антропологија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 25 Jun 2021 05:17:59 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png антропологија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Денови на етнологија и антропологија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/denovi-na-etnologija-i-antropologija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/denovi-na-etnologija-i-antropologija/#respond Fri, 25 Jun 2021 05:17:59 +0000 https://kurir.mk/?p=527715

Во организација на Институтот за етнологија и антропологија при Природно-математичкиот факултет, УКИМ, од денеска до 27 јуни во кафе-книжарницата „Буква“ ќе се одржат Денови на етнологија и антропологија. Програмата предвидува осум промоции на книги и на посебен тематски број на институтското списание ЕтноАнтропоЗум, четири проекции на филмови и два музичко-сценски настапи. Помеѓу книгите има научни истражувања, скапоцени етнографски извори, како и неколку стрипови. Музички настап во живо ќе има чалгија „Мерак“ со група студенти на ИЕА, а предвиден е и музичко-сценски перформанс: „Матен Вардар дотече: фолклорен еротикон“ со читање еротска народна проза и поезија. Филмовите пак се однесуваат на постот во различни религии, на дервишкиот обред Зик’р, на чалгиската традиција во македонската музика и на продавницата за облека од втора рака „Копче“ на Црвениот крст на град Скопје. Целта на настанот, како што вели организаторот, е да се промовираат активностите на Институтот за етнологија и антропологија, како и новата студиска програма на овој Институт по Менаџмент и заштита на културно наследство, која ќе започне во учебната 2021/22 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/denovi-na-etnologija-i-antropologija/feed/ 0