-nemiri-vo-portland-i-sietl-poradi-inauguracijata-na-bajden-antivladini-demonstranti-se-sudrija-so-policijata/#respond Thu, 21 Jan 2021 10:49:54 +0000 https://kurir.mk/?p=457957

Антивладини демонстранти во Портланд и Сиетл ги разбија канцелариите на Демократската партија и некои други објекти, за време на синоќешниот конфликт со полицијата, протестирајќи против инаугурацијата на американскиот претседател Џо Бајден. Како што пренесуваат странските агенции, луѓе облечени во црно, со маски на лицето, кршеле прозорци и врати во канцеларијата на Демократската партија во Портланд. „Осум лица се уапсени во Портланд под сомнение за насилство и несовесно подметнување пожар, додека уште две лица беа уапсени во Сиетл, едното за напад, другото за уништување на имот“, соопшти полицијата. Пред да упаднат во канцеларијата на Демократската партија во Портланд, група од околу 150 лица се судри со полицијата. Во Сиетл, полицијата истакна дека неколку места во градот биле вандализирани.(МИА) ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-nemiri-vo-portland-i-sietl-poradi-inauguracijata-na-bajden-antivladini-demonstranti-se-sudrija-so-policijata/feed/ 0
ВИДЕО: Масовни антивладини демонстрации во Минск https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-masovni-antivladini-demonstracii-vo-minsk/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-masovni-antivladini-demonstracii-vo-minsk/#respond Sun, 16 Aug 2020 15:29:47 +0000 https://kurir.mk/?p=391388

Десетици илјади Белоруси се собраа во Минск за да учествуваат на „Маршот за слобода“ по контроверзните претседателски избори кога победи Александар Лукашенко. Учесниците на антивладините демонстрации извикуваа „Заминувај“ и „Да живее Белорусија“. Тие се движеа по Булеварот за независност, откако опозицијата повика на најголеми демонстрации од гласањето пред една недела. На маршот учествуваа и група ветерани во воени униформи. „Ние сме против насилство“ и „Лукашенко мора да одговара за тортура и смртни случаи“ се само некои од транспарентите на демонстрациите. Демонстрантите носеа и 100-метарско црвено-бело знаме. Провладина демонстрација се случи претходно. Претседателот Лукашенко се појави и одржа говор. Тој повика на спасување на земјата од уништување. Според западни медиуми, Лукашенко имал втор телефонски разговор со рускиот лидер Владимир Путин. Тие разговарале за ситуацијата во Белорусија. За денеска е организирана најголемата демонстрација против владеењето на Лукашенко во државата. Во петокот, белоруската Влада се извини и почна да ги ослободува демонстрантите. Протестите избија во Белорусија откако долгогодишниот лидер Александар Лукашенко победи на изборите во неделата. На власт е од 1994 година, и сега го освои шестиот мандат со поддршка од 80 отсто гласови. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-masovni-antivladini-demonstracii-vo-minsk/feed/ 0
Русија: Продолжуваат масовните антивладини протести во Хабаровск https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rusija-prodolzuvaat-masovnite-antivladini-protesti-vo-habarovsk/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rusija-prodolzuvaat-masovnite-antivladini-protesti-vo-habarovsk/#respond Sat, 01 Aug 2020 13:17:51 +0000 https://kurir.mk/?p=384795

Илјадници незадоволни граѓани веќе трета недела протестираат во Хабаровск, главниот град на истоимениот регион на крајниот исток на Русија, поради апсењето на гувернерот Сергеј Фургал под обвинение за соучесништво во убиства пред да влезе во политика. Огорчените граѓани сметаат дека обвиненијата против гувернерот Фургал се неосновани и бараат судењето да се спроведе во неговиот роден град, кој е оддалечен повеќе од 6.000 километри од Москва. Повеќето од демонстрантите се собираат во текот на викендот, во просек до 10.000, иако властите велат дека на улиците има најмногу околу 3.500 луѓе. (MИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rusija-prodolzuvaat-masovnite-antivladini-protesti-vo-habarovsk/feed/ 0
Продолжуваат антивладините протести во Израел https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/prodolzuvaat-antivladinite-protesti-vo-izrael/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/prodolzuvaat-antivladinite-protesti-vo-izrael/#respond Wed, 22 Jul 2020 10:53:36 +0000 https://kurir.mk/?p=379588

Израелскиот Парламент утрово беше блокиран од демонстранти кои од синоќа протестираа против ингеренциите на Владата на премиерот Бенјамин Нетанјаху да го заобилоли Кнесетот при носењето на мерки во борбата против Ковид-19. Израелската полиција набрзо го растури протестот и приведе четворица демонстранти. Протестите во Израел се одржуваат еднаш неделно и привлекуваат се повеќе млади лица. Минатата недела на протестите учествуваа илјадници луѓе. Израелската полиција минатиот месец уапси пензиониран генерал на израелското воено воздухопловство, што предизвика негативни реакции. Демонстрантите бараат и полекување на Нетанјаху од премиерската функција бидејќи против него покренат е судски процес поради корупција. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/prodolzuvaat-antivladinite-protesti-vo-izrael/feed/ 0
Антивладини протести во Бугарија, десетти по ред https://arhiva.kurir.mk/svet/region/antivladini-protesti-vo-bugarija-desetti-po-red/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/antivladini-protesti-vo-bugarija-desetti-po-red/#respond Sun, 19 Jul 2020 07:14:31 +0000 https://kurir.mk/?p=378231

Десетти ден по ред, во Софија и другите градови низ Бугарија синоќа се одржаа антивладини протести. Учесниците во протестот повторно побараа оставка од Владата и Јавниот обвинител и распуштање на Парламентот. Началникот на полицијата во Софија, Радослав Стојнев, претходно во текот на денот, рече дека седум лица се приведени за време на протестите во петокот. Тој додаде дека немало нарушувања на јавниот ред и дека за време на протестите не биле забележани групи на провокатори. Бугарскиот премиер Бојко Борисов во средата ги повика министрите за финансии, економија и за внатрешни работи да поднесат оставки поради протестите низ целата земја против корупција. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/antivladini-protesti-vo-bugarija-desetti-po-red/feed/ 0
Продолжуваат антивладините протести во Бугарија https://arhiva.kurir.mk/svet/region/prodolzuvaat-antivladinite-protesti-vo-bugarija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/prodolzuvaat-antivladinite-protesti-vo-bugarija/#respond Mon, 13 Jul 2020 16:33:19 +0000 https://kurir.mk/?p=375317

Нови протести се закажани против владата за денеска во Софија, Варна, Бургас, Стара Загора, Хасково и неколку други градови во Бугарија. Главните барања на демонстрантите се оставката на владата и главниот обвинител. Протестите досега се мирни. Зголемено присуство на полицијата има во сите градови. Слоганите под кои протестираат се – „Протестирам за да не емигрирам“, „Сакаме иднина за нашите деца“, „Бугарија на народот, а не на мафијата“. (MИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/prodolzuvaat-antivladinite-protesti-vo-bugarija/feed/ 0
Четврти ден по ред антивладини протести во Бугарија https://arhiva.kurir.mk/svet/region/chetvrti-den-po-red-antivladini-protesti-vo-bugarija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/chetvrti-den-po-red-antivladini-protesti-vo-bugarija/#respond Sun, 12 Jul 2020 21:46:42 +0000 https://kurir.mk/?p=374800

Илјадници луѓе денеска се собраа пред канцеларијата на претседателот Румен Радев, а во моментот демонстрантите го опколија центарот на Софија и бараат оставка од Владата и јавниот обвинител. Демонстрантите извикуваат „мафија“ и „оставка“. Во Софија четврти ден по ред се одржуваат антивладини протести, а денеска протест имаше и во Благоевград. Околу 50 луѓе исто така бараат оставка од Владата. Претседателот на Бугарија, Румен Радев во вчерашното обраќање до нацијата побара оставки од Владата и од јавниот обвинител. Додека премиерот Бојко Борисов денеска изјави дека „демократски начин за преземање на власта е на избори“ и апелираше до демонстрантите да се воздржат од насилство и судири. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/chetvrti-den-po-red-antivladini-protesti-vo-bugarija/feed/ 0
Масовни антивладини протести во Бангкок https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/masovni-antivladini-protesti-vo-bangkok/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/masovni-antivladini-protesti-vo-bangkok/#respond Sun, 12 Jan 2020 09:01:49 +0000 https://kurir.mk/?p=288478

Илјадници антивладини демонстранти денеска учествуваа во најголемите демонстрации во главнот град на Тајланд во последните неколку години. Организаторите наведоа дека 10.000 лица се регистрирале за учество во протестот „Против диктатурата“, на кој се носеа транспаренти со кои се бара оставка од премиерот кој стоеше зад државниот удар од 2014 година, пренесоа британските медиуми. Приврзаниците на владата, пак, одржаа свој контра собир во парк во центарот на градот. Лошите економски резултати на владата долеваат масло врз растечкото чуство на незадоволство, а иницијална каписла за денешниот протестен митинг беа потезите на судовите насочени против популарната, нова напредна политичка партија „Иднина напред“. Партијата што ја предводи милијаредерот Танаторн Јуангругруангкит, се појави на политичката сцена речиси одеднаш и веднаш стана трета најголема партија во парламентот со 80 освоени мандати, наведуваат британските медиуми. Оваа партија привлече многу млади луѓе со своите анти-воени ставови, спротивни на конзервативната владеачка елита. Растот на популарноста на партијата, меѓутоа, беше дочекан со судски парници, преку Изборната комисија и Уставниот суд, заради наводни серија кршења на законот. Многумина сега претпоставуваат дека партијата ќе биде прогласена за виновна и распуштена, можеби уште овој месец.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/masovni-antivladini-protesti-vo-bangkok/feed/ 0
Во Багдад антивладини протести поради нападите на Иран https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-bagdad-antivladini-protesti-poradi-napadite-na-iran/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-bagdad-antivladini-protesti-poradi-napadite-na-iran/#respond Wed, 08 Jan 2020 12:13:37 +0000 https://kurir.mk/?p=286807

Околу 100 припадници на ирачкото протестно движење демонстрираа утрово во Багдад против иранскиот ракетен напад на две воени бази во Ирак во кои имаше американски војници. Антивладините демонстранти запалија оган и ги блокираа улиците во близина на плоштадот Тахрир. Тие носеа ирачки знамиња и извикуваа „Иран надвор, надвор!“, пред бидат растерани од безбедносните сили. Членовите на ирачките движења кои се побунија во октомври против владеењето на елитата, обвинувајќи ја за корупција, негодуваат и поради воените и политички активности со Иран. Иран истрела повеќе од 22 балистички проектили врз две воени бази во Ирак, а иранската Револуционерна гарда презеде одговорност, истакнувајќи дека нападите се „одмазда за убиството на командантот на единицата Кудс, Касим Сулејмани. Пентагон потврди дека ракетите се лансирани од територијата на Иран при што се погодени базите Ал Асад и Ирбил, при што загинаа околу 80 американски војници.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-bagdad-antivladini-protesti-poradi-napadite-na-iran/feed/ 0