антологија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 17 May 2020 10:33:29 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png антологија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Осум македонски автори во нова „Антологија на современиот балкански расказ“ на грчки јазик https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/osum-makedonski-avtori-vo-nova-antologija-na-sovremeniot-balkanski-raskaz-na-grchki-jazik/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/osum-makedonski-avtori-vo-nova-antologija-na-sovremeniot-balkanski-raskaz-na-grchki-jazik/#respond Sun, 17 May 2020 10:33:29 +0000 https://kurir.mk/?p=346903

Во својот книжевен избор со вкупно 71 раскази од сите дванаесет балкански земји, авторот д-р Ставрос Г. Дајос селектирал дури осум прозни творби на писатели од нашава земја: Ташко Георгиевски, Влада Урошевиќ, Томислав Османли, Ким Мехмети, Оливера Ќорвезироска, Шазим Мехмети, Румена Бужаровска и Шкелзен Халими. Во издание на грчката издавачка куќа „Литератус” од Солун објавена е „Антологијата на балканското расказно творештво“ („Ανθολογία της βαλκανικής διηγηματογραφίας”). Со изборот на раскази од сите современи балкански литератури, реализиран на 428 страници, книгата го опфаќа целиот период од XX и XXI век. Потребата од создавањето оваа нова антологиска објава авторот и издавач Дајос ја објаснува со динамично променетата балканска реалност. – По големите историски промени од 1990-те години означени со расточувањата на структурите од источниот појас и со жестокиот распад на југословенската федерација, се појавија нови состојби, потреби, теми, автори и видувања, а беа поставени и нови критериуми за изразување и за задоволување на литературните поттици на современото балканското етничко, државно и јазично расејување, смета тој. Некои од тие нови појави, заклучува антологичарот Дајос, ги пополнува овој опсежен прозен избор. Неговата „Антологија на балканското расказно творештво“, опфаќа 68 писатели, 71 кратки раскази и 34 преведувачи, од дванаесетте балкански држави. Тоа се автори, смета антологичарот, кои добиле врвни литературни награди или кои добиваат книжевни потврди од литературната критика, како и од квалификуваните читатели. Меѓу застапените автори се и великаните на балканската литература: нобеловците Иво Андриќ и Орхан Памук, како и книжевни доајени како Мирослав Крлежа, Елин Пелин, Андонис Самаракис, Исмаил Кадаре и други истакнати писатели на поширокиот балкански книжевен регион. Антологијата застапува избор на прози од осум современи македонски писатели, од неколку генерации: академиците Влада Урошевиќ (1934) со расказот „Тешка ноќ“ и Ташко Георгиевки (1935-2012) со „Црвениот коњ“, потоа Томислав Османли (1956) со „Шапката на професорот Даштевски“, Оливера Ќорвезироска (1965) со „Бошко Буха“ и Румена Бужаровска (1981) со „Мојот маж поет“, од авторите кои создаваат на македонски, како и нашите автори кои пишуваат на албански јазик: Ким Мехмети (1955) со расказот „Куќата на крајот од селото“ , Шазим Мехмети (1958) со „Смртта на старецот“ и Шкелзен Халими (1961) со расказот „Берта“. Преводите од македонски јазик се на Костас Катсанос (преведувач на три раскази), како Васко Караџа, и Мариа Думба (по една проза), додека од албански преводите ги реализира Дајос. Инаку, претходната „Антологија на балканскиот раказ“ на авторот Јанис В. Бенекос и атинското книгоиздателство „Воцис Никос“, во Грција била објавена во далечната 1981 година, со по пет автори од вкупно шесте тогаш постојни балкански земји, поточно со вкупно 30 застапени балкански писатели. Новата антологија на Ставрос Дајос, македонскиот расказ го става рамноправно со творештвото во жанрот на кусата проза од единаесетте останати балкански држави. Како што известуваат од книгоиздателството „Литератус”, антологијата на балканскиот расказ, дистрибуирана во сите големи книжарници на соседната земја, на широкото грчко читателство му станува достапна деновиве. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/osum-makedonski-avtori-vo-nova-antologija-na-sovremeniot-balkanski-raskaz-na-grchki-jazik/feed/ 0
Промоција на антологија песни посветени на скопскиот земјотрес https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/promocija-na-antologija-pesni-posveteni-na-skopskiot-zemjotres/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/promocija-na-antologija-pesni-posveteni-na-skopskiot-zemjotres/#respond Thu, 26 Jul 2018 06:07:31 +0000 https://kurir.mk/?p=81150

Антологијата на песни посветени на скопскиот катастрофален земјотрес насловена „Ден судбоносен – 26 јули 1963“ по повод 55-годишнината од овој најтрагичен настан во поновата историја на Скопје, ќе биде промовирана вечер во 19,00 часот во Домот на културата „Димитар Влахов“ во скопската населба Автокоманда. Антологијата ја приредија новинарите на Македонското радио – Радио Скопје и публицисти Свето Стаменов и Искра Чоловиќ и проф. д-р Васил Тоциновски, универзитетски професор, литературен теоретичар и критичар, писател и поет. Антологијата, која е плод на речиси двегодишна континуирана истражувачка работа, содржи 182 песни на деведесетина поети од речиси сите страни на светот, кои преку нив ги искажуваат својата болка и тага за она што го снајде Скопје во тој судбоносен и во црно завиткан 26 јули 1963 година, но и надежта дека Скопје повторно како феникс ќе се крене од пепелта и урнатините. Според приредувачите, во изданието со свои песни се застапени автори од сите генерации македонски поети, почнувајќи од највидните претставници на македонската поетска реч: Славко Јаневски, Ацо Шопов, Гане Тодоровски, Анте Поповски, Лазо Каровски, Љупчо Стојменски, Томе Арсовски, Евгенија Шуплинова, Бистрица Миркуловска, Цане Андреевски, Иван Чаповски, Влада Урошевиќ, Драгица Најческа, Славка Арсова и др., па до најновата генерација македонски поети, од кои некои своите песни ги напишаа специјално за оваа антологија. Од поетите од странство, меѓу другите, со свои песни се застапени: Јеврем Брковиќ, Јуре Каштелан, Славко Михалиќ, Кристине Буста, Иван В. Лалиќ, Јон Хореа, Елио Филипо Акрока, Луси Албертини, Алберто Баеса Флорес и др. Посебен куриозитет, како што се наведува, претставува тоа што во антологијата првпат на македонски јазик интегрално се објавува и збирката „Урнатини” на познатиот хрватски и македонски филозоф и еден од втемелувачите на катедрата по филозофија на Филозофскиот факултет во Скопје и поет Павао Вук-Павловиќ. За него, скопскиот земјотрес беше главен мотив на својот мајчин хрватски јазик да ги напише антологиските 33 скопски сонети кои во 1964 година беа вкоричени под наслов „Развалине”, а кои пет децении подоцна беа препеани на македонски од универзитетскиот професор Кирил Темков. Во прилогот насловен „Скопскиот земјотрес и музиката“, пак, по првпат на едно место се собрани текстовите на песните што за скопската катаклизма и за Скопје ги испеаја легендите на македонската народна музика: Никола Бадев, Васка Илиева, Александар Сариевски и сестрите Мавровски. Промотори на антологијата „Ден судбоносен – 26 јули 1963“ се проф. д-р Елена Јованова – Грујовска, директор на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“, и проф. д-р Александар Прокопиев, универзитетски професор и писател, а покровител на изданието и на промоцијата е градоначалникот на Општина Гази Баба, Борис Георгиевски. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/promocija-na-antologija-pesni-posveteni-na-skopskiot-zemjotres/feed/ 0
Антологија со 182 песни за скопскиот земјотрес по повод 55-тата годишнина https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/antologija-so-182-pesni-za-skopskiot-zemjotres-po-povod-55-tata-godishnina/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/antologija-so-182-pesni-za-skopskiot-zemjotres-po-povod-55-tata-godishnina/#respond Mon, 09 Jul 2018 07:27:37 +0000 https://kurir.mk/?p=74628

На 26 јули, на 55-годишнината од скопскиот земјотрес, ќе биде промовирана поетска антологија „Ден судбоносен – 26 јули 1963“ приредена од новинарите и публицисти Свето Стаменов и Искра Чоловиќ и писателот и универзитетски професор Васил Тоциновски. Антологијата  содржи 182 песни на деведесетина поети од речиси сите страни на светот кои преку нив ги искажуваат својата болка и тага за катастрофата на Скопје и надежта дека градот повторно како феникс ќе се крене од пепелта и урнатините. Меѓу македонските поети застапени се: Славко Јаневски, Ацо Шопов, Гане Тодоровски, Анте Поповски, Лазо Каровски, Љупчо Стојменски, Томе Арсовски, Евгенија Шуплинова, Бистрица Миркуловска, Цане Андреевски, Иван Чаповски, Влада Урошевиќ, Драгица Најческа, Славка Арсова... па до најновата генерација македонски поети, од кои некои своите песни ги напишале специјално за оваа антологија. Од поетите од странство, меѓу другите, застапени се: Јеврем Брковиќ, Јуре Каштелан, Славко Михалиќ, Кристине Буста, Иван В. Лалиќ, Јон Хореа, Елио Филипо Акрока, Луси Албертини, Алберто Баеса Флорес... Во антологијата првпат на македонски јазик интегрално е објавена и збирката „Урнатини” на филозофот и поет Павао Вук-Павловиќ, еден од втемелувачите на катедрата по филозофија на Филозофскиот факултет во Скопје. Како што наведуваат приредувачите на антологијата, скопскиот земјотрес му бил главен мотив на Вук-Павловиќ на својот мајчин хрватски јазик да ги напише антологиските 33 скопски сонети кои во 1964 година се појавија под наслов „Развалине”, а пет децении подоцна беа препеани на македонски од универзитетскиот професор Кирил Темков. Во прилогот насловен „Скопскиот земјотрес и музиката“, пак,  првпат на едно место се собрани текстовите на песните што за земјотресот во Скопје ги испеаја легендите на македонската народна музика Никола Бадев, Васка Илиева, Александар Сариевски и сестрите Мавровски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/antologija-so-182-pesni-za-skopskiot-zemjotres-po-povod-55-tata-godishnina/feed/ 0