апарат за анестезиологија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 03 Nov 2022 12:53:35 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png апарат за анестезиологија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Штипската Клиничка болница набави нов апарат за анестезиологија https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/shtipskata-klinichka-bolnica-nabavi-nov-aparat-za-anesteziologija/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/shtipskata-klinichka-bolnica-nabavi-nov-aparat-za-anesteziologija/#respond Thu, 03 Nov 2022 12:53:35 +0000 https://kurir.mk/?p=755199

Нов апарат за анестезиологија доби Одделот на Анестезиологија и реанимација при Клиничка болница Штип. За три месеца ова е втор апарат набавен со средства од буџетот на болницата, истакна на денешната прес-конференција директорот Ален Ѓеорѓијев. Со набавката на нови апарати и сервис на старите се овозможува извршување на повеќе хируршки интервенции со цел побезбедна хирургија во интерес на пациентите. – Станува збор за нов апарат кој го купивме со сопствени средства и оној претходниот кој го купивме во август, успеавме во рок од три месеца да купиме два нови апарати за анестезија и со сервисот на апарати завршивме во делот на сервисирање на апарати, набавка на опрема за анестезија, со цел можност за извршување на повеќе хируршки интервенции и изведување на побезбедена хирургија во интерес на пациентите, вели Ѓеорѓијев.
Новиот апарат за анестезилогија ќе се користи на сите оддели кај кои се применува хирургија, а чини над три милиони денари. Економската криза директно влијаеше врз работата на Клиничка болница Штип, како и врз набавката на нови апарати, дециден е Ѓеорѓијев. Но, сепак вели успех е што болницата не се остава без потребните апарати, а со тоа граѓаните од Штип и регионот добиваат добро и квалитетено здравство. Прашан за недостатокот на медицински кадар, Ѓеорѓијев истакна дека имаат барање за вработување на 13 лица и се чека одобрение од Министерството за финансии. -Состојбата со кадарот, има делови од персоналот кои имаме сериозна потреба од нив. Се работи за болничари, хигиеничари, тоа е работа која многу ни недостасува, ни фалат и доктори и сестри. Очекуваме овие денови да пристигне одобрение од финансии да распишеме оглас за прием на доктори и сестри со што ќе го ублажиме недостигот. Ова последното барање се работи за шест доктори на медицина, за шест медицински сестри и една акушерка, вели Ѓеорѓијев. Медицински кадар недостасува речиси во сите оддели при Клиничка болница- Штип, а дополнителен проблем е што голем дел од вработените заминаа на работа во приватното здравство. Но, најголем недостаток има од анестезилози, доктори на одделот за ортопедија и на oдделот за очни болести.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/shtipskata-klinichka-bolnica-nabavi-nov-aparat-za-anesteziologija/feed/ 0