Антон Златков – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 10 May 2023 12:19:04 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Антон Златков – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Станојоски и Михов со победи се вратија во водечката група на Отвореното шаховско првенство https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/stanojoski-i-mihov-so-pobedi-se-vratija-vo-vodechkata-grupa-na-otvorenoto-shahovsko-prvenstvo/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/stanojoski-i-mihov-so-pobedi-se-vratija-vo-vodechkata-grupa-na-otvorenoto-shahovsko-prvenstvo/#respond Wed, 10 May 2023 12:19:04 +0000 https://kurir.mk/?p=832715

На Отвореното првенство на Македонија во шах, кое се игра во Скопје, вчера на програмата беа дуелите од седмото коло. Велемајсторот Звонко Станојоски со црни фигури во сицилијанска одбрана успеа да го надигра Антон Златков и предноста од еден пешак, остварен во средишницата, на крајот да ја претвори во победа, со која повторно се врати меѓу лидерите на табелата. Шампионот од 2021 година, Филип Михов, исто така, извојува победа со црни фигури во француска одбрана против ИМ Тони Лазов. И двајцата шахисти потекнуваат од школата на ШК Алкалоид, а нивното ривалство и другарство од младинските категории сега се пренесе во борбата за шампионската титула во сениорска конкуренција. Михов, во остра позиција, најде подобри решенија и дојде до позициона предност. Во понатамошниот тек на партијата ги казни ситните непрецизности на противникот во средишницата, по што успеа да ги одбие сите обиди на борбениот Лазов во финишот, кога при материјален дефицит се обидуваше да ја закомплицира позицијата за да се врати во игра. Бидејќи на првата табла ФМ Емил Ристески и ИМ Никола Николовски одиграа реми, на врвот повторно се создаде група од четири шахисти со по 6 бода (ВМ Станојоски, ИМ Николовски, ФМ Велјаноски и Михов), а во претпоследното 8. коло тие ќе играат меѓу себе. Веднаш зад нив со 5,5 бода се ФМ Александар Кралевски и ФМ Емил Ристески, кои, исто така, ќе се сретнат во директен дуел. На женскиот турнир, на кој се игра според Бергеровиот систем, вчера беше одиграна партијата на двете шахистки кои беа во водство, ЖФМ Моника Стојковска и Леа Ефтовска, која по 55 потези игра заврши со поделба на поенот. Ефтовска на тој начин останува во водство со 5,5 поени, додека, пак, на Стојковска во борбата за второто место ѝ се придружија Ивана Манова, Моника Жежовска и Маре Крстевска, кои вчера остварија победи.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/stanojoski-i-mihov-so-pobedi-se-vratija-vo-vodechkata-grupa-na-otvorenoto-shahovsko-prvenstvo/feed/ 0
Ристески и Златков најуспешни македонски претставници на Европското младинско шаховско првенство https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/risteski-i-zlatkov-najuspeshni-makedonski-pretstavnici-na-evropskoto-mladinsko-shahovsko-prvenstvo/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/risteski-i-zlatkov-najuspeshni-makedonski-pretstavnici-na-evropskoto-mladinsko-shahovsko-prvenstvo/#respond Tue, 15 Nov 2022 15:56:39 +0000 https://kurir.mk/?p=761075

Во познатиот турски туристички центар Анталија заврши Европското шаховско младинско првенство во шест возрасни категории – до 8, 10, 12, 14, 16 и до 18 години, во машка и женска конкуренција, на кое учествуваа 1002 млади шахисти и шахистки од 46 европски земји. Настапот во Анталија беше меѓу најуспешните на младинските европски првенства во поновата историја на македонскиот шах и од вкупно 11 претставници, четири се пласираа во првата половина на табелата. Најуспешен беше Емил Ристески во категоријата до 18 години, кој го освои 13 место во конкуренција на 85 учесници, со шест поени од девет партии. Во категоријата до 16 години, Антон Златков имаше одличен турнир и го освои 16 место во конкуренција на 108 учесници, со 5.5 поени. Во женска конкуренција, најдобар пласман оствари Моника Жежовска со 4.5 поени, кои на крајот и го донесоа 35 место во конкуренција на 76 ученички. Пласман на македонските претставници на Европското младинско шаховско првенство во Анталија; Машка конкуренција: Емил Ристески (13 место), Леонид Петрески (67), Антон Златков (16), Кристијан Лазовски (97), Андреј Иванов (75), Никола Петровски (28) Женска конкуренција: Моника Жежовска (35), Михаела Зрмановска (61), Инџи Ајрадиновска (73), Ивана Велкоска (74), Наде Смилевска (85).  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/risteski-i-zlatkov-najuspeshni-makedonski-pretstavnici-na-evropskoto-mladinsko-shahovsko-prvenstvo/feed/ 0