Антонио Јолевски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 12 Jul 2023 13:40:36 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Антонио Јолевски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Јолевски: Не можеме да елиминираме некого поради шпекулации во јавноста https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/jolevski-ne-mozheme-da-eliminirame-nekogo-poradi-shpekulatsii-vo-javnosta/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/jolevski-ne-mozheme-da-eliminirame-nekogo-poradi-shpekulatsii-vo-javnosta/#respond Wed, 12 Jul 2023 13:40:36 +0000 https://kurir.mk/?p=855875

Не можеме предвреме да речеме дека ќе елиминираме некого заради тоа што во јавноста се шпекулира поради нешто, не знам на кој начин би го вршеле тој дел како Совет, изјави претседателот на Советот на јавни обвинители, Антонио Јолевски, во врска со изборот на обвинителот Артан Ајро во Вишото јавно обвинителство Скопје. За обвинителот Ајро во јавноста се шпекулираше дека ДКСК има отворено предмет за случај во кој неговата сопруга и неговиот брат се стекнуваат со голем личен бенефит, а како што рече Јолевски, Судскиот совет не може да се впушти во нешто кога нема завршена постапка со која би се укажало дека има пропусти. Во однос на неизбирањето на обвинителката Ленче Ристовска во Вишото јавно обвинителство, претседателот на Советот изјави дека немале можност да ги проверат резултатите од нејзиното работење и дека таа би можела да се јави и на конкурсот во септември. Јолевски дополни дека кај обвинителката Ристовска периодов има недостаток на работа по предмети. - Кај Ленче имаме недостаток на работа по предмети во овој период, зборуваме за различни предмети со кои би се сретнала и во Вишото обвинителство. Во Вишото обвинителство се бара работа по сите видови на предмети, не само на одредена категорија во одредена област. Сепак, Специјалното обвинителство не работеше кривични дела убиства, не работеше со дрога, еден куп предмети кои ги работат во Основното обвинителство, а ќе треба да одлучува и за тие предмети. Тие беа специјализирани за најтешките дела, ама најтешките дела од областа на злоупотребата, појасни Јолевски. Во однос на изборот на обвинителката Вилма Русковска, која не беше избрана за обвинител во Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, тој рече дека тие не сакаат да прејудицираат со избор во повисоко обвинителство на кандидат за кој допрва треба да се решава по предлог за негово разрешување. Како што информираше претседателот на Советот, во септември ќе бидат објавени огласи да се пополнат останатите места. - Во септември ќе објавиме оглас повторно за да се допополни, да имаме и поголем број на кандидати. Во ред беше да имаме и овде кандидати, меѓутоа, сепак, една група на помлади обвинители не ги гледаме да се јавуваат а се добри обвинители, рече Јолевски. Во врска со одлевањето на обвинители од Академијата за судии и јавни обвинители, тој кажа дека не ја знае причината зошто тие не се јавуваат на огласите. - Јас инсистирав на времето и сѐ уште стојам на тој став дека кога ќе се објавува оглас за прием во Академија, да се објавува со конкретно име за обвинителство за да аплицираат во одредено обвинителство, бидејќи аплицирањето по виши подрачја нас ни го прави проблемот, затоа што Скопското Вишо обвинителство ја држи пола Македонија, и од каде и да доаѓаат обвинителите, се пријавуваат тука бидејќи сакаат да дојдат во Скопје, изјави Јолевски. Советот на јавни обвинители на денешната 82 седница избра 14 обвинители во Основното јавно обвинителство на Република Северна Македонија, Вишото јавно обвинителстово Скопје, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција и Основните јавни обвинителства во Скопје, Гостивар и Кавадарци. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/jolevski-ne-mozheme-da-eliminirame-nekogo-poradi-shpekulatsii-vo-javnosta/feed/ 0
Јолевски: Ако имало тргување со влијанија, требало да биде пријавено со конкретни докази https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/jolevski-ako-imalo-trguvane-so-vlijanija-trebalo-da-bide-prijaveno-so-konkretni-dokazi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/jolevski-ako-imalo-trguvane-so-vlijanija-trebalo-da-bide-prijaveno-so-konkretni-dokazi/#respond Thu, 27 Apr 2023 12:03:30 +0000 https://kurir.mk/?p=828312

Претседателот на Советот на јавни обвинители, Антонио Јолевски во изјава за медиумите истакна дека изјавата на јавниот обвинител Ленче Ристоска околу тоа дека Советот на јавни обвинители е извор на тргување со влијание и треба да се реформира е пратена до Етичкиот кодекс во Јавното обвинителство и по нивното произнесување, тие на посебна седница ќе донесат конкретна одлука. Тој потенцира дека ако имало тргување со влијанија, требало да ги пријавува со име и презиме и со конкретни докази. -Меѓутоа, откако ја добивме изјавата, ние дискутиравме во однос на содржината на таа изјава, дали таа изјава соодветствува со она што е предвидено во Етичкиот кодекс на јавните обвинители. Заради тоа оценивме дека таа изјава треба да е пратено до Етичкиот совет во Јавното обвинителство за истите да се произнесат по однос на изјавата дали има одредени прекршувања на Кодексот од нејзина страна со давање на таква изјава и откако ќе го добиеме мислењето на Етичкиот совет ќе закажеме посебна седница на која ќе донесеме конкретна одлука. Советот не врши казнување, бидејќи нема во надлежност водење ниту на дисциплински постапки, ниту постапка за прекршување на Етичкиот кодекс. Ова е претходна фаза во која ние само го проверуваме тоа што таа го изјавила дали претставува прекршување на Етичкиот кодекс, бидејќи се спомнува Советот, тргување со влијанија и други нејзини изјави без конкретно наведување на одредени докази кој тоа го вршел, бидејќи ние не сакаме како Совет да бидеме во кош со сите останати. Ако имало такви членови, би требало да ги изнесе тие податоци. Паушалното изнесување може само да му штети на угледот и на Обвинителството и на обвинителите кои се избираат од овој Совет, рече Јолевски. Тој посочи дека таа како обвинител точно треба да ги знае постапките, бидејќи, како што рече, не можеш против некого да изнесуваш нешто, а да не е поткрепено со докази. -Беше споменато дека од 2008 година досега Советот тргувал со влијанија. Тоа е долг период во кој и самата била избрана во 2013 година. Дури и беше избрана и во Специјалното обвинителство кога немаше ниту оглас, туку беа избрани со име и презиме дадено од специјалниот обвинител и ако е некое тргување со влијание тогаш не знам дали било или не, тоа беше политичка одлука или каква било. Не се впуштам во тој дел. Не ме засега тој дел, затоа што не сум бил ниту член на Советот. Барем таа содржина што беше изнесена треба да се провери, ама тоа ќе го провери Етичкиот совет. Потоа ние ќе видиме. Не е во ред и коректна изјавата спрема обвинителите. Ако имало некакво влијание, токму тоа треба да биде пријавено со име и презиме и со конкретни докази. Како обвинител точно треба да ги знае постапките. Не можеш против некого да изнесуваш нешто, а да не е поткрепено со докази. Ако имала сознание, добро е да ги сподели. Зошто? Јас не сакам да бидам вмешан во тоа дека јас сум тргувал, бидејќи воопшто со никој не сум стапил во контакт. Зошто ме става во ист кош или останатите членови кои дискутиравме? Јас не сакам да имам тука член кој им ветува на кандидатите дека ќе бидат избрани или ги терал. Ние сите гласаме подеднакво. Сите кандидати за нас се еднакви при изборот. Јолевски потенцира дека Советот добива месечни извештаи за секој обвинител поединечно, колку предмети сработил и колку има во фиока и посочи дека за обвинителката Ристовска и обвинителот Љубомир Лапе немаат никакви податоци што работат од 2019 година откога се вратени во основните јавни обвинителства. Тој посочи дека тие не бараат конкретно да се произнесат по предметите, како постапуваат, туку што тие работат. -Беше спомнато и во таа изјава дека Советот повеќе од седум месеци не врши избор во Вишото јавно обвинителство и смета дека со тоа се врши одредено влијание врз едни или други, односно како да заговара Советот кој ќе биде избран. Токму за неа и за колегата Љубомир Лапе немаме податок што работат од 2019 кога се вратени во основните јавни обвинителства. Овој Совет ги врати во тие обвинителства да продолжат со работа, да донесат одлука каде што дошле. Од тогаш наваму, ние немаме податок дали се вратени, односно никој не ни дал податок, ниту пак добивме месечен извештај што тие воопшто постапуваат во овој период. Затоа што во овој период, тие земаат плата. Советот треба да знае. Кога унапредува, треба да знае зошто го унапредивме некого. Со резултатите од работењето, а не само со оцената, бидејќи оцената ја дал некој друг. Советот добива месечни извештаи за секој обвинител поединечно, колку предмети сработил и колку има во фиока. За нив немаме извештај. На минатите седници кога го одлагавме изборот, рековме нам ни треба време за да ги прибавиме податоците за сите обвинители во делот на нивното работење. Тоа ни беше приговарано многу пати, еве одлагате. Одлагаме затоа што не добиваме извештај. Од нив немаме извештај. И до ден денес немаме. Во овие три и пол години од нив немаме извештај што точно работат. Ние не бараме конкретно да се произнесат по предметите, како постапуваат, туку што тие работат. Не се само тие. Ние бараме за сите обвинители во Република  Македонија. Сите треба да кажат што работат. Крајно, сите земаме плата и треба да ја заработиме, рече Јолевски. Инаку, во вторникот обвинителката Ленче Ристоска истакна дека Советот на јавни обвинители е извор на тргување со влијание и треба да се реформира. Според неа, ова тело од формирањето во 2008 до сега потфрлило во исполнувањето на примарната функција, професионализација на ЈО и изолирање на политички и други влијанија при избори и разрешување на обвинителите. - Се додека членови на Советот на кандидатите што аплицираат за повисоки позиции отворено им кажуваат дека некој треба да се јави за кандидатот да биде избран, јасно е дека Советот е извор на тргување со влијание во обвинителството и затоа сметам дека треба да се реформира. Подоцна изборот што Советот го прави креира клиентелистички однос на јавните обвинители кон тие што лобираат за нивниот избор и сето ова неминовно води кон систем што не може да одговори во борбата со корупцијата и организираниот криминал, рече Ристоска. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/jolevski-ako-imalo-trguvane-so-vlijanija-trebalo-da-bide-prijaveno-so-konkretni-dokazi/feed/ 0
Јолевски: Состојбата во основните обвинителства е загрижувачка, недостигаат 82 обвинители https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/jolevski-sostojbata-vo-osnovnite-obvinitelstva-e-zagrizuvachka-nedostigaat-82-obviniteli/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/jolevski-sostojbata-vo-osnovnite-obvinitelstva-e-zagrizuvachka-nedostigaat-82-obviniteli/#respond Fri, 23 Dec 2022 14:09:48 +0000 https://kurir.mk/?p=779700

Состојбата во Основните обвинителства е загрижувачка бидејќи тие се тие, кои ги продуцираат оние заостаток на предмети. Тие работат, но работат колку можат со бројот на обвинители кои го имаат. Во овој момент имаме 162 обвинители, од потребни 244, што значи 82 помалку, изјави денеска претседателот на Советот на јавни обвинители Антонио Јолевски. Сепак, нагласи Јолевски, тоа е голема бројка и нормално таа перцепција кај граѓаните ќе се јавува дека не се ажурни. – Во обвинителствата и онака негде нема ниту еден, во некои еден, а во некои по двајца обвинители. Прашањето е колку тие може да стигнат да ги покријат судењата, пред се. Затоа и огласот за избори го одложивме за јануари, кога ќе имаме точна бројка од Академијата за судии и јавни обвинители, изјави Јолевски. Основното јавно обвинителство Скопје, според Јолевски, во овој момент има најголем број на обвинители и проблемот е со сите останати обвинителства. – Затоа тука беа и забелешките да се притисне врз скопското обвинителство од страна на Вишиот обвинител. Да се ажурираат тие предмети, бидејќи сметаме дека основното обвинителство го има тој проблем за решавањето на предметите, а нормално половина од предметите во државата се на територија на скопското, изјави Јолевски. За реизборот на Мустафа Хајрулахи за шеф на Вишото јавно обвинителство Скопје, Јолевски рече дека очекува во следните четири години трендот на подобрување, кој започна со зачестени контроли да продолжи, меѓутоа ќе треба многу труд и напор за средување на тие состојби. – Ние ги констатираме сите негативности и слабости во извештаите и даваме одредени забелешки. Слушнавте денеска од колегите, дека тие забелешки се во целина на работата на Вишото јавно обвинителство Скопје, кое опфаќа речиси половина територија од државата, изјави Јолевски. За тоа што се откажаа двајца од тројцата кандидати, Јолевски, вели дека навистина е жално да имаме само по еден кандидат, да не може да бираме од повеќе кандидати, меѓутоа не по наша вина. – Тоа е по волја на пријавените кандидати. Колегата Штерјев го истакна тоа нешто. Меѓутоа, и оставањето на обвинителствата без шефови само ја одолговлекува постапката и правиме друг поголем проблем. Ниеден од тие што се в.д. поставени не презема порадикални чекори за решавање на проблемите бидјеќи е времено поставен, па сите избегнуваат да се зафатат со поголеми ангажмани затоа што не знае до кога ќе биде така. Затоа нас ни требаат тие трајни ршеенија, за да имаме можност, изјави Јолевски.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/jolevski-sostojbata-vo-osnovnite-obvinitelstva-e-zagrizuvachka-nedostigaat-82-obviniteli/feed/ 0
Јолевски: Потребна е итна измена на организационата поставеност на судовите и обвинителствата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/jolevski-potrebna-e-itna-izmena-na-organizacionata-postavenost-na-sudovite-i-obvinitelstvata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/jolevski-potrebna-e-itna-izmena-na-organizacionata-postavenost-na-sudovite-i-obvinitelstvata/#respond Tue, 13 Dec 2022 15:19:05 +0000 https://kurir.mk/?p=775084

Во идниот стратешки план под итно треба да се измени организационата поставеност на судовите и обвинителствата, со што точно ќе се знае колку кадри имаме и колку ќе бидат потребни, изјави претседателот на Советот на јавни обвинители, Антонио Јолевски, зборувајќи на првиот Панел на денешната конференција „Стратегијата за реформа на правосудниот сектор (2017 – 2022): Достигнувања, научени лекции и препораки“, што се одржа денеска во Скопје во организација на Блупринг групата. Со тоа, според Јолевски, ќе се избегне да имаме како сега судови во подрачја со шест-седум илјади жители, каде нема предмети и нема никаков интерес, а од друга страна има судови кои се преоптоварени. – Затоа треба да се промени таа мрежна поставеност и во таа стратегија, во Законот за јавно обвинителство и Законот за судови да се променат тие судови и обвинителства. Со тоа, барем јас лично мислам, ќе се придонесе концентрација на кадрите во места каде има повеќе потреба, изјави Јолевски. Во однос на забелешките од скрининг процесот во Брисел за работата на Советот на јавни обвинители, Јолевски рече дека се однесува на транспарентноста и делот на изборот и унапредувањето на јавните обвинители. – Се бара од нас да има образложеност на одлуките во делот на изборот и на разрешувањето. Забелешките за изборот и унапредувањето беа зошто не се дебатира, па ние во новата Стратегија треба тоа да го подобриме. Можеби би требало да размислиме за давање на некакво образложение во самата одлука, за да можат самите кандидати да утврдат и се уверат дека изборот бил непристрасен и според мерит систем. Во овие два правци беа забелешките во Брисел, изјави Јолевски. Одговарајќи на новинарско прашање што според Советот на ЈО би требало да содржи новата стратегија, Јолевски рече дека таа треба да се допрецизира и да се направи ревизија, односно измена на Законот за јавни обвинители. – Ние ќе предложиме, бидејќи сметаме дека со новата реформа 2023 – 2027 би требало да биде опфатена ревизија на сите закони, односно донесување на нови закони, дали ќе бидат изменувани или ќе бидат целосно менувани, тоа ќе зависи од законодавецот, ама и ние самите предлагаме бројни решенија, бидејќи со новиот Закон за ЈО се одзедоа многу надлежности на Советот. Укинато ни е упатување на обвинители, укинати ни се многу работи кои ги имаше Советот. Сега се доведовме во функција на набљудувачи, изјави Јолевски. Тој, исто така, посочи дека и при претходната измена на Законот биле вклучени во делот на изготвување, но нивните предлози не биле преточен во законскиот текст.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/jolevski-potrebna-e-itna-izmena-na-organizacionata-postavenost-na-sudovite-i-obvinitelstvata/feed/ 0
Јолевски: Од новиот шеф на ОЈО ГОКК очекуваме повеќе завршени предмети https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/jolevski-od-noviot-shef-na-ojo-gokk-ochekuvame-povekje-zavrsheni-predmeti/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/jolevski-od-noviot-shef-na-ojo-gokk-ochekuvame-povekje-zavrsheni-predmeti/#respond Mon, 07 Nov 2022 18:35:11 +0000 https://kurir.mk/?p=757042

Очекуваме дека Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција ќе си ја завршува работата онака како што треба и оти новиот шеф ќе си ги преземе сите мерки за да функционира според оние задачи и задолженија кои ги има. Дека ќе се гони криминалот, односно ќе се завршуваат повеќе предмети кои се во надлежност на тоа Обвинителство, изјави вечерва претседателот на Советот на јавни обвинители Антонио Јолевски,откако беа соопштени разултатите од гласањето за нов шеф на ОЈОГОКК, според кои Ислам Абази доби најмногу гласови. Комисијата за избори при ОЈО, соопшти дека најмногу гласови, 66, добил Ислам Абази. Втор, од четворицата кандидати по број на гласови е Ермон Незири со 64 гласови. Деса Пауновска има добиено 10 гласови, а Вилма Русковска 14. По објавувањето на резултатите претседателот на Комисијата Влатко Ѓеоргиев, за Абази кажа дека е исклучително добар човек и исклучително добар професионалец. Од Комисијата наведоа дека во рок од седум дена Ислам Абази треба да биде именуван за шеф на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција. Согласно Законот, како што укажаа од Комисијата, четворицата кандидати, како и избирачите имаат право на приговор во однос на резултатите од гласањето. Комисијата информираше дека на Изборно место 1 – Вишо јавно обвинителство Битола гласале 20 обвинители. Ислам добил 13 гласови, Незири Ермон – четири гласови, Пауновска Деса нема ниту еден глас, Вилма Рускоска – еден глас. Наважечки ливчиња има две. Изборно место број 2 – Вишо јавно обвинителство Гостивар, 18 гласачи. Ислам 16 гласови, Незири нема добиено ниту еден глас, Пауновска два гласови и Рускоска ниту еден глас. Изборно место број 3, Вишо ЈО Скопје, гласале 91 обвинител. Ислам 24 гласови, Незири 47 гласови, Пауновска пет гласови и Рускоска 12 гласови. Едно неважечко ливче, двајца обвинители не гласале. Изборно место број 4 – Вишо ЈО Штип – 21 гласач гласале, од 23. Ислам доби седум гласови, Незири 12 гласови, Пауновска два гласа, Рускоска нема добиено гласови. Изборно место број 5 – ЈО на РСМ – 11 гласачи, Ислам шест гласови, Незири еден глас, Пауновска еден глас, Рускоска еден глас. Едно ливче е неважечко, еден обвинител не излегол на гласање. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/jolevski-od-noviot-shef-na-ojo-gokk-ochekuvame-povekje-zavrsheni-predmeti/feed/ 0