апарати – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 13 Jul 2023 12:12:58 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png апарати – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Уреди кои ви трошат струја, а вие за тоа не знаете, ќе се изненадите од ЧЕТВРТИОТ уред https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/uredi-koi-vi-troshat-struja-a-vie-za-toa-ne-znaete-ke-se-iznenadite-od-chetvrtiot-ured/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/uredi-koi-vi-troshat-struja-a-vie-za-toa-ne-znaete-ke-se-iznenadite-od-chetvrtiot-ured/#respond Thu, 13 Jul 2023 12:12:58 +0000 https://kurir.mk/?p=856252

Со цел да се заштеди електрична енергија, луѓето сè повеќе ги исклучуваат светлата и апаратите секогаш кога тие не се во употреба. Тоа е одлична стратегија, бидејќи оставањето на уредите вклучени, непотребно ја троши електричната енергија, а тоа води до зголемување на вашите сметки. Сепак, исклучувањето на уредот не е секогаш доволно – многу апарати „црпат“ струја дури и кога се исклучени, ако напојувањето е вклучено. Овие  уреди се „најризични“ во тој поглед Телевизија Ако имате модерен телевизор со LED осветлување, ќе трошите многу помалку струја отколку кога би користеле старомоден уред. Сепак, дури и кога е исклучен, но приклучен во струја – овој телевизор продолжува да троши, па затоа е паметно да го исклучите кога не го користите. Компјутери Ако го оставите компјутерот вклучен во струја во текот на ноќта, тој продолжува да троши електрична енергија дури и кога екранот е црн, а компјутерот неактивен. Телефон Честопати ги полниме батериите на мобилните телефони преку ноќ, што впрочем е лоша идеја. Веројатно ќе се наполни за час или два, а потоа ќе продолжи да троши струја во текот на ноќта, иако повеќе не му треба. Апарати за кафе и микробранови печки Иако не трошат многу енергија, овие уреди користат електрична енергија за дигиталните дисплеи дури и кога не се во употреба. Традиционални ламби Ако имате вклучена ламба, таа црпи дополнителна енергија дури и кога светлото е исклучено. Значи, доколку повеќе не ви е потребна, задолжително извлечете го кабелот и сметките ќе ви бидат помали.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/uredi-koi-vi-troshat-struja-a-vie-za-toa-ne-znaete-ke-se-iznenadite-od-chetvrtiot-ured/feed/ 0
ЗАШТЕДЕТЕ ПАРИ: Дознајте кои апарати за домаќинство трошат најмногу енергија кога не се во употреба! https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/zashtedete-pari-doznajte-koi-aparati-za-domakinstvo-troshat-najmnogu-energija-koga-ne-se-vo-upotreba/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/zashtedete-pari-doznajte-koi-aparati-za-domakinstvo-troshat-najmnogu-energija-koga-ne-se-vo-upotreba/#respond Mon, 20 Mar 2023 16:37:34 +0000 https://kurir.mk/?p=814263

Некои апарати во домаќинството, како што се полначи или конзоли за игри може да донесат дополнителни трошоци кога се приклучени, иако се вон употреба. Следат неколку совети кои може да заштедат пари кога станува збор за сметките за струја.

Фрижидер / замрзнувач Бидејќи фрижидерот и замрзнувачот треба постојано да се вклучени, не е изненадување тоа што повеќе од 12 отсто од енергијата на домаќинство се троши само за овој апарат. Очигледно, не може да се исклучи фрижидерот кога не се користи, но постојат начини тој да работи што е можно поделотворно. Редовното чистење на фрижидерот, внатре и надвор, е наједноставниот начин за тоа. Полначи Иако непотребното оставање празен полнач вклучен во струја можеби не е најскапото нешто, и тоа додава непотребни трошоци. Телевизор Истражување од 2021 година покажа дека 98 отсто од британските домаќинства го оставаат телевизорот во „мирување“, а и погрешно претпоставуваат дека исклучувањето со далечинскиот управувач целосно ја исклучува струјата, објави порталот „Кликс“. Конзоли за видеоигри Овие уреди за рекреација често и вообичаено се оставаат вклучени исто толку често како и телевизорите и често се занемаруваат. Проверувањето дали тие се целосно исклучени може да заштеди значителна сума пари годишно.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/zashtedete-pari-doznajte-koi-aparati-za-domakinstvo-troshat-najmnogu-energija-koga-ne-se-vo-upotreba/feed/ 0
Заштедете пари со ЧИСТЕЊЕ: Домашните апарати трошат помалку струја ако редовно се грижите за нив https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/zashtedete-pari-so-chistenje-domashnite-aparati-troshat-pomalku-struja-ako-redovno-se-grizite-za-niv/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/zashtedete-pari-so-chistenje-domashnite-aparati-troshat-pomalku-struja-ako-redovno-se-grizite-za-niv/#respond Thu, 28 Apr 2022 06:06:38 +0000 https://kurir.mk/?p=668929

Веројатно не ви паднало на памет дека валканите апарати за домаќинство трошат повеќе енергија, но кога ќе погледнете малку подобро, работата е сосема логична. Земете го фрижидерот како пример. Можеби е чист одвнатре, но ќе признаете дека ретко обрнувате внимание на намотките на кондензаторот. Фрижидерот испушта топлина низ нив, а доколку се покриени со маснотии и прашина, на фрижидерот ќе му треба многу повеќе енергија за да ја заврши работата правилно. Чистењето на намотките на фрижидерот е можеби најтешката работа кога станува збор за чистење на кујната, бидејќи ќе мора да се наведнете. Другите апарати се многу полесни за чистење. Ставете половина шолја амонијак во рерна загреана на 100 степени Целзиусови, а потоа исклучете ја рерната и оставете го амонијакот да делува преку ноќ. Амонијакот ги раствора мастите, а се што треба да направите е да ја избришете рерната со крпа наутро. Добро проветрете ја кујната, а ако има непријатен мирис на амонијак, сварете половина лимон во рерна. Микробрановите стануваат сè почест дел од кујнскиот инвентар. Најлесен и најбрз начин да ја исчистите е да зовриете чаша вода во неа со неколку кришки лимон на максимална температура, околу 3 минути. Пареата ги омекнува масните наслаги, а по тие три минути доволно ќе биде микробрановата печка да ја избришете со чист сунѓер. Што се однесува до пеглањето, доколку пеглата не работи добро, ќе мора неколку пати да поминете низ гардеробата. За да се подобри нејзината ефикасност, можеби е доволно да се исчисти нејзиното дно. Се што ви треба е вода и сода бикарбона. После тоа, наполнете ја пеглата со дестилирана вода и оставете ја на пареа. Тостерот лесно можете да го исчистите со четка за заби. Ставете лимонска киселина во прав во вашата машина за миење садови. Киселината ефикасно ќе го разгради бигорот од внатрешноста на машината, што ќе го олесни и побрзо загревањето на водата и миењето садови.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/zashtedete-pari-so-chistenje-domashnite-aparati-troshat-pomalku-struja-ako-redovno-se-grizite-za-niv/feed/ 0
УСЈЕ донираше медицинска опрема и апарати во јавното здравство во вредност од 100.000 евра https://arhiva.kurir.mk/komercijalni-objavi/usje-donirashe-medicinska-oprema-i-aparati-vo-javnoto-zdravstvo-vo-vrednost-od-100-000-evra/ https://arhiva.kurir.mk/komercijalni-objavi/usje-donirashe-medicinska-oprema-i-aparati-vo-javnoto-zdravstvo-vo-vrednost-od-100-000-evra/#respond Fri, 04 Jun 2021 09:30:46 +0000 https://kurir.mk/?p=518910

Од почетокот на здравствената криза предизвикана од Ковид 19 вирусот, Цементарница УСЈЕ во континуитет му дава поддршка на јавното здравство и досега реализирани се донации во вкупна вредност од околу 100.000 евра. Во рамките на овие донации УСЈЕ донираше апарат за анализа на крв од капилари за новороденчиња на Клиниката за гинекологија и акушерство, со што ќе се подобри третманот на новороденчињата кои се раѓаат на оваа клиника. Покрај ова, донирана е и медицинска опрема со што му се дава конкретна поддршка на медицинскиот персонал кој работи посветено и во постојните услови на пандемија. Компанијата целосно ја реновираше и заедничката службена просторија на Универзитетската клиника за хируршки болести Св. Наум Охридски во Скопје. Дополнително, УСЈЕ донираше и медицинска опрема и апарати и за Министерството за здравство, ГОБ 8-ми Септември, Универзитетската клиника за инфективни болести – Скопје, Универзитетската клиника за дерматовенерологија - Скопје, Универзитетската клиника за токсикологија - Скопје и за Специјалната болница за геријатрија и палијативна медицина. Со овие донации компанијата му дава директна поддршка на медицинскиот персонал и на јавниот здравствен систем за непречено и безбедно работење во услови на пандемија, а преку дел од донациите се овозможува и подобрување на условите за лечење на пациентите. Како општествено одговорна компанија, УСЈЕ од почеток на здравствената криза континуирано ја следи ситуацијата и им ја понуди својата поддршка на релевантните институции. Во услови на пандемија од исклучителна важност е заеднички да му се даде поддршка на јавното здравство и на целокупниот медицински персонал. Во рамките на компанијата, УСЈЕ ги презема сите потребни мерки за заштита од натамошно ширење на Ковид 19, а во целост ги имплементира и сите досегашни мерки. И во следниот период компанијата останува конструктивен партнер на заедницата во напорите за ограничување на пандемијата и намалување на несаканите последици по здравјето на луѓето. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/komercijalni-objavi/usje-donirashe-medicinska-oprema-i-aparati-vo-javnoto-zdravstvo-vo-vrednost-od-100-000-evra/feed/ 0
Странски турист во Солун приклучен на апарати, во земјата влегол со негативен тест https://arhiva.kurir.mk/svet/region/stranski-turist-vo-solun-prikluchen-na-aparati-vo-zemjata-vlegol-so-negativen-test/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/stranski-turist-vo-solun-prikluchen-na-aparati-vo-zemjata-vlegol-so-negativen-test/#respond Wed, 02 Jun 2021 12:00:48 +0000 https://kurir.mk/?p=518124

Странски турист, кој во саботата пристигнал во Солун со негативен тест, од вчера е хоспитализиран и приклучен на апарати на Одделот за интензивна нега во солунска болница, откако ги игнорирал првите симптоми на Ковид-19 и му се влошила состојбата, јави дописничката на МИА од Атина. За конкретниот случај информираше директорот на Одделот за интензивна нега во болницата „Папаниколау“ во Солун Никос Каправелос, говорејќи за грчките медиуми и рече дека станува збор за 65-годишен турист. -Вчера на одделот за интензивна нега примивме турист од странска земја кој на 29 мај, во саботата пристигна во Солун со негативен тест од 72 часа. Истиот ден имаше симптоми, не кажал на никој, ситуацијата му се влошила во неделата и понеделникот, а во вторникот доцна вечер дојде во болницата „Папаниколау“ во тешка ситуација, беше приклучен на апарати и сега е хоспитализиран на Одделот за интензивна нега, рече доктор Каправелос за државната телевизија „ЕРТ“. За грчката телевизија „Скај“, објасни дека туристот не бил вакциниран, неговото семејство минатиот месец прележало Ковид-19 и додаде дека треба да се истражи со каков тест пристигнал, но и дали бил претходно заразен, пред патувањето во Грција. Докторот истакна дека за тоа дали земјата ќе ја стави под контрола пандемијата или не, многу е важно строго да се почитуваат протоколите предвидени за туризмот, бидејќи како што рече за „ЕРТ“, ова лето не е исто со ланското, затоа што туризмот е отворен, но и ширењето на вирусот е многу големо и не можат да знаат преку туристите, какви варијанти на Ковид-19 ќе дојдат во Грција.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/stranski-turist-vo-solun-prikluchen-na-aparati-vo-zemjata-vlegol-so-negativen-test/feed/ 0
Ковачки: Македонија е на апарани, а во исто време отпочнува кампања за локални избори во Штип и Пласница https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kovachki-makedonija-e-na-aparani-a-vo-isto-vreme-otpochnuva-kampanja-za-lokalni-izbori-vo-shtip-i-plasnica/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kovachki-makedonija-e-na-aparani-a-vo-isto-vreme-otpochnuva-kampanja-za-lokalni-izbori-vo-shtip-i-plasnica/#respond Sat, 21 Nov 2020 12:57:24 +0000 https://kurir.mk/?p=432535

Прогласена кризна состојба на цела територија и истиот ден отпочнува кампања за локални избори во Штип и Пласница. Аман бре луѓе, аман веќе, дај симнете се на земја и свесте се, Македонија е на апарани, реагира преку социјалната мрежа на Твитер членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kovachki-makedonija-e-na-aparani-a-vo-isto-vreme-otpochnuva-kampanja-za-lokalni-izbori-vo-shtip-i-plasnica/feed/ 0
Во Сингапур поставени апарати за бесплатни маски https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-singapur-postaveni-aparati-za-besplatni-maski/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-singapur-postaveni-aparati-za-besplatni-maski/#respond Wed, 27 May 2020 07:53:01 +0000 https://kurir.mk/?p=350593

Сингапур дели бесплатни маски за една употреба на сите жители, а маските можат да се подигнат од 400 апарати ширум градот. Сингапур третпат дели маски на жителите, но првпат го прави тоа преку апарати. На почетокот на пандемијата, Сингапур успешно се справуваше со пандемијата со Ковид-19, но изминатите недели е забележано нагло зголемување на бројот на заразени, претежно помеѓу странските работници. Во Сингапур над 32.000 луѓе се инфицирани со новиот коронавирус, што е најголем број во Југоисточна Азија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-singapur-postaveni-aparati-za-besplatni-maski/feed/ 0
„Џенерал моторс“ ќе произведе 30 илјади апарати за вештачка вентилација https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dzeneral-motors-kje-proizvede-30-iljadi-aparati-za-veshtachka-ventilacija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dzeneral-motors-kje-proizvede-30-iljadi-aparati-za-veshtachka-ventilacija/#respond Thu, 09 Apr 2020 05:38:30 +0000 https://kurir.mk/?p=329471

Министерството за здравство на САД склучило договор со производителот на автомобили „Џенерал моторс“, за производство на 30 илјади апарати за вештачка вентилација на бели дробови во висина од 489,4 милиони долари. Ова е прв договор за медицинска опрема според законот за одбранбено производство од 1950 година според кој американската индустрија мора да исполни државни нарачки за воени потреби. Претседателот Трамп најави дека ќе го искористи законот за борба против коронавируст, како за производсто на респиратори, белодорбни апарати за вештачка вентилација, маски и други средства за сузбивање на болеста Ковид-19 „ЏМ“ и компанијата „Вентек лајф системс“, специјализирана за произвотдство на медицинска опрема, треба до крајот на август да изработат 30 илјади апарати, притоа 6.100 единици треба да бидат испорачани до 1 јуни. Според договорот, цената на секој   апарат чини 16 илјади американски долари, или пониско од пазарната цена која е околу 50 илјади долари, а за што претходно напомнаа и властите на Њујорк. Минатата недела и друг американски автопроизводител, „Форд мотор“, исто така соопшти дека заедно со подружница специјализирана за медицинска опрема на „Џенерал електрик“, ќе произведат 50 илјади   апарати во наредните 100 денови.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dzeneral-motors-kje-proizvede-30-iljadi-aparati-za-veshtachka-ventilacija/feed/ 0
Дебар бара да се отвори пункт за тестирање и апарати за следење на состојбата на заразените https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/debar-bara-da-se-otvori-punkt-za-testiranje-i-aparati-za-sledenje-na-sostojbata-na-zarazenite/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/debar-bara-da-se-otvori-punkt-za-testiranje-i-aparati-za-sledenje-na-sostojbata-na-zarazenite/#respond Fri, 27 Mar 2020 14:07:47 +0000 https://kurir.mk/?p=323130

Се уште нема пункт за тестирање, а потребни се и апарати неопходни за следење на состојбата на заразените во Дебар – првото жариште на Ковид-19 во земјава. – Иако Владата најави отворање 14 пунктови за тестирање од коронавирус, во Дебар тоа сè уште не е направено. Покрај отворањето пункт за тестирање, од Владата бараме да бидат доставени повеќе апарати кои се неопходни за мониторирање на заразените лица со Ковид-19, изјави градоначалникот на Дебар Хекуран Дука, кој раководи и со општинскиот Оперативен штаб, на денешната редовна седница. Во врска со барањето за еден гинеколог, еден анестезиолог-реаниматор и четворица медицински техничари обучени за лекување лица од инфективни болести, Дука рече дека реализацијата е во тек. – Безбедносната состојба на територијата на нашето подрачје е мирна, нема регистрирани непочитувања на полицискот час. Препораките на Владата со превентивни мерки за спречување на ширење на коронавирусот во глобала се почитуваат. Сè уште има инцидентни случаи на групирања на граѓани во центарот на градот кои не ја почитуваат препораката за социјална дистанца, рече Дука. Соопшти дека денеска нема дијагностицирани на Ковид-19 во Дебар и во Центар Жупа. Досега вкупно се заразени 43 лица, од кои двајца се починати, а еден е излекуван. Тринаесет се на лекување во Клиниката за инфективни болести во Скопје и 28 на домашно лекување. Додаде дека вчера се направени 20 тестови во Дебар и Центар Жупа. Во домашна изолација се 210 лица. Во врска со затекнатите 114 лица, македонски и странски државјани, кои вчера попладне беа вратени од пунктот кај Бошков Мост (на патот кон Маврово) и кај ХЕ „Глобочица“ (кон Струга) рече дека се вратени бидејќи имале само потврда од епидемиолог дека не се болни, а не им било извршено тестирање. Во координација со надлежните служби, рече, очекува проблемот да биде надминат, но сите тие треба да бидат тестирани. Лицата за кои станува збор се повторно сместени во хотелските капацитети на Дебарски бањи-Цапа, во објектот во Бањиште, каде што беа во изминатите 14 дена, по прогласувањето на кризната сосотојба во Дебар и Центар Жупа, а беа затекнати во Дебар. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/debar-bara-da-se-otvori-punkt-za-testiranje-i-aparati-za-sledenje-na-sostojbata-na-zarazenite/feed/ 0
Фатална грешкa: Исклучиле пациент од апарати со согласност на погрешно семејство, “мртвиот“ дојде на семеен собир https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/fatalna-greshka-iskluchile-pacient-od-aparati-so-soglasnost-na-pogreshno-semejstvo-mrtviot-dojde-na-semeen-sobir/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/fatalna-greshka-iskluchile-pacient-od-aparati-so-soglasnost-na-pogreshno-semejstvo-mrtviot-dojde-na-semeen-sobir/#respond Mon, 08 Jul 2019 19:03:51 +0000 https://kurir.mk/?p=216616

Во чикашката болница „Mercy“ лекарите од апаратите за одржување во живот исклучиле пациент откако согласност за тоа дало погрешно семејство, пренесува во понеделникот BBC. Маж бил пренесен во болницата „Mercy“ во април годинава откако бил пронајден под автомобил во несвесна состојба, потполно гол со тешки повреди на лицето поради што тоа било потполно непрепознатливо. Меѓутоа, полицијата успеала да го идентификува како Алфонсо Бенет, а во мај болничкиот персонал го повикал „неговото“ семејство. По разговорите со семејството, болничарите го исклучиле од апаратите и пациентот починал. И сето тоа би било во согласност со процедурата, доколку еден ден вистинскиот Алфонсо Бенет не се појавил на семеен собир. Се покажало дека Алфонско извесно време бил отсутен и дека едноставно не им се јавувал на роднините. Членовите на семејството во меѓувреме се организирале за закопот за Алфонсо кого, како што верувале, го исклучиле од апарати. Дури по инцидентот полицијата земала отпечатоци од прстите на починатото лице и утврдиле дека станува збор за 63-годишниот Елша Бритман, по што го повикале неговото вистинско семејство. Сега и двете семејства ги тужат болницата и градот Чикаго поради негрижа и претрпена болка.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/fatalna-greshka-iskluchile-pacient-od-aparati-so-soglasnost-na-pogreshno-semejstvo-mrtviot-dojde-na-semeen-sobir/feed/ 0