Антонио Ристевски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 10 Feb 2022 14:53:48 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Антонио Ристевски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Циговски: Ристевски да одговори зошто речиси цела година зема полна плата, а го нема на работа https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/cigovski-ristevski-da-odgovori-zoshto-rechisi-cela-godina-zema-polna-plata-a-go-nema-na-rabota/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/cigovski-ristevski-da-odgovori-zoshto-rechisi-cela-godina-zema-polna-plata-a-go-nema-na-rabota/#respond Thu, 10 Feb 2022 14:53:48 +0000 https://kurir.mk/?p=629729

За време на Зимските олимписки игри во Пекинг, место со резултати и достигнувања на нашите спортисти, јавноста мора да чита за трулоста во нашиот спорт изразена преку препукувања за тоа кој е крив, а кој прав. Откако првиот човек на Скијачка федерација на Македонија, Огњан Циговски беше прозван на Фејсбук од Антонио Ристевски, кој револтиран објави каков мејл добил среде работа во Пекинг, реакција има и Циговски, кој тврди дека тоа се дезинформации. Соопштението ви го пренесуваме во целост: Почитувани, Скиjачката Федерација на Македонија, во врска со ставовите изнесени од поранешниот македонски олимпиец, скијачот Антонио Ристевски, до јавноста ги доставува следниве информации: Барањето за произнесување за отсуство од работа испратено до г.Ристовски беше испратено и до сите вработени кои го немаат оправдано отсуството, без исклучок и без оглед на личните и приватните достигнувања во спортот. За жал новото раководство на Федерацијата затекна ваква состојба на непочитување на професионалните работни задолженија од страна на вработените што редовно, секој месец подигаат плата. Од за нас нејасни причини, ваквата состојба била за жал толерирана од претходното раководство. За нас е очекувано што некој, во случајов г.Ристевски, е вознемирен што му се обраќаме писмено и преку овластени правни застапници. Навикнат да се однесува неодговорно, непрофесионално и неетички кон професионалните обврски во федерацијата, наместо да одговори зошто речиси цела година зема полна плата, а го нема на работа, г.Ристевски пласира невистини и дезинформации во јавноста. Со ваквото однесување г.Ристевки нанесува директна штета на македонското скијање бидејќи во негова директна надлежност е реализирањето или прецизно, заради неговото неработење, на нереализирањето, на Националната Програма за развој на скијачките спортови во РСМ. Сега станува многу појасно зошто толку тажно изгледа учеството на само тројца олимпијци од Македонија на зимските олимписки игри во Пекинг. Сега знаеме и дека четвртиот македонски учесник во Пекинг, во улога на тренер, е г.Ристовски. Тој што е лично одговорен за симболичното учество на нашата земја на зимската олимпијада 2022. Новото водство на Федерацијата ќе стави крај на сите вакви и слични девијации во работењето на секој поединец. Претходните успеси и резултати во скијачката кариера, која сега ја продолжува како тренер, го обврзуваат г.Ристевски, со целосна посветеност да им го пренесе своето знаење и искуство на генерациите што ги подготвува. Тука мислиме особено на фер плеј односот, колегијалноста и овозможувањето на простор за реализација на мотивациите и сонот на секој млад човек што сака да успее во белите спортови. За жал, наместо мотивација и масовна поддршка на многу млади таленти, г.Ристовски, селекторот на македонската репрезентација во алпско скијање, избрал да тренира само двајца спортисти со потенцијал да остварат забвележителни Олимписки резултати. Скијачката федерација на Македонија нема да толерира вакво самоволие. Во нашата држава има многу талентирани деца и младинци чијашто искрена поддршка и квалитетни подготовки ќе значат многу поуспешно и позначајно учество на големите натпреварувања и резултати и успеси за Македонија во белите спортиви на задоволство на сите наши граѓани. За крај, ќе ја искористам оваа можност, во мое лично име да ја информирам јавноста. Јас, Огњан Циговски, ги демантирам лагите на г.Ристевски поврзани со Скијачкиот центар Маврово. Имено не само што не му е забрането на ниту еден клуб да тренира, туку на ски – терените во Маврово секојдневно има клубови кои ги одржуваат своите тренинзи и тоа е евидентно и лесно проверливо. Сите тие клубови имаат целосна поддршка од Скијачкиот центар Маврово. Исто како што го поддржувавме и нашиот најголем и најдобар алпски скијач на сите времиња, со години наназад. Затоа што веруваме дека спортот е за спортистите. Притоа не само за еден (најдобриот), туку за сите. Со почит, Огњан Циговски Претседател на Скијачка федерација на Македонија]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/cigovski-ristevski-da-odgovori-zoshto-rechisi-cela-godina-zema-polna-plata-a-go-nema-na-rabota/feed/ 0
Олимписки циркуз: Ристевски е на ЗОИ во Пекинг, а скијачката федерација го прашува зошто не доаѓа на работа https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/olimpiski-cirkuz-ristevski-e-na-zoi-vo-peking-a-skijachkata-federacija-go-prashuva-zoshto-ne-doagja-na-rabota/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/olimpiski-cirkuz-ristevski-e-na-zoi-vo-peking-a-skijachkata-federacija-go-prashuva-zoshto-ne-doagja-na-rabota/#respond Wed, 09 Feb 2022 12:15:33 +0000 https://kurir.mk/?p=629155

Повторно кога се во прашање Зимските олимписки игри наместо резултатите на нашите олимпијци во преден план се скандали и „дневно политички“ препукувања меѓу нашите спортисти. Поранешниот олимпиец Антонио Ристевски, а сега тренер на алпскиот скијач Дардан Дехари се наоѓа во Пекинг каде што токму Дехари требаше да настапи на трките во слалом и велеслалом, но поради повреда на предните вкрстени лигаменти мораше да се откаже од трките. Ристевски го обвинува првиот човек на скијачката федерација на Македонија, Огњан Циговски дека бара оправдание од него зошто не се појавил на работа, токму во матичната федерација. Целото соопштение на Ристевски ви го пренесуваме во целост. „Повод за ова мое емотивно обраќање од ЗОИ во Пекинг е големото лично разочарување што македонскиот спорт повторно губи од кусогледи епизодисти залутани во спортските федерации. Затоа, однапред се извинувам на јавноста што сум принуден ова да го сторам среде ЗОИ. Наместо “спортот на спортистите” испадна “спортистите аут од спортот”. Јас како најдобриот македонски алпски скијач и олимпиец на сите времиња, со кариера повеќе од 20 години доживеав да се правдам заради тоа што сум тренер на најдобрите македонски алпски скијачи, кои оваа сезона покажаа одлични резултати заради кои заедно допатувавме во Пекинг. Замислете, целата јавност знае дека сме на ЗОИ само г-дин Огњан Циговски не знае! Го пишувам ова јавно бидејќи сум огорчен. 11 месеци трпам тортура, а надлежните државни институции се неми за нечие самовластие. Цел овој период и живеев со целиот тој стрес секој ден во ИНТЕРЕС НА МАКЕДОНСКИТЕ СКИЈАЧИ И МАКЕДОНСКИОТ СПОРТ, пред се поради олимписките квалификации и Олимписките игри во Пекинг 2022. Целата оваа фарса против мене, мојот клуб и мојата должност како главен тренер на алпските репрезентации во Скијачката Федерација и најдобрите македонски алпски скијачи е јасна, сакаат да ме отстранат од спортот. Едноставно мојот спортски габарит е преголем за нечија неспособност и малодушност. Ама и тоа не е проблем, јас на оваа позиција дојдов со искуство , резултат, способност и знаење, а не како некои кои сега се замислуваат дека се спортска власт и одлучуваат за спортските судбини. Јас имам каде да одам и што да правам во овој спорт, ама г-дине Циговски вие ќе останете сам во таа федерација. Можеби тоа и е вашата цел. Како што сте тргнале ќе бидете запомнети како гробари на македонското спортско скијање. ПА ДА ВИ КАЖАМ , ЈАС бев и сум на ЗОИ во Пекинг заедно со Дардан, каде гордо и достоинствено ја претставуваме нашата Држава. Ние ќе бидеме светлата страна на историјата. Тоа не може да го избришете со мејлови, закани, препорачани писма, забрани за тренинг на “вашето Маврово”….можеби можете да ме избркате од работа, но спортската душа никогаш нема да ми ја одземете!!!“, наши Ристевски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/olimpiski-cirkuz-ristevski-e-na-zoi-vo-peking-a-skijachkata-federacija-go-prashuva-zoshto-ne-doagja-na-rabota/feed/ 0
ФОТО: Се ожени македонскиот олимпиец Ристевски, неговата сопруга е вистинска убавица https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/foto-se-ozeni-makedonskiot-olimpiec-ristevski-negovata-sopruga-e-vistinska-ubavica/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/foto-se-ozeni-makedonskiot-olimpiec-ristevski-negovata-sopruga-e-vistinska-ubavica/#respond Thu, 04 Oct 2018 11:15:08 +0000 https://kurir.mk/?p=110665

Аплскиот скијач Антонио Ристевски кој под боите на македонското знаме има настапувано и на Олимписки игри, неодамна стапи во брачните води. Кој крајот на минатиот месец, тој и неговата поубава половина Софиа, го кажаа судбоносното „ДА“ откако скијачот ја запроси минатата година. Заљубениот пар на социјалните мрежи објави неколку фотографии од тоа како помина нивниот посебен ден. За изгледот на неговата сопруга, која е вистинска убавица, сите имаат само пофални зборови. Атмосферата во еден од скопските ресторани каде се одржала прославата, била одлична за што се погрижиле и младите кои во својот прв танц ги воодушевиле присутните гости. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/foto-se-ozeni-makedonskiot-olimpiec-ristevski-negovata-sopruga-e-vistinska-ubavica/feed/ 0
Антонио Ристевски не ја заврши трката во велеслалом https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/antonio-ristevski-ne-ja-zavrshi-trkata-vo-veleslalom/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/antonio-ristevski-ne-ja-zavrshi-trkata-vo-veleslalom/#respond Sun, 18 Feb 2018 08:36:16 +0000 http://kurir.mk/?p=22605

Македонскиот репрезентативец Антонио Ристевски имаше неуспешен настап на велеслаломската трка на Зимските олимписки игри во Пјонгчанг. Нашиот скијач не успеа да ја заврши патеката, останувајќи без пласман на ова натпреварување. Ристевски  по првото мерно време имаше време од 17,94 секунди, што беше заостанување од 1,24 секунди од тогаш водечкиот скијач, меѓутоа нашиот скијач излета од патеката и не успеа да стигне до целта. Ристевски е најискусен од нашите тројца олимпијци во Пјонгчанг, а пред четири години во Сочи заврши на 29. место во оваа дисциплина.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/antonio-ristevski-ne-ja-zavrshi-trkata-vo-veleslalom/feed/ 0