антонио гутереш – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 04 Nov 2023 09:08:53 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.5 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png антонио гутереш – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Гутереш „згрозен“ од израелскиот напад врз конвој на брзата помош во Газа https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/guteresh-zgrozen-od-izraelskiot-napad-vrz-konvoj-na-brzata-pomosh-vo-gaza/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/guteresh-zgrozen-od-izraelskiot-napad-vrz-konvoj-na-brzata-pomosh-vo-gaza/#respond Sat, 04 Nov 2023 09:08:53 +0000 https://kurir.mk/?p=896358

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш е „згрозен од нападот“ на израелските сили врз конвојот амбулантни возила во Газа во петокот, се вели во соопштение, и се нагласува дека конфликтот „мора да престане“. Палестинската Црвена полумесечина соопшти дека едно од нивните амбулантни возила било погодено од „проектил испукан од израелските сили“ на само неколку метри од влезот во болница во градот Газа, во напад, според кој, загинале 15 лица, а повеќе од 60 се ранети. „Згрозен сум од пријавениот напад во Газа врз конвој на брза помош пред болницата Ал Шифа. Фотографиите на тела на улицата надвор од болницата се шокантни“, наведе Антонио Гутереш во соопштението. Израелската војска соопшти дека извршила воздушен напад врз „возило за брза помош, идентификувано од силите дека се користи од терористичка ќелија на Хамас во непосредна близина на нивната позиција во борбената зона“. Инсистирајќи дека „не ги заборавил терористичките напади извршени од Хамас во Израел“, шефот на ОН додаде дека „речиси еден месец, цивилите во Газа, вклучително и деца и жени, се опколени, не им се дава помош, се убиваат и се протерани од нивните домови. „Тоа мора да престане...Хуманитарната ситуација во Газа е ужасна“, рече тој. „Нема доволно храна, вода и лекови, додека горивото за напојување на болниците и постројките за вода е при крај, предупреди тој. „Засолништата на ОН во Газа „имаат речиси четири пати поголем капацитет и се бомбардирани“, продолжи Гутереш. "Мртовечниците се полни. Продавниците се празни. Санитарната состојба е катастрофална. Гледаме зголемување на болестите и респираторните заболувања, особено кај децата. Целото население е трауматизирано. Никаде не е безбедно", рече тој. Гутереш повторно повика на прекин на огнот и ослободување на заложниците кои ги држи Хамас во нападот на 7 октомври.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/guteresh-zgrozen-od-izraelskiot-napad-vrz-konvoj-na-brzata-pomosh-vo-gaza/feed/ 0
Шефот на ОН повика на обединет и глобален одговор на опасностите од вештачката интелигенција https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shefot-na-on-povika-na-obedinet-i-globalen-odgovor-na-opasnostite-od-veshtachkata-inteligentsija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shefot-na-on-povika-na-obedinet-i-globalen-odgovor-na-opasnostite-od-veshtachkata-inteligentsija/#respond Thu, 02 Nov 2023 20:50:29 +0000 https://kurir.mk/?p=895950

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш денеска повика на „унифициран, траен и глобален“ одговор на ризиците поврзани со брзиот развој на вештачката интелигенција. Првиот Самит за безбедност на вештачката интелигенција заврши денеска, а симболично се одржа на селскиот имот „Блечли парк“, северно од Лондон, каде што за време на Втората светска војна беше седиштето на сојузничките операции за дешифрирање на германските комуникации. Фокусот на дводневниот собир беше најсовремената, „гранична“ вештачка интелигенција, за која некои научници предупредуваат дека може да го загрози опстанокот на човештвото. Гутереш оцени дека принципите на управување со вештачката интелигенција „треба да се засноваат на Повелбата на Обединетите нации и Универзалната декларација за човекови права“. Стотици експерти, шефови на компании и политички лидери два дена разговараа за опасностите од ненадејниот, експоненцијален развој на вештачката интелигенција. Меѓу нив беа претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, потпретседателката на САД, Камала Харис и италијанската премиерка Џорџа Мелони. На почетокот на состанокот, светските сили Кина, САД и ЕУ вчера се договорија за постоење на „поделена одговорност“ за ризикот од користење вештачка интелигенција, а британскиот премиер Риши Сунак го оцени соопштението од Блечли како „историско“. Затворајќи го самитот денеска, тој најави договор меѓу земјите и компаниите „за заедничка работа на безбедноста на новите модели на вештачка интелигенција и нивното лансирање“. Тие модели на вештачка интелигенција би можеле да бидат тестирани и оценети во истражувачките институти што Велика Британија и САД наведоа дека сакаат да ги постават. Британскиот премиер оцени дека „успесите“ на овој самит ќе ја „изместат вагата“ во корист на човештвото бидејќи покажуваат дека постои и политичка волја и способност да се контролира оваа технологија и да се обезбедат долгорочни придобивки од неа. Цитирајќи ги зборовите на физичарот Стивен Хокинг кој оцени дека вештачката интелигенција може да биде „најдоброто или најлошото нешто што му се случило на човештвото“, Риши Сунак рече дека е убеден дека „може да биде добро“ ако продолжи соработката што започна. Учесниците се согласија да му доверат на канадскиот истражувач Џошуа Бенџо, влијателна личност во секторот и добитник на наградата Туринг за 2019 година, да го подготви првиот извештај за „состојбата на науката“. Тој треба да направи научна проценка на постоечките истражувања и ризиците и можностите на вештачката интелигенција, а потоа да утврди приоритети за да се расветли идната работа за безбедноста на оваа врвна технологија. Кина, чие присуство предизвика вознемиреност поради геополитичките тензии и стравувањата од технолошка шпионажа, не беше поканета на вториот ден од разговорите, кои се одржаа во потесен формат. Пред „мала група високи претставници на истомисленици“ како што се Франција, Канада и Јапонија, американската потпретседателка Камала Харис ги истакна напорите на САД за „воспоставување норми и средства“ за разликување на автентичната дигитална содржина произведена од држава, од содржина произведена или манипулирана од вештачка интелигенција, соопшти Белата куќа. Неколку месеци пред изборите како што се претседателските избори во САД и британските, производите за вештачка интелигенција предизвикуваат стравувања за ширење на лажни содржини на интернет и сè поверодостојни усовршени монтажи (дипфејк). Оние технологии кои можат да произведат текст, звук, слики, видео за неколку секунди на едноставно барање, како што е роботот за разговор на ChatGPT, постигнаа експоненцијален напредок во последните години, а следните генерации на вештачка интелигенција ќе се појават до лето. Развојот покренува огромни надежи за медицината или образованието, но исто така може да овозможи општествата да се дестабилизираат или да овозможи нелегалното производство на оружје да излезе од контрола, предупреди британската влада. Самитот денеска се совпадна со објавувањето на новата „песна на Битлси“ која е производ на вештачката интелигенција, со синтетизираниот глас на убиениот Џон Ленон (1940-1980). Два претстојни меѓународни самити ќе ги продолжат дискусиите за безбедноста на вештачката интелигенција: прво виртуелен состанок во Јужна Кореја за шест месеци, а потоа со лично присуство во Париз за една година. Меѓу големите шефови во Блечли Парк беше Илон Маск, шеф на компанијата X и ко-основач на OpenAI, кој оцени дека вештачката интелигенција претставува „една од најголемите закани“ за човештвото. Тој вечерва во Лондон треба да разговара за ова со британскиот премиер Риши Сунак, а подоцна ќе го објави разговорот на неговата платформа Х. Организирањето на тој разговор предизвика критики откако Маск беше обвинет дека поддржува дезинформации на платформата X откако ја купи и ја презеде пред една година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shefot-na-on-povika-na-obedinet-i-globalen-odgovor-na-opasnostite-od-veshtachkata-inteligentsija/feed/ 0
Гутереш е „длабоко вознемирен“ од ескалацијата на конфликтот меѓу Израел и Хамас https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/guteresh-e-dlaboko-voznemiren-od-eskalatsijata-na-konfliktot-megu-izrael-i-hamas/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/guteresh-e-dlaboko-voznemiren-od-eskalatsijata-na-konfliktot-megu-izrael-i-hamas/#respond Tue, 31 Oct 2023 17:43:37 +0000 https://kurir.mk/?p=895034

Генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш денеска соопшти дека е „длабоко вознемирен од интензивирањето на конфликтот меѓу Израел и Хамас“, додека во Газа беснеат жестоки борби. Ескалацијата е заради „копнените операции на израелските одбранбени сили придружени со интензивни воздушни напади и континуирано ракетирање кон Израел од Газа“, се наведува во соопштението на генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш. „Останувам длабоко загрижен за ризикот од опасна ескалација и надвор од Газа“, додаде тој.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/guteresh-e-dlaboko-voznemiren-od-eskalatsijata-na-konfliktot-megu-izrael-i-hamas/feed/ 0
Гутереш предупреди дека ситуацијата во Газа станува се поочајна https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/guteresh-predupredi-deka-situatsijata-vo-gaza-stanuva-se-poochajna/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/guteresh-predupredi-deka-situatsijata-vo-gaza-stanuva-se-poochajna/#respond Sun, 29 Oct 2023 12:23:26 +0000 https://kurir.mk/?p=894177

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш денеска предупреди дека ситуацијата во Појасот Газа е „сè поочајна“, изразувајќи жалење што Израел ги „интензивирал своите воени операции“. - Ситуацијата во Газа станува се поочајна од час во час. Жалам што Израел, наместо многу потребната хуманитарна пауза, поддржана од меѓународната заедница, ги интензивираше своите воени операции, рече Гутереш за време на посетата на Непал по четири дневен престој во Катар. Тој го окарактеризира како целосно неприфатлив бројот на убиени и ранети цивили во војната меѓу Израел и Хамас предизвикана од нападите на исламската екстремистичка организација на 7 октомври на израелска територија. Повеќе од 1.400 луѓе беа убиени во Израел, главно цивили, најмногу на тој ден, кога според израелските власти беа однесени 230 заложници во Појасот Газа. Хамас, кој владее со Газа, тврди дека повеќе од 8.000 Палестинци, главно цивили, се убиени во континуираните израелски бомбардирања од почетокот на војната. Шефот на ОН го повтори повикот за итен хуманитарен прекин на огнот и апелираше за „континуирана испорака на хуманитарна помош на ниво што ги задоволува потребите на населението на палестинската територија“. - Светот е сведок на хуманитарна катастрофа што се одвива пред нашите очи, рече Гутереш, додавајќи дека повеќе од два милиони луѓе, кои немаат каде да одат безбедно, се лишени од основните потреби за живот, храна и вода, како и медицинска нега додека бомбардирањето продолжува. Во војната меѓу Израел и Хамас загинаа 10 Непалци, а единаесеттиот не се знае каде се наоѓа.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/guteresh-predupredi-deka-situatsijata-vo-gaza-stanuva-se-poochajna/feed/ 0
Гутереш: Нема оправдување за смртоносниот напад на Хамас врз Израел https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/guteresh-nema-opravduvane-za-smrtonosniot-napad-na-hamas-vrz-izrael/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/guteresh-nema-opravduvane-za-smrtonosniot-napad-na-hamas-vrz-izrael/#respond Wed, 25 Oct 2023 07:41:03 +0000 https://kurir.mk/?p=892828

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш денеска рече дека нема оправдување за смртоносниот напад на Хамас врз Израел, откако израелските власти го повикаа да поднесе оставка поради неговата изјава дека нападите на Хамас „не се случиле во вакуум“. Гутереш на платформата Икс (Твитер) напиша дека поплаките на палестинскиот народ не можат да ги оправдаат страшните напади на Хамас, ниту дека нападите на таа група можат да го оправдаат колективното казнување на палестинскиот народ. Израелските власти го критикуваа Гутереш во вторникот, откако тој пред Советот за безбедност на ОН рече дека е исто така важно да се признае дека нападите на Хамас не се случиле во вакуум. Многу израелски официјални лица оттогаш го повикаа Гутереш да поднесе оставка. Постојаниот претставник на Израел во ОН, Гилад Ердан, во вторникот го повика Гутереш веднаш да поднесе оставка бидејќи, како што рече, не е способен да ја води светската организација. „Генералниот секретар на ОН, кој покажува разбирање за кампањата за масовно убивање деца, жени и стари лица не е способен да ги води ОН. Го повикувам веднаш да поднесе оставка“, напиша Ердан на Икс. Израелскиот министер за надворешни работи Ели Коен го критикуваше Гутереш на состанокот на Советот за безбедност за неговите критики за нападите на Израел врз Газа, прашувајќи го „во каков свет живее“. Коен подоцна на платформата Икс напиша дека ја откажал планираната средба со Гутереш. Гутереш претходно повика на итен хуманитарен прекин на огнот во Појасот Газа и нагласи дека „страшните напади“ на палестинската милитантна група Хамас врз Израел не можат да го оправдаат „колективното казнување на палестинскиот народ“. „Ниту една страна во вооружен конфликт не е над меѓународното хуманитарно право“, рече генералниот секретар на ОН. Тој посочи дека нападите на Хамас врз Израел од 7 октомври не се случија „во вакуум“ и нагласи дека палестинскиот народ е под окупација 56 години.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/guteresh-nema-opravduvane-za-smrtonosniot-napad-na-hamas-vrz-izrael/feed/ 0
Гутереш: Треба сега да се дејствува за да се стави крај на кошмарот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/guteresh-treba-sega-da-se-dejstvuva-za-da-se-stavi-kraj-na-koshmarot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/guteresh-treba-sega-da-se-dejstvuva-za-da-se-stavi-kraj-na-koshmarot/#respond Sat, 21 Oct 2023 13:48:01 +0000 https://kurir.mk/?p=891616

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш денеска на Мировниот самит во Каиро изјави дека сега треба да се дејствува за „да се стави крај на кошмарот“ и побара „хуманитарен прекин на огнот“ на петнаесеттиот ден од војната меѓу Израел и палестинскиот Хамас во Појасот Газа. „На луѓето во Газа им треба многу повеќе, потребен е огромен прилив на помош“, рече Гутереш, мислејќи на фактот дека утринава првите 20 камиони со хуманитарна помош преминаа од Египет во Газа под израелска опсада и гранатирање. Според ОН, тој број на камиони е недоволен и треба да пристигнуваат по 100 камиони дневно за 2,4 милиони жители на Газа на кои им недостига сè, храна, вода, струја и гориво. Помошта дојде од Египет преку преминот Рафа, единствениот излез од Газа што не е под израелска контрола, по договорот објавен во средата од американскиот претседател Џо Бајден. Гутереш вчера беше во Рафа на граничниот премин меѓу Египет и Газа.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/guteresh-treba-sega-da-se-dejstvuva-za-da-se-stavi-kraj-na-koshmarot/feed/ 0
Гутереш во извештајот за Косово: Недостигот на напредок во дијалогот носи ризик од дополнителни тензии и можна ескалација https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/guteresh-vo-izveshtajot-za-kosovo-nedostigot-na-napredok-vo-dijalogot-nosi-rizik-od-dopolnitelni-tenzii-i-mozhna-eskalatsija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/guteresh-vo-izveshtajot-za-kosovo-nedostigot-na-napredok-vo-dijalogot-nosi-rizik-od-dopolnitelni-tenzii-i-mozhna-eskalatsija/#respond Fri, 20 Oct 2023 14:43:23 +0000 https://kurir.mk/?p=891337

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш ги повика Белград и Приштина да се воздржат од преземање унилатерални дејствија кои би можеле да доведат до зголемени тензии и дополнителна ескалација на ситуацијата, јави дописникот на МИА од Белград. Во последниот шестмесечен извештај за работата на УНМИК, кој се однесува на периодот од 19 март до 18 септември, тој посочи дека страните не постигнале значителен напредок во спроведувањето на Договорот на патот кон нормализацијата и дека допрва треба да се договорат за редоследот на одредбите на неговиот анекс. Според Гутереш, претходните шест месеци биле обележани со постојани несогласувања меѓу Белград и Приштина, особено во однос на легитимитетот на новоизбраните градоначалници на косовските Албанци во четири општини со мнозинско српско население на северот на Косово. Безбедносната состојба на теренот продолжи да се влошува поради провокациите и зголемената реторика од двете страни, што доведе до жестоки судири во кои беа повредени припадници на косовските сили, како и цивили и новинари. Гутереш смета дека протестите на северот на Косово, апсењата на косовски Срби, приведувањето на тројца косовски полицајци од страна на српските власти, новото распоредување на единиците за специјални операции на косовската полиција на северот на Косово, експропријација на земјиштето и неколку безбедносни инциденти придонесоа за тензичното опкружување. Како што истакна, немањето напредок во дијалогот носи ризик од дополнителни тензии и можна ескалација на теренот. - Ги повикувам страните да ја потврдат својата вистинска посветеност на дијалогот со посредство на ЕУ и целосно да ги спроведат сите договори, се вели во извештајот. Според него, неопходно е да се најде решение за брзо одржување на предвремени и инклузивни локални избори на северот на Косово, со учество на косовските Срби, за да се смират тензиите и да се оди напред. Тој ги осуди нападите врз членовите на меѓународната мисија на теренот и воопшто употребата на насилството, наведувајќи дека ескалацијата на тензиите и безбедносните инциденти во мај и јуни имаа негативно влијание врз процесот на дијалог.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/guteresh-vo-izveshtajot-za-kosovo-nedostigot-na-napredok-vo-dijalogot-nosi-rizik-od-dopolnitelni-tenzii-i-mozhna-eskalatsija/feed/ 0
Гутереш: Камионите со помош се разликата помеѓу животот или смртта https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/guteresh-kamionite-so-pomosh-se-razlikata-pomegu-zhivotot-ili-smrtta/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/guteresh-kamionite-so-pomosh-se-razlikata-pomegu-zhivotot-ili-smrtta/#respond Fri, 20 Oct 2023 11:51:13 +0000 https://kurir.mk/?p=891232

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш пристигна на египетскиот граничен премин Рафа со Газа каде што повика да се дозволи влез во Газа на камионите со хуманитарта помош. - Активно се ангажираме со сите страни со цел да ги разјасниме овие ограничувања за да можат овие камиони да се движат таму каде што се потребни. Потребно ни е овие камиони да се придвижат што е можно поскоро, рече Гутереш. Тој рече дека видел „толку камиони натоварени со вода, гориво, лекови, храна“, додавајќи дека овие камиони би биле „спас“ и „разликата меѓу животот и смртта за толку многу луѓе во Газа“. - Имаме два милиони луѓе овде кои премногу страдаат. Нема вода, нема храна, нема лекови, нема гориво. На Газа и треба сè за да преживее, нагласи тој. Шефот на ОН рече дека камионите со хуманитарна помош се натоварени и подготвени. - Овие камиони се спас. Тие се разликата помеѓу животот или смртта за толку многу луѓе, рече Гутереш.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/guteresh-kamionite-so-pomosh-se-razlikata-pomegu-zhivotot-ili-smrtta/feed/ 0
Зеленски и Гутереш разговараа за зимските подготовки во Украина, извозот на жито и ситуацијата на Блискиот Исток https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zelenski-i-guteresh-razgovaraa-za-zimskite-podgotovki-vo-ukraina-izvozot-na-zhito-i-situatsijata-na-bliskiot-istok/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zelenski-i-guteresh-razgovaraa-za-zimskite-podgotovki-vo-ukraina-izvozot-na-zhito-i-situatsijata-na-bliskiot-istok/#respond Thu, 19 Oct 2023 16:02:02 +0000 https://kurir.mk/?p=890894

Украинскиот претседател Володимир Зеленски разговараше со генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш и му се заблагодари на тимот на светската организација за подготовката на планот вреден 435 милиони долари за зимата во Украина. Зеленски и Гутереш, за време на онлајн средбата на платформата X, разговараа и за извозот на жито и за најновите настани на Блискиот Исток. Зеленски нагласи дека активното учество на ОН во спроведувањето на украинската формула за мир и подготвеноста на организацијата да испрати свој претставник на следниот состанок на советниците од областа на безбедноста и дипломатијата се „многу важни“ за Украина. „По состанокот на советниците во Џеда, важно е следниот да има не помал успех и да доведе до конкретни резултати. Затоа треба да ја задржиме поддршката од земјите од глобалниот југ. Украина се потпира на Обединетите нации за ова“, рече Зеленски. Тој разговараше со Гутереш за особеностите на функционирањето на алтернативниот „коридор за жито“ низ Црното Море, како и за продолжување на иницијативата „Жито од Украина“. Двајцата, исто така, се осврнаа на ситуацијата на Блискиот Исток и неопходните напори на полето на хуманитарната помош што треба да се обезбеди на цивилното население.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zelenski-i-guteresh-razgovaraa-za-zimskite-podgotovki-vo-ukraina-izvozot-na-zhito-i-situatsijata-na-bliskiot-istok/feed/ 0
Гутереш: Згрозен сум од експлозијата во болницата во Газа https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/guteresh-zgrozen-sum-od-eksplozijata-vo-bolnitsata-vo-gaza/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/guteresh-zgrozen-sum-od-eksplozijata-vo-bolnitsata-vo-gaza/#respond Wed, 18 Oct 2023 13:14:47 +0000 https://kurir.mk/?p=890365

Генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш денеска изјави дека е згрозен од експлозијата во болницата „Ал Ахли“ во Газа, во која загинаа стотици луѓе и нагласи дека најостро ја осудува таа акција. Гутереш, говорејќи на церемонијата на отворањето на форумот „Појас и пат“ во Пекинг, рече дека ги осудува нападите на Хамас врз цивилите во Израел на 7 октомври, но нагласи дека овие напади не можат да го оправдаат колективното казнување на палестинскиот народ. Хамас го обвини Израел за напад врз болница во Газа, во кој, палестинската милитантна група соопшти дека се убиени најмалку 500 луѓе, а стотици се ранети. Од друга страна, израелските одбранбени сили (ИДФ) објавија дека ракета истрелана од палестинската милитантна група Исламски џихад е одговорна за експлозијата. Оваа група негира вмешаност.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/guteresh-zgrozen-sum-od-eksplozijata-vo-bolnitsata-vo-gaza/feed/ 0