апанажа – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 07 Dec 2022 15:43:26 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png апанажа – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Апанажата на разрешените функционери пред укинување – Уставен поведе постапка https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/apanazata-na-razreshenite-funkcioneri-pred-ukinuvanje-ustaven-povede-postapka/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/apanazata-na-razreshenite-funkcioneri-pred-ukinuvanje-ustaven-povede-postapka/#respond Wed, 07 Dec 2022 15:43:26 +0000 https://kurir.mk/?p=772400

За Уставниот суд е спорнa aпaнажата на функционерите и пратениците кога самите даваат оставки или кога се разрешени, па денеска поведе постапка за членот 22 од Законот за плати и надоместоци на избрани и именувани лица кој им го овозможува ова право. Тоа, велат од Уставниот суд, значи дека Судот е на чекор да го укине правото на функционерите кои иако самите си даваат оставки или се разрешени од функциите поднесуваат барања и си ја земаат платата и до година дена, а не се веќе на функција. Во членот за кој е поведена постапка е предвидено дека пратеник, функционер и раководен работник кој поднел оставка или е разрешен од должноста пред истекот на времето за кое е избран, именуван или назначен, ги има правата на остварување на плата по престанувањето на функцијата. Лицата додека го остваруваат правото на плата, имаат право и на надоместок за користење на годишен одмор, според став 2 од членот 22 од Законот. Што се однесува до останатите одредби Судот одлучи да не поведе постапка за оценување на уставноста на членовите: 19, 20, 21, 23, 24 и 25 од Законот означен во точката 1 од ова решение и одлучи да ја отфрли иницијативата по однос на барањето за оцена на меѓусебната согласност на одредбите означени во точките 1 и 2 од ова решение со членовите: 105, 106 и 113 од Законот за работни односи. Ваков случај имаше пред четири години кога апанажа побараа членовите на ДИК кои во 2017-та година сами си поднесоа оставки под притисок на јавноста и американскиот амбасадор Џез Бејли кој јавно ги искритикува дека си изгласале бонуси за локалните избори во висина од четири и две дополнителни плати.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/apanazata-na-razreshenite-funkcioneri-pred-ukinuvanje-ustaven-povede-postapka/feed/ 0
Четворица од доскорешните министри одат на апанажа https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/chetvorica-od-doskoreshnite-ministri-odat-na-apanaza/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/chetvorica-od-doskoreshnite-ministri-odat-na-apanaza/#respond Fri, 21 Jan 2022 16:03:48 +0000 https://kurir.mk/?p=621735

Досега барање за апанажа до Собранието доставиле Димитров, Царовска и Шекеринска, додека на Хоџа од Беса барањето му е веќе одобрено Четворица од доскорешните министри во владата на Зоран Заев одат на апанажа, а бројката може да биде и поголема со оглед на тоа што се уште тече рокот во кој може да се поднесе вакво барање до собраниската Комисија за избори и именувања. Според информациите од Собранието, од поранешните членови на Владата на кои им заврши мандатот ноќта на 16 јануари, кога беше избран новиот владин кабинет, досега барање за апанажа доставиле доскорешните вицепремиер за европски прашања Никола Димитров, министерка за образование, Мила Царовска, и министерка за одбрана, Радмила Шекеринска. Претходната недела, пак Комисијата за избори и именувања го одобрила барањето за апанажа на ексминистерот за земјоделство, Адријанит Хоџа.ј, како што информираа од Собранието, има право на апанажа во траење од девет месеци, со оглед на тоа што беше на функцијата од септември 2020 година до ноември 2021 година. Деветмесечна апанажа му е одобрена и на поранешниот заменик-министер за култура од редовите на Беса, Седат Сулејмани, кој исто како и Хоца поднесе оставка во ноември минатата година. Според Законот за плата и други надоместоци на пратениците и другите избрани и именувани лица, функционерите на кои им престанал мандатот имаат рок од 30 дена да се вратат настарите работни места или да побараат апанажа, која им следува во зависност од тоа колку време биле на функцијата, но не подолго од една година. Ако мандатот на функционерот траел до шест месеци, тој има право на апанажа од три месеци. За мандат од шест до 12 месеци следува апажа половина година. Надоместокот е во траење од девет месеци за мандат од 12 до 24 месеци, а за подолг мандат од две години следува апанажа од една година. За време на остварувањето на ова право пратеникот ксфункционерот нема право на други примања и надоместоци на трошоц, односно апанажата ќе биде прекината, ако во меѓувреме се вработи. Надоместокот е во висина на платата што ексфункционерот ја добивал додека бил на функцијата. Димитров, Шекеринска и Царовска беа членови на Владата од средината на 2017, почнувајќи во првиот, а продолжувајќи и во вториот кабинет на Заев. Во периодот 2017-2020, Димитров беше шеф на дипломатијата, а Царовска министерка за труд и социјална политика, а едно време и вицепремиерка за економија – во преодната Влада, додека Шекеринска во изминатите четири и пол години беше на чело на одбраната. Од министерските позиции овој месец заминаа и Ирена Стефоска (култура), која е професорка на Институтот за национална историја и лекарката Јагода Шахпаска (труд и социјална политика), кои веројатно се враќаат на старите работни места. Досегашниот премиер Зоран Заев, пак, најави дека се враќа во семејните фирми во родната Струмица.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/chetvorica-od-doskoreshnite-ministri-odat-na-apanaza/feed/ 0
Димитров, Царовска и Шеќеринска бараат апанажа, за да земаат министерска плата во траење од 3 до 12 месеци иако повеќе не се на функцијата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dimitrov-carovska-i-shekjerinska-baraat-apanaza-za-da-zemaat-ministerska-plata-vo-traenje-od-3-do-12-meseci-iako-povekje-ne-se-na-funkcijata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dimitrov-carovska-i-shekjerinska-baraat-apanaza-za-da-zemaat-ministerska-plata-vo-traenje-od-3-do-12-meseci-iako-povekje-ne-se-na-funkcijata/#respond Fri, 21 Jan 2022 14:53:32 +0000 https://kurir.mk/?p=621695

Поранешните министри Никола Димитров, Мила Царовска и Радмила Шеќеринска-Јанковска побарале апанажа. Тоа подразбира дека, доколку Собранието им ја одобри, ќе продолжат да земаат министерска плата во траење од 3 до 12 месеци, зависно од министерскиот стаж. Минатата недела, Собранието веќе им одобри апанажа во траење од 9 месеци на екс министрите Арјанит Хоџа и Седат Сулејмани. Зоран Заев, Венко Филипче и Ирена Стефоска се изјаснија дека нема да го користат ова право и дека по оставките во Владата, се враќаат на своите претходни работни места.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dimitrov-carovska-i-shekjerinska-baraat-apanaza-za-da-zemaat-ministerska-plata-vo-traenje-od-3-do-12-meseci-iako-povekje-ne-se-na-funkcijata/feed/ 0
За четири години, 107 функционери го искористиле правото на апанажа https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/za-chetiri-godini-107-funkcioneri-go-iskoristile-pravoto-na-apanaza/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/za-chetiri-godini-107-funkcioneri-go-iskoristile-pravoto-na-apanaza/#respond Fri, 02 Oct 2020 15:35:47 +0000 https://kurir.mk/?p=411635

Во периодот од 2014 до 2018 година 107 државни функционери го искористиле правото на апанажа, информираше денеска Државната комисија за спречување корупција. Од нив, 29 биле службеници во Владата, а 78 во Собранието. Од 107 лица кои се предмет на анализата, 89 лица по престанокот на користењето на апанажата повторно се вработиле – 46 во државни институиции, а 43 во приватниот сектор. По апанажата не се вработиле 18 лица. Износот на апанажата за лицата кои биле на функции во Влада изнесува околу 71.000 денари, а на оние кои им завршил пратеничкиот мандат, околу 100.000 денари. Антикорупциската комисија објави дека ќе бара законски измени околу правото на апанажа по престанокот на функцијата. Од анализата што ја презентираше ДКСК е заклучено дека директорите и нивните заменици сами на себе со акти си доделиле службени возила на користење седум дена во неделата и без лимит на километража. Од антикорупциска соопштија и дека 12 пратеници од претходниот парламентарен состав не доставиле анкетен лист, а шестмина со задоцнување и против нив ќе бидат поднесени прекршочни пријави. Антикорупциска побара и да им биде доставен одговор околу нивното барање да се поведе постапка за одговорност за директорот на Агенцијата за филм, Горјан Тозија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/za-chetiri-godini-107-funkcioneri-go-iskoristile-pravoto-na-apanaza/feed/ 0
Апанажа побарале 44 пратеници од минатиот собраниски состав https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/apanaza-pobarale-44-pratenici-od-minatiot-sobraniski-sostav/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/apanaza-pobarale-44-pratenici-od-minatiot-sobraniski-sostav/#respond Fri, 11 Sep 2020 11:26:19 +0000 https://kurir.mk/?p=402016

Доколку добие предлог од Владата за укинување на патните трошоци на сите избрани и именувани функционери, вклучувајќи ги и пратениците, претседателот на Собранието ќе достави предлог до пленумот за гласање. Но, вели Џафери, не очекува такво нешто, иако во јавноста некои пратеници најавуваа дека ќе се откажат од патните трошоци. Според него, поединечно барање на пратеник или фунционер се коси со Уставот. – Ако сакаат да доаѓаат со тротинет, ќе им обезбедам паркинг на пратениците, вели Џафери на брифинг со новинарите, додавајќи дека доколку функционерите сакаат да се откажат од службените возила нека одат на работа со тротинет. Претседателот на Парламентот смета дека 120 пратеници се избрани од граѓаните и оти во јавноста се создава впечаток како пратениците да се злото од општеството и оти се лошо потекнува од Собранието и пратениците. Тој се согласува со новинарите дека треба да се доуредат законските одредби за да се одбегне секаква можност за злоупотреби. До Собранието барање за апанажа поднеле 44 пратеници од минатиот состав, а се уште трае рокот за поднесување барање за надомест по престанок на функција од поранешните министри. Во однос на седница за избор на потпретседатели на Собранието, Џафери рече дека ќе ја свика само откако до него пратеничките групи ќе достават формален предлог. Во однос на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, вели дека за разлика од минатиот состав, сега тие доаѓаат на координациите со претседателот на Собранието. Во меѓувреме, се работи и на барање на алтернативен начин за одржување на седници во вонредни услови односно онлајн седници и комисии и гласање, но Џафери на брифингот рече дека за тоа ќе бидат потребни два до три месеци. Сега засега седниците ќе се одржуваат во салата со Купола, а гласовите ќе се бројат рачно.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/apanaza-pobarale-44-pratenici-od-minatiot-sobraniski-sostav/feed/ 0
Катица Јанева бара апанажа https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/katica-janeva-bara-apanaza/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/katica-janeva-bara-apanaza/#respond Fri, 01 Nov 2019 15:56:42 +0000 https://kurir.mk/?p=258952

Поранешната специјална јавна обвинителка, Катица Јанева, која е во притвор како обвинета во аферата „Рекет“, поднела барање до собраниската Комисија за избори и именувања да ѝ се одреди апанажа, соопшти претседателот на Комисијата, Илија Димовски. Димовски рече дека Јанева го доставила барањето преку нејзината адвокатка Ирена Фрчковска. Станува збор за едногодишна исплата којашто им се дава на службениците по истекот на нивниот мандат. Во Комисијата за избори и именувања трае седница на која треба да бидат избрани раководителите на Државниот завод за ревизија. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/katica-janeva-bara-apanaza/feed/ 0
Петмина поранешни членови на ДИК побарале апанажа https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/petmina-poraneshni-chlenovi-na-dik-pobarale-apanaza/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/petmina-poraneshni-chlenovi-na-dik-pobarale-apanaza/#respond Thu, 01 Feb 2018 14:11:30 +0000 http://kurir.mk/?p=17090

Петмина поранешни членови на Државната изборна комисија (ДИК) поднеле барање за апанажа до Собранието на Република Македонија, додека тројца се вратиле на своите работни места, јави МИА. Осуммина членови на ДИК поднесоа оставки, а Собранието ги констатира по обвинувањата во јавноста за земање големи надоместоци за изборите. Барања за апанажа, како што потврдија, поднеле поранешниот претседател Александар Чичаковски, кој беше од редот на експерите, и членовите Игор Милев и Виолета Дума од СДСМ, Субхи Јакупи од ДУИ и Силвана Бонева од ВМРО-ДПМНЕ. Надоместокот за апанажа за членовите би требало да биде за една година имајќи предвид дека мандатот во овој состав беше повеќе од две години, а износот е колку нивната месечна плата. На работното место во Собранието се вратил поранешниот член на ДИК Реџеп Прекопуца, во Подрачното одделение на ДИК во Гевгелија Атанас Урумов и како државен советник во Министерството за транспорт и врски Сашо Срцев, кој беше долгогодишен член на ДИК предложен од ВМРО-ДПМНЕ. Комисијата броеше девет члена, а оставка не поднесе само Ермира Асани Салија која беше предложена од Беса, и го замени Бедредин Ибраими од ДПА непосредно пред локалните избори. ДИК денеска со отворен ден го одбележа Глобалниот ден на изборите. Портпаролката на Комисијата Љупка Гугучевска кажа дека граѓаните се интересирале за начинот на водење на избирачкиот список и за електронската проверка во Избирачкиот список. Запрашана за избор на членови на ДИК доколку е потребно бргу да се реагира и да се спроведе референдум во државата, Гугучевска кажа дека според Изборниот законик и Законот за референдум и други облици на непосредно изразување, референдум на национално ниво спроведува ДИК, но за изборот на членовите надлежно е Собранието. - Во однос на изборот на ДИК, согласно Изборниот законик кој е на сила, распишувањето на оглас и избор на членови на ДИК е во надлежност на Собранието на Република Македонија. Комисијата сега има само една член, а целосно функционира стручната служба на ДИК која и формирана за организациско технички и административни работи на Комисијата, рече Гугучевска. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/petmina-poraneshni-chlenovi-na-dik-pobarale-apanaza/feed/ 0