антонио апостолски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 17 Dec 2022 10:57:50 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png антонио апостолски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Апостолски: Хашки истраги има против државјани на Македонија за воени злосторства сторени во Косово https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/apostolski-hashki-istragi-ima-protiv-drzavjani-na-makedonija-za-voeni-zlostorstva-storeni-vo-kosovo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/apostolski-hashki-istragi-ima-protiv-drzavjani-na-makedonija-za-voeni-zlostorstva-storeni-vo-kosovo/#respond Sat, 17 Dec 2022 10:57:50 +0000 https://kurir.mk/?p=776961

Антонио Апостолски е акредитиран адвокат за жртвите и обвинетите при Специјалниот суд за воени злосторства за Косово во Хаг, а претходно беше aдвокат пред Меѓународниот Кривичен Трибунал за поранешна Југославија. Тој во интервју за НетПрес ексклузивно зборува за првата пресуда во Хашкиот суд против припадник на косовското ОВК, како и за случаи покренати од сепцијалното обвинителство за воени злосторство против македонски државјани за дела сторени во Косово. Може ли да ни појасните зошто е важна пресудата против Салих Мустафа за воени злосторства сторени на територијата на Косово? На 16 декември 2022 година, Судскиот совет I ја изрече својата пресуда во случајот Специјализираниот обвинител против Салих Мустафа. Пресудата претставува пресвртница за обвинетите при Специјалниот суд за воени злосторства за Косово во Хаг, бидејќи претставува прва пресуда на овој трибунал во случај за воени злосторства. Нејзината правна и историска важност е дека се повторува начелото дека правдата можеби е бавна, но од нејзиното величество не може никој да избега. Може ли поточно да ни појасните за што е осуден Мустафа? Судскиот совет го прогласи обвинетиот Мустафа за виновен за воени злосторства, произволно притворање, тортура и убиства и го осуди на затворска казна од 26 години. При изрекувањето на пресудата, Судскиот совет истакна дека обвиненијата во овој случај се однесуваат исклучиво на индивидуалната кривична одговорност на обвинетиот Мустафа и неговата вмешаност во наводните воени злосторства при притвор, сурово постапување, тортура и убиства на жртвите. Истакнувајќи дека жртвите во овој случај се косовски Албанци, Судскиот совет дополнително нагласи дека „нивните напори да бараат правда и вистина се во срцето на овие постапки“. Во својата пресуда, Судскиот совет утврди дека за време на конфликтот меѓу ОВК и српските сили, обвинетиот Мустафа бил единствениот и севкупниот командант на герилската единица на БИА на ОВК до нејзиното распуштање; дека тој командувал со комплексот Злаш во периодот на наводните злосторства; и дека има моќ да закажува состаноци во герилската единица на БИА, да издава наредби на своите подредени и да ги дисциплинира. Дали има и лица од Македонија за кои се води истрага? Специјалниот обвинител водеше активни истраги и против државјани на Република Македонија за воени злосторства на територијата на Косово. Сепак, додека не се подигне обвинение и истото не стане достапно до јавност не може да се претпостави против кои лица ќе биде поднесено обвинение. Доколку има докази и доколку се утврди индивидуална или командна одговорност, секако дека ќе биде поднесено обвинение. Целото интервју може да го прочитате ТУКА
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/apostolski-hashki-istragi-ima-protiv-drzavjani-na-makedonija-za-voeni-zlostorstva-storeni-vo-kosovo/feed/ 0
Апостолски: Сведочењето на Нинџа нема никаква тежина и никаква вредност https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/apostolski-svedochenjeto-na-nindza-nema-nikakva-tezina-i-nikakva-vrednost/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/apostolski-svedochenjeto-na-nindza-nema-nikakva-tezina-i-nikakva-vrednost/#respond Fri, 19 Jun 2020 14:31:06 +0000 https://kurir.mk/?p=359945

Последниот сведок на Рускоска го демантираше Нинџа, никогаш не работел за УБК. Денес заврши со сведочење и последниот сведок од случајот 27-ми април. Драгче Стојчевски кој е вработен во поранешното УБК пред судот рече дека на 27-ми април бил В.Д директор на единицата за набљудување и имал за цел да следи странски државјани кои биле во Собранието. Тогашниот директор на УБК Владимир Атанасовски кој е обвинет во предметот негираше дека имал наредба за следење на Зоран Заев, Оливер Спасовски и Јовче Ременски. Сведочеше дека и го познавал Александар Василевски Нинџа бидејќи во периодот од 2010 до 2012 бил следен од УБК. На следното рочиште ќе се презентираат материјалите. Притоа Антонио Апостолски, адвокат денес во вестите на телевизија Телма посочи дека сведочењето на Нинџа нема никаква тежина и никаква вредност. „Сведочењето на Нинџа нема никаква тежина и никаква вредност. Денешниот сведок според сведочењето на Нинџа би требало да бил негов шеф. Но денешниот сведок кажа дека никогаш ниту бил вработен Нинџа во ДБК, ниту бил соработник во ДБК“, истакна Апостолски. Апостолски додаде дека целото тврдење на Александар Василевски Нинџа падна во вода.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/apostolski-svedochenjeto-na-nindza-nema-nikakva-tezina-i-nikakva-vrednost/feed/ 0
Адвокатот на Мијалков: Прво требаше да го сослушаат, а не веднаш да го притворат (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/advokatot-na-mijalkov-prvo-trebashe-da-go-soslushaat-a-ne-vednash-da-go-pritvorat/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/advokatot-na-mijalkov-prvo-trebashe-da-go-soslushaat-a-ne-vednash-da-go-pritvorat/#respond Wed, 21 Nov 2018 10:44:08 +0000 https://kurir.mk/?p=130282

Антонио Апостолски, адвокатот на Сашо Мијалков изјави дека според Законот за кривична постапка, лицето на кое му се одредува притвор прво треба да даде исказ во судот, а потоа да му биде определен притвор. Адвокатскиот тим на Мијалков најави дека ќе поднесе жалба откако поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК) синоќа беше спроведен од хотелот „Мериот“ во центарот на Скопје во затворот во Шуто Оризари. – Денес го примивме решението, во текот на денешниот ден ќе поднесеме жалба. Законот за кривична постапка наведува дека секое лице мора да биде повикано и сослушано и после неговата изјава да биде донесено решение за притвор – изјави Апостолски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/advokatot-na-mijalkov-prvo-trebashe-da-go-soslushaat-a-ne-vednash-da-go-pritvorat/feed/ 0