Анже Логар – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 24 Oct 2022 07:11:42 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Анже Логар – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Анже Логар и Пирц Мусар во вториот круг од претседателските избори во Словенија https://arhiva.kurir.mk/svet/region/anze-logar-i-pirc-musar-vo-vtoriot-krug-od-pretsedatelskite-izbori-vo-slovenija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/anze-logar-i-pirc-musar-vo-vtoriot-krug-od-pretsedatelskite-izbori-vo-slovenija/#respond Mon, 24 Oct 2022 07:23:35 +0000 https://kurir.mk/?p=749740

Поранешниот словенечки министер за надворешни работи Анже Логар освои најмногу гласови во првиот круг од претседателските избори. Според речиси конечните резултати кои покриваат 99,9 отсто од преброените гласови, Логар (46) доби речиси 34 отсто од гласовите, а неговата противкандидатка од левиот центар Наташа Пирц Мусар (54) нешто помалку од 27 отсто од гласовите. Околу 1,7 милиони гласачи ќе одлучуваат за новиот претседател во вториот круг од изборите закажан за 13 ноември.
Логар е член на Словенечката демократска партија (СДС) на поранешниот премиер Јанез Јанша, кој беше разрешен пролетта по контроверзниот мандат проследен со бројни демонстрации. Неговата противкандидатка, адвокатката Наташа Пирц Мусар, синоќа изрази надеж дека ќе стане првата жена што ќе ја предводи Словенија. Премиерот Роберт Голоб, чиј кандидат Милан Брглез освои 15,4 отсто од гласовите, навести своја поддршка за Наташа Пирц Мусар. Новиот претседател ќе го наследи Борут Пахор (58), кој беше во два мандати од пет години.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/anze-logar-i-pirc-musar-vo-vtoriot-krug-od-pretsedatelskite-izbori-vo-slovenija/feed/ 0
Логар: Словенија подготвена да прими максимум пет соработници на ЕУ од Авганистан https://arhiva.kurir.mk/svet/region/logar-slovenija-podgotvena-da-primi-maksimum-pet-sorabotnici-na-eu-od-avganistan/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/logar-slovenija-podgotvena-da-primi-maksimum-pet-sorabotnici-na-eu-od-avganistan/#respond Wed, 18 Aug 2021 14:05:13 +0000 https://kurir.mk/?p=552234

Шефот на словенечката дипломатија, Анже Логар, денеска изјави дека Словенија нема намера да прифаќа бегалци од Авганистан, освен максимум пет Авганистанци кои работеле за ЕУ. На вчерашниот онлајн состанок европските министри за надворешни работи се согласија дека земјите -членки треба да обезбедат солидарност и помош за оние кои работеле како преведувачи за европската дипломатска служба или како локални логистичари и за членовите на нивните семејства, бидејќи сега се соочуваат со „смртна закана“ во Авганистан. -Ќе покажеме солидарност со прифаќање на соработниците во ЕУ и засега нема да понудиме друг товар, изјави Логар пред новинарите во Брисел. Што се однесува до другите можни бегалци, како што се новинари или активисти на невладини организации, кои, исто така, може да бидат изложени на ризик, Словенија во моментов нема такви намери како што најавија некои други европски земји, кои имаа подолго присуство во Авганистан и ги знаат околностите „од прва рака“, додаде министерот. Европските министри на состанокот се согласија дека товарот од можни нови миграциски бранови од оваа земја треба да го преземат земјите во соседството на Авганистан за да не се повтори мигрантскиот бран како оној од 2015/16 година. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/logar-slovenija-podgotvena-da-primi-maksimum-pet-sorabotnici-na-eu-od-avganistan/feed/ 0