антони – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 29 Sep 2023 18:18:34 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png антони – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Антони помина пет часа в полиција, но се враќа во тимот на Јунајтед https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/antoni-pomina-pet-chasa-v-politsija-no-se-vraka-vo-timot-na-junajted/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/antoni-pomina-pet-chasa-v-politsija-no-se-vraka-vo-timot-na-junajted/#respond Fri, 29 Sep 2023 18:18:34 +0000 https://kurir.mk/?p=883299

Бразилскиот репрезентативец Антони во вторникот се вратил во Манчестер и веднаш ѝ се ставил на располагање на британската полиција, во врска со обвиненијата за насилство од поранешната девојка Габриеле Кавалин. Вчера, тој поминал пет часа в станица, а откако ги завршил тие обврски, најавил дека ќе му се стави на располагање на Ерик Тен Хаг, на тренинзите на Манчестер Јунајтед. И натаму тврди дека не е виновен по обвинувањата, а неговото враќање го потврди и клубот. „Како клуб во кој Антони е вработен, Манчестер Јунајтед одлучи тој да се врати во Карингтон и да биде во селекцијата додека трае полициската истрага. Ќе го следиме натамошниот развој на ситуацијата“, стои во соопштението од Јунајтед. Утре од 16 часот, „ѓаволите“ го дочекуваат Кристал Палас во мечот од седмото коло на Премиер лигата, а Антони нема да биде во тимот. Откако изби скандалот, тој пропушти вкупнјо четири натпревари.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/antoni-pomina-pet-chasa-v-politsija-no-se-vraka-vo-timot-na-junajted/feed/ 0
Антони исфрлен од репрезентацијата на Бразил https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/antoni-isfrlen-od-reprezentatsijata-na-brazil-2/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/antoni-isfrlen-od-reprezentatsijata-na-brazil-2/#respond Wed, 06 Sep 2023 04:01:33 +0000 https://kurir.mk/?p=874969

Нема крај на проблемите со фудбалерите на Манчестер јунајтед, а сега во центарот на вниманието е напаѓачот Антони. И сето тоа по една непријатна епизода со Мејсон Гринвуд, кој мораше да го напушти клубот по година и половина. И тој беше обвинет дека се заканувал дека ќе ја силува девојката, но тие обвиненија подоцна беа отфрлени, судот тврди дека доказите против играчот биле потиснати од семејството на девојката која го тужела. Британските медиуми, повикувајќи се на оние од Бразил, објавија дека Антони е исфрлен од  репрезентацијата по последните обвинувања за насилство кон неговата поранешна девојка Габриела. Веста дека Антони е избришан од репрезентативниот список ја потврди и Фудбалската федерација на Бразил, а Габриел Жесус ќе го замени за натпреварите со Боливија и Перу. Во официјалното соопштение на Федерацијата на селесао се наведува дека ова бил неопходен потег по низата обвинувања кон играчите. Во текот на денот тој бил информиран дека не може да биде дел од тимот додека трае процесот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/antoni-isfrlen-od-reprezentatsijata-na-brazil-2/feed/ 0
Антони исфрлен од репрезентацијата на Бразил https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/antoni-isfrlen-od-reprezentatsijata-na-brazil/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/antoni-isfrlen-od-reprezentatsijata-na-brazil/#respond Tue, 05 Sep 2023 07:52:56 +0000 https://kurir.mk/?p=874662

Нема крај на проблемите со фудбалерите на Манчестер јунајтед, сега во центарот на вниманието е напаѓачот Антони. Бразилецот, може да ја доживее судбината на Мејсон Гринвуд, кој мораше да го напушти клубот по 18 месеци, период во кој воопшто не играше фудбал. Слично како и Гринвуд и Антони беше обвинет дека и се заканувал со силување на својата девојка. Подоцна тие обвиненија биле отфрлени, судот тврди дека доказите против играчот биле повлечени од семејството на девојката. Британските медиуми, повикувајќи се на оние од Бразил, објавија дека Антони е исфрлен од репрезентацијата по последните обвинувања за насилство кон неговата поранешна девојка Габриела. Веста дека Антони е избришан од репрезентативниот список ја потврди и Фудбалскиот сојуз на Бразил, а Габриел Жесус ќе го замени за натпреварите со Боливија и Перу. Во официјалното соопштение на Фудбалскиот соуз на Бразил се наведува дека ова бил неопходен потег по низата обвинувања кон Антони. Габриела објави видеа на кои се гледаат повредите кои наводно и ги нанел Антони. Таа тврди дека еднаш ја извлекол од дискотека, ја ставил во автомобил и и се заканил дека ќе ја исфрли додека вози со полна брзина ако не му прости. Таа додава дека на 15. јануари годинава и ја скратил косата и ја удрил во пределот на градниот кош и дека морала да оди на операција, а наведува и дека имал чести изливи на љубомора. Покажала и исеченици на прстите. Антони се огласи на Инстаграм и порача дека долго време е предмет на истрага и дека соработува со полицијата во обид да ја докаже својата невиност.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/antoni-isfrlen-od-reprezentatsijata-na-brazil/feed/ 0
Антони сподели бизарна причина зошто играчите настинуваат на СП во Катар https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/antoni-spodeli-bizarna-prichina-zoshto-igrachite-nastinuvaat-na-sp-vo-katar/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/antoni-spodeli-bizarna-prichina-zoshto-igrachite-nastinuvaat-na-sp-vo-katar/#respond Tue, 29 Nov 2022 18:39:27 +0000 https://kurir.mk/?p=768453

Репрезентативецот на Бразил и фудбалер на Манчестер Јунајтед, Антони, кој минатото лето ги засили „ѓаволите“, а во моментов е на Светско првенство со својата репрезентација, сподели бизарна причина зошто повеќе играчи се разболеа во Катар. Тимот на Тите беше на удар од неколку болни играчи, пред натпреварот со Швајцарија, а сега Ентони обвинува дека климатизерите на стадионите ги разболиле повеќето играчи. Антони на првите два меча, против Србија и Швајцарија, ги почна од клупа и влегуваше во вториот дел на натпреварите. „Се чувствувам доста чудно неколку денови, сега добро се опоравувам и наскоро сум на 100%. Станува повеќе збор за мала настинка, грип. Мислам дека виновни за тоа се климатизерите на стадионите. Тоа не беше случај само кај мене, исто и кај неколку други играчи беше исто. Беше тешко да прифатам дека сум болен, но сега е добро, јас сум дел од тимот кој е на располагање“, порача Антони.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/antoni-spodeli-bizarna-prichina-zoshto-igrachite-nastinuvaat-na-sp-vo-katar/feed/ 0
Антони: Страв во фудбалот? Ги дриблав дилерите и гангстерите, морав да прескокнувам мртви тела….. https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/antoni-strav-vo-fudbalot-gi-driblav-dilerite-i-gangsterite-morav-da-preskoknuvam-mrtvi-tela/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/antoni-strav-vo-fudbalot-gi-driblav-dilerite-i-gangsterite-morav-da-preskoknuvam-mrtvi-tela/#respond Tue, 15 Nov 2022 18:24:13 +0000 https://kurir.mk/?p=761228

Антони е дел од силната бразилска селекција која важи за еден од главните фаворити за освојување на трофејот на Светското првенство, турнир кој доаѓа како вистинска награда за него по напредокот кој го забележа во изминатите три-четири години. Фудбалерот кој направи скап трансфер во Манчестер Јунајтед се истакнува со својата брзина и извонредните дриблинзи карактеристични за бразилските играчи, но и покрај големите критики кои ги доби од јавноста за прекумерното финтирање, Антони вели дека никогаш нема да го промени својот стил. Тешкиот животен пат кој го имал во фавелата во Сао Пауло направиле да изгради силен карактер и убедувања, па во најавата за мундијалот во Катар, уште еднаш потсети дека вистинскиот страв го доживеал во детството, по што притисокот во фудбалот нема никакво влијание врз неговата психа. – Јас бев роден во пеколот и тоа не е шега. За моите европски пријатели кои не се упатени со случувањата во Бразил, мојата фавела во Сао Пауло се викаше „Инфернињо“, или во превод „мал пекол“. Тоа е непопуларно место во Бразил, на 15 метри од мојата куќа секогаш имаше дилери, си додаваа дрога од рака на рака. – Живеев во такво опкружување, но мојот брат секој ден ме вадеше на улица да играме фудбал. Во фавелата, сите играат заедно. Деца, возрасни, учителки, градежници, возачи на автобуси, дилери, гангстери и криминалци. Во фудбалот, сите се еднакви. Бидејќи бев помал од никој, навистина немав страв и не се плашев од никого. Со дарбата од Бог, успевав да ги дриблам сите. Ги дриблав со природен инстинкт, ги дриблав дилерите и гангстерите, ги прелетував возачите на автобус, им ја протнував топката меѓу нозе на останатите. Навистина не ми беше грижа кој стои пред мене. – Тоа направи да немам никаков страв. Еднаш, кога одев накај училиште, видов како човек лежи на улица. Кога се приближив, видов дека е мртов. Имав 8 или 9 години, ги затворив очите и само го прекокнав телото. Поради такви работи, не чувствуам страв и притисок на фудбалскиот терен. Кога растете во околности при кои мора да прескокнувате мртви тела, не можете да бидете исплашени од ништо во фудбалот, – вели Антони.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/antoni-strav-vo-fudbalot-gi-driblav-dilerite-i-gangsterite-morav-da-preskoknuvam-mrtvi-tela/feed/ 0
ВИДЕО: Антони правеше циркуз на „Олд Трафорд“, па Тен Хаг го седна на клупа! https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/video-antoni-praveshe-cirkuz-na-old-traford-pa-ten-hag-go-sedna-na-klupa/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/video-antoni-praveshe-cirkuz-na-old-traford-pa-ten-hag-go-sedna-na-klupa/#respond Fri, 28 Oct 2022 14:25:07 +0000 https://kurir.mk/?p=751969

Maнчестер Јунајтед со 3-0 го совлада тимот на Шериф во Лигата на Европа, во натпревар во кој свој блесок имаше младиот Гарначо, а Кристијано Роналдо по пауза од 179 дена конечно постигна гол на „Олд Трафорд“. Сепак, во првиот дел од натпреварот во фокусот беше еден чуден потег на летното засилување Антони. Младиот Бразилец изиграваше циркузант и се вртеше околку топката, потег кој што не му се допадна на менаџерот Тен Хаг и по полувремето го седна Антони на клупа. Чудниот потег на бразилскиот офанзвиец: Свој коментар за целата ситуација даде Тен Хаг: „Немам проблем сè додека неговите потези имаат смисла, но морам да кажам дека од него барам повеќе трчање, повеќе уфрлувања, тој мора почесто да биде во завршница. Доколку тоа го направи само за трик, тогаш ќе морам да го поправам“. Покрај Роналдо, за Јунајтед уште погодија Далот и Рашфорд.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/video-antoni-praveshe-cirkuz-na-old-traford-pa-ten-hag-go-sedna-na-klupa/feed/ 0