антони пешев – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 10 Sep 2021 09:41:15 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png антони пешев – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Тие не ја чекаа истрагата: Јанакиески, Пешев и Фрчкоски покажаа морал за разлика од Филипче https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tie-ne-ja-chekaa-istragata-janakieski-peshev-i-frchkoski-pokazaa-moral-za-razlika-od-filipche/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tie-ne-ja-chekaa-istragata-janakieski-peshev-i-frchkoski-pokazaa-moral-za-razlika-od-filipche/#respond Fri, 10 Sep 2021 09:34:46 +0000 https://kurir.mk/?p=561894

Во три децениската кратка историја на самостојна и независна Република Македонија, само тројца министри од сите досегашни влади почувствувале објективна одговорност и поднеле оставки, по трагични настани, што се случиле во нивните ресори, анализира „Пресинг ТВ“. Чекајќи го министерот за здравство Венко Филипче да поднесе оставка и со тоа да го направи единствениот логичен морален и етички чекор, по трагедијата во тетовската модуларна болница во која животот го загубија 14 лица, вреди да се потсети на ваквите слични случаи од поблиското минато. Прв министер, кој поднел оставка чувствувајќи морална или објективна одговорност, беше министерот за транспорт и врски Антони Пешев во време кога премиер беше тогашниот лидер на владејачкиот СДСМ, Бранко Црвенковски. А, причина за тоа беа временски релативно блиските две авионски несреќи. Прво, на 5 март 1993 година, на полетување од скопскиот аеродром, се урна патнички авион ФОКЕР 100 на компанијата Палер Македонија со 97 патници, а во несреќата загинаа 86 патници.

Само осум месеци подоцна, на 22 ноември истата година, кај охридскиот аеродром, се случи и втората воздухопловна несреќа. Патнички авион „Јак-42Д“ на Авиоимпекс се урна и однесе во смрт 115 луѓе, а  само еден преживеа. Авионот беше на рута од Женева до Скопје каде што требаше да слета.

Ова ја прели чашата и тогашниот министер Пешев, секако во договор со премиерот Црвековски, поднесе неотповиклива оставка, што му беше и прифатена. Вториот министер, кој поднесе оставка беше министерот за внатрешни работи, Љубомир Фрчкоски, што се случи по атентатот врз претседателот на државата Киро Глигоров, што за среќа, тој го преживеа со тешки повреди на главата. На местото на атентатот загина неговиот возач Александар Спировски, како и телохранителот, Илчо Теовски. Како последица од повредите почина и случајниот минувач Христо Христоманов, а беа повредени и Климе Коробар и Јован Атанасовски. Останува непознато кој стоел зад атентатот. Истражната постапка која се води против непознат сторител се уште е отворена, но и натаму останува непознато кој стоел зад атентатот. Истрагата утврди дека тој бил добро подготвен и организиран и оти само среќна околност било што претседателот Глигоров го преживеал. Нападот беше извршен со автомобил-бомба на 3 октомври 1995 година во 9.50 часот на улицата „Македонија“ пред хотелот „Бристол“ во Скопје, кога Глигоров со службено возило се движеше од неговата резиденција на работното место во Собранието. Во автомобил „цитроен ами 8“ биле скриени 20 килограми експлозив, кој бил активиран со далечински управувач. Пред експлозијата, службеното возило на претседателот на улицата „Македонија“ го забавило едно „фиќо“. Како министер за внатрешни работи Фрчкоски поднесе оставка до тогашниот премиер Црвенковски. Тој му ја прифати оставката од функцијата, што дотагш ја извршуваше, но веднаш беше назначен за министер за надворешни работи, анализира ПРЕСИНГ. И третиот министер, исто така за транспорт и врски, беше Миле Јанакисеки во владата на ВМРО-ДПМНЕ предводена од екс-премиерот Никола Груевски. Причина за неговата оставка беше несреќата на бродот „Илинден“ во Охридското Езеро, што се случи на 5 септември 2009 година во близина на кампот „Елешец“. Во неа загинаа 15 бугарски туристи, а петмина беа повредени. На бродот, во моментот на несреќата, имало 73 патници, иако тој имал дозвола за превоз на максимум 45 лица. Министерот Јанакисески, по несреќата, на премиерот Груевски му ја понуди својата оставка, но таа не му беше прифатена и тој продолжи да ја извршува својата функција, пишува порталот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tie-ne-ja-chekaa-istragata-janakieski-peshev-i-frchkoski-pokazaa-moral-za-razlika-od-filipche/feed/ 0
Пешев: Високата стапна на смртност во државата е одговор дека мерки не биле доволни https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/peshev-visokata-stapna-na-smrtnost-vo-drzavata-e-odgovor-deka-merki-ne-bile-dovolni/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/peshev-visokata-stapna-na-smrtnost-vo-drzavata-e-odgovor-deka-merki-ne-bile-dovolni/#respond Mon, 26 Oct 2020 18:38:28 +0000 https://kurir.mk/?p=420926

Стопанственикот Антони Пешев во своето гостување во емисијата 24 анализа зборуваше за економската и здравствената криза предизвика од КОВИД-19 каде рече дека Македонија има висока стапка на смртност и тоа покажува дека здравствениот систем не одговорил онака како што се очекувало и дека мерките не биле доволни. Тој во своето гостување посочи дека изборите не донеле олеснување на функционирањето Парламентот и не донеле олеснување на одлуки. -Македонија има висок број на починати на милион жители, многу блиску до сите највисоките позиционирани држави. Ние сме на 20 место по бројот на умрени на еден милион жител во светот во овој момент и тоа значи дека нашиот здравствен систем не одговорил како што очекувавме и втората работа не биле мерките кои ги имавме на почетокот доволни затоа што си дозволивме луксуз да мерките ги пресече со еден период на прилично комотно однесување. Она што го правеше техничката влада и ова што го прави сегашната влада не се разликува многу освен тоа што оваа влада има повеќе врзани раце, него таа претходната. Сега гледаме дека изборите не донеле олеснување на функционирањето Парламентот и не донеле олеснување на одлуки, истакна Пешев.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/peshev-visokata-stapna-na-smrtnost-vo-drzavata-e-odgovor-deka-merki-ne-bile-dovolni/feed/ 0
Пешев: Мерката за ограничување на угостителските објекти никој не ја контролира https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/peshev-merkata-za-ogranichuvanje-na-ugostitelskite-objekti-nikoj-ne-ja-kontrolira/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/peshev-merkata-za-ogranichuvanje-na-ugostitelskite-objekti-nikoj-ne-ja-kontrolira/#respond Mon, 26 Oct 2020 18:10:35 +0000 https://kurir.mk/?p=420918

Стопанственикот Антони Пешев во своето гостување во емисијата 24 анализа зборуваше за мерките на Владата кои беа донесени поради корона вирусот односно мерката за ограничување на работното време на угостителските објекти и рече дека таа мерка е донесена бидејќи не можат да се контролираат настаните кои се случуваат во тие објекти затоа што нема на располагање доволно инспекција и полиција. Според него оваа мерка никоја не ја контролира. -Таа е врзана со неможноста да се контролира настаните да се случуваат по тие објекти во услови кога веќе немате на располагање доволен број на луѓе кои може тоа да го контролираат , немате полиција, немате инспекција, немате ништо. Никој не ја контролираше гласината на музиката, колку луѓе се седнати на маса. Веднаш видовме луѓе качени на маси со музика, рече стопанственикот Пешев.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/peshev-merkata-za-ogranichuvanje-na-ugostitelskite-objekti-nikoj-ne-ja-kontrolira/feed/ 0
Антони Пешев: “Рекет” ја прели чашата и кај бизнисот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/antoni-peshev-reket-ja-preli-chashata-i-kaj-biznisot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/antoni-peshev-reket-ja-preli-chashata-i-kaj-biznisot/#respond Fri, 30 Aug 2019 20:27:49 +0000 https://kurir.mk/?p=235227

Антони Пешев од стопанската Комора на Македонија смета дека случајот “Рекет” имал силно влијание врз бизнисот додавајќи дека одамна се нема чувствувано така навредено поради тој случај. “Под силна импресија на ова што се случуваше изминатиот период во Македонија, ситуацијата што сме ја гледале само во грди, евтини, нискобуџетски криминални филмови. Одамна не ми се случило да се чусвствувам толку ниско и навредено. „Рекетот“ ја прели чашата и кај бизнисот” вели Антони Пешев, од Стопанската комора на Р.М, пренесува ТВ21.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/antoni-peshev-reket-ja-preli-chashata-i-kaj-biznisot/feed/ 0
Антони Пешев: Ова прогресивно оданочување е на товар на кршливата македонска економија и оданочени ќе бидат најдобрите експерти https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/antoni-peshev-ova-progresivno-odanochuvanje-e-na-tovar-na-krshlivata-makedonska-ekonomija-i-odanocheni-kje-bidat-najdobrite-eksperti/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/antoni-peshev-ova-progresivno-odanochuvanje-e-na-tovar-na-krshlivata-makedonska-ekonomija-i-odanocheni-kje-bidat-najdobrite-eksperti/#respond Fri, 09 Nov 2018 11:10:26 +0000 https://kurir.mk/?p=125686

Антони Пешев, поранешниот владин министер, а сега претседавач на собранието на Стопанската комора, во интервју за Фактор Магазин откри дека вицепремиерот Кочо Анѓушев не им го најавил прогресивниот данок на бизнисмените, иако бил назначен од таа провиненција. Стопанската комора на Македонија била ставена пред свршен чин. - Знаевме дека ќе се носи данок за приходи над 60.000 денари, но никој не не праша за овие сет-мерки. Овој закон се носи во критично време за македонската држава. Тајмингот е преклопен со носењето на тешки политички одлуки и можеби целта е да се дефокусира јавноста. Ова решение е на товар на кршливата македонска економија. Ќе бидат оданочени најдобрите експерти во Македонија. Ние дополнително ќе ги оданочуваме оние кои ни се најпотребни во државата. Оние кои се најмобилни и тие што се решени да заминат од земјата сега ќе бидат уште помотивирани да го направат тоа. Даночната реформа првенствено се однесува на платите, но има и странични зафаќања за кои ќе има повисока стапка која не е прогресивна - вели поранешниот политичар. Стопанската комора на Македонија не е политичка партија и не може да одлучува на владини седници. Малку замирисува на популизам, а нас не ставаат во неблагодарна ситуација, бидејќи ние сега треба ли да се спротивставуваме на некој светски концепт на развиена економија, додава Пешев. Вели дека странските инвеститори нема да бидат погодени, бидејќи не даваат толкава плата, односно не ангажираат такви високоплатени профили, па тие нема да се противат. Според Пешев, македонската економија и владата треба да се насочени кон намалување и ефикасност на администрацијата. Според него, тоа треба да биде економски приоритет, а не зголемување на даноци, кои се типични за вонредни ситуации, како на пример војна.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/antoni-peshev-ova-progresivno-odanochuvanje-e-na-tovar-na-krshlivata-makedonska-ekonomija-i-odanocheni-kje-bidat-najdobrite-eksperti/feed/ 0