антракс – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 16 Jul 2022 15:47:17 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png антракс – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Потврдено присуство на антракс во Хрватска: Угинаа 100 говеда, 4 лица во болница https://arhiva.kurir.mk/makedonija/potvrdeno-prisustvo-na-antraks-vo-hrvatska-uginaa-100-goveda-4-lica-vo-bolnica/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/potvrdeno-prisustvo-na-antraks-vo-hrvatska-uginaa-100-goveda-4-lica-vo-bolnica/#respond Sat, 16 Jul 2022 15:47:17 +0000 https://kurir.mk/?p=706270

Во Хрватска денеска е потврдено присуство на антракс од кој веќе угинале повеќе од 100 говеда, а четири лица се во болница. Лабораториска анализа на примероци од угинати животни направил Хрватскиот ветеринарен институт во Загреб. Министерството за земјоделство во Загреб соопшти дека кај говедата што угинале во реонот на паркот на природата „Лоњско Поље“ е потврдена болеста антракс. Се наведува дека на пасиштата Осеково угинале голем број животни, а на угинувањето им претходела појава на невролошки проблеми. Според неофицијални информации на загрепски Вечерњи лист, угинале 107 говеда, додека четири лица се заразени. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/potvrdeno-prisustvo-na-antraks-vo-hrvatska-uginaa-100-goveda-4-lica-vo-bolnica/feed/ 0
Трипуновски: Атанасов да си поднесе оставка заради неодговорното однесување и нестручно управување со институциите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tripunovski-atanasov-da-si-podnese-ostavka-zaradi-neodgovornoto-odnesuvanje-i-nestruchno-upravuvanje-so-instituciite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tripunovski-atanasov-da-si-podnese-ostavka-zaradi-neodgovornoto-odnesuvanje-i-nestruchno-upravuvanje-so-instituciite/#respond Wed, 14 Aug 2019 10:27:16 +0000 https://kurir.mk/?p=229572

Се наоѓаме пред дувлото на криминалниот октопод - централниот штаб на СДСМ, партија каде претседател на комисијата за земјоделие е Зоран Атанасов, човекот кој е пулен на Заев. Истиот оној човек кој две недели криеше од македонската јавност дека во Македонија има случај на антракс, изјави денес Цветан Трипуновски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ. Тој истакна дека претседателот на партиската комисија за земјоделие на СДСМ, Атанасов е човекот кој оваа година го остави добитокот во 22 дистриктни подрачја во Република Македонија невакциниран од антракс, а со тоа постои сериозна опасност оваа болест која што се пренесува и на луѓето да се рашири на целата територија на Република Македонија. Според Трипуновски негрижата на Атанасов е негрижа на СДСМ. -Атанасов со своето неодговорно однесување, го прекршил и законот според кој е должен да ги извести граѓаните кога има случај на антракс во државата. Тој тоа не го сторил и свесно го криел. Зошто, се уште не одговара. Одговорност мора да има. Атанасов мора да си поднесе оставка. Нестручното и неодговорното однесување и управување со институциите покрај економските загуби во сточарството може да предизвика и човечки жртви. Господине Атанасов, кажете му на вашиот партиски шеф Зоран Заев, дека го уништи земјоделието во Република Македонија . Сточарите се во без излез, полјоделците и овоштарите одамна во бездна. Земјоделецот го пониживте и затоа треба да си заминете. Предвремени избори веднаш. Оваа влада веќе нема капацитет да управува со Република Македонија, посочи Трипуновски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tripunovski-atanasov-da-si-podnese-ostavka-zaradi-neodgovornoto-odnesuvanje-i-nestruchno-upravuvanje-so-instituciite/feed/ 0
Регионалните медиуми пишуваат за појавата на антракс во Македонија (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/regionalnite-mediumi-pishuvaat-za-pojavata-na-antraks-vo-makedonija-foto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/regionalnite-mediumi-pishuvaat-za-pojavata-na-antraks-vo-makedonija-foto/#respond Mon, 12 Aug 2019 10:52:23 +0000 https://kurir.mk/?p=228856

Медиумите од земјите од регионот известуваат за појавата на заразната болест антракс во Македонија. Имено, болеста антракс е потврдена кај угината овца во селото Долно Строгомиште во кичевско, случај за кој властите две недели криеле од македонската јавност, а веста беше обелоденета од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, наместо од надлежните. Откако опозицијата го обелодени овој скандалозен случај, за прв се јавија надлежните институции кои ја потврдија информацијата. Од Министерството за здравство и Агенцијата за храна и ветеринарство информираа дека нема заразени граѓани и дека преземени се сите превентивни мерки.   Но се уште не е соопштено дали оваа болест е појавена и на други одгледувалишта на животни и зошто сите надлежни институции две недели молчеа за појава на ваква сериозна и заразна болест. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/regionalnite-mediumi-pishuvaat-za-pojavata-na-antraks-vo-makedonija-foto/feed/ 0
Во 22 населени места во Македонија постои опасност од појава на антракс https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-22-naseleni-mesta-vo-makedonija-postoi-opasnost-od-pojava-na-antraks/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-22-naseleni-mesta-vo-makedonija-postoi-opasnost-od-pojava-na-antraks/#respond Mon, 12 Aug 2019 09:38:11 +0000 https://kurir.mk/?p=228828

Нема ново животно заболено од антракс, а опасната заразна болест не е регистрирана кај луѓето, тврдат од Агенцијата за храна и ветеринарство. Од АХВ велат дека покрај селото во кичевско каде беше регистриран последниот случај на антракс кај овца, има уште 22 населени места во државата каде постои опасност од појава на болеста. Во тие места каде се појавувала болеста изминатите години, според АХВ се прави вакцинација на сите животни против антракс и тоа трае 20 години колку што може да опстои бактеријата во почвата. Инаку во кличевското село биле спалени 9 мрши на овци и ветеринарите пепелта ја ставиле во почва. Директорот на АХВ со уверување дека тешко може човек да се зарази со антракс од заразно месо, бидејќи при колење на животни мора да биде приложен здравствен сертификат. Вчера пак, од Ветеринарниот факултет соопштија дека нивни вработени кои ги правеле анализите на заболената овца, земаат превентивна терапија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-22-naseleni-mesta-vo-makedonija-postoi-opasnost-od-pojava-na-antraks/feed/ 0
Јавноста втор ден бара одговори од власта која две недели скандалозно криеше присуство на антракс во Македонија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/javnosta-vtor-den-bara-odgovori-od-vlasta-koja-dve-nedeli-skandalozno-krieshe-prisustvo-na-antraks-vo-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/javnosta-vtor-den-bara-odgovori-od-vlasta-koja-dve-nedeli-skandalozno-krieshe-prisustvo-na-antraks-vo-makedonija/#respond Mon, 12 Aug 2019 08:57:51 +0000 https://kurir.mk/?p=228777

Јавноста втор ден бара одговори од власта која две недели криеше од граѓаните во Македонија дека има детектирано антракс. Како што вчера ВМРО-ДПМНЕ откри властите во Македонија веќе две недели кријат дека има детектирано Антракст во Македонија. -Зоран Заев, под чиј диктат е МЗШВ и АХВ неодговорно се однесуваат со здравјето на граѓаните. Зошто две недели се молчи? Преземени ли се сите неопходни мерки за заштита на луѓето? Дали е пуштено во промет месо од животни заболени од антракс? Власта мора да одговори. Граѓаните заслужуваат одговори, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Вчера по откривањето на овој скандал тие додадоа дека наместо на скапи ручеци и на менување закони по диктат на Заев, Димковски и неговиот кабинет да се насочат кон граѓаните. -Неминовниот пораз кој ги очекува на претстојниот предвремени парламентарни избори не е оправдување да не работат ништо во меѓувреме, стои во вчерашната реакција на ВМРО-ДПМНЕ. По обелоденување на скандалот се огласи и Министерството за здравство кое исто така две недели го криеше скандалот. Министерството за здравство во однос на информациите дека кај добитокот во делови од државава се појавила заразата антракс, соопшти дека нема заболени граѓани од антракс. -Ситуацијата внимателно се следи и се постапува високо стручно по најсовремени светски протоколи. Преземени се сите потребни мерки за превенција со профилакса од антракс, стои во соопштението на Министерството. За сега е потврдено дека нема заразено луѓе, но институциите молчат дали има заразен добиток, а штом се делува превентивно се отвора сомнеж дека таков случај веќе постои во земјава. По Здравство, задоцнето се крена на нозе и АХВ кое призна дека во Македонија е пронајден случај на антракс. Сите потребни мерки за справување со болеста антракс во селото Долно Строгомиште во Кичевско се преземени. Засега болеста е детектирана само кај едно одледувалиште, а соседните се ставени под надзор на официјален ветеринар. Нови случаи на појава на болеста кај добитокот нема, а нема и заболени луѓе од антракс. Сепак јавноста бара официјалните лица да сносат одговорност поради криење на овој случај во јавноста дури две недели.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/javnosta-vtor-den-bara-odgovori-od-vlasta-koja-dve-nedeli-skandalozno-krieshe-prisustvo-na-antraks-vo-makedonija/feed/ 0
Ветеринарниот факултет со потврда за антракс, нема заболени меѓу нивните вработени https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/veterinarniot-fakultet-so-potvrda-za-antraks-nema-zaboleni-megju-nivnite-vraboteni/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/veterinarniot-fakultet-so-potvrda-za-antraks-nema-zaboleni-megju-nivnite-vraboteni/#respond Sun, 11 Aug 2019 15:20:19 +0000 https://kurir.mk/?p=228654

Факултетот за ветеринарна медицина од Скопје потврди за позитивен резултат на антракс и информира дека се преземаат сите потребни мерки за превенција и се постапува високо стручно по најсовремени безбедносни протоколи. Согласно законските прописи, Факултетот ги известил Агенцијата за храна и ветеринарство, Министерството за здравство, Државниот здравствен и санитарен инспекторат и Центарот за јавно здравје – Скопје. -Факултетот во консултација со Универзитетската клиника за инфективни болести и по нивна препорака, а согласно утврдените протоколи за профилактички третман во случај на потенцијална изложеност на антракс, кај вработените кои биле изложени на контакт со мострата е индицирана профилакса, стои во соопштението. Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје, како што наведуваат во соопштението, нема вработени лица заболени од антракс.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/veterinarniot-fakultet-so-potvrda-za-antraks-nema-zaboleni-megju-nivnite-vraboteni/feed/ 0
ВМРО-ДПМНЕ: Власта две недели крие од граѓаните дека има детектирано антракс https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-vlasta-dve-nedeli-krie-od-gragjanite-deka-ima-detektirano-antraks/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-vlasta-dve-nedeli-krie-od-gragjanite-deka-ima-detektirano-antraks/#respond Sun, 11 Aug 2019 14:40:18 +0000 https://kurir.mk/?p=228646

Власта две недели крие од граѓаните дека има детектирано антракс во Македонија, велат од ВМРО-ДПМНЕ. -Зоран Заев, под чиј диктат е МЗШВ и АХВ неодговорно се однесуваат со здравјето на граѓаните. Зошто две недели се молчи? Преземени ли се сите неопходни мерки за заштита на луѓето? Дали е пуштено во промет месо од животни заболени од антракс? Власта мора да одговори. Граѓаните заслужуваат одговори. Наместо на скапи ручеци и на менување закони по диктат на Заев, Димковски и неговиот кабинет да се насочат кон граѓаните. Неминовниот пораз кој ги очекува на претстојниот предвремени парламентарни избори не е оправдување да не работат ништо во меѓувреме, стои во денешната реакција на ВМРО-ДПМНЕ. Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-vlasta-dve-nedeli-krie-od-gragjanite-deka-ima-detektirano-antraks/feed/ 0
Канал5: Вирусот антракс со децении вирее во Македонија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kanal5-virusot-antraks-so-decenii-viree-vo-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kanal5-virusot-antraks-so-decenii-viree-vo-makedonija/#respond Sun, 11 Aug 2019 14:05:23 +0000 https://kurir.mk/?p=228620

Засега нема заразени луѓе со антракс, потврдуваат од Министерството за здравство. Инфективното заболување е потврдено кај овца од кичевскиот регион, јавува  Канал5 телевизија. Овцата имала симптоми на ова заболување и резултатите покажале позитивен наод за антракс. Во ваква состојба сите кои биле во контакт со заболеното животно мора да примаат заштитна профилакса или антибиотици, велат извори за Канал 5 од Комисијата за заразни заболувања. Испитувањата потврдиле дека никој од проверените вработени, но и граѓани кои биле во близина на овцата немаат антракс. Надлежните излегле на терен, и не утврдиле нови случаи со антракс. Опозициската ВМРО ДПМНЕ денеска на прес конвенција ја објавија информацијата за антракс со образложение дека власта повеќе од две недели молчела за појавата на антракс. Антраксот е заболување предизвикано од бактерија и најчесто се појавува кај домашните и дивите животни. Луѓето можат да се заразат преку директен или индиректен контакт. Во ретки случаи се пренесува и од човек на човек. Најчесто бактеријата навлегува во телото преку рана на кожата, а човекот може да заболи преку заразено месо. Знаци и симптоми се кожни рани, подгинат јазол на кожата што чеша и наликува на убод на инсект со црн центар на раната, гадење, повраќање. Антраксните спори може да останат во земјата не промените и до 60 години и да најдат свој домаќин. Инкубацијата е седум дена. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kanal5-virusot-antraks-so-decenii-viree-vo-makedonija/feed/ 0
АХВ: Во Македонија пронајден случај на антракс https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ahv-vo-makedonija-pronajden-sluchaj-na-antraks/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ahv-vo-makedonija-pronajden-sluchaj-na-antraks/#respond Sun, 11 Aug 2019 13:59:08 +0000 https://kurir.mk/?p=228611

Сите потребни мерки за справување со болеста антракс во селото Долно Строгомиште во Кичевско се преземени. Засега болеста е детектирана само кај едно одледувалиште, а соседните се ставени под надзор на официјален ветеринар. Нови случаи на појава на болеста кај добитокот нема, а нема и заболени луѓе од антракс. Ова го наведуваат од Агенцијата за храна и ветеринарство во демант на прес-конференцијата на Цветан Триупновски од ИК на ВМРО-ДПМНЕ во кој наведуваат дека партијата и овој пат во недостиг на идеи како да го „анимира“ народот, ја манипулира јавноста, непотребно се обидува да влее страв преку лиферување лажни информации. -Агенцијата за храна и ветеринарство е одговорна институција, болеста за која денес ВМРО – ДПМНЕ непотребно создава паника не е новост во нашата земја и за неа согласно Годишната наредба за здравствена заштита на животните се врши превентивна вакцинација во дистриктите (места каде се преземаат посебни мерки за сузбивање и искоренување на оваа болест со задолжителна вакцинација на животните во наредните 20 години). Во последните десет години болеста антракс е дијагностицирана во државата во 2009 година во Велес и 2015 година во село Раович, Сарај, наведуваат од Агенцијата за храна и ветеринарство. Појаснуваат дека во селото Долно Строгомиште во Кичевско се преземени неопходните мерки. Угинатите животни под надзор на официјален ветеринар се спалени и нештетно отстранети, во фармата е извршено темелно чистење и дезинфекција. Донесена е и забрана за влез и излез на животни од и во одгледувалиштето. -Болеста е детектирана само кај едно одгледувалиште. Соседните одгледувалишта се ставени под надзор на официјален ветеринар. Нови случаеви на појава на болеста кај добитокот нема, стои во соопштението. Информираат дека одржан е итен соостанок на Комисијата за заразни болсети при Министерството за здравство, спроведени се и епидемиолошко испитување за утврдување на можниот извор на заразата, а се врши и едукација на населението од ова населено место. Исто така, се спроведува интерна постапка за утврдување на почитување на пропишаните процедури во случај на појава на зоонозни болести кај животните. Од АХВ истакнуваат дека наредена е мерка спроведување на вакцинација кај добитокот против болеста Антракс во оваа населено место. -Како одговорна институција, апелираме ваквите состојби да не се злоупотребуваат и користат во политички цели, непотребно да не се менипулира и злоупотребува народот, туку да се верува на институциите кои се грижат за заштита и на здравјето на граѓаните и на животните, стои во демантот од Агенцијата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ahv-vo-makedonija-pronajden-sluchaj-na-antraks/feed/ 0