Антони Блинкен – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 02 Nov 2023 19:34:22 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Антони Блинкен – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Блинкен ќе разговара за „конкретни чекори“ со Израел за помош на цивилите https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/blinken-ke-razgovara-za-konkretni-chekori-so-izrael-za-pomosh-na-tsivilite/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/blinken-ke-razgovara-za-konkretni-chekori-so-izrael-za-pomosh-na-tsivilite/#respond Thu, 02 Nov 2023 19:34:22 +0000 https://kurir.mk/?p=895931

Американскиот државен секретар, Антони Блинкен за време на неговата претстојна посета на Тел Авив ќе разговара за чекорите што Израел „може и треба“ да ги преземе за да се минимизираат цивилните жртви. - Ќе разговараме за конкретни чекори што може и треба да се преземат за да се минимизира штетата за мажите, жените и децата во Газа, а тоа е нешто на што се посветени САД, рече Блинкен. Стејт департментот соопшти дека Блинкен се очекува да се сретне со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и со други лидери на израелската влада. - Кога ќе видам палестинско дете, момче или девојче, извлечено од под остатоците на урната зграда, тоа ме погодува исто како да гледам дете во Израел или на кое било друго место. Значи, тоа е нешто на што имаме обврска да одговориме и ќе го направиме, рече тој. Одговарајќи на прашање дали Израел покажал воздржаност во офанзивата во Газа, Блинкен само го повторил правото на Израел да се брани и „одговорноста да направи се што е можно за да ги заштити цивилите“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/blinken-ke-razgovara-za-konkretni-chekori-so-izrael-za-pomosh-na-tsivilite/feed/ 0
Блинкен в петок во посета на Израел https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/blinken-v-petok-vo-poseta-na-izrael/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/blinken-v-petok-vo-poseta-na-izrael/#respond Wed, 01 Nov 2023 06:30:05 +0000 https://kurir.mk/?p=895137

Американскиот државен секретар Антони Блинкен неделава ќе почне нова посета на Блискиот Исток, најави портпаролот на Стејт департментот, Метју Милер. - Секретарот Блинкен в петок ќе отпатува за Израел на состаноци со членовите на израелската Влада, а потоа ќе посети и други места во регионот, наведе Милер, без да наведе дополнителни детали. Претходно, беше соопштено дека американскиот претседател Џо Бајден бара „итни механизми“ за намалување на регионалните тензии поради војната помеѓу Израел и Хамас. Белата куќа соопшти дека Бајден синоќа разговарал со лидерот на клучниот американски партнер Јордан, каде Блинкен беше повеќе пати во посета откако Хамас го нападна Израел на 7 октомври. - Бајден и кралот Абдула Втори разговараа за итни механизми за запирање на насилството, смирување на реториката и намалување на регионалните тензии, се посочува во соопштението на Белата куќа.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/blinken-v-petok-vo-poseta-na-izrael/feed/ 0
Блинкен: Околу илјада Американци се заглавени во Газа https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/blinken-okolu-iljada-amerikantsi-se-zaglaveni-vo-gaza/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/blinken-okolu-iljada-amerikantsi-se-zaglaveni-vo-gaza/#respond Tue, 31 Oct 2023 17:06:27 +0000 https://kurir.mk/?p=895028

Шефот на американската дипломатија Ентони Блинкен денеска на сослушувањето на Сенатската комисија изјави дека вкупно 1.000 Американци се заглавени во Газа и сакаат да заминат. Највисокиот американски дипломат рече дека тој и Стејт департментот биле „интензивно фокусирани на ова“. - Бевме во блиска комуникација, колку што можевме, со Американците кои беа заглавени во Газа. Имавме околу 5.500 комуникации што ги инициравме телефонски повици, е-пошта, WhatsApp – за да стапиме во контакт со нив, за да се обидеме да ги насочиме најдобро што можеме и да работиме на нивната можност да си заминат, изјави Блинкен. Во Газа има околу 5.000 други државјани на трети земји кои исто така сакаат да заминат, рече Блинкен и како и другите американски функционери го обвинија Хамас за неможноста Американците да ја напуштат Газа. Портпаролот на Стејт департментот Метју Милер минатата недела изјави дека Каиро е подготвен да ги прими Американците и другите странски државјани доколку можат да стигнат до египетската страна на преминот Рафа.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/blinken-okolu-iljada-amerikantsi-se-zaglaveni-vo-gaza/feed/ 0
ВИДЕО: Блинкен пристигна во Израел https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-blinken-pristigna-vo-izrael/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-blinken-pristigna-vo-izrael/#respond Thu, 12 Oct 2023 08:37:46 +0000 https://kurir.mk/?p=887976

Американскиот државен секретар Антони Блинкен пристигна во Израел, пренесуваат британските медиуми. Блинкен долета во Израел за да изрази поддршката на САД за својот долгогодишен американски сојузник на Блискиот Исток. За време на неговата посета се очекува да се сретне со високи израелски претставници. Утринава беше најавено и дека државниот секретар ќе се сретне и со палестинскиот претседател Махмуд Абас, кој, да потсетиме, се наоѓа на Западниот Брег и е политички ривал на Хамас во Појасот Газа. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-blinken-pristigna-vo-izrael/feed/ 0
Блинкен со критики кон Москва откако таа го прекина договорот за жито https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/blinken-so-kritiki-kon-moskva-otkako-taa-go-prekina-dogovorot-za-zhito/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/blinken-so-kritiki-kon-moskva-otkako-taa-go-prekina-dogovorot-za-zhito/#respond Tue, 18 Jul 2023 09:17:08 +0000 https://kurir.mk/?p=857624

Американскиот државен секретар Антони Блинкен оцени дека одлуката на Русија да го суспендира учеството во договорот од пред една година што и дозволува на Украина да извезува жито преку Црното Море е „несовесна“. Вчера тој повика на што поскоро обновување на договорот, пренесува Ројтерс. Блинкен на прес-конференцијата рече и дека Вашингтон ја следи ситуацијата по нападот во текот на ноќта на патниот мост што го поврзува Крим со јужна Русија. „Што се однесува до мостот, ова е ситуација што ја следиме, се разбира, Украина треба да одлучи како да се бори со оваа војна“, рече тој.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/blinken-so-kritiki-kon-moskva-otkako-taa-go-prekina-dogovorot-za-zhito/feed/ 0
Блинкен: САД и испраќаат на Украина уште 1,3 милијарда долари за реконструкција на инфраструктурата https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/blinken-sad-i-isprakaat-na-ukraina-ushte-1-3-milijarda-dolari-za-rekonstruktsija-na-infrastrukturata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/blinken-sad-i-isprakaat-na-ukraina-ushte-1-3-milijarda-dolari-za-rekonstruktsija-na-infrastrukturata/#respond Wed, 21 Jun 2023 12:41:42 +0000 https://kurir.mk/?p=848222

САД ќе испратат уште 1,3 милијарди помош за Украина за реконструкција на енергетската мрежа и модернизација на пристаништата, железницата и друга инфраструктура, изјави денеска американскиот државен секретар Антони Блинкен во Лондон на втората меѓународна конференција за обнова на Украина. Велика Британија, САД и Европската Унија денеска ветија милијарди долари помош за Киев, а британскиот премиер Риши Сунак започна рамка за воено осигурување за да се обиде да ги охрабри компаниите да инвестираат. -Клучот за закрепнување е поставувањето на темелите за Украина, за да напредува како безбедна, независна држава, целосно интегрирана со Европа и поврзана со пазарите ширум светот, рече Блинкен. Новата американска помош пристигнува откако Вашингтон веќе испрати речиси 20 милијарди економска и развојна помош за Киев. Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен на конференцијата изјави дека ЕУ ќе и додели на Украина 50 милијарди евра од 2024 до 2027 година. Вкупните трошоци на војната ќе бидат огромни - Украина, Светската банка, Европската комисија и Обединетите нации во март проценија дека по првата година од конфликтот, штетата изнесува 411 милијарди долари.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/blinken-sad-i-isprakaat-na-ukraina-ushte-1-3-milijarda-dolari-za-rekonstruktsija-na-infrastrukturata/feed/ 0
Блинкен: Во Судан е пукано врз американски дипломатски конвој https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/blinken-vo-sudan-e-pukano-vrz-amerikanski-diplomatski-konvoj/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/blinken-vo-sudan-e-pukano-vrz-amerikanski-diplomatski-konvoj/#respond Tue, 18 Apr 2023 05:48:28 +0000 https://kurir.mk/?p=824732

Американскиот државен секретар Антони Блинкен денеска изјави дека во Судан беше пукано врз американски дипломатски конвој, но инцидентот поминал без жртви. Можам да потврдам дека вчера беше пукано врз американски дипломатски конвој. Сите наши луѓе се безбедни и неповредени. Но, оваа акција беше непромислена, беше неодговорна и се разбира небезбедна, изјави Блинкен по средбата на Г7 што се одржува во Јапонија. Тој не прецизира кој пукал врз конвојот. Четврти ден од борбите за превласт во Судан, но ниту армијата ниту паравоените сили не успеваат да извојуваат победа. Повеќенеделните тензии поради предлогот за повторно воспоставување на цивилна власт ескалираа на 15 април кога почнаа борбите во главниот град на Судан, Картум, за подоцна да се прошират речиси во цела земја. Според лекарски извори во судирите загинале околу сто луѓе, а повредени се неколку стотици. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/blinken-vo-sudan-e-pukano-vrz-amerikanski-diplomatski-konvoj/feed/ 0
Блинкен очекува дека пет членки на ЕУ ќе го признаат Косово https://arhiva.kurir.mk/svet/region/blinken-ochekuva-deka-pet-chlenki-na-eu-ke-go-priznaat-kosovo/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/blinken-ochekuva-deka-pet-chlenki-na-eu-ke-go-priznaat-kosovo/#respond Thu, 23 Mar 2023 18:08:56 +0000 https://kurir.mk/?p=815670

Американскиот државен секретар Антони Блинкен очекува дека спроведувањето на предлогот на таканаречениот „Европски договор за Косово“, прифатен од Белград и Приштина, ќе ги охрабри петте преостанати членки на Европската унија да ја признаат независноста на поранешната јужна српска покраина Косово и Метохија којашто еднострано во 2008 година со помош на САД и водечките земји на ЕУ прогласи независна Република Косово, објавија во четвртокот белградските медиуми повикувајќи се на Радио Слободна Европа (РСЕ). . „Факт е дека две земји го постигнаа овој договор, и под претпоставка дека ќе го спроведат, мислам дека ќе се движат (преостанатите пет земји од ЕУ) кон признавањето (на независноста на Косово)“, ја цитира РСЕ оцената на Блинкен дадена во текот на сослушувањето пред членовите на американскиот Конгрес. На прашањето дали гледа некаков напредок во тоа што некои членки на Европската унија не ја признаваат независноста на Косово и дали американскиот државен секретар разговара со оние пет земји-членки на Унијата кои го поддржаа договоротно не го признаваат Косово, Блинкен рекол дека споменатиот документ го отвора патот до признавањето. „Се поставува тоа прашање, но мислам дека овој договор нѐ става на патот на признавањето од тие земји. Што се однесува до самата Србија, тоа е прашање за друго време. Сепак, постигнувањето нормални односи би имало многу позитивни ефекти врз секојдневните односи. Мислам дека за извесно време ќе дојдеме до тоа“, одговори Блинкен. Независноста на Косово не ја признаваат Кипар, Грција, Романија, Шпанија и Словачка чијшто поранешен шеф на дипломатијата, Мирослав Лајчак, сега е специјален претставник на ЕУ за дијалог меѓу Белград и Приштина. Блинкен им рекол на американските сенатори дека бил вклучен во разговорите со косовскиот премиер Албин Курти и со српскиот претседател Александар Вучиќ. Оценил дека „има позитивен момент“ и дека би било корисно американските парламентарци да се вклучат преку разговори со претставниците во Србија и на Косово. „И двајцата челници треба да управуваат со различните мислења на нивните претставници за ова прашање. Мислам дека вашиот глас може да направи разлика“, рекол Блинкен, истакнувајќи дека го охрабрува ангажманот на американските парламентарци и ангажманот на Вучиќ и Курти. Лидерите на Србија и на Косово, по трилатералната средба на 27-ми февруари во Брисел и во Охрид на 18-ти март, го прифатија предлогот на европскиот договор за нормализација и се договорија за Анексот за спроведување на европскиот план, кој САД силно поддржуваат, а во некои центри се сметаат дека е всушност производ токму на Вашингтон.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/blinken-ochekuva-deka-pet-chlenki-na-eu-ke-go-priznaat-kosovo/feed/ 0
Блинкен ги предупреди ОН да не се залажуваат со повиците за примирје кое ќе ја засили Русија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/blinken-gi-predupredi-on-da-ne-se-zalazhuvaat-so-povitsite-za-primirje-koe-ke-ja-zasili-rusija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/blinken-gi-predupredi-on-da-ne-se-zalazhuvaat-so-povitsite-za-primirje-koe-ke-ja-zasili-rusija/#respond Fri, 24 Feb 2023 19:50:12 +0000 https://kurir.mk/?p=804777

Американскиот државен секретар Антони Блинкен денеска го предупреди Советот за безбедност на ОН да не се залажува со повиците за привремен или безусловен прекин на огнот во Украина, велејќи дека само „праведен и траен“ мир нема да дозволи Русија да се санира, вооружи и да ја продолжи агресијата. -За мирот да биде праведен, тој мора да ги содржи принципите што се во темелите на Повелбата на ОН: суверенитет, територијален интегритет, независност. За мирот да биде траен, таа мора да обезбеди Русија да не може само да се одмори, да се вооружи и за неколку месеци или за две години повторно да ја почне војната, рече шефот на американската дипломатија пред 15-члениот Совет за безбедност на ОН, што се состана на годишнината од почетокот на руската агресија врз Украина. Предупредувањето на Блинкен доаѓа само неколку часа откако Кина повика на прекин на непријателствата со нејзиниот план од 12 точки што во голема мера го повторува тоа што Пекинг го кажува од почетокот на, како што Русија го нарекува „специјална воена операција“. -Секој мир што го легитимира насилното руско грабање територии ќе ја ослаби Повелбата (ОН) и ќе испрати порака до потенцијалните агресори дека можат да ги нападнат земјите и да се извлечат од тоа, рече шефот на американската дипломатија. Генералното собрание на ОН вчера со големо мнозинство гласаше за резолуција со која се повикува Русија да ги повлече своите трупи од Украина и за „сеопфатен, праведен и траен мир“ во согласност со основачката Повелба на ОН. Ниту еден член на овој Совет не треба да повикува на мир додека ја поддржува војната на Русија против Украина и Повелбата на ОН, рече Блинкен, кој ја обвини Кина дека размислува да и испорача оружје на Русија и го предупреди Пекинг да не го прави тоа. Од почетокот на инвазијата западните сили ја снабдуваат Украина со оружје вредно повеќе милијарди долари. Кина вчера пред Генералното собрание изјави дека „испраќањето оружје нема да донесе мир во Украина“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/blinken-gi-predupredi-on-da-ne-se-zalazhuvaat-so-povitsite-za-primirje-koe-ke-ja-zasili-rusija/feed/ 0
Блинкен: Објавата на Путин за „Новиот СТАРТ“ е длабоко несреќна и неодговорна https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/blinken-objavata-na-putin-za-noviot-start-e-dlaboko-nesrekna-i-neodgovorna/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/blinken-objavata-na-putin-za-noviot-start-e-dlaboko-nesrekna-i-neodgovorna/#respond Tue, 21 Feb 2023 14:59:17 +0000 https://kurir.mk/?p=803253

Одлуката на Русија да го суспендира членството во договорот за контрола на нуклеарното оружје е неодговорна и САД внимателно ќе следат што прави Москва, изјави денеска американскиот државен секретар Антони Блинкен.

-Најавата на Русија за суспендирање на нејзиното членство е длабоко несреќна и неодговорна, изјави Блинкен во Атина. „Внимателно ќе следиме што конкретно прави Русија. Се разбира, ќе се погрижиме во секој случај да сме подготвени да ја заштитиме безбедноста на нашата земја и безбедноста на нашите сојузници“, додаде тој.

Рускиот претседател Владимир Путин претходно денеска, во говорот за состојбата на нацијата, упати нуклеарно предупредување до Западот поради Украина, суспендирајќи го билатералниот нуклеарен договор, објавувајќи дека новите стратешки системи се ставени во борбена готовност и најавувајќи дека Москва ќе продолжи со нуклеарните тестови.

Путин во говорот кажа дека Русија го суспендира членството во договорот „Нов СТАРТ“, последниот голем пакт за контрола на оружјето меѓу Москва и Вашингтон што го ограничува бројот на нуклеарни боеви глави во арсеналот на двете најголеми нуклеарни сили. Договорот истекува во 2026 година.

Блинкен ја остави вратата отворена за преговори во било кое време.

-Остануваме подготвени за разговори со Русија за ограничување на стратешкото оружје, без разлика на сè друго што се случува, било во светот или во нашите односи, рече тој. „Светот очекува најголемите нуклеарни сили да се однесуваат одговорно“, додаде шефот на американската дипломатија од Атина, каде имаше средба со својот колега Никос Дендиас.

]]>
https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/blinken-objavata-na-putin-za-noviot-start-e-dlaboko-nesrekna-i-neodgovorna/feed/ 0